Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Астрономија

Go down 
+7
S|m0n4e
Moscow_BoY
Slash
High_Voltage
Proof
*@ne*
smiley :)
11 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 22:12

Мерење на обликот на супернова експлозиите

Најновите откритија дадоа неверојатни нови докази кои ќе помогнат да се разреши десет години долгата дебата околу тип Ia суперновите: дали ѕвездата умира согорувајќи полека или, пак, во една брза експлозија? Од спроведените набљудувања било заклучено дека материјата, исфрлена при експлозиите, покажува значителна периферна асиметрија, но скоро сферична внатрешност. Тоа најверојатно значи дека во завршните фази експлозијата се шири со суперсонични брзини. Овие резултати покажуваат процес на експлозија која се одвива во две фази. Откритието ќе има големо влијание врз развитокот на космологијата.
Астрономија - Page 6 Supernova_art_feb2006
Уметнички приказ на експлозија на супернова

Користени се набљудувања на 17 остатоци од супернови, направени во период од 10 години, со помош на VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија и телескопот на опсерваторијата МекДоналд (McDonald Observatory). Со нивна анализа определена е формата и структурата на облакот од остатоци исфрлен од тип Ia суперновите.
Се претпоставува дека овој тип на супернови се резултат на експлозија на бело џуџе (веќе изумрена ѕвезда, со релативно мали димензии, но голема густина) во двоен систем. Ѕвездата-сопатник континуирано исфрла материја врз белото џуџе, и кога тоа ќе достигне одредена критична маса, се јавува нестабилност и експлозија на супернова. Но, што ја поттикнува иницијалната екплозија, и како бранот од експлозијата патува низ ѕвездата отсекогаш биле тешки прашања.
Набљудуваните супернови се наоѓаат во далечни галаксии. Поради големата оддалеченост, тие не можат да се проучат детално со конвенционалните техники на набљудување, како што е интерферометријата. Наместо тоа, обликот на остатокот од експлозиите бил снимен со помош на поларизација на светлината од ѕвездата што умира.
Полариметријата се базира на фактот дека светлината е составена од електромагнетни бранови, кои осцилираат во одредени насоки. Рефлектирањето или распрскувањето на светлината фаворизира одредени ориентации на електричните и магнетните полиња во однос на други. Токму заради тоа, со поларизирање на очилата за сонце може да се филтрира одблесокот од сончева светлина, рефлектиран од водена површина. Кога светлината се распрскува низ исфрлениот материјал од една супернова, таа ги зачувува информациите за ориентацијата на соодветните слоеви. Доколку суперновата е сферично симетрична, сите ориентации ќе бидат еднакво распоредени и би се изедначувале, па затоа не би се јавила мрежеста поларизација. Но, доколку школката од гас не е сферична, во светлината од ѕвездата ќе биде врежана мала мрежеста поларизација.
Ова откритие покажува дека експлозиите од тип Ia суперновите се вистински тридимензионален феномен. Надворешните делови од облакот исфрлен при експлозијата се асиметрични, со различни елементи пронајдени во „грутки“, додека внатрешните делови се многу мазни.
Ова има влијание врз користењето на тип Ia суперновите како стандарден маркер при определување на стапката на забрзување на ширењето на Универзумот. Тие се добри маркери под претпоставка сите вакви објекти да се однесуваат еднолично. Но, асиметричноста може да доведе до дисперзија на набљудуваните квантитети.
Досегашните модели наведуваа на заклучокот дека згрутчувањето на материјата во остатокот е предизвикано од процес на бавно горење, наречен дефлаграција, кој зад себе остава нееднаков остаток од прашина. Мазноста на внатрешните региони покажува дека во одредена фаза дефлаграцијата е совладана од многу појакиот процес на детонација, која се шири со суперсонични брзини. Ширењето е толку брзо, што ги брише сите асиметрии во остатоците оставени при бавното горење во првата фаза.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 03:15

Сеа сакам да ве известам - однапред - дека на 03,03,2007 од околу 22,30 па до негде 02,30 има затемнување на месечината! Нормално целосно! Сите што сакаат да го гледаат настанот нека се снајдат сами или нека се зачленат во С.А.Д. (Скопското Астрономско Друштво). Чланарината е 300 денари годишно. Со тоа добивате можност за користење на телескопите при вакви настани, и попусти при астрономските предавања! За набљудување на настанов ќе се оди надвор од градот (поради светлата). Ако некој сака нешто подетално да му кажам нека си пише!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 12:43

najz ама штета нема да можам тој ден ! ПАК Sad ги пропуштив интересните ствари Sad(
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 15:05

Леле! Пак ли на натпревар? Ај барем кај и да си ќе приметиш дека многу е темно небото! (ако си надвор околу 00,30)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 15:13

Астрономија - Page 6 Gammac10Ѕвездата Садр од соѕвездието Лебед (Gamma Cygni, ѕвездата во средината на „крстот“), централната ѕвезда на оваа фотографија, се наоѓа во регион полн со меѓуѕвездени облаци и прашина, кои се дел од нашиот Млечен Пат
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 16:02

smiley Smile напиша:
Леле! Пак ли на натпревар? Ај барем кај и да си ќе приметиш дека многу е темно небото! (ако си надвор околу 00,30)

ке пробам да искочам да го видам ама тешко дека од град ке треба да глеам, а иначе не е сигурно дали ке се оди (односно има 80% да се оди) така да ако сум у скопје ај ке се договориме да одиме заедно Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 16:09

Па можда јас ќе одам со дечките од САД (Скопско Астрономско Друштво)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 16:14

да да прочитав што е САД, епа ок ондак ај убаво да си поминеш ако нешто испадне може да се зачленам и ја да дојдам
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 20:11

ОК! фала!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedНед Фед 11 2007, 18:21

Откриен сателит на астероидот Курск

На почетокот на оваа година (3 јануари) беше објавено дека бројот на астероиди кои имаат свои природни сателити се зголеми на 106. Колку што е познато досега, околу овие 106 астероиди кружат вкупно 110 мали сателити, што значи дека некои од нив имаат по две, па и повеќе месечинки.
Астрономија - Page 6 Kursk_orbita

Шема на која е прикажана траекторијата на астероидот Курск (светло зелениот круг помеѓу орбитите на Јупитер и Марс)

Најнов член на оваа група е астероидот Курск (3073), кој е откриен на 24 септември 1979 година, од страна на рускиот астроном Николај С. Черних. Астероидот е познат и под ознаките 1979 SW11 и 1969 VG1. Неговиот дијаметар е 8 километри, оддалечен е 2,24 астрономски единици од Сонцето, а орбиталниот период му изнесува околу 3,36 години.
Неговиот сателит е откриен од страна на чешки астрономи, со помош на нова NEO фотометриска метода.
превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedНед Фед 11 2007, 18:23

Астрономија - Page 6 C2006p10
Сјајната комета McNaught (C/2006 P1), које беше видлива во јануари
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 18:50

Хабл улови атмосфера на екстрасоларна планета

Инструментите на Хабл успеаја да откријат еден многу чуден свет, со ознака HD 209458b, кој воопшто не наликува на ниту еден објект од Сончевиот систем. Откриената планета орбитира толку близу околу својата матична ѕвезда, што и се потребни само 3,5 дена за да комплетира една орбита. Поради големата близина, нејзината температура е поголема од онаа на површината на нашето Сонце, што предизвикува нејзината надворешна атмосфера да врие. Доколку би можеле да го видиме овој феномен со нашите очи, зад планетата би виделе опашка како тие кај кометите.
Астрономија - Page 6 ES_atmosphere_art
Уметнички приказ на екстрасоларна планета

Иако оваа планета секојдневно губи значително многу материјал, сепак, според проценките на астрономите, има доволно за да го троши уште 5 милијарди години.
Анализите биле направени со помош на методот на планетарно транзитирање, кога гледано од Земјата, планетата поминува пред нејзината матична ѕвезда. Со помош на овој метод лесно може да се утврди структурата на атмосферата на планетата, и тоа со мерење особините на светлината од ѕвездата што поминува низ неа.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 16:02

Кинески убиец на сателити

Кинеските научници, во соработка со кинеската војска, извршиле успешен експеримент со т.н. „сателит-убиец“, летало кое има намена да уништи друг сателит во Земјината орбита. Оваа научно-фантастична драма се случувала над нашите глави ноќта помеѓу 11 и 12 јануари, а за сето тоа во јавноста речиси ништо не се знаело.
Некаде во регионот Ксичанг (Xichang) Кинезите лансирале модифициран балистички проектил со среден дострел, на кој наместо нуклеарна глава бил монтиран „сателит-убиец“. Ова претставувало специјално проектирано летало, кое кога ќе се приближи до својата цел, т.е. сателитот кој сака да го уништи, со директен судир го уништува, или трајно го онеспособува.
Астрономија - Page 6 LM_launch_02.07
Лансирањето на кинеска ракета - носач на сателити

Како мета во овој експеримен бил искористен стариот и веќе непотребен метереолошки сателит Feng Yun 1C, кој бил лансиран во 1999 година, и кој орбитирал околу Земјата во поларната орбита на висина од 860 километри.

Се претпоставува дека експериментот успеал во целост, а како резултат на тоа во Земјината орбита со години ќе останат отпадоците од овој судир на две летала, со што ќе се зголеми бројот на вселенски отпадоци. Тие, пак, се потенцијално опасни за сите сателити во орбита, а особено за оние со човечки екипаж.
Експериментот е многу важен за кинеските воени власти, заради тоа што тие сметаат дека во некоја идна војна можат да уништат сателити кои би вршиле шпионски и извиднички набљудувања од Вселената. Откако се обелоденија информациите за овој настан, почнале да пристигнуваат реакции и од Американците, кои се загрижени за целата работа и истакнуваат дека со овој експеримент Кина јасно дава на знаење дека сака да стане вселенска суперсила, па како таква, мора да ја сноси одговорноста.
Овој настан сега е цел на истражување на водечките светски разузнавачки мрежи, а особено американските, кои се затекнати од сознанијата за можностите на кинеската технологија. Слични експерименти биле успешно извршени од страна на Америка и Русија, уште пред повеќе од две децении.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 16:28

е многу убаво, не им е доста да се маваат на земја и у ваздух сеа и у вселената ке се испотепаат ....
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 17:07

Астрономија - Page 6 Oriond10Прекрасна фотографија на дел од соѕвездието Орион, наречена „длабокото поле на Орион“
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 17:17

ееј орион ми е најомилено соѕвездие !!
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 18:31

зар? епа ок! многу е убаво пошто си има маглина! а за маглините имаме пишувано што се како се! така?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 18:49

hmmmm каде кога ? или не се секавам или не сум прочитал Rolling Eyes Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedВто Фед 13 2007, 19:00

Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
martincho
ново членче
ново членче



Број на мислења : 6
Registration date : 2007-02-14

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 02:35

јас само да ве поздравам, браво што има вакво нешто за астрономијата. случајно го најдов барајќи по интернет...

продолжете понатаму

инаку јас сум член на Скопското астроносмко друштво.
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 15:18

martincho напиша:
јас само да ве поздравам, браво што има вакво нешто за астрономијата. случајно го најдов барајќи по интернет...

продолжете понатаму

инаку јас сум член на Скопското астроносмко друштво.

поздрав и до тебе ! и ако има нешто занимливо ја би те замолил да пратиш навака Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 17:19

martincho напиша:
јас само да ве поздравам, браво што има вакво нешто за астрономијата. случајно го најдов барајќи по интернет...

продолжете понатаму

инаку јас сум член на Скопското астроносмко друштво.
Здраво Мартин! Јас сум Симона! Јас овде снабдувам со информации. Сеа се надевам не ви пречи што од вашата страна се повеќето од работите ама сакам да ја ширам астрономијата! Поздрав и до тебе!Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedСре Фед 14 2007, 17:30

Астероиди на тони!

Малата планета Церес, која воедно е и најголем објект во главниот астероиден појас, според најновите мерења има дијаметар од околу 980 километри. Следните три астероиди по големина се поголеми од 400 километри во дијаметар. Но, што мислите, колку астероиди има кои се поголеми од 100 метри?
Астрономија - Page 6 Asteroid_05.09
Само еден од многуте астероиди во Сончевиот систем


Познати се само 26 астероиди кои се поголеми од 200 километри, но се претпоставува дека во Сончевиот ситем има околу милијарда астероиди со дијаметар поголем од 100 метри. Добро прочитавте. Не се работи за печатна грешка. Една милијарда астероиди поголеми од 100 метри. Морате да се согласите дека се работи за импресивна и голема бројка.
Но, да ја разработиме малку оваа бројка. Главниот астеориден појас се протега од орбитата на Марс до Јупитер, и зафаќа површина од редот на (10 на 18 километри. Со пресметување може лесно да се види дека секој астероид околу себе има околу милијарда квадратни километри простор.
Ако се земе предвид дека орбитите на астероидите се меѓусебно наклонети, со груби пресметки може да се дојде до резултат дека меѓусебната оддалеченост на поголемите астероиди е околу 2 милиони километри, што е пет пати повеќе од растојанието Земја-Месечина. Значи, таму горе има многу астериди, но тоа „таму горе“ е мнооогу големо.
И покрај толкав број на астероиди, нивната вкупна маса е многу мала, па сите заедно се полесни од нашата Месечина. Волуменот на едно тело се пресметува со третиот сепен (или кубот) од радиусот на телото. Милијарда астероиди од 100 метри би имале заеднички волумен кој би се пресметувал како кубен корен од милијарда по 100, што изнесува 100 000 метри, т.е. 100 километри. Тоа не е ништо во споредба со поголемите астероиди во астероидниот појас, а за планетите и нивните поголеми месечини и да не зборуваме.
Малку весела математика со која можеме да си ја претставиме сликата за големината и распространетоста на астероидите. Но, колку и да се тие мали, сепак, подобро е да се што подалеку од нас.

превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedЧет Фед 15 2007, 15:56

Зошто планетите никогаш нема да бидат дефинирани

Правот уште се немаше спуштено по Генералното Собрание на Меѓународната астрономска унија (IAU - International Astronomical Union) во Прага, а едно нешто стана многу јасно: никогаш нема да се најде прифатлива научна дефиниција за зборот „планета“. Наместо да се добие конечна дефиниција, на Собранието само се разви една мала војна и недоверба меѓу астрономите од разни полиња. И, како што изјавија голем дел од научниците, целата таа работа беше научно безвредна.
Околу 300 астрономи изјавија дека дефиницијата за планета, која на 24 август 2006 година ја изгласаа 424 членови на Унијата, нема воопшто да ја користат, а многу од нив кажаа и дека така ќе мора да се поправи за да се елиминираат контрадикциите. Тоа најверојатно ќе се случи на следното Генерално Собрание, кое ќе се одржи во Рио де Жeнеиро во 2009 година.
Астрономија - Page 6 IAU_Makdelegacija
Фотографија од Прага, на која се наоѓаат и астрономите од Македонија и од Србија, кои учествуваа на Собранието

Најголемата грешка и контраверзија во дефиницијата е што таа се однесува само на нашиот Сончев систем. Зошто е толку голема грешката? Поради тоа што веќе ни се познати повеќе од 200 планети кои орбитираат околу други ѕвезди, надвор од Сончевиот систем. Или, пак, според дефиницијата, тие тела нема да ги викаме планети, туку можеби само „цврсти екстрасоларни тела“, на пример? Според дефиницијата, навистина немаме право тие тела да ги нарекуваме планети, колку и некој да си помисли дека тоа е чудно, поради тоа што голем дел од нив се многу поголеми и од најголемата планета во Сончевиот систем - Јупитер.
Едноставно, како што има изјавено Џеф Марси (Geoff Marsy), кој заедно со неговите колеги од Универзитетот Беркли има пронајдено повеќе екстрасоларни планети од кој било друг тим, „Астрофизиката на планетарните тела е толку богата и комплексна, што дефинирањето на зборот 'планета' никогаш не било прашање на дискусија помеѓу професионалците. Категоризацијата на астероидите, кометите, месечините, планетите и кафеавите џуџиња е премногу лимитирана, за да може да се направи разлика помеѓу нивното потекло и внатрешни карактеристики“
Дебатата околу тоа што е планета се разви уште во 1990 година, кога за првпат беше откриен објект кој орбитира околу друга ѕвезда. Трите таканаречени пулсар-планети се скоро со иста големина како и Земјата. Тие многу често се заборавени во дискусиите за егзопланетите. Некои астрономи не ги гледаат воопшто како планети, бидејќи орбитираат околу брзо-ротирачка, мртва ѕвезда, и не можат да поддржат живот. Некои тела, кои имаат неколку пати поголема маса од Јупитер, слободно лебдат во Вселената. Тие немаат ѕвезда околу која орбитираат. Дали тие се планети? Може да се спомнат уште многу вакви чудни конфигурации.
Астрономија - Page 6 SuperEarth

Eкстрасоларна планета (уметнички приказ)

Малку познат е фактот дека скоро 25% од познатите екстрасоларни планети се во двојни или, пак, повеќекратни системи. Тоа уште повеќе го заплеткува создавањето на универзална дефиниција за планета. Лингвистички гледано, кога ќе погледнете во некој речник, има многу зборови кои имаат повеќекратно значење и во говорот се употребуваат за многу работи. Зошто и зборот „планета“ да нема некое такво универзално значење? Планета значи едно во нашиот Сончев систем, а нешто друго околу другите ѕвезди. Исто така, различно значење има за геолозите, ловците на планети, или за јавноста. Меѓународната астрономска унија можеби требаше да го прифати овој начин, наместо да се труди да диктира единствена дефиниција за нешто, што во најголема мера е културолошки термин и означува различни нешта за различни групи на луѓе.
Помеѓу можните 250 милијарди планети, кои би требало да постојат во нашата галаксија, астрономите може да пронајдат два објекти со големина на Земјата, кои орбитираат околу центар на гравитација кој се наоѓа во просторот меѓу нив. Некои светови може да имаат „тројанци“ со големина на планета, кои се движат пред или зад орбитата на матичната планета. Сегашната дефиниција на Унијата, бара планетата „да го има исчистено просторот околу својата орбита“, а тоа не е начин на кој што ќе се решат ваквите чудни конфигурации.
Како дополнителна пречка доаѓаат и кафеавите џуџиња. Тоа се големи топки од гас, кои можат да бидат и до 70 пати помасивни од Јупитер, но не се доволно масивни за да можат да започнат термонуклеарни реакции во нивното јадро. Во која категорија ќе ги вметнеме нив - ѕвезди или планети? Генерално, според сегашните проценки, долната граница за некое тело да не се смета за кафеаво џуџе е да има 13 пати поголема маса од таа на Јупитер. Тоа е ниво при кое доаѓа до фузионирање на деутериумот, кој на кафеавите џуџиња им ја дава топлата светлина, која ја нема кај Јупитер. Астрономите сè уште со сигурност не можат да го објаснат создавањето на гасовитите планети, или, пак, на кафеавите џуџиња, а според нив сценариото за формирање на планетите би требало да има голема улога во дефиницијата. Сегашната дефиниција воопшто не ја обработува тамата за создавање на планетите.
Астрономија - Page 6 Trojno-zajdisonce
Дали некое вакво тело, кај кое ќе може да видиме дури 3 сонца, нема да го сметаме за планета?

Собранието во Прага отвори и две други раздвоени мислења меѓу професионалните астрономи. Едната пречка беше помеѓу астрономите кои ги изучуваат физичките карактеристики на објектите и оние кои ги проучуваат нивните орбити (динамика). Динамиката доминираше помеѓу астрономите присутни на Собранието во Прага. Многу од нив не сакаа да прифатат дефиниција кој би се базирала само на физичките карактеристики на објектот, како што е големината, на пример. Втората поделба беше помеѓу националните линии. Некои од астрономите беа иритирани од нагласената американска доминација во процесот. Многу од нив размислуваа дека Американците го бранат Плутон, само поради тоа што е единствената планета која е откриена од Американец. Едноставно многу се противеа на американската ароганција.
Да кажеме во најширока смисла на зборот, не обрзувајќи се кон ниту една дефиниција. За планета може да се смета секое тело кое има поголем дијаметар од 800 километри, има кружен облик и орбитира околку мртва, или, пак, активна ѕвезда. Тука спаѓаат и телата кои се доволно масивни, а се наоѓаат сами во Вселената, не орбитирајќи околу ѕвезда. За да се најде барем еден компромис, при наредната расправа Унијата најверојатно ќе мора да им дозволи на сите, преку 10 000 професионални астрономи во светот, да глаасаат на оваа тема. Но, и тогаш дефинирањето и категоризирањето на сите овие објекти најверојатно ќе биде невозможно за астрономите.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_minipostedПет Фед 16 2007, 16:48

Астрономија - Page 6 Sn198710Мистериозни прстени во остатокот од супернова означен како 1987А
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Sponsored content





Астрономија - Page 6 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Астрономија - Page 6 Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Астрономија
Вратете се на почетокот 
Страна 6 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: