Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Тенис

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Сре Јан 10 2007, 22:24

Ако може да игра Надал тогаш ќе гледам и за него ќе навивам ако не игра нема ни да гледам
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Сре Јан 10 2007, 22:27

S|m0n4e напиша:
FEDERER !!!! cheers cheers cheers
И ја мислам дека Федерер ќе победи! за женските не знам!bounce
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Чет Јан 11 2007, 02:59

За мажите не ми е гајле, кај жените ќе победи Машенка Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 27
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 12 2007, 20:31

Федерер му се одмазди на Сафин во полуфиналето на Кујонг

Еден ден откако поради силниот ветер за малку ќе загубеше, Рожер
Федерер изјави дека уживал во битката и потоа се пласираше во финалето
на Кујонг Класик турнирот во Мелбурн. На светскиот рекет број 1 му
требаа три тај-брејка да го совлада Чехот Радек Штепанек во првиот меч,
но во вториот стигна до релативно лесна победа од 6:3/7:6 над шампионот
од Австралискиот Опен од 2005, Марат Сафин.

"Секогаш има ветер
во Кујонг. Се загревав на Род Лејвер Арената во Мелбурн Парк без ветер
и потоа дојдов тука и Марат призна дека тренирал само 15 минути бидејќи
му се смачило од ветерот. Но, сега почнав да уживам во предизвикот.
Играта е малку поинаква", вели Федерер.

Победата над Сафин беше
слатка одмазда за Швајцарецот во нивниот само втор дуел по полуфиналето
на Австралискиот Опен во 2005, во кое Русинот се врати од меч топка да
го совлада Федерер со 9:7 во петтиот сет и подоцна да ја освои титулата.

Нормално,
Федерер го доби првото носителско место на Австралискиот опен заедно со
Русинката Марија Шарапова, бидејќи организаторите го следеа светскиот
рејтинг. Федерер, кој е актуелен шампион од Мелбурн оди на својата 10.
гренд слем титула и е на врвот на АТП листата од февруари 2004.
Шарапова е прва носителка по повлекувањето на светската тенисерка број
1 Жастин Анен-Арден. Сите топ 20 тенисери се пријавени на турнирот,
додека 18 од најдобрите 20 тенисерки се очекува да се појават во
Мелбурн.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Australian open   Пон Јан 15 2007, 16:17

Кој ќе ги предизвика Федерер и Шарапова?

Со аура на непобедливост која го опкружува Рожер
Федерер, најголемата трка на Австралискиот Опен ќе биде таа со која ќе
се одлучи неговиот противник во финалето. Светскиот рекет број 1 веќе
заборавил како се чувствува да не се бори во финале за гренд слем
титула. Последен пат тоа се случи на Ролан Гарос во 2005 кога Рафаел
Надал го "собра" во полуфиналето.

Оттогаш 25-годишниот Федерер
ги "прегази" своите противници за да стане првиот тенисер во
професионалната ера од 1968 кој стигнал до шест едноподруго гренд слем
финалиња. Тој победи во пет од нив откако Надал повторно го сопре во
финалето на Ролан Гарос минатиот јуни и тој не планира да сопре и пред
целта - 10 гренд слем титула.

"Мислам дека ќе биде навистина
тешко момците да ме победат тука. Ќе се потрудам да направам тоа да
биде посебно тешко", вели Федерер, кој е шампион од Мелбурн Парк во
2004 и 2006.

Двократниот Ролан Гарос шампион Надал требаше да
биде негов прв конкурент за финалето на 28 јануари, но тој има незгодна
повреда и во последните шест месеци покажа екстремно променлива форма.
Федерер не сака да го отпише Шпанецот.

"Тој би требало да биде
добар тука. Игра с$ подобро на брзи терени, иако има некои кои уште не
сфатиле дека тој е одличен хардкорт играч", вели Федерер.

Со 3-6
скор против мускулестиот Шпанец Федерер знае што зборува. Во првата
половина на 2006 Надал го победи Федерер во четири дуели - во
финалињата во Дубаи, Монте Карло, Рим и Ролан Гарос. Но, од Вимблдон
работите се сменија. Федерер лесно помина преку него во финалето на
Вимблдон и потоа го совлада и на Мастерс купот во Шангај.

"Не
верувам дека можам да го предизвикам Рожер во моментов. Тој е најдобар
и бројките го покажуваат тоа", вели 20-годишниот Шпанец.

Ако
Надал потфрли, тука се Аргентинецот Давид Налбандиан и Австралиецот
Лејтон Хјуит. Тие умеат против Федерер, но треба да се целосно
подготвени ако имаат шанси на австралиската жештина. Енди Родик и
шампионот од 2005, Марат Сафин, исто така би сакале да мислат дека се
подготвени за круната, а за тоа би морале да го поминат Федерер во
полуфиналето.

Но, Мелбурн секогаш носел изненадувања, како лани
со Маркос Багдатис во финалето, во 2003 со Раинер Шутлер во финалето,
или во 2002 со Томас Јохансон како шампион. Тинејџерите Енди Мареј и
Новак Ѓоковиќ се опасни.

ШАРАПОВА ПОДГОТВЕНА ЗА ПРВОТО МЕСТО

Со
светската тенисерка број 1 во аут и ждрепка која наликува на болница,
трката за Австралискиот Опен во женска конкуренција може да се оцени со
една фраза: опстанок на најжилавите. Жастин Анен-Арден се повлече
поради приватни причини, додека подготвеноста на шампионката Амели
Морезмо и топ 10 тенисерките Светлана Кузнецова и Надја Петрова е под
знак прашалник, првиот гренд слем во 2007 може да донесе интересна
шампионка.

С$ & оди на рака на Марија Шарапова, светската
тенисерка број 2 и првата носителка, која оди на втората гренд слем
титула по ред по таа на УС Опен и прва за Русинките од Мелбурн. Таа
реши оваа година да ги пропушти подготвителните турнири и се
аклиматизираше на климата.

"Имав одлични подготовки. Можеби
најдобри досега. Последните години бев повредена пред стартот на
сезоната, но сега с$ е ОК", вели Шарапова.

Шампионката Морезмо,
која лани победи и на Вимблдон, е меѓу тенисерките кои не се
чувствуваат многу подготвени на почетокот на јануари.

Сепак,
нема да има попопуларна шампионка од Ким Клајстерс, Белгијката која с$
уште ја нарекуваат "Ози Ким" по нејзината врска со Лејтон Хјуит.
Клајстерс заминува во пензија на крајот на сезоната на 23 години.

"Сега
мислам само на тенисот и пензионирањето не ме интересира додека не си
заминам од турнирот", вели Клајстерс, која во 2004 загуби од Анен-Арден.

Никој
не е поуспешен во Мелбурн од Мартина Хингис бидејќи Швајцарката победи
три години по ред од 1997 и потоа се појави во три следни финалиња.
Меѓу "ветеранките" тука е и Серена Вилијамс, која останува енигма, но
многумина ќе внимаваат на младата Србинка, Јелена Јанковиќ по одличниот
старт на годината.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пон Јан 15 2007, 16:18

Родик, конечно, го совлада Федерер

Актуелниот
шампион Енди Родик стигна до својата прва победа над Рожер Федерер од
август 2003 за да победи на Кујонг Класик егзибициониот турнир во
Мелбурн. Американецот го совлада светскиот број 1 со 6:2/3:6/6:3, но
неговиот скор против него останува на 1-12 бидејќи ова не е АТП турнир.
Британецот Енди Мареј заврши како трет на турнирот откако со 7:6/6:2 го
совлада шампионот од Австралискиот Опен од 2005, Марат Сафин.

Светскиот
број 6, 24-годишниот Родик доминираше од стартот со неговиот силен
сервис и направи брејк во петтиот и седмиот гем. Федерер се врати во
вториот сет, но потоа во третиот пропушти пет брејк топки за Родик да
стигне до важна победа.

"Сега само ова треба да го повторам на голема сцена. Се чувстувам добро пред Опен и се работи како што треба", вели Родик.

И покрај поразот и со само три меча зад себе во 2007, Федерер вели дека е среќен со подготовките.

"Се чувствувам ОК. Штета што не победив тука, но ова беше добар тест", вели Федерер.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пон Јан 15 2007, 16:34

хахахахах! ај симонче што имаш да изјавиш?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пон Јан 15 2007, 16:36

Мене не ми е гајле кај мажите кој ќе тепа, ја само за една работа гледам тенис Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Вто Јан 16 2007, 18:38

Федерер и Родик ги надминаа проблемите, Љубо се сопна

Дури и Рожер Федерер се чувствува нервозен на првото
коло на Австралискиот Опен. Светскиот рекет број 1 и шампион од три
гренд слема во 2007 пропушти свој сервис трипати во првиот сет против
Германецот Бјорн Фау пред да стигне до 7:5/6:0/6:4 победа за почеток на
одбраната на титулата.

"Во првиот сет Бјорн ми направи три
брејка и нормално дека станувате помалку нервозни. Се обидувате да
бидете смирени, но тоа не е можно. Најважно е што потоа се собрав",
вели Федерер, кој лани имаше 92-5 скор.

Амели Морезмо, која
победи во Мелбурн минатата година за прва гренд слем титула, исто така
имаше нервозен старт, додека Енди Родик се мачеше со тенисер кој влезе
на турнирот со вајлд-карта и кој е 212. рангиран на светот. Четвртиот
носител Иван Љубичиќ не успеа да го помине првото коло паѓајќи пред
Американецот Марди Фиш со 4:6/7:6(7:2)/6:4/6:4 сигнализирајќи враќање
меѓу топ 50 на Фиш, откако падна на 341. место по двете операции на
зглобот на раката во 2005.

Во последниот меч на денот шампионот
од 2005 Марат Сафин се намачи во пет сета пред со 5:7/7:6/3:6/6:3/6:4
да го совлада Германецот Бенјамин Бекер во меч кој траеше 3 и пол часа
и заврши во 12:30 по локално време. Сафин повторно го покажа својот
темперамент и го искрши рекетот еднаш. Со силниот сервис на Бекер,
Русинот имаше проблеми посебно и двапати губеше. Само неколку минути
откако еден навивач извика "Налути се" во третиот сет, Сафин го искрши
рекетот.

Родик, пак, имаше проблеми со Французинот Жо-Вилфред
Цонга, кој го играше само својот шести АТП натпревар и го освои првиот
сет во маратонски тај-брејк со 20:18. Родик пропушти четири сет топки
во тој сет, но се врати за 6:7(18)/7:6(2)/6:3/6:3 победа.

"Мислам дека ова беше сосема обичен натпревар. Првите мечеви се такви", вели шестиот носител.

Морезмо загуби свој сервис рано против Американката Шенај Пери, а потоа се врати во форма со 6:3/6:4 триумф.

Серена
Вилијамс, која оди на својата осма гренд слем титула по серија повреди,
стартуваше бавно, но се врати за да ја совлада 27. носителка Мара
Сантанџело со 6:2/6:1. Сантанџело имаше само 6 победнички топки и 23
неизнудени грешки.

"Се чувствувам добро и конечно одиграв еден
меч како што треба. Јас немам што да загубам. Можам да одам само во
еден правец и тоа е нагоре", вели Вилијамс.

Миленикот на
публиката, Маркос Багдатис, го совлада Германецот Раинер Шутлер со
6:4/2:6/6:3/6:2 во меч во кој двајцата тенисери се мачеа со заморот и
жештината. Во дуел на двајца поранешни финалисти од Мелбурн, Багдатис
имаше одличен старт, но му дозволи на финалистот од 2003 Шутлер да се
врати во мечот во вториот сет.

Поранешниот шампион од Ролан
Гарос, Хуан Карлос Фереро стигна до второто коло во понеделникот кога
Чехот Јан Хајек се повлече по само три гема, поради проблеми со
стомакот. Хајек беше вториот тенисер кој се повлече по само 35 минути
игра на првиот гренд слем, откако Швеѓанецот Јоаким Јохансон се повлече
при 1:1 во дуелот со Гијермо Гарсија-Лопез поради плускавци на
стапалата.

АВСТРАЛИСКИ ОПЕН - МЕЛБУРН, 20.000.000А$, РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО):

МАЖИ

(1) Федерер - Фау 7:5/6:0/6:4

Фиш - (4) Љубичиќ 4:6/7:6(7:2)/6:4/6:4

(6) Родик - Цонга 6:7(18:20)/7:6(7:2)/6:3/6:3

(7) Робредо - Рамирез Хидалго 6:4/6:4/6:0

(9) Анчиќ - Соеда 6:4/6:3/6:2

(11) Багдатис - Шутлер 6:4/2:6/6:3/6:2

(14) Ѓоковиќ - Масу 6:1/6:1/6:0

(16) Ферер - Плес 7:5/6:4/6:3

(18) Гаске - Воландри 6:4/6:4/6:2

(20) Штепанек - Лодра 6:2/6:4/6:0

(22) Хрбати - Ванек 6:7(7:9)/7:6(7:1)/6:1/6:3

(24) Фереро - Хајек 3:0 пред.

(25) Јужни - Херних 7:6(8:6)/6:2/6:0

(26) Сафин - Бекер 5:7/7:6(7:2)/3:6/6:3/6:4

Квереј - (27) Акасусо 6:7(2:7)/6:4/6:1/6:3

Флајшман - (30) Каљери 7:5/4:6/6:3/6:3

Бјоркман - Патиенс 5:7/4:6/6:0/6:1/6:2

Жиквел - Џонс 3:6/6:7(1:7)/6:4/6:1/6:0

Села - Шричафан 6:4/6:2/6:2

Гарсија-Лопез - Ј.Јохансон 1:1 пред.

Лу - Гројл 6:3/6:4/6:3

Удомчоке - Васаљо Аргуељо 6:3/6:3/6:2

Длоухи - Габашвили 6:3/6:1/6:7(5:7)/6:7(5:7)/16:14

Мелцер - Карловиќ 6:4/6:4/7:6(8:6)

Монфис - Брачали 7:6(7:2)/6:7(9:11)/6:4/7:6(7:5)

Ф.Лопез - Вилсон 7:6(10:Cool/4:6/6:3/7:6(7:3)

Спадеа - Андреев 6:2/7:6(7:3)/6:1

Т.Јохансон - Киундели 6:4/3:6/1:6/6:4/6:2

Делич - Симон 6:3/6:0/6:2

Сера - Девилдер 7:5/6:2/6:4

Артурс - Коубек 1:6/6:7(4:7)/7:6(7:5)/6:2/6:3

ЖЕНИ

(2) Морезмо - Пери 6:3/6:4

(3) Кузнецова - Мур 6:2/6:0

(5) Петрова - Танасугарн 6:3/6:2

(7) Дементиева - Форец 6:1/6:2

(10) Ваидисова - Крејбас 6:4/5:7/6:1

(11) Јанковиќ - Возниак 6:3/6:3

(14) Скијавоне - Клесел 6:4/6:4

(16) Пеер - Опранди 6:1/6:3

(18) Бартоли - Душевина 6:0/6:3

(20) Головин - Смашнова 6:3/6:1

(21) Среботник - Делаква 4:6/6:2/7:5

(23) Сугијама - Арвидсон 6:3/6:4

Веснина - (25) Медина Гаригес 6:7(7:9)/6:1/6:1

(26) Кириленко - Шпрем 3:6/6:3/6:1

С.Вилијамс - (27) Сантанџело 6:2/6:1

Шруф - (31) Жи 4:6/7:6(7:1)/6:4

Бирнерова - Суха 7:5/6:3

Пучкоа - М.Домаховска 6:2/6:4

Адамчак - Тулјаганова 6:1/6:4

Ондрашкова - К.Фернандез 6:4/6:2

Бенешова - Воскобоева 6:7(3:7)/6:1/6:4

Кремер - Крајичек 6:4/6:3

Азаренка - Федак 6:2/5:7/6:4

Шафарова - Брианти 6:3/6:1

Дулко - Сун 6:2/6:2

Милер - Краверо 6:0/6:3

Јакимова - Поус Тио 6:2/4:6/7:5

Руано Пасквал - Чинк 1:6/6:1/9:7

Камерин - Флипкенс 6:2/6:2

Вакуленко - Лиховцева 6:0/4:6/6:3

Секвера - Гајдошова 6:3/6:4

Ту - Галовиц 2:6/6:4/6:2



Шарапова имаше мали проблеми поради топлото време +40 , али ги надмина Razz
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Чет Јан 18 2007, 21:41

Маша прелета преку Анастасија Родионова со 6/0 и 6/3
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Чет Јан 18 2007, 22:21

леле, добро! честитај и од мене! Smile браво машааа! Basketball (треба и со тениско топче да има некое смајли!) bounce
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 27
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Чет Јан 18 2007, 22:47

smiley Smile напиша:
хахахахах! ај симонче што имаш да изјавиш?

(со заказнување)
Ама ич не ми е гајле пошо тој меч не се важи, тра ла ла ла ла lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 27
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 19 2007, 19:43

ТЕНИС - РЕЛАТИВНО "МИРЕН" ДЕН ЗА ФАВОРИТИТЕ ВО МЕЛБУРН

Надал го издржа притисокот, Ким и Мартина поблиску до пресметка

Рафаел Надал двапати беше удрен со силниот бекхенд
на својот противник на мрежата пред да се пласира во третото коло на
Австралискиот Опен со победа во четири сета над Германецот Филип
Колшрајбер. За време на 7:5/6:3/4:6/6:2 победата, еден удар заврши во
прстот на Шпанецот, додека другиот го прати на подот и го зашемети.
Шпанецот вели дека Колшрајбер намерно се обидел да го удри вториот пат
и дека топчето можело да го удри во око доколку не го закачел рекетот.

"Тој го имаше цел терен и пак одеше на мене", вели Надал.

Но,
шампионот од Ролан Гарос повторно ја покажа својата физичка сила и
посветеност, не обѕирајќи се на гласните германски фанови да стигне до
победа во 1 часот и 31 минута наутро по локално време и да постави дуел
со 31. носител, Швајцарецот Станислас Вавринка.

"Ова беше многу
добар тест бидејќи завршив на добра нога. Се вратив во вистински момент
и тоа е најважно кога не играш најдобро", вели Надал.

Додека на
Надал му требаа 3 и пол часа за победа, Ким Клајстерс и Мартина Хингис
како да се тркаа кој попрво ќе го заврши нивниот меч приближувајќи се
до можна пресметка во четвртфиналето.

23-годишната Клајстерс ја
совлада Јапонката Акико Моригами со 6:3/6:0, додека на Хингис и требаа
9 минути повеќе да ја совлада Русинката Ала Кудрјавцова со 6:2/6:3.
Шестата носителка Хингис има три титули од Австралискиот Опен од 1997,
а потоа загуби во три финалиња по ред пред да замине во пензија.
Нејзиниот кам-бек во 2006 заврши со пораз во 1/4 финалето од Клајстерс.

"Можам да бидам и подобра оваа година", вели Хингис, која сега игра со Аико Накамура во третото коло.

Но,
ниту двете не беа толку брзи како УС Опен шампионката Марија Шарапова.
Откако Русинката преживеа три часа на жештината во првото коло, во
второто коло ја совлада сонародничката Анастасија Родионова со 6:0/6:3
за само 58 минути.

"Моите мозочни келии се вратија денеска. Беше добро да се заврши бргу", вели Шарапова.

Петтиот
носител Џејмс Блејк, кој вели дека нема да се избричи додека е во трка
за титулата, го совлада својот тренинг партнер Алекс Кузнецов со
6:4/6:1/6:2 и сега игра со уште еден свој пријател, Роби Џинепри кој со
6:4/7:5/6:1 го совлада германскиот квалификант, Миша Зверев. За Блејк
немаше изненадувања против 216-рангираниот Кузнецов, кој играше со
титаниумска плочка во десната нога, добиена по "сообраќајката" пред две
години.

"За него беше полесно бидејќи ги знае моите движења,
потези и тактики. Затоа беше малку фрустрирачки. Тој не ме почитува на
теренот бидејќи знае како да ме победи", вели Блејк.

АВСТРАЛИСКИ ОПЕН - МЕЛБУРН, 20.000.000А$


МАЖИ, 2.КОЛО

(2) Надал - Колшрајбер 7:5/6:3/4:6/6:2

(3) Давиденко - Милер 6:4/6:0/6:3

(5) Блејк - Кузнецов 6:4/6:1/6:2

(Cool Налбандиан - Н.Лапенти 6:4/6:4/6:4

(10) Ф.Гонзалез - Дел Потро 7:6(9:7)/4:6/6:7(3:7)/6:4/4:0 пред.

(12) Хас - Бозољац 7:6(7:3)/6:1/6:3

(13) Бердих - Смитс 6:3/6:2/6:4

(15) Мареј - Вердаско 7:6(7:4)/7:5/6:4

Чела - (17) Ниеминен 6:3/2:6/6:4/6:4

(19) Хјуит - Данчевич 6:4/6:4/3:6/6:4

(21) Турсунов - Мирни 6:2/6:3/7:6(7:4)

(28) Гросжан - О.Рошу 4:6/6:1/6:3/4:6/6:4

(31) Вавринка - Капдевиле 6:4/6:3/6:2

Санторо - Клемен 6:2/6:4/6:4

Џинепри - Зверев 6:4/7:5/6:1

Маер - Сепи 5:7/7:5/6:2/6:2

ЖЕНИ, 2.КОЛО

(1) Шарапова - Родионова 6:0/6:3

(4) Клајстерс - Моригами 6:3/6:0

(6) Хингис - Кудрјавцева 6:2/6:2

(Cool Шнидер - Пенг 7:5/6:3

(9) Сафина - Федосова 6:3/6:2

(12) Чакветадзе - Гренвил 6:2/5:7/6:1

(13) Ивановиќ - А.Радванска 6:2/3:6/6:2

(15) Хантухова - Лоа 4:6/6:3/6:4

Харклроуд - (17) Гренефелд 6:2/6:2

(19) Ли - Домингез Лино 6:0/6:2

(22) Звонарева - Пашек 6:1/6:3

Костаниќ - (24) Стосур 6:4/2:6/6:2

(29) А.Бондаренко - Рацано 6:3/6:4

(30) Гарбин - Ворачова 6:1/7:5

Молик - Канепи 1:6/6:3/6:2

Накамура - Мирза 6:3/6:2
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 19 2007, 19:47

Вечер игра Маша со Татиана Гарбин од Италија... ( можда и сабајле ќе биде мечот... )
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 27
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 19 2007, 19:58

Moscow_BoY напиша:
Вечер игра Маша со Татиана Гарбин од Италија... ( можда и сабајле ќе биде мечот... )

убаво, само што не следам женски тенис Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 19 2007, 20:07



Има некои што гледаат Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Markou
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 168
Age : 25
Локација : na PC
Registration date : 2007-01-15

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 19 2007, 20:36

има има Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Пет Јан 19 2007, 21:33

да ти! и маркоу! Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 27
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Саб Јан 20 2007, 02:47

smiley Smile напиша:
да ти! и маркоу! Laughing

ја и ти се знае шо глеаме Razz
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Саб Јан 20 2007, 02:56

Леле Маша играа за 10 минути !!!!
ЈЕЕЕЕЕЕ .....
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Саб Јан 20 2007, 03:55

Маша само што го зема првиот сет 6/3;
Специјален изверстувач за корчагин форум од аустралиан опен Moscow_BoY Smile)))
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Саб Јан 20 2007, 04:28

Маша тепаше со 6/3 , 6/1 .
Леле, пред еуроспорт сум... Форумов има извештаи за Маша меѓу првите во светот Smile)))
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Саб Јан 20 2007, 10:57

Moscow_BoY напиша:
Маша тепаше со 6/3 , 6/1 .
Леле, пред еуроспорт сум... Форумов има извештаи за Маша меѓу првите во светот Smile)))

па тоа ти е добар админ !! кој друг у свет добива вакви инфо од прва рука ?Twisted Evil Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Нед Јан 21 2007, 11:15

Баш ме интересира како ќе го коментираат ова на Еуроспорт :
Andrew Murray (GBR) & Rafa Nadal ( ESP ) Suspect
Who`s next :PPPPP
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Тенис   Нед Јан 21 2007, 11:55

бреее не сум знаел дека има тоооолку луге што следат тенис .....
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Тенис   

Вратете се на почетокот Go down
 
Тенис
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 6Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Други спортови-
Отиди до: