Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Каде почиваат авионите???

Go down 
АвторПорака
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Каде почиваат авионите??? Empty
ПишувањеПредмет: Каде почиваат авионите???   Каде почиваат авионите??? Icon_minipostedСаб Дек 09 2006, 12:47

На 29 септември 1968 првиот Боинг 747 ''Џамбо Џет'' беше произведен во Еверет, Вашингтон Стејт. Беше познат по една работа - беше голем и фразите како Џамбо станаа дел од секојдневието. Имаше една причина за големината - Боинг предвиде дека кај пазарот во 1970тите е потребен огромен авион кој ќе ги задоволи потребите на авиокомпании. За многумина, Џамбо Џетот го владее небото, но денес, неговото време пополека изминува.Животниот век на повеќето комерцијални авиони е околу 30 години, па така, по огромната побарувачка во 1970тите години, денес имаме преголем број на авиони кои не можат да се употребуваат. Што треба да се направи со нив? Материјалите кои се употребуваат за изградба на авионите содржат отровни материи, што ја исклучува можноста да бидат фрлени на некој далечен аеродром или да бидат фрлени во морето. Но тоа е всушност она што цело време се случувало, тврди Бил Гловер, директор на секторот за животна средина кај комерцијални авиони во Боинг. По пронајдените делови од авиони во водните површини, на многу луѓе им стана јасно дека ова ќе биде голем проблем во иднина. Боинг за оваа цел ја основа Aircraft Fleet Recycling Association (AFRA). Оваа организација претставува унија на компаниии за рециклирање со два аеродроми, Chateaurox во централна Франција и Evergeen Air Center во Аризона.Парчиња железо и делови од авиони лежат насекаде на овие два аеродроми. Добра работа е што се користат исклучиво за карго превоз, па патниците не можат да ги видат авионите во оваа состојба. Добрите делови ќе се вратат на пазарот и ќе се продаваат како половни. Металните делови ќе се рециклираат и ќе бидат искористени во материјалите на идните авиони. Во годините што следат, авионите ќе бидат градени од карбонско влакно - материјал со кој е изграден половината од конструкцијата на најновиот Боинг 787. Со новата технологија, начинот на рециклирање ќе се подобри и во иднина нема да се соочуваме со проблемот што го имаме денес со старите авиони. Рециклирање на карбонско влакно денес трае околу 20 минути. Квалитетот на крајниот производ е одличен, што луѓето од Боинг веруваат дека нема да биде никаков проблем да се користи како рециклиран производ во наредните авиони. Програмата исто така ја спроведува и Ербас во Франција. На различен начин двете страни се борат да го совладаат овој проблем. Сепак, после сите години на летање, овие авиони заслужуваат достоен крај.
Вратете се на почетокот Go down
 
Каде почиваат авионите???
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Авијација-
Отиди до: