Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Македонските патници заробени по странските аеродроми

Go down 
АвторПорака
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Македонските патници заробени по странските аеродроми Empty
ПишувањеПредмет: Македонските патници заробени по странските аеродроми   Македонските патници заробени по странските аеродроми Icon_minipostedПет Дек 08 2006, 20:53

Стотици патници кои летаат за Македонија се неколку дена заробени на европските аеродроми поради густата магла што го затвори Скопскиот аеродром. Строгиот визен режим им оневозможува на македонските патници третман како на другите патниците, па тие ноќите ги преспиваат во аеродромските згради зашто не ги пуштаат да излезат од одделите за транзит. Ситуацијата уште повеќе е влошена бидејќи под магла се и соседните аеродроми во Приштина и Софија а аеродромот Солун е исто така неупотреблив за македонски граѓани кои дури и да имаат шенген виза не смеат да влезат во Грција без посебна грчка виза.Најлошо поминаа патниците од Будимпешта за Скопје. Унгарската авиокомпанија Малев не полета завчера за Скопје и 20 патници преспале на клупите во транзитната зона на аеродромот. Вчера попладне дел од нив биле качени во авионот за Приштина и таму слетаа. Друг авион на "Малев" повторно се обидел да слета на Скопскиот аеродром, но маглата го вратила во Будимпешта. "Во Будимпешта стигнаа и нови патници за Скопје, кои исто како и ние ќе се малтретираат на аеродромот. Да не дојдеше македонскиот амбасадор, ниту ние немаше да полетаме за Пришина. Не третираат како стоки", велат патниците што слетаа во Приштина. Иако македонски граѓани, со валидна шенген виза, од први септември не мораат да вадат посебни транзит визи за да влезат во Унгарија, на аеродромот во Будимпештра на транзит патниците не им било дозволено да ја напуштат аеродромската зграда. Вчера во Скопје не слетаа ни патниците од Прага на Чех ерлајнс. Тие беа однесени во Белград. Авионите на Кроација, Адрија и Аустриан од Загреб, Љубљана и Виена слетаа во Охрид. Претходниот ден во Охрид слета и Алиталија од Милано, а вчера не ни полета од Италија за Скопје. Попладневните летови на МАТ беа дивертирани за Охрид. Во претпладневните часови само двата авиони на МАТ успеаја да слетаат во Скопје и колку толку да го задржат предвидениот ред на летање. Во текот на денот неколкупати се променија метео условите што како последица имаше отворање или затворање на Скопскиот аеродромот. "Управата за цивилна воздушна пловидба ги пропишува минималните услови под кои не смее да се слетува и полетува, а секоја компанија врз основа на нив си пропишува свои минимуми. Одлука на компанијата е дали ќе слета на Скопски аеродром, ќе го пренасочи ли летот кон Охридскиот или друг алтернативен аеродром", вели Сашо Штерјов, директор за сообраќај на Скопскиот аеродром. vest
Вратете се на почетокот Go down
 
Македонските патници заробени по странските аеродроми
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Авијација-
Отиди до: