Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Астрономија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Јан 27 2007, 19:47

Светлинско ехо од црната дупка во Млечниот Пат

Неколку слики добиени од радиотелескопот Чандра (Chandra) даваат доказ за светлинско ехо создадено од супермасивната црна дупка на Млечниот Пат, наречена Стрелец А* (Sagittarius A*). Се верува дека пред околу 50 години црната дупка има проголтано материјал со маса колку планетата Меркур, предизвикувајќи излив на Х-зраци, кои потоа се одбиле од облакот од гас во близина на дупката.
На големата слика, во следниот колаж, прикажан е централниот регион на Млечниот Пат (локацијата на црната дупка е обележана). На трите помали слики лево даден е зумиран поглед кон двата региони, кои на големата фотографија се обележани со елипси.
Трите помали слики се изработени во временски интервал од неколку години (2002, 2004 и 2005 година), и на нив може да се забележат јасни промени во формата и сјајот на облаците од гас. Ваквото однесување е во согласност со теоретските предвидувања за светлинско ехо кое доаѓа од црната дупка.
Облаците од гас сјаат поради процесот на флуоросцентност. Железото во овие облаци е бомбардирано или од Х-зраци од извор кој имал излив во минатото, или од високо-енергетски електрони. Електроните или фотоните се судираат со атомите на железо, ги исфрлаат електроните кои се блиску до јадрото, а како последица на тоа се емитираат Х-зраци.
Откривањето на променливоста кај овие облаци ја исклучува можноста тие да биле бомбардирани од електрони. Исто така, се исклучуваат и други објаснувања за потеклото на Х-зрачењето, меѓу кои и можноста облаците од гас да се остатоци на експлодирани ѕвезди, или светлинското ехо да не доаѓа од супермасивната црна дупка, туку од неутронска ѕвезда или друга црна дупка која влече материјал од придружник.
Проучувањето на ова ехо дава особено важни податоци за историјата на активноста на оваа црна дупка, а ги осветлува и малку разбраните гасовити облаци близу до центарот на нашата галаксијa.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Нед Јан 28 2007, 15:09


Сончевиот „контрасјај“ (германски gegenschein), кој може да се забележи во идеално чисти и темни ноќи, на спротивната страна од небото каде се наоѓа Сонцето. Се добива од рефлектираната светлина од многу ситни честички во меѓупланетарниот простор
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 01:38

Сатурн и Месечината ќе се приближат еден до друг на само 12'!

За жал, времето во Скопје не ни дозволи да го фотографираме, ниту видиме минатонеделното минување на Месечината пред Плејадите. Но, затоа, оваа недела нè очекува уште поинтересен настан - Месечината и Сатурн ќе се приближат еден до друг на само 12' (аглови минути)! Полна Месечина е „голема“ околу 30', па може да добиете претстава дека тоа е навистина блиску.
Ова ќе се случи ноќта 2 кон 3 февруари (петок кон сабота), а токму тој ден Месечината ќе биде полна. Таа и Сатурн ќе игрејат на меѓусебна оддалеченост од околу 2° (аглови степени), односно 4 полни Месечини. Како ќе одминува ноќта и ќе се искачуваат сè повеќе на небото, така ќе се приближуваат еден до друг. Кулминацијата ќе настане околу половина час по полноќ, кога двете тела ќе се доближат едно до друго на споменатите 12'.

Вака би требала да изгледа глетката низ подобар телескоп, или доколку употребите окулари со доста мала фокусна далечина (повеќе околу телескопите има во делот Астроучилница => Телескопи

Со двоглед многу добро ќе може да се забележат двете тела блиску едно до друго, но се разбира, најубава глетка ќе добиете низ телескоп. Ќе бидат толку блиску едно до друго, што со добро зголемување ќе можете да видите детали и на двете тела, додека се заедно во видното поле на телескопот.
За жал, окултација (или затскривање, минување на Месечината пред Сатурн) ни избега за малку. Сепак, на 11 март 2001 година бевме сведоци на „окултирање“ на Сатурн со Месечината, и успеавме да го фотографираме настанот.
Окултацијата од 11 март 2001 година. Фотографии на Скопското астрономско друштво

За видео од почетокот на окултацијата од 2001 година кликнете тука (.avi, 725 КВ), а за видео од крајот кликнете тука (.avi, 943 КВ).
Се надеваме дека следниов викенд, за разлика од минатиот, времето ќе нè послужи и наскоро ќе можеме да презентираме слики од овој интересен настан ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 10:44

еј закон е ова со месечината и сатурн !!! би сакал да бидам тука да го видам и ја со голо око али за жал нема да бидам у македонија :S
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 10:55

Млечниот Пат и седумте џуџиња

Најновите истражувања на астрономите кои работат на проектот SLOAN (Sloan Digital Sky Survey) најверојатно ќе успеат да ја докажат вистинската природа на создавањето на нашата галаксија.
Имено, со анализа на повеќекратни мерења и повеќегодишни истражувања, тие успеале да откријат дека околу Млечниот Пат кружат уште најмалку седум џуџести галасии, од кои секоја содржи милион или повеќе ѕвезди. Кога еднаш галаксиите ќе се создадат, тие тежнеат кон тоа да станат уште поголеми, асимилирајќи сè што се наоѓа во нивна близина. Па така, и нашата галаксија во некој момент во иднината ќе ги „проголта“ овие мали сателит-галаксии.

Положбата на седумте новооткриени џуџести сателит-галаксии на Млечниот Пат. Сите се откриени со помош на програмата SLOAN, и тоа во изминативе две-три годин

Се претпоставува дека во времето кога се создавал, Млечниот Пат бил многу помал, а потоа дошло до судари со други галаксии, при што бројот на ѕвездите и масата на нашата галаксија се зголемувале. На тој начин, достигнат е денешниот број од повеќе од 250 милијарди ѕвезди. Наскоро, новооткриените седум (плус можеби уште една) џуџести галаксии ќе станат составен дел од Млечниот Пат и неговите спирални краци. Овој процес би требало да се заврши за околу десетина милиони години, што во вселенски рамки е доста брзо.
Двете мали и засега добро познати сателит-галаксии на Млечниот Пат, Големиот и Малиот Магеланов облак, содржат многу повеќе ѕвезди од новооткриените „џуџиња“, и тие се предмет на истражување на речиси сите професионални опсерватории на јужната хемисфера на Земјата, со оглед на тоа што само од јужната полутопка и можат да се видат.
Неодамна, една друга екипа на астрономи успеа да собере почетни докази со кои беше поткрепена претпоставката дека дури и во овој момент Млечниот Пат е во судир со друга спирална галаксија. Но, заради нашата положба во галаксијата, како и заради невозможноста другата галаксија да ја видиме „однадвор“, оваа претпоставка засега е под голем знак прашалник.
Колку да имате претстава колку е голем нашиот Млечен Пат, споредете ги следниве бројки: Млечниот Пат има дијаметар од 100 000 светлински години (да потсетиме, една светлинска година е патот кој светлината го минува за време од една година, движејќи се со брзина од 300 000 km/s). Истата таа светлина од Сонцето (само една од 250 милијарди ѕвезди во Млечниот Пат) до Земјата стигнува за нешто повеќе од 8 минути (Земјата од Сонцето е оддалечена околу 150 милиони километри).
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 10:56

Karate Kid напиша:
еј закон е ова со месечината и сатурн !!! би сакал да бидам тука да го видам и ја со голо око али за жал нема да бидам у македонија :S
aбе и јас! ама на роденден сум! Crying or Very sad ако! ќе биде друг пат! Smile (се надевам)
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 10:57

ај ај ке си дочекаме Razz знаеш како викаат - кој чека ке дочека Very Happy (...си се тешам ја си се тешам...)
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 10:59

Плутонирање?

Кој рече дека Плутон се предаде? На собирот на Американското друштво за дијалекти, кој традиционално се одржува на крајот од секоја календарската година, членовите решиле за збор на годината за 2006 да биде прогласен зборот „plutoed“ - новообразуван збор во англискиот јазик, кој во слободен превод би можеле да го преведеме како плутониран/а (официјалниот превод, сепак, го оставаме на надлежните лица и институции ). Овој збор означува личност или предмет кој е деградиран, или омаловажен. Многу е јасна аналогијата - токму тоа му се случи и на Плутон во август минатата година, кога беше исфрлен од категоријата планета и, условно кажано, деградиран во новата категорија џуџести планети.
„Нашите членови веруваат дека големата емотивна реакција која се јави кај јавноста по „омаловажувањето“ на Плутон покажува колку тој (Плутон) е значаен како имe во нашата култура“, изјави претседателот на Друштвото, Кливленд Еванс (Cleveland Evens). „Можеби повеќе не веруваме во римското божество Плутон, но сè уште имаме силно чувство на лична поврзаност со оваа поранешна планета“.

Зборот „plutoed“ победи во тесна трка со изразот „climate canary“ („климатски канаринец“), кој означува „организам или цела животинска раса, чие слабо здравје или намалување на популацијата најавува некоја поголема еколошка катастрофа“. Други изрази кои биле во игра се: „murse“ (man's purse - машка чанта), „flog“ (fake blog - лажен блог, кој служи за промоција на некој производ), како и „macaca“ (американски државјани кои се третираат како странци, на пример: Индијци, Кинези итн.).
Инаку, Американското друштво за дијалекти е 117 години стара организација, во која членуваат лингвисти, граматолози, историчари и независни академци. Изборот на збор на годината членовите го вршат чисто од забава, без никаква надлежност во вклучување на нови зборови во официјална употреба. Во секој случај, немојте да ги „плутонирате“ луѓето околу вас.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 31 2007, 11:29


Споредба на привидните големини на Месечината и галаксијата Андромеда
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 01 2007, 00:44


НА „КОКИНО“ ЕВИДЕНТИРАНИ ЧЕТИРИ ЛУНАРНИ МАРКЕРИ

На Кокино уште во 19 век пред нашата ера времето се мерело со календар, ова го покажале последните астрономски истражувања на тимот научници предводени од астрономот Ѓоре Ценев. Станува збор за лунарен календар со прецизна точност. Имал 12 месеци кои биле распределени во шест зимски од по 29 дена и исто толку летни со по 30, кои циклично се повторувале на секои 19 години. Седум од 19-те години пак, имале уште по еден летен месец од 30 дена со што на секои осум години тој се совпаѓал со Грегоријанскиот календар. Според Ценев, станува збор за светско откритите.
- Откритието покажува дека пред 3.900 години, времето кога од номадски начин на живот се преминувало во организирана земјоделска заедница, на овие простори постоела култура која изработувала лунарен календар. Месечевите маркери според него, даваат цврста основа дека Кокино е опсерваторија и оти таму бил изработуван лунарен календар. Календарот на Кокино во сегашни услови е неупотреблив. Важноста на неговото пронаоѓање е голема, не само за нас туку и светската јавност - рече денеска Ценев, додавајќи дека ова е првпат некоја цивилизација да го мери времето за свои потреби.
Сега откако со календарот и официјално се докажа дека Кокино е една од најстарите опсерватории во светот, истражувачкиот тим предводен од Ѓоре Ценев и археологот Јовица Станковски, апалеираат до државата да помогнат во претстојните археолошки истражувања. Целта е да се најде цивилизацијата која живеела на тој простор.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 01 2007, 00:45

закон сме бе! у 19 век види што се правело тука! браво за ова откритие!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 01 2007, 09:43

/clap за сите што го напраиле тоа !
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 01 2007, 22:26

хммм... дали некој друг чита овде? покрај мене и карате кид? пошто стварно има добри шитови!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 01 2007, 22:26

Конечно, фотографии од Церес!

И покрај тоа што Церес е најголемиот астероид во главниот астероиден појас, и е првиот познат астероид откриен во 1801 година од Џузепе Пијаци (G. Piazzi), неговите физички особини сè уште се воглавно непознати. Се претпоставува дека во својата внатрешност тој крие големи количини на воден лед, но што има на неговата површина, не е многу познато. За таа цел, со помош на адаптивната оптика инсталирана на телескопите во Кек опсерваториите, на Хаваи, беа направени слики од површината на Церес, со резолуција од околу 30 километри на пиксел. Фотографиите се направени за време на опозицијата на Церес, во текот на септември 2002 година.

Дел од фотографиите, направени во инфрацрвениот дел од спектарот со помош на камерата NIGC2, на опсерваторијата Кек 2

Со користење на повеќе филтри, површината на Церес била снимана во разни бранови должини. При тоа, добиена е т.н. албедо-мапа на околу 80% од површината (албедо е број кој покажува колкав дел од светлината што пристигнува до едно тело се одбива од него). Албедо-мапата се изработува со помош на светлината која се одбива од површината на дадено небесно тело, а чија јачина во случајот на Церес варира и до 12%. Така, може да се видат геолошките детали со големина од 40 до 160 километри.
Се претпоставува дека овие разлики во албедото се резултат на различните физички карактеристики на теренот, како и разлики во хемискиот состав на површината. Но, причина може да биде и процесот на стареење на теренот, заради соларниот ветер, или удари на микрометеорити.
Исто така, извршени се и попрецизни мерења на димензиите на Церес, при што е утврдено дека тој е малку сплосната топка, со дијаметар од 982, т.е. 894 километри (+/- 14 km). Новите набљудувања ќе донесат и нови сознанија за особините на површината на Церес, со што значително ќе се забрзаат подготовките за мисијата DAWN, која треба да го посети овој астероид во 2015 година. За сега се прават планови за нови снимања на Церес, кога астероидот повторно ќе биде во опозиција во ноември годинава. При тоа, повторно ќе се користи адаптивна оптика, но овојпат на VLТ телескопот, на Европската јужна опсерваторија во Чиле.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пет Фед 02 2007, 00:22

smiley Smile напиша:
хммм... дали некој друг чита овде? покрај мене и карате кид? пошто стварно има добри шитови!

мислам не ... а и да чита не ке да му интересира баш зашто нема никаков пост
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 03 2007, 15:49

Пронајден протопланетарен диск околу ѕвезда што умира

Астрономите генерално претпоставуваат дека дисковите од прашина, од кои се формираат планетите, се наоѓаат околу млади ѕвезди, во т.н. „ѕвездени породилишта“. Но, за првпат е пронајден протопланетарен диск околу ѕвезда што умира. Се работи за ѕвездата Мира А (Mira A), која е во завршните фази од својата еволуција. Материјалот од оваа ѕвезда е заробен во диск околу нејзиниот сопатник, ѕвездата Мира Б. Ова откритие посочува на можноста дека има многу слични неоткриени системи во нашето соседство, што значи и многу нови места за барање на млади екстрасоларни планети.

Лажно обоена фотографија на ѕвездениот систем Мира. Сината боја ги претставува податоците добиени со Хабловиот вселенски телескоп, додека со црвена и зелена боја се претставени податоците добиени од опсерваториите Кек 1 и Џемини. Излевањето на материјал од светлата ѕвезда Мира А (десно) има зелена, скоро проѕирна боја, која потекнува од силикати. Црвената боја близу до ѕвездата-придружник, Мира Б, е предизвикана од загревањето на работ на дискот од страна на Мира А

Мира А од Сонцето е оддалечена 350 светлински години, а е дел од соѕвездието Кит (Cetus). Таа за првпат ги затресе темелите на астрономскиот свет уште пред 400 години, кога се забалежани промени во нејзината сјајност: видлива е со голо око во период од околу еден месец, потоа станува 1 000 пати побледа и исчезнува од поглед, за повторно да се појави по 11 месеци.
Иако Мира А некогаш била многу слична на Сонцето, таа сега е во завршните фази од својот живот, и губи материја од надворешните слоеви (поточно, на секои седум години губи материја со маса колку што е масата на Земјата). Кога Мира А би била осамена ѕвезда, а не дел од двоен систем, материјалот што го губи би се распрснал низ Вселената. Сепак, како и повеќето ѕвезди, Мира А има ѕвезда-придружник, која орбитира околу неа на секои 1 000 години. Па така, гравитационото поле на ѕвездата-придружник, Мира Б, заробува околу 1% од материјата што се губи од Мира А.
Користејќи ги опсерваториите Кек 1 и Џемини, била откриена топлотна радијација, која не доаѓа директно од ѕвездата Мира Б, туку од регион кој од неа е оддалечен колку што е орбитата на Сатурн. Силната радијација која потекнува од Мира А (5 000 пати посветла од Сонцето), го загрева дискот од материја кој се наоѓа во овој регион до температура приближна на онаа што владее на Земјата, при што предизвикува тој да свети во инфрацрвениот дел на спектарот.

Шема на ѕвездениот систем Мира. Ѕвездата што умира, Мира А (десно), ги „лупи“ своите надворешни слоеви. Околу 1% од овој материјал е заробен од нејзиниот придружник, Мира Б. Резултатот е диск од прашина, од кој евентуално може да се формираат планети. Сега може да се проучува делот од дискот кој е осветлен од радијацијата на Мира А

Научниците биле во можност да докажат дека овој диск навистина е протопланетарен материјал, а не само „грутка“ во соларниот ветар на Мира А. Преку изработка на модели на начинот на кој овој систем ја „лови“ материјата од Мира А, исто така било потврдено дека Мира Б е само обична ѕвезда како Сонцето, макар што има двапати помала маса.
Најважниот заклучок од ова откритие е врзан за прашањето што ќе се случи кога Мира А ќе стане бело џуџе за околу милион години. Имено, до тогаш процесот на создавање на дискот ќе заврши, и самиот диск ќе биде способен да создаде нови планети. Големиот број на слични ѕвездени системи значи и нова можност во потрагата по екстрасоларни планети. Смртта на една ѕвезда астрономите ја поврзуваат и со смртта на нејзиниот планетарен систем. Но, овде се случува токму обратното.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Нед Фед 04 2007, 15:15

Извештај од приближувањето на Сатурн и Месечината, 2/3 февруари 2007

На наше огромно задовoлство, времето во петокот навечер многу добро нè послужи, небото беше кристално чисто, па успеавме да ги „уловиме“ Месечината и Сатурн во нивното приближување. Во продолжение следи извештајот и сликите од набљудувањето, како што беше ветено J...

Како и секогаш, астрономијата може да ни ги отстрани насобраните тегоби во главите. Едноставно, само реши се да набљудуваш, имај добро време и телескоп во рака, и можеш да уживаш во убавините на небото.
Поводот за овој извештај беше набљудувањето на Сатурн и на Месечината, кои вечерата помеѓу 2 и 3 февруари се доближија на само 12 аглови минути. Најголемото доближување беше околу 00:30 на 3 февруари (за ова доближување пишувавме во „Сатурн и Месечината ќе се приближат еден до друг на само 12'!“)
Договорот беше да се чекаме во 22:30 на паркингот пред скопското Кале, каде што требаше да ја поставиме целата опрема и да го фотографираме и набљудуваме настанот. Првично се договоривме (односно тие што се најавија) дека ќе бидеме околу 6-7 души, но како што одминуваше времето сè повеќе и повеќе членови на Друштвото доаѓаа заедно со нивни другари/ки, па може околу полноќ нè имаше и околу 30-тина.
Не беше чудно што имаше само толку луѓе, туку и опремата што ја носевме за набљудувањето. Мислам дека никогаш не сме отишле толку опремени за да набљудуваме некој настан. На располагање ни беа 5 телескопи: LX-200, на кого беше монтирана веб-камера, со помош на која се правеа фотографии и клипчиња од Месечината и од Сатурн;


Мартин и LX-от, на кој беше прикачена веб-камерата

Фотографија на Сатурн преку веб-камерата

Видео направено со веб-камерата, на кое се гледа колку блиску едно до друго беа Месечината и Сатурн. Иако го „деградиравме“ LX-от од f/10 на f/6,3, проширувајќи му го видното поле, сепак многу малку фалеше за да се фатат во ист кадар. За видеото кликнете на фотографијата (1,31 МВ)

8-инчниот Орион, кој служеше за набљудување, а потоа го искористи и Ана за да направи еден многу убав цртеж од Месечината и Сатурн со помош на молив;


Ана направи навистина добар цртеж од целиот настан. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (219 КВ)

6-инчниот Орион, кој исто така ни служеше за набљудување, а на него подоцна и Васко ги покажа своите ликовни способности;


Недовршената скица на Васко

последните 2 телескопи беа телескопите на кои се фотографираше со фотоапарати, односно на 4-инчниот рефрактор фотографираше Мартин, со помош на неговиот фотоапарат Canon 300D, плус телеконвертор;


Фотографија на Мартин, направена преку LX-от, откако ја тргнавме веб-камерата. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (105 КВ)

на вториот, Целестрон 600 mm, фотографиравме јас и Еми.

[img:b8f3]http://astronomija.com.mk/images/uploaded/aktivnosti%20na%20sad/2007/!sat%20i%20mes%2003,02,07%2000,17-1[200.jpg[/img:b8f3]
Во 00:17 часот. ISO 200 ASA. t=1/200 s. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (96 КВ)
[img:b8f3]http://astronomija.com.mk/images/uploaded/aktivnosti%20na%20sad/2007/!sat%20i%20mes%2003,02,07%2000,33-1[60.jpg[/img:b8f3]
Во 00:33 часот. ISO 200 ASA. t=1/60 s. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (47 КВ)
[img:b8f3]http://astronomija.com.mk/images/uploaded/aktivnosti%20na%20sad/2007/!sat%20i%20mes%2003,02,07%2000,33-1[125.jpg[/img:b8f3]
Во 00:33 часот. ISO 200 ASA. t=1/125 s. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (64 КВ)
[img:b8f3]http://astronomija.com.mk/images/uploaded/aktivnosti%20na%20sad/2007/!sat%20i%20mes%2003,02,07%2000,34-1[80.jpg[/img:b8f3]
Во 00:34 часот. ISO 200 ASA. t=1/80 s. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (46 КВ)

Времето беше малку сурово кон нас, но можеби и не беше толку ладно колку што не се облековме сите како што треба (односно како што се подготвуваме за на терен). Како што кажав, скоро целиот погон на Друштвото беше вклучен во ова набљудување, што навистина претставува реткост. Ама, сепак, местото од каде што набљудувавме се наоѓа во Скопје и е во близина на центарот, па на сите им е попристапно.
Фрчеа фотоапарати на сите страни, се црташе, се снимаше на лаптопот, се правеа тешки муабети за НЛО-а, што на моменти стануваа и малку бурни, а дури се почастивме и со пресен бурек и јогурт, благодарејќи на Зоки.
Со фотографирањето завршивме околу 1 часот, па останатото време што го имавме го искористив да направам малку интересни фотографии со помош на Целестронот. Штета што немавме некој подобар статив, за да можеше да се монтира некој помал објектив. Ама, сепак, успеав да доловам некои интересни објекти, барем оние што знаев каде да ги најдам во мракот.

Мартин Стојановски - превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 06 2007, 13:38

Извештај од Охрид од приближувањето на Сатурн и Месечината

Утредента, веднаш по приближувањето на Сатурн и Месечината, ни пристигнаа фотографии и извештај од Стојан Стојановски од Охрид. Со големо задоволство ви го пренесуваме извештајот и дел од сликите:

Ноќта помеѓу 2 и 3 февруари излеговме на терен да го набљудуваме и фотографираме доближувањето на Сатурн и Месечината. Излеговме во 12 часот по полноќ на терен на темно место близу Охрид, каде ја поставивме опремата, го подесивме телескопот и почнавме со набљудување и фотографирање на Сатурн и Месечината. На местото се задржавме околу 1 саат, направиме добри фотографии, покрај студеното време, средивме све и заминавме. Резултатот можете да го видите од сликите.


За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (60 КВ)

За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (83 КВ)

За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (83 КВ)

Аматерско Астрономско Друштво Охрид
www.aadohrid.cjb.net

Особено ни е мило што и некој друг во Македонија го фотографираше настанов. Продолжете со добрата работа ...
prevzemeno od www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 06 2007, 21:46


Некогашни вонземски фонтани и текови. Пејзаж од Марс
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Фед 07 2007, 00:08

леле чоек какво е на марс !! и кога ке ми текне дека ке праеле нешто за да може и марс да се колонизира .... незнам со срека нека им е ! ке им треба богами и тоа многи срека за да напраат од тоа пустиниште нешто каде што ке може да се живее ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Фед 07 2007, 22:02

а па месечината да не е поарна? камења е све! ама тоа е само за да се спасиме од Земјава шо веќе нема да може да не поднесува као нејзини жители! Sad веќе не не сака! ама ја оправдувам!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Фед 07 2007, 22:05


Точно 20 полни месечини, почнувајќи од 5 мај 2005, преку 5 декември 2005, 6 јануари 2006, до последната во 2006, на 6 декември
превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Фед 07 2007, 22:55

smiley Smile напиша:
а па месечината да не е поарна? камења е све! ама тоа е само за да се спасиме од Земјава шо веќе нема да може да не поднесува као нејзини жители! Sad веќе не не сака! ама ја оправдувам!

хммм .... што е со месечината ? и за на неа се правени испитувања за колонизирање ? незнам за тоа а дека за на земјата не сме, не сме ! ја уништивме од без везе Sad
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 08 2007, 12:38

да бе! има планови за колонизација! ај после ќе најдам линк и ќе стааам сеа неам време! а и плус до месечината помалку се патува за разлика од марс!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Фед 08 2007, 21:27

Астрологија и гравитација

Оние што ја сакаат т.н. „астрологија“, трошат многу време и енергија во напор да објаснат како оваа квази-наука „функционира“. Дури и астролозите се согласуваат со тоа дека гравитацијата има влијание, па се повикуваат на фактот како Месечината влијае на Земјата, т.е. на морињата и океаните, преку ефектот на плима и осека. Потоа, се повикуваат на фактот дека човечкиот организам содржи 70% вода, па по аналогија таа иста гравитација, која ја диктира плимата и осеката, треба да ги диктира и човечките судбини.

Исак Њутн (1643 - 1727)

Сега да и дадеме шанса на науката да ги изнесе своите аргументи преку бојки и формули, кои не се многу комплицирани. За таа цел, ќе искористиме една многу позната формула од вториот закон на Исак Њутн, која изгледа вака:


каде m1 е масата на првиот објект, m2 е масата на вториот објект, растојанието помеѓу нив е r (се мисли на растојанието од центарот на нивните маси, т.е. тежиштето), а F е силата со која тие се привлекуват. G e гравитационата константа, која изнесува:


Сè што ни треба за понатамошно пресметување се оддалеченоста и масите на планетите, или објектите, за кои сакаме да го споредиме гравитационото привлекување. Тие вредности се дадени во следниве табели.
Објект Маса (kg)

Меркур 330 200 000 000 000 000 000 000

Венера 4 869 000 000 000 000 000 000 000

Месечина 73 500 000 000 000 000 000 000

Марс 641 900 000 000 000 000 000 000

Јупитер 1 898 600 000 000 000 000 000 000 000

Сатурн 568 500 000 000 000 000 000 000 000

Уран 86 830 000 000 000 000 000 000 000

Нептун 102 430 000 000 000 000 000 000 000

Плутон 12 500 000 000 000 000 000 000

автомобил 1 000

Објект Оддалеченост од нас (m)

Меркур 91 700 000 000

Венера 41 400 000 000

Месечина 385 000 000

Марс 78 300 000 000

Јупитер 628 700 000 000

Сатурн 1 277 400 000 000

Уран 2 720 000 000 000

Нептун 4 347 000 000 000

Плутон 5 763 900 000 000

автомобил 1

Според формулата, влијанието што овие објекти го имаат врз човекот изнесува:

Гравитационо привлекување од: Њутни (N)

Меркур 0,000000261917328

Венера 0,00001894806763

Месечина 0,003307438017

Марс 0,0000006983444492

Јупитер 0,00003203851586

Сатурн 0,000002323819969

Уран 0,00000007828126352

Нептун 0,00000003615544625

Плутон 0,000000000002509591137

автомобил 0,00000667

За помалку упатените, сила од 1 Њутн е сила која е потребна за тело со маса од 1 kg да добие забрзување од 1 метар во секунда за секунда (1N = 1kg • m/s2).
Она што можете да го видите од табелите е дека привлекувањата на планетите се многу мали, и не постои никаков понатамошен смисол за нивното дејтвување врз нас во моментот на нашето раѓање. Или, поточно, најголеми привлекувања пројавуваат работите околу нас. Автомобилот нè привлекува 10 пати повеќе од планетата Марс, но тој факт т.н. астролози не го земаат предвид, па и автомобилот да го вклучат во нашите хороскопи. Се прашувам, зошто?
превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Астрономија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: