Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Luftwaffe - Германската воена авијација

Go down 
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Luftwaffe - Германската воена авијација Empty
ПишувањеПредмет: Luftwaffe - Германската воена авијација   Luftwaffe - Германската воена авијација Icon_minipostedПет Дек 08 2006, 21:13

Почетоците на Германската Воена Авијација започна во 1910 со основањето
на Imperial German Army Air Service, меѓутоа нејзининото постоење не
било постојано поради поразот од двете Светски Војни (1914-1918 и
1939-1945).
Во периодот од 1939-1940, Luftwaffe неверојатно и помогна на
Германската армија да освои огромен успех во Источна и Западна Европа,
но не успеа во походот против Британското Небо. Подоцна, и покрај сите
обиди, не успеа да не дозволи Германија да биде поразена, поради
константното деноноќно бомбардирање од страна на Сојузниците. Биле
бомбардирани случните фабрики и градови од страна на неверојатно
големата воена сила на Сојузниците сместена во Британија. Ова се спои
со предностите од Советската армија од Истокот, па како што германските
авиони се повеќе се намалуваа Германија се повеќе и повеќе слабееше. Но многу важно е да се спомне, дека Luftwaffe, го создаде првиот млазен мотор и првиот борбен авион со самостоен ракетен погон.
Помеѓу 1955 и 1990, имаше две Германски воздухопловни сили, поради
делбата на поразената Германија во 1945, но возухопловните сили на
Источна Германија (DDR, Deutsche Demokratische Republik) по
обединувањето беа отпуштени, и нивната структура превземена од Lufwaffe
во 1990.
По 1945, Германското Воено Воздухопловство беше повторно видено во акција само еднаш, во 1999 во бомбардирањето на Косово.





А сега малку за авионите. Почнуваме прво од Првата Светска Војна, и кај германците тука е легендарниот Junkers.
Јункерс, секако кога ќе го слушнете веднаш го поврзувате со
авионите кои ги произведуваше Luftwaffe. Поточно, Ju 87 Stuka и Ju 52
Tante Ju се најпознатите и најупотребуваните борбени авиони, и симбол
на Нацистичката воена машина. Иако приватна, оваа компанија беше
запленета од Нацистите и користена за воените апетити, од основачот,
Hugo Junkers кој починал во 1935.
Првите модели на Јункерс беа направени во 1915 за време на Првата
Светска Војна. Junker J1 беше првиот модерен авион со целосна метална
конструкција и крилја контролирани од внатрешноста, а не како порано,
со жици. Сојузниците брзо започнале да се натпреваруваат со слични
модели на авиони.


А сега малку за двата најпознати модели на Јункерс од Првата Светска Војна.



Junkers Ju 52 (со надимак
Железна Ани) беше транспортен авион и бомбардер, произведуван помеѓу
1932 и 1945 од Јункерс. Бил користен и како цивилен и воен авион, со
Луфтханза како авиопревозник и Luftwaffe како транспортер на товар и
трупи.
Оригинално замислен со еден мотор во 1930 од Ernst Zindel во
работилницата на Junkers во Dessau, набраната метална кожа и давала му
давала на трупот карактеристичен квадратест изглед. Три BMW 132 Hornet
мотори му биле додадени за да се зголеми снагата и капацитетот на
товар, со што авионот бил редизајниран како Ju 52/3m (3 motoren, што
значи три мотори). Како авио превозник на Луфтханза, овој авион можел
да смести 17 луѓе, на пат Берлин - Рим за 8 часа. Модели за извоз биле
градени со Pratt & Whitney Wasp и Bristol Pegasus мотори.
Првиот Ју-52 кој виде воена обврска беше за време на Шпанската
Граѓанска Војна, со улога на бомбардер и транспортер. Luftwaffe ги
користела неговите услуги за пуштање падобранци, поготово во Битката кај Крит, Мај 1941.
Спореден со борбените авиони, беше бавен (максимална брзина од 264
км/ч) и лесно опремен со артилерија, со што придружба секогаш била
потребна, многу од нив беа соборени од куршуми додека пренесувале
набавки, поготово во Битката кај Сталинград.





Luftwaffe - Германската воена авијација 250px-Junkers_Ju52_3M Luftwaffe - Германската воена авијација 200px-Ju52DuxfordJM





Вториот познат модел на Јункерс претставува Junkers Ju 87 или Stuka.
Тој беше најпознат како Sturzkampfflugzeug (Германски понирачки
бомбардер) во Втората Светска Војна, веднаш препознатлив по свртените
однопаку крилја на галев, фиксирана каросерија и сирена.




Овој авион содржи страшно иновативни карактеристики, вклучувајќи
автоматски пилот кој самиот се вклучува за авион да се покрене од
стрмниот приод за бомбардирање, во случај пилотот да се онесвести од
преголемото забрзување, и воздушна сирена на тркалата која свирела
додека авионот стрмно понирал за да ги плаши своите жртви. Овие беа
наречени Trumpets of Jericho од Junkers и беа рана форма на психолошко
војување. Слична техника беше користена од Американците во Виетнам,
прикажана во филмот Apocalypse Now. На познатите UH-1 хеликоптери (омилени и познати како Хјуи, веројатно најлегендарниот хеликоптер, после најмногу употребуваниот Bell Jet Ranger) Американците поставуваа ОГРОМНО силни звучници на хеликоптерите, и кога оделе во напад да фрлаат напалм, до даске ја пуштале оваа песна (Инаку се вика Ride of the Valkyries
буквално сеела страв, па и јас да би бил во некое поле би се посрал
кога би ги видел Американциве таман станати од скара и пиво). Многу
позната реплика од овој филм е кога Роберт Дувал изговара I love the
smell of napalm in the morning откако ќе направат пустош а се наоколу е
во пламен (глуми заменик-полковник Bill Kilgore)
. Избрана е за најдобра реплика на сите времиња. На оваа слика имате скрин шот баш од таа сцена.





Јас се заборавив, да се вратиме на Јункеров.
Поради фиксираната каросерија можел да полетува и слетува од
импровизирани писти блиску до фронтовите, со што давале битна подршка
од воздух. (Има докази дека за време на Првата Светска Војна германците
го користеле полето каде сега е Охридскиот Аеродром како импровизирана
писта за своите Јункери).




Иако силни, прецизни и доста ефективни, овие авиони страдале од
мала брзина и маневри, со слаба одбранбена заштита, што го правело
доста ранлив во битки. Германците сфатиле дека во битката со Британија
воздушната подршка мора да биде изведена побрзо отколку земјените сили
да имаат шанса да издејствуваат. По оваа битка, Штуката беше ретко
користена во Западна Европа, но остана подолго користена кај Крит и
Малта, и во огромни бројки на Источниот Фронт, иако Русите буквално ги
опустошија од воздух.





Luftwaffe - Германската воена авијација 300px-Junkers_Ju87





Како најпознат и најдолго употребуван
борбен авион на Втората Светска Војна од страна на Германската армија
дефинитивно е Messerschmitt Bf 109.






Месершмит Bf 109 е борбен авион од Втората Светска Војна дизајниран од
Willy Messerschmitt во почетокот на 1930тите години. Ова дефинитивно е
првиот вистински модерен борбен авион од својата ера, кој вклучува
неверојатни карактеристики како целосна школка комплетно изградена од
метал, затворен кров и вовлекувачки тркала.




Преку 35,000 летала беа изградена. Беше прв пат употребен во
Шпанската Цивилна Војна, а пензиониран од Шпанското Воздухопловство во
1967, со што служеше преку 30 години.





Luftwaffe - Германската воена авијација 250px-Bf_109E-4 Luftwaffe - Германската воена авијација 250px-Messerschmitt_Me109G Luftwaffe - Германската воена авијација 180px-Me109g_cracow_aviation_museum
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
 
Luftwaffe - Германската воена авијација
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Авијација-
Отиди до: