Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Александар Македонски

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Александар Македонски   Нед Окт 15 2006, 16:06

Како прва тема во Историја мислам дека би требало да биде за нашиот најголем војсководец и крај Александар Македонски.
Можете да давате информации околу него, или пак да дебатирате во однос на неговата национална припадност ( доколку се разбира има некој кој мисли дека не бил македонец ) .
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Сре Дек 13 2006, 21:35

Александар бил Блгарин. Обаче тзи е вистиата и њама какво да се говори повеќе.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Чет Дек 14 2006, 00:52

Marko se zaebavas taka?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Чет Дек 14 2006, 12:13

Најверојатно! Па сите сакаат на некој начин да го присвојат! Једини начин тоа да престане е да земеме временска машина и да му отидеме на Аце и да го прашаме, дали ќе се изјасни како Македонец или како Hell Ass - овец! Smile lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Чет Дек 14 2006, 20:24

Нормално дек асе заебавам. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
*@ne*
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 93
Age : 27
Локација : *negde na planina,sto podaleku od skolovo
Registration date : 2006-11-16

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Чет Дек 14 2006, 23:56

* im fali uste da kazat deka bil albanec i igral shota:lol: *
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Саб Дек 16 2006, 21:11

Александар Македонски добил како подарок прекрасни
садови од стакло. Подарокот мошне му се допаднал, а
сепак садовите ги искршил.
- Зошто? Зарем не се убави? - го прашале.
- Токму затоа, - одговорил тој. - Толку се убави
што би ми било тешко да ги изгубам. А со времето еден
по еден ќе се испокршат и јас би жалел повеќе отколку
сега...

Сказната е наивна, но смислата е горка...
Човекот треба да се откаже од се што би можел
да засака, зашто загубата и разочарувањето се
неизбежни. Мораме да се откажеме од љубовта за да не
ја изгубиме. Мораме да ја уништиме својата љубов, за
да не ни ја уништат други. Мораме да се откажеме од
секое сврзување заради можното жалење.
Мислата е сурово безнадежна... Не можеме да
уништиме се што сакаме: секогаш ќе остане можност тоа
да ни го уништат други...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Саб Дек 16 2006, 21:12

Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола на Александар Македонски. Ова е автентичниот опис на Диодор Сикулски:

[color=#ffffcc]“Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле сомиризливи материи, за да шири пријатна миризба и да го сочува телото од распаѓање;
Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја окружувал целата надворешна страна (на ковчегот).
Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато; околу неа се напѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.
Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото; на горниот дел од колата се наѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења; таа била долга осум а широка десет лакти.
Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки; на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови;
На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува;
На аглите од сводот, на секоја страна стоела Победа, со трофеј во рацете;
Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители; внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст, над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури; овие плочи биле еднакви по величина со зидовите на “гробната одаја“.
На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал; на неа седи Александар со убав жезол во раката; околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци, наречени “мелифори“; пред нив оделе војници, што го носеле оружјето.На втората плоча била представена колона слонови, украсени според воениот обичај; на нив, на чело јавале Инди, а одзади Македонци, со нивното вообичаено оружје;
[color=#ffffcc]На третата плоча се гледаат коњичките чети, коишто прикажуваат како се развива една битка;

На четвртата плоча се претсатвени кораби, подредени за битка;
На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, коишто како да гледале во оние, што влегуваат внатре;
Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант;
Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на којшто била положена голема златна круна со маслинови гранчиња; кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњи;
Од страните на колата, над којашто се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на коишто се вртеле четири персиски тркала, чиишто пречки биле позлатени; само ониј дел од тркалата, што допирал до земјата, бил железен;
Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чиишто усти држеле копје;
Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“ , се наоѓала механичка оска, којашто, на сета оваа градба и даваларамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места;
[color:59c8=#ffffcc:59c8]Имало четири процепа; на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем; на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири; тие биле највнимателно одбрани според големината и силата. Секоја мазга на главата имала позлатена круна, од двете страни на устата им виселе по две ѕвона; околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења. “
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Саб Дек 16 2006, 21:15

Тестаментот е направен од Царот Александар, син на Амон (бог на Сонцето) и Олимпија.

* Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде Цар на Македонија, а во меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си изберат Цар - човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде цар на Македонија...
* На мојата мајка Олимпија й го доделувам правото да живее на Родос, или на било кое друго место кое таа го пожелува и Царот на Македонија треба секоја година да проверува дали й се дава сè што й се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат Цар, Царот Александар, син на Амон и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целото Царство на Македонија и му ја дава за жена Кајнан, ќерката на Филип, поранешниот цар на Македонија. Лизимах го ставам одговорен за Тракија и за жена му ја доделувам Солунка, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија (пс. - Калл.3.33.13).
Леонид го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкит, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.
Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.
* Го назначувам Антигон, владетел на Памфилија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија
и Асандер, како и територијата којашто лежи под реката наречена Халис; преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар.
Владетел за Силисија е Никанор,
и Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамска линија. Бабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селеукит, кој беше мој воен придружник. За Феникија и Келе-Сирија го ополномоштувам Мелагер. Кралството на Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.
* За владеење на областите кои лежат меѓу границите на Бабилон и Бактрија, го назначувам Пердика, на кој му ја поклонувам мојата жена, Роксана, бактриската ќерка на Оксиартите. Народот на Родос треба да се награди со 300 таланти злато од царското богатство за разубавување на нивниот град; воедно и 40 триреми и слободен годишен надоместок од 20.000 медимни египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите на Азија, придодадени на Родос. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.
* Свештениците во Египет, да бидат наградени со 2.000 талантни единици злато од јавниот приход,а Птоломеј да се погрижи за транспортот на моето тело до Египет, за кое понатаму ќе се грижат свештениците од Египет. Саркофагот во кој ќе биде положено моето тело да биде направен во вредност од 200 таланти злато.
* На Тебјаните од Беотија да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надоместувам нивниот имот од кој ги лишив.
Сметам дека доволно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене.
На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Минерва и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликување и 1.000 талантни единици сребро да се остави во храмот на Хера на Аргос, додека на Аполон во Делфи, сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни посуди со кои се чествувале боговите. На народот од Милес и од Книдија да ми се доделат по 150 сребрени таланти.
* Тасе (TAXILES) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со индиската река. Перо (PORUS) на оние делови меѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена Роксана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија.
Командата ја предавам на Стамен (STASANOR) од Соли за да владее со Арија и Дрангија.
* Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хирканија ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем.
Пеце (PEUCESTAS) треба да владее над Персијците.
Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа.
Аргир (ARGEAUS) да биде отстранет од Сусија, а Коен (COENUS) да владее наместо него.
* За владетел на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со одред од 500 реквирирани, одземени коњи и 3.000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и на мојот татко Филип, и нив да ги смести во гробницата на Олимпија.
На луѓето кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи и во Атина. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет, на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и на мојот татко Филип.
* Сведоци на ова да се олимпискиот Јупитер, нашиот предок Херкул, Минерва, Марс, Амон, Сонцето (Амон-Ма) и успехот на цар Александар.
* Доколку некој од наброените постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Јупитер и олимписките богови да не остане неказнет за тие недела и за кривоклетството да биде одговорен пред боговите и луѓето.

Тестаментот во Мецовиот манускрипт, што е дел од светското богатство, досега ги брануваше светските научни кругови во нивните професорски елаборации.
Дали тестаментот има историска вредност?
Дали е политичка пропаганда, и ако е, од кого и зошто е?
Битно е дека досега не е доведена во прашање оригиналната содржина на тестаментот, но чести се расправиите околу прашањето кога умрел царот Александар Македонски и кој го напишал документот.

Оттука императивот е уште посилен за новата македонска научна мисла поинтензивно да се впушти во анализа на овој значаен македонски артефакт и пред светската научна мисла да презентира свој поглед и видување.

Тестаментот е напишан во последните денови од животот на Александар Македонски во Вавилон 323 г. пр.Хр., кога тој имал 33 години и 13-годишно владеење.
Според В. Хекел, тестаментот претставува многу интересен документ, значаен за историјата на Македонците.
Тој содржи детали од вечерата кај Медиос Тесалиецот на која, според голем број авторски кажувања, е отруен македонскиот цар од страна на Јола, како и детали за царските одаи, за присутните во нив и за начинот на кој е составен тестаментот.

Според пишаните извори, во царската одаја Александар по втор пат е отруен од Јола.
Негуван од Роксана, неговата жена, Александар чувствува олеснување на болките од првото труење, поради здравиот и силен организам.
Во еден момент тој бара да му донесат чаша вода и тогаш Јола повторно му дава доза од отровот.
Додека ја пие водата добива мачнини и предвидувајќи си ја сопствената смрт, им соопштува на своите пријатели дека сака да ги остави своите последни желби во тестамент.
Пердика веднаш го повикува Антипатар да присуствува при пишувањето на тестаментот.
Со грч на лицето Александар го диктира тестаментот во присуство на Роксана,Пердика, Антипатар и Холкит.

ракописот на Мец, дополнето со неколку важни одредби најдени во PSEUDOKALLISHTENES A.

Тестаментот е клучен доказ за 23 вековната голгота на Македонците, која трае од 323 г. пр.Хр. до денес.
Времето кога е напишан тестаментот е време на македонското владеење на дел од територијата на денешна Европа, Азија и Африка.
Тоа е време кога цветала македонската цивилизација и империја.
Во тоа време не постоеле денешните граници меѓу државите, време кога не постоеле денешните разбирања на категориите народи (Бугари, Срби, Грци, Албанци, Турци, Романци, Руси, Украинци, Ирачани, Авганистанци, Египјани, Јорданци и Малезијци), туку со империјата владеел царот Александар Македонски, а претходно наведените имале право да ги развиваат своите посебности.

Во тоа време Македонците имале развиено сопствена религија (верување во сонцето т.е. богот Ма), култура, уметност, писменост, економски, даночен, правен, дипломатски, воен и медицински систем, развиено градителство и архитектура, сопствени скулптури, биографии и писатели, резултат на континуитетот на претходните македонски династии.
Од моментот на смртта на Александар и неговиот тестамент, до пред седум години кога на еден дел од македонската територија е создадена самостојна и суверена држава Република Македонија, македонското наследство се присвојува од други, се краде, се фалсификува и се уништува, а сè со цел да не се јават македонските наследници на тестаментот.

Веќе 23 века Македонците беа убивани, черечени, гребени, корнети, дупени, сечени, палени, горени, гушени, наредувани, асимилирани, преселувани, раселувани, крадени, кршени, шпиунирани, бркани и врз нив се применувани сите нечовечки методи на распнување, кои се граничат со умот на џелатите.

Врвот на злосторствата почнува во 1900 година, кога на виделина излезе тестаментот, точно по 22 века, во Мецовиот манускрипт (О.Вагнер, 1900).пред светот, за досегашната неправда и кражба на македонското наследство, од страна на Бугарија, Грција, Србија и Албанија.

Денес, на почетокот на XXI век, со објавувањето на тестаментот на македонски јазик се уриваат многу бариери и паѓаат во вода сите лаги напишани на тони хартија и тони книги за непостоење на Македонците.

Откако го издиктирал, отровот почнува да му го одзема јазикот и со голема мака успева да ги изговори зборовите:
"Понесете ме богови и збогум пријатели".
Неговата последна желба е упатена кон Птоломеј, неговото тело да го однесе, според едни автори, во Македонија, а според други, во Египет.

Роксана, со страотен крик, корнејќи ја косата, се фрла пред нозете кај Пердика, но Холкит ја задржува носејќи ја до Александар.
Царот, чкрипејќи со забите под товар на страшната болка, дишејќи го последниот здив, ја зема нејзината десна рака и бакнувајќи ја, ја остава на Пердиковата десна рака како благослов, притоа давајќи му го својот прстен на Пердика.
Вечерта на 10 јуни 323 г.пр.Хр., смртта го совлада царот.
Роксана со бакнеж му ја испрати душата и му ги затвори очите.

Пердика и останатите присутни благородници го наместија телото на царот во мртовечката постела, облечено во царска руба и пурпурна наметка.
На главата му ја ставија царската круна, а телото го поминаа со мед и најразлични парфеми.
Телото на Александар е поставено во сандакот, а врз него е ставена Вавилонска таписерија.

Со наведнати глави и поглед вперен во земја присутните го понесоа сандакот високо на плеќи пред построените воени трупи и насобраниот народ.
Во тој момент настана страотна тишина, а Пердика се обрати кон војската и народот:
"Македонци, знајте дека Александар, нашиот македонски цар им се придружи на боговите, на сите ни остави аманет да го чуваме царството и да го продолжиме неговото дело".

Тоа се последните моменти од животот на Александар Македонски.
Неговиот тестамент останува со крупни букви запишан во светската историја како македонски цивилизациски придонес, што предизвикува восхит и почитување не само кај Македонците, туку и кај сите останати народи.
Холкид, откако ги добил наредбите од Царот, го прочита тестаментот.
Она што претставено е само верзија од

Објавувањето на тестаментот во 1900 година во тогашна Европа предизвика шок кај владите на Србија, Бугарија и Грција, кои со благослов на Европа, во периодот од 1830 година до крајот на XIX век беа создадени како држави врз македонското наследство.
Бидејќи доказот излезе на виделина, владите на овие држави преку тајни дипломати направија таен план кој имаше две главни стратегиски насоки:
едниот, со сите средства да се докажува и да се шират гласини и контроверзи дека тестаментот не е оригинален, дека е фалсификат, дека не е напишан од Александар. Додека втората насока била да се избришат Македонците по секоја цена и оттука се јавиле разни толкувања за потеклото и за историјата на тестаментот и историјата на Македонците.

Ова е почеток на најголемиот геноцид врз Македонците пред очите на европската и на светската јавност.
Само за потсетување, двете балкански војни и една светска војна, не случајно се водеа во и за македонски територии.
Во нив Македонците беа поставувани како топовско месо, едни спроти
други, брат спроти брат, како српски, бугарски и грчки војници.
Кога војните ќе завршеа на некоја од тркалезните маси во Лондон, Версај, Букурешт, Париз или Неј, со тајни договори и анекси на тие договори, Македонците беа раселувани и иселувани, само да не останат на македонската земја и врз македонското наследство.
Но, лошото, лошото, лошото и само лошото не трае вечно.
Со Божја помош, дел од Македонците опстанаа, трпејќи, виткајќи се, стенкајќи и крвавејќи на едно парче од својата територија, а другите се спасија иселувајќи се секаде низ светот.
Во контекст на горенаведеното не треба да се заборави дека клучот на сегашните проблеми на возобновената Република Македонија и денешните Македонци, наследници на тестаментот на Александар, е токму во тестаментот како доказ

Ние, денешните генерации Македонци, треба да сме горди дека во нашите вени тече крв од нашите предци - античките Македонци, кои знаеле кои се и кои во аманет ни оставаат да го продолжиме нивното дело, цивилизација и култура и затоа нашата македонска автентична мисла и историска наука треба да е вистински предизвик за светската научна мисла во идните векови.

Тестаментот на Александар Македонски е преземен од студијата на Валдемар Хекел "Последните денови и тестаментот на Александар Велики",
објавен 1988 година, во Штутгарт, Германија.
Овој уникатен документ претставува автентично сведоштво за континуитетот на македонскиот народ, државно-правна мисла и култура.
Вредноста на тестаментот е во неговата полна експресија како автентичен доказ за минатото на Македонците, со што се отфрлаат многувековните заблуди и конструирани тези за нивното исчезнување.
Додека, пак, перспективниот вредносен аспект се огледува во влијанието врз самоспознанието, зашто без знаење на својата историја не може да се води успешна политика ниту, пак, државата да се води кон перспективна иднина.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Саб Дек 16 2006, 21:19

На кој му припаѓа Александар Македонски? Дали и Македонија има потполно право врз него како и Грција? Што може да направи Македонија за овој голем великан? На пример еден голем монумент или слично?
Прашањето околу наследството на античките народи е наметнато од страна на дневната политика. Денес, во светот, не постојат наследници на античките народи, како што не постојат ниту т.н. "чисти народи". Тоа се надминати теории од некои минати времиња. Па дури ако сакате и денешните Евреи, за кои општо е прифатено мислењето дека се директни и "чисти" потомци на античките Хебреи, гледано од призмата на еден научник и историчар, тешко дека може баш така да се тврди. Не постојат директни наследници на античките народи. Во овој контекст ниту денешните Грци не се директни наследници на античките Хелени. Средновековните хроничари забележале дека во времето на словенските навлегувања на Балканот, во 6 - 7 век, "Словените ја преплавиле цела Хелада стигнувајќи дури до Пелопонез". Оттука како заклучок произлегува дека античкото наследство, односно наследството на античките народи, вклучувајќи ги тука и античките Македонци, е општоцивилизациско наследство. Никој, ама апсолутно никој, нема право на ексклузивитет на него. Но, тоа не значи дека институциите не треба да се грижат за истото. Напротив. Државата и надлежните институции мораат да се грижат за него. Имено, сериозноста на една држава се огледа токму во фактот како се грижи за своето културно наследство.
Што се однесува до прашањето за потребата од изградба на споменик на Александар Македонски, јас како историчар и граѓанин ја поддржувам оваа идеја. Александар Македонски со својот екуменизам ја задолжил целата светска цивилизација.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Вто Дек 19 2006, 00:48

*@ne* напиша:
* im fali uste da kazat deka bil albanec i igral shota:lol: *

Веќе кажаа дека бил толку голем што можел да биде и грк и бугар и шиптар. Видите така ние македонците предаваме се што имаме. Во учебникот по историја го пишува Скендербег како шиптар, што е апсурдно зошто бил Мијак. А илирите, т.е наводните предци на шиптаранава живееле во Далмација и Босна...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Вто Дек 19 2006, 00:50

Proof напиша:
На кој му припаѓа Александар Македонски? Дали и Македонија има потполно право врз него како и Грција? Што може да направи Македонија за овој голем великан? На пример еден голем монумент или слично?
Прашањето околу наследството на античките народи е наметнато од страна на дневната политика. Денес, во светот, не постојат наследници на античките народи, како што не постојат ниту т.н. "чисти народи". Тоа се надминати теории од некои минати времиња. Па дури ако сакате и денешните Евреи, за кои општо е прифатено мислењето дека се директни и "чисти" потомци на античките Хебреи, гледано од призмата на еден научник и историчар, тешко дека може баш така да се тврди. Не постојат директни наследници на античките народи. Во овој контекст ниту денешните Грци не се директни наследници на античките Хелени. Средновековните хроничари забележале дека во времето на словенските навлегувања на Балканот, во 6 - 7 век, "Словените ја преплавиле цела Хелада стигнувајќи дури до Пелопонез". Оттука како заклучок произлегува дека античкото наследство, односно наследството на античките народи, вклучувајќи ги тука и античките Македонци, е општоцивилизациско наследство. Никој, ама апсолутно никој, нема право на ексклузивитет на него. Но, тоа не значи дека институциите не треба да се грижат за истото. Напротив. Државата и надлежните институции мораат да се грижат за него. Имено, сериозноста на една држава се огледа токму во фактот како се грижи за своето културно наследство.
Што се однесува до прашањето за потребата од изградба на споменик на Александар Македонски, јас како историчар и граѓанин ја поддржувам оваа идеја. Александар Македонски со својот екуменизам ја задолжил целата светска цивилизација.

Сите знаат дека бил македонец, само нашиве политичари се пички во душа. Ќе си го продадат г`зот за паричка, затоа до тука сме. Убаво рекол Александар пред да умре. Дур сте ваков џган предавнички народ никогаш нема да имате држава, штета што бил во право...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Саб Јан 06 2007, 16:56

Битка кај Ис
Борци




  • Македонците и нивните грчки сојузници, под воднство на Александар. Војска: 5,000 коњица, 26,000 пешадија.
  • Персијците од водство на Дариј III со 30,000 грчки платеници, 40,000 пешадија и 20,000 коњица.

    Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2.6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.

    Увертира

    Александар тргнал во поход на Азија во 334 п.н.е и ги поразил локалните персиски сатрапи во Битката кај Граник. Потоа тој продолжил со окупацијата на Мала Азија.
    Додека Александар бил во Тарс разбрал дека Дариј собира огромна војска во Вавилон. Доколку Дариј сакал да дојде до Искиот залив, тој ја имал поддршката од адмиралот Фарнабаз кој сеуште оперирал во Медитеранот, така што би ја олеснил снабдувачката и би бил бо можност да му се впушти на непријателот одзади. Александар ја држел својата главна војска во Тарс, но затоа го пратил Парменион напред за да го окупира крајбрежјето на Ис. Во ноември Александар добил извештај дека големата персиска армија веќе навлегла во Сирија, во градот Сочи. Александар решил да ја прибере неговата раздвоена војска и да маршира јужно од Ис преку Јоновата клисура.
    Дариј знаел дека Парменион ја држел клисурата и затоа се упатил северно. Персијците го зазеле Ис без проблем и ги убиле сите болни и ранети македонски војници кои останале таму. Сега Дариј разбрал дека успеал да ѝ дојде одзади на македонската војска и да ѝ ги прекрати набавките. Потоа тој ја наредил војската на добра одбранбена позиција долж реката Пинар и го чекал Александар да нападне.

    Причини

    Постојат различни мислења за причините за битката. Еден убеителен став врз основа на Куртиј е дека Дариј бил приморан да го премести логорот во терен кој му одговарал на Александар заради тоа што македонците се бореле дефанзивно по препорака на Парменион. Дариј неможел да ја издржува војската за време на зимскиуот период, а неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар. Дариј бил принуден да ја премести неговата голема војска на едно мало брдо на бојното поле, позиција која била во огромна корист на помалата војска на Александар.
    Александар чекал Дариј да дојде јужно од планинскиот венец Аман бидејќи преминот кој Дариј би го употребил, Беленскиот премин, бил многу поблиску до Сочи и давал најдобар пристап до територијата која Александар ја бранел. Александар шекал 16 км западно од Беленскиот премин кјај Миријандер за да му постави замка на Дариј кај Беленскиот премин или преку Јоновиот столб доколку одел северно, каде дариевата војска би била неорганизирана и расштркана во теснецот. Но Дариј се движел северно од Сочи и околу планините, доаѓајќи одзади александровата позиција и скратувајќи му ги комуникациските врски. Така Александар бил приморан да маршира кон Дариј, кој го фатил неспремен со голем крилен маневар. Ова ја дава илузијата дека Дариј играл дефанзивно, бидеќи Александар бил приморан да маршира кон него.

    Битката

    Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската и грчката сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион. Дариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа грчката платеничка фаланга (12,000, исто колку и македонската). До грчката фаланга Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале друфиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар (оваа формација била слична на буквата гама или Γ).

    Персиската коњица куришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.
    Потоа Александар се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници и диретно почнал да јуриша накај Дариј кој избегал од бојното поле. Заради ова персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела персијците во повлекување сѐ додека не се стемнило. Тука се случилоголемо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на персијците и гонењето од страна на македонците.

    Последици

    Поразот на персијците во битката кај Граник го означил почетокот на крајот на периската моќ. Ова била прва битка која персијците ја изгубиле во присуство на Дариј.
    Дариј пребегнал преку Еуфрат, оставајќи ја неговата мајка, жена и деца во милост и немилост на македонците. Александар уште еднаш го победува Дариј во Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 247
Age : 26
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   Пет Мар 09 2007, 22:50

pameten covek samo da ilmalo uste edno 5 Aleksandrovci za da napravat nesto od MAKEDONIJA
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Александар Македонски   

Вратете се на почетокот Go down
 
Александар Македонски
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Историја-
Отиди до: