Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Астрономија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 17 2007, 17:24

Судир на комети во маглината Хеликс

Најновата фотографија на маглината Хеликс (NGC 7293), направена од вселенскиот телескоп Спицер, ја прикажува маглината во една бизарна и лажна боја. Лоцирана на оддалеченост од 700 светлински години од нашата планета, во соѕвездието Водолија (Aquarius), оваа прекрасна маглина порано била ѕвезда слична на нашето Сонце. Како што умирала, ги отфрлила надворешните делови, создавајќи го она што го гледаме денес.
Прекрасна лажно обоена фотографија на маглината Хеликс, направена од Спицер

Фотографијата е прекрасна и го заслужува вниманието на секој, но таа крие и еден многу значаен научен доказ. Малата умрена ѕвезда во срцето на маглината е единствениот објект кој останал од некогашната ѕвезда, но за чудо, таа е опкружена со матен диск од прашина и смрзнат материјал. Од каде доаѓа таа прашина? Се претпоставува дека смртта на ѕвездата го разбранувала регионот во кој се наоѓале кометите кои орбитирале околу неа (нешто налик на Оортовиот облак во нашиот Сончев систем), па сега ние ги гледаме нивните судири.
Затоа, уживајте во погледот додека можете. Претпоставките се дека маглината ќе исчезне за околу 10 000 години. Прекрасните облаци во разновидни бои ќе избледат, и се што ќе остане е само едно мало, бело џуџе, кое полека ќе се лади во празната Вселена - судбина што му претстои и на нашето Сонце.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 17 2007, 18:00


соѕвездијата голема и мала мечка
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Нед Фед 18 2007, 22:30

Енцелад ги избелува соседите

Честичките исфрлени од Сатурновата месечина Енцелад ги прават останатите месечини на Сатурн многу сјајни, и доколку постои живот во внатрешноста на Енцелад, овие честички би можеле да го пренесат и на другите месечини.
Замрзнатиот Енцелад има дијаметар од само 513 километри, но во Вселената исфрла замрзнати честички, кои го создаваат Сатурновиот Е прстен, кој пак има дијаметар од околу 100 илјади километри. За време на реткото поставување на Сонцето, Земјата и Сатурн во иста линија во 2005 година, вселенскиот телескоп Хабл направи фотографии на кои се гледа дека Енцелад и неколку од околните блиски месечини рефлектираат голем дел од светлината што паѓа на нивната површина.

Облак од замрзнати честички, кои се исфрлаат од внатрешноста на сателитот Енцелад

Во најновите истражувања се тврди дека честичките од мраз, кои излегуваат од Енцелад, паѓаат врз соседните месечини, поради што нивната површина е многу светла. Откриено е дека месечините во најгустиот дел од Е прстенот (Енцелад и Тетис) се најсјајни, додека Мимас, Диона и Реа, кои се наоѓаат во пореткиот дел на прстенот, рефлектираат помалку светлина, но сепак се посјајни од Епиметеј и Јанус, чии орбити се наоѓаат потполно надвор од престенот Е.
Нивото на рефлективност најверојатно зависи од количеството на честички кои паѓаат врз месечините. Кога честичките од мраз, со димензии од само неколку микрони, ќе удрат во замрзната површина со брзина од неколку километри во секунда, тие го зголемуваат нивото на свежи снежни наслаги. На тој начин, површината на сателитот се одржува чиста, односно се спречува нејзиното потемнување под влијание на константното бомбардирање со наелектризирани честички од Сонцето. Ова ја избелува површина, па кога светлината ќе падне врз неа, многу лесно се рефлектира.
Се претпоставува дека честичките од мраз што ги исфрла Енцелад доаѓаат од резервоари на течна вода, кои се наоѓаат под неговата површина. Оттука, всушност, потекнува и претпоставката дека на овој сателит е можен и живот. Во еден таков случај, овие хипотетички облици на живот би можеле да го напуштат Енцелад, и да се спуштат на некое погостољубиво место на друга месечина, како на пример, на Титан. Постојат многу шпекулации на оваа тема, но засега не е потврдена ниту една од нив.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Нед Фед 18 2007, 22:50

еј колку чисто се глдаат голема и мала мечка !! закон !! никогаш неам видено таква глетка ! обично си ги бројам сам и си ги барам кај се ама ова е стварно феноменално !
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Фед 19 2007, 17:59

Маркирајте астероид и освојте награда

Во средината на месец декември, Американската геофизичка унија (American Geophysycal Union) и Планетарното друштво (The Planetary Society) го објавија конкурсот „Apophis Mission Design Competition“, кој ги поканува учесниците да пријават дизајни за мисии со кои би се пресретнале и маркирале потенцијално опасни астероиди за Земјата. Маркирањето би користело за поточно да се следат астероидите при нивното орбитирање, и точно да се утврди дали истите би претставувале опасност за Земјата во иднина. Понудената награда е 50 000 американски долари.

Апофис е астероид од околу 400 метри. Тој е еден од т.н. NEO астероиди (Near-Earth оbjects), и ќе помине во близина на Земјата во 2029 година. Поради таа многу блиска средба со нашата планета, неговата орбита најверојатно ќе се промени, со што се создава можност да ја погоди Земјата при повторното прелетување во 2036 година.

Патеката на астероидот Апофис во споредба со патеката на Земјата

Со цел да се утврди можноста за удар во 2036 година, потребно е многу прецизно следење на астероидот. За да се изведе ова, Апофис треба да се маркира со некаков емитер, како на пример радио-емитер, некаков рефлектор, или кој било друг метод на праќање сигнали. Уште не се знае кој е најдобриот начин да се маркира астероидот и како, но всушност затоа и се прави овој натпревар.

Доколку во 2029 година Апофис помине покрај Земјата на одредено критично растојание, тогаш тој ќе ја погоди планетата во 2036. Таквата веројатност во моментов е мала, но Апофис се користи како пример за дизајнирање на мисија од пошироки размери за кој било потенцијално опасен астероид.

Сценариото на конкурсот бара од учесниците да си замислат дека опсервациите од Земјата во следните години не би биле доволни за да се дознае дали астероидот ќе помине или не на даденото критично растојание. Затоа треба да се дизајнира мисија, со која поуспешно ќе се следи ова тело. Доколку до 2017 година се увиди дека астероидот претставува опасност за Земјата, ќе се започне со креирање на мисија за негово поместување од орбитата.

Правила за учество

Тимовите или индивидуите, кои планираат да се пријават на конкурсот, до 1 март оваа година треба да испратат официјално барање со кое ќе го најават своето учество. Крајниот рок за поднесување на идеите е 31 август 2007 година. Значи, имате време да размислите уште десетина дена.

Овој конкурс е отворен за сите жители на Земјата, од било која држава. Идеите може да бидат поднесени од индивидуи или од тимови. Конкурсот е отворен за тимови од академии и индустрии, како и за студенти и приватни групи. Исто така, конкурсот е отворен и за владини групации или индивидуи, кои не користат владини пари за да учествуваат на конкурсот.

Наградниот фонд е 50 000 американски долари, а судиите дополнително ќе утврдат како парите ќе бидат распределени. Тие може да му припаднат на еден, или на повеќе први места. Најмалку 25 000 долари би биле доделени на тимот кој ќе освои прво место. Најмалку 5 000 долари ќе бидат доделени на најдобрата примена идеја од тим од студенти (овој тим не е исклучен од добивање и на првата награда), во кој целата работа е завршена од ученици (основци, средношколци или студенти), без учество на повеќе од двајца факултетски советници. Остатокот од парите би биле доделени како награди за почесно учество.

Како плус, добитникот на првата нграда, или еден член од тимот, ќе добие наградно патување, вклучувајќи го превозот, храната и сместувањето, за да присуствува на некоја идна голема научна или инженерска конференција, на која би ги презентирал резултатите.

Ако ви звучи интересно, повеќе информации може да најдете на официјалната интернет страница на Планетарното друштво...

http://www.planetary.org/home/
Епа ајде! Се работи за иднината на нашата планета!!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Фед 19 2007, 18:01


Сјајната комета McNaught (C/2006 P1), која беше видлива во јануари, фотографирана од Германија
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 20 2007, 18:29

Сепак ќе не бапне?








Астероидот
Апофис би можел да удри негде помеѓу Камчатка и Венецуела, но највеќе
причини за грицкање нокти имаат во Калифорнија, бидејќи доколку падне
во Пацификот, ќе создаде цунами кој ќе го опустоши целиот западен брег
на САД.
Ова е едно од сценаријата за астероидот Апофис од 20 милиони тони,
за кој што научниците велат дека има веројатност од 1:45.000 да ја удри
Земјата на 13-ти април 2036 година. Пресметките покажуваат дека би
можел да удри некаде во појасот кој се протега источно од Сибир до
западниот брег на Африка.
Во споредба со претходните проценки, новите резултати претставуваат
смалување на опасноста која ја претставува Апофис. Но, заканата е
доволно реална, предупредуваат стручњаците, за со неа да се зафати дури
и ОН.
"Некој ќе мора да ја донесе одлуката" вели Расел Швејкарт, поранешен астронаут на Аполо и основач на Асоцијацијата на истражувачи на вселената. "Поради
тоа што секој план за скренување на астероидот од Земјата би требало да
се имплементира пред прецизно да се знае местото на ударот, тоа
несомнено ќе мора да биде меѓународна одлука
" - додава тој.
Во следните неколку месеци, асоцијацијата на Расел треба да биде
домаќин на низа состаноци кои на ОН би требало да им обезбедат
платформа за делување во случај на опасност која ја предизвикуваат
Апофис и другите астероиди во близина на Земјата. Нацрт документот ќе
биде подготвен за состанокот на комитетот на ОН за мирољубиво користење
на надворешната вселена, кој би требал да се одржи во 2009.
Во последните десет години, конкретните астрономски набљудувања
доведоа до откривање на околу 90% од астероиди кои би можеле да
претставуваат закана за Земјата од глобални размери. До сега, NASA има
избројано 127 објекти со потенцијален ризик од удар.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пет Фед 23 2007, 15:37

Фала до карате кид што се потруди и стави барем еден пост во оваа тема!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пет Фед 23 2007, 19:17

не најдов повеке :S се трудам се трудам ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 24 2007, 17:19

ок е! еве нешто јас што најдов!

Откриен Бигл 2

Оваа слика ја направи HiRISE (High Resolution Imaging Science Experiment), моќната камера на леталото MRO (Mars Reconnaissance Orbiter), кое всушност е најмоќниот телескоп лансиран надвор од орбитата на нашата планета. Сликата е направена на 26 јануари 2007 година, но објавена е деновиве.

Сликата е направена на висина од 278,3 километри, така што нејзината резолуција е 27,8 сантиметри на пиксел. Тоа значи дека јасно може се видат детали со големина од 84 сантиметри. Во моментот на фотографирање, Сонцето се наоѓало 35 степени над хоризонтот.

На фотографијата се гледа местото на кое паднал лендерот Бигл 2 (Beagle 2), летало кое многу неславно ја заврши својата мисија. Имено, на 19 декември 2003 година, орбитерот Mars Express ја ослободи сондата во која се наоѓаше и ледерот Бигл 2, и таа влезе во атмосферата на Марс. Но, комуникацијата со сондата ненадејно беше прекината, и досега не се знаеше каде точно паднал Бигл 2. Се знаеше само дека е некаде во пустините на Марс.
Но, мистеријата сега е решена. Темниот ударен кратер, со дијаметар од 18,5 метри, кој е пронајден во регионот Isidis Planitiа, најверојатно е местото каде Бигл 2 се срушил на црвената планета.
Инаку, досега најдобра слика направена од овој регион беше онаа изработена од камерата cPROTO, на Mars Express, уште во април 2004 година. Еве како изгледа таа фотографија...

Резолуцијата на ова слика е 0,5 метри на пиксел. Ударниот кратер е црната точка во средината на фотографијата.

Сега слободно може да ги споредите можностите на двете камери.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 24 2007, 17:21

Русија подготвува нов модул за ISS

Во текот на 2009 година, Русија планира да лансира голем лабораториски модул кон Меѓународната вселенска станица. Досега се завршени околу 70% од констукцијата на модулот, но заради тешкотии околу финансирањето ќе мора да поминат уште две години за тој да се подготви за лансирање и спојување со Станицата.

Уметнички приказ на тоа како ќе изгледа Станицата по завршувањето на нејзината изградба

Лабораторискиот модул е дизајниран специјално за рускиот дел од ISS и ќе овозможи интердисциплинарни истражувања. Во неговата изградба учествува и Европската вселенска агенција (ЕЅА).
Исто така, до 2010 година Русија планира да изгради и нов ракетен ситем од нова генерација, кој би требало да биде многу посигурен од сегашните. Проектот се води под името „Ангара“.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 24 2007, 17:23

Лансирана мисијата THEMIS

На 17 февруари, од лансирната рампа 17-B на Кејп Канаверал, успешно беше лансирана мисијата THEMIS, на НАСА. THEMIS (Time History of Events and Macroscale Interactions during Substorms) е комплексна мисија, составена од пет сателити, кои во следниве две години ќе го проучуваат регионот околку нашата планета и интеракциите помеѓу соларниот ветар и магнетното поле на Земјата. Инаку, ова е прв случај кога со една ракета се лансираат пет одделни сателити одеднаш.

Фотографија од лансирањето на мисијата THEMIS, со помош на ракета од типот Делта II

Сателитите се одвоиле од ракетниот носач 73 минути по лансирањето, а набргу потоа, Центарот за контрола на мисјата, сместен во Универзитетот Беркли, во Калифорнија, воспоставил солидна радио врска со сите нив, со што се потврдува нивната функционалност.
Во следниве 30-тина дена ќе бидат тестирани инструментите на секој од петте сателити, а тие, пак, ќе бидат поставени во своите конечни орбити, подредени по должина на линијата Земја-Сонце, некаде кон средината на месец септември. Во следниве две години се очекува податоците што ќе ги соберат овие сателити да помогнат во разрешувањето на мистеријата за тоа што ги предизвикува геомагнетските бури во Земјиното магнетно поле. Откритијата на оваа мисија може да помогнат и во подобрата заштита на сателитите кои се поставени во орбита околку Земјата, како и заштита на човечкиот екипаж на ISS, или на други вселенски летала.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Фед 24 2007, 17:24

Атлантис поставен на лансирната рампа

По коплетирањето на системите на леталото, што се врши во големата зграда за склопување на вселенски летала во центарот „Кенеди“, пред неколку дена спејс шатлот Атлантис беше поставен на лансирната рампа 39А. Биле потребни неколку часа за шатлот од базата да се премести до рампата, која е оддалечена околу 6 километри од главната зграда.

Атлантис во очекување на уште едно лансирање

Сега останува инженерите и планерите на мисијата повторно да ги прегледаат сите компоненти на леталото. Доколку сè помине во ред, генералната проба е закажана за неколку дена, по што следи одбројување до стартот на лансирањето.
До самото лансирање, сепак, ќе поминат уште најмалку две недели, затоа што тоа е закажано за 15 март. За тоа време, Атлантис треба да се доопреми со гориво и со опремата, која ќе биде однесена во орбита до Меѓународната вселенска станица (ISS). Целиот тој процес ќе биде подложен на многубројни контроли, за да се намали шансата за грешка, која би можела да предизвика катастрофални последици.
Мисијата на Атлантис има за цел да ја доопреми Станицата. Со мисијата ќе командува астонаутот Фредерик Стурков (Frederick Sturckow), за кого ова е трето полетување во Вселената. Со него ќе полетаат уште шест членови на екипажот, који во орбита ќе поминат околу 15 дена. Интересно е тоа што Атлантис ќе биде лансиран од рампата 39А, која не е користена цели пет години.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
martincho
ново членче
ново членче


Број на мислења : 6
Registration date : 2007-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 02:39

Bravo decki sto da vi kazam, samo da ima nekoi kako vas sto ke ja sirat astronomijata kolku tolku. Steta sto nasiot forum na stranata zamre, posto clenot sto go odrzuvase go smeni rabotnoto mesto i avtomatski i hostingot propadna pa sega ako najdat drug server kaj sto moze da se prikluci ke go stavime ako ne ke si stoi taka dodeka ne se najde nekoj apodobra solucija.

A za vestite ne se sekiraj, stavaj kolku sto sakas tie za toa se za narodot da gi cita i da se informira.

A sega eden odgovor do Karate Kid, sodzvezdijata golema i mala mecka se gledaat preku celata godina od nasive prostori. Golama Mecka retko koj ne znae kaj se naoga i ne moze da ja locira, no sepak ima mnogu sto samo toa i nisto poveke ne znaat, e sega Mala Mecka e malku pokomplicirano da se pronajde, ama poglednija fotografija e ke ti stane jasno kako da gi najdes.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
martincho
ново членче
ново членче


Број на мислења : 6
Registration date : 2007-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 02:43

E da i za aktivnostite ete bas denes se dogovoravme na sostanok i ke odime da gi nabljuduvame okultacijata na Saturn so Mesecinata sto ke se sluci nokta pomegu cetvrtok i petok. Nekade pocnuva okolu 3:40 po polnok i ke trae do 4:20 otprilika. I posle vo sabota ke odime da go gledame i fotografirame zatemnuvanjeto na Mesecinata. Pocnuva negde okolu 9:30 i trae se do 3:30 po polnok. Samo nema da bideme negde vo Skopje tuku najverojatno ke se odi na nekoja lokacija podaleku od Skopje, najverojatno okolu seloto Sopiste.

Se razbira da se molime deka ke bide dobro vremeto, zosto ako ne nisto nema da vidime nitu da slikame.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 10:16

martincho напиша:
A sega eden odgovor do Karate Kid, sodzvezdijata golema i mala mecka se gledaat preku celata godina od nasive prostori. Golama Mecka retko koj ne znae kaj se naoga i ne moze da ja locira, no sepak ima mnogu sto samo toa i nisto poveke ne znaat, e sega Mala Mecka e malku pokomplicirano da se pronajde, ama poglednija fotografija e ke ti stane jasno kako da gi najdes.

јас знам како да ги најдам, него викам никогаш ги немам видено толку чисто и мала и голема мечка
П.С. да и жал и јас спаѓам во оние луѓе што незнаат ништо повеке од мала и голема мечка, за жал Sad
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 21:57

зачлени се у сад и многу повеќе ќе дознаеш! (ова од искуство)
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 22:00

Нова ѕвезда на утринското небо - V1280 Scorpii

На 4 февруари, двајца јапонски астрономи, Јуџи Накамура и Јукио Сакураи (Yuji Nakamura; Yukio Sakurai), независно еден од друг, откриле нова ѕвезда во соѕвездието Скорпија. Тогаш и двајцата не сонувале дека нивното откритие набрзо ќе постане светски познато и значајно. Денес, две недели по откритието, новата ѕвезда е толку сјајна, што може да се забележи и со голо око во раните утрински часови.
На приложената ѕвездена карта, дадена за периодот од 4 часот наутро, па сè до мугрите, новата ѕвезда може лесно да се забележи на југоисток, под сјајниот Јупитер и црвениот Антарес, кои можат да послужат како точки за ориентација. Најголема магнитуда оваа ѕвезда достигна на 16 февруари, +3,9, додека деновите се наоѓа скоро на работа на видливоста со голо око, т.е. има магнитуда од +5,1.

Соѕвездието Скорпија и локацијата на ѕвездата V1280 Scorpii

Оваа ѕвезда, всушност, претставува експлозија на нова. Тоа е настан кој се случува во двоен систем, кога материјата од едната ѕвезда се префрла врз вториот член на системот, најчесто бело џуџе. Ова „натрупување“ на материја врз белото џуџе со текот на времето резултира во ненадејна експлозија на нова. При тоа, слично како и кај супернова експлозиите, ѕвездата го зголемува својот сјај и за неколку стотини милиони пати. Овој зголемен сјај може да трае со денови, па и месеци, па така ѕвездата може и да се набљудува со голо око на небото. Во пишаната историја има случаи кога супернова можела да се види и преку ден, кога Сонцето било на небото, како што е случајот со познатата кинеската супернова од 1024 година.

Новата ѕвезда, фотографирана од астрономот-аматер Мохамен Рахими (Mohammed Rahimi), од Иран

Во астрономската заедница, новата ѕвезда го доби називот V1280 Scorpii. За сега, не се знае точно дали оваа ѕвезда и понатаму ќе го зголемува сјајот, т.е. кога истата ќе почне да бледнее. Во секој случај, доколку имате прилика во раните утрински часови да бидете под ведро небо, не пропуштајте ја можноста да го видите овој редок феномен, т.е. да ја видите новата V1280 Scorpii со голо око. Овие настани се многу ретки, дури и во текот на еден човечки животен век.
Инаку, пред само неколку дена, поточно на 21 февруари, беше објавена веста за уште една нова, која се наоѓа на само 3 степени јужно од V1280 Scorpii. Ја забележал Јуџи Накамура, и тоа на снимка, која ја направил со својата CCD камера, на 19 февруари. Нејзиниот сјај засега е под прагот на видливоста со голо око, и изнесува +9,3 магнитуди.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 22:01

секоја чест на дечкиве за откритијава! леле! па тоа е сон на секој астроном! да открие нешто ново! ееее... сакам и ја!!! Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Фед 27 2007, 22:03

Конечно ќе бидеме сведоци на окултација на Сатурн

Ако минатиот пат за малку ни избега окултација, односно затскривање на Сатурн, овој пат ќе можеме да присуствуваме во полната убавина на настанот. Вечерта 1 кон 2 март (четврток кон петок), поточно на 2 март утрото, Сатурн ќе ни „избега“ зад Месечината на нешто повеќе од половина час.
Настанот ќе започне во 03:51 часот, кога Сатурн ќе го допре темниот дел од Месечината (тој ден таа ќе биде 96% полна).


Почеток на окултацијата. Локално време 03:51. Видно поле 10' x 6'

Во 04:24 часот прстените на Сатурн први ќе излезат од другата страна на Месечината.


Крај на окултацијата. Локално време 04:25. Видно поле 10' x 6'


На 11 март 2001 година, членовите на Скопското астрономско друштво имаа можност да набљудуваат и фотографираат една ваква окултација.







Окултацијата од 11 март 2001 година. Фотографии на Скопското астрономско друштво

За видео од почетокот на окултацијата од 2001 година кликнете тука (.avi, 725 КВ), а за видео од крајот кликнете тука (.avi, 943 КВ).
Минатиот пат, при фотографирањето на приближувањето на Сатурн до Месечината (на 3 февруари), времето одлично нè послужи. Да се надеваме дека и овојпат ќе биде така ...

јас не знам дали ќе можам да дојдам! ај ќе видам! се надевам!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
martincho
ново членче
ново членче


Број на мислења : 6
Registration date : 2007-02-14

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Мар 01 2007, 06:02

Како што пишува на крајот на веста се надевам дека утре ќе не послужи времето зошто тоа е клучно во моментов. Инаку се чекаме пред Зоил или Кјуби кој како го знае во 2 саат по полноќ, знам дека малку е касно ама и настанот е касно па да не сремеме цела ноќ на празно и да се мрзнеме таму. Ако има заинтересирани нека дојдат се надевам дека ќе има место во колите
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Мар 01 2007, 12:20

би сакал да дојдам ама неможам, болен сум ... Sad
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Efi
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 338
Age : 26
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Мар 05 2007, 19:52

Zatemnuvanjeto bese super!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Апр 09 2007, 19:04

е да. и јас го гледав. касно палам а? епа чорба! абе кај имам пишувано нешто за сонцето?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Апр 18 2007, 14:52

Видео проекција: Титан - патување до мистериозната месечина












Во организација на „Американско катче Скопје“, ќе се оджи проекција на документарниот филм „Титан - патување до мистериозната месечина“.
Во поканата дистрибуирана од „Американско катче Скопје“ за видео проекцијата стои:
„Што се крие зад облаците на Титан? Како резултат на соработката на научните умови од Европа и Америка, беше креирана сонда која требаше да помине пат од милијарда милји за конечно да ги открие тајните на оваа месечина. Овој NOVA документарец го истражува сателитот на Сатурн во импресивни детали со фотографии од површината. Со неговата сличност со условите на Земјата во минатото, Титан можеби го има одговорот како настанал животот на третата карпа од Сонцето.“
Проекцијата ќе се одржи во петок, 20ти април во 18:00 часот во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Повеќе информации можете да добиете на 02/3224970 или acskopje@yahoo.com.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Астрономија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 7 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: