Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Астрономија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Нед Дек 31 2006, 01:45

Moscow_BoY напиша:
Еве слики од вселената [url=http://ifun.ru/comments/joke8248.html
http://ifun.ru/comments/joke8248.html[/quote[/url]]
стварно добро! ако има некој обијек што не ви е познат пишете број на слика! која е по ред! или ставете ја!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Јан 04 2007, 20:55

Андромеда галаксијата сликана во инфра црвено светло
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Јан 04 2007, 21:01

леле, морав да ја ставам сликава од сатурн! многу е добра! баш како позади сатурн да е сонцето!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пет Јан 05 2007, 14:35

Дури три опсерватории - Хабл, Чандра и Американската национална радио-опсерваторија (National Radio Astronomical Observatory) - ги здружија силите за да се добие оваа композитна фотографија на галактичкото јато MS0735.6+7421.

Јатото од нас е оддалечено цели 2,6 милијарди светлински години, во правец на соѕвездието Жирафа (Camelopardalis), и содржи десетици галаксии, кои гравитационо се поврзани една со друга.

Она што е особено интересно е што во централниот дел на јатото се наоѓа супермасивна црна дупка со маса околу милијарда пати поголема од масата на Сонцето.




"Со црвена боја се обоени млазевите од материја која се исфрла од регионите околу црната дупка"

Фотографијата во видливитот дел од спектарот ја направи Хабловата ACS камера (Advanced Camera for Surveys), во февруари 2006. На неа може да се видат дузина галаксии, гравитационо врзани во јатото. Просторот меѓу галаксиите е исполнет со дифузен и жежок гас, чија температура достигнува и 50 милиони степени.

Овој гас емитира Х-зраци, кои на фотографијата што ја направи Чандра во ноември 2003 година се регистрирани со сина боја. На истата фотографија може да се забележат и огромни „дупки“, т.е. празнини во облаците од гас кој емитува Х-зраци. Секоја од празнините се протега во должина од околу 640 илјади светлински години, што е околу шест пати повеќе од дијаметарот на нашата галаксија.

Овие празнини се исполнети со наелектризирани честички, заробени од магнетни силови линии, кои емитуваат радио бранови. Тие, пак, се фотографирани од страна на VLT телескопот, уште во јуни 1993, а на оваа фотографија се обоени црвено.

Празнините, всушност, се создадени од млазеви од наелектризирани честички, кои се исфрлаат од регионите во близина на супермасивната црна дупка, која се наоѓа во центарот на ова галактичко јато. Самите млазеви содржат гас чија вкупна маса е околу милијарда пати поголема од таа на Сонцето.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Јан 06 2007, 00:36

Нови докази за езера од метан на Титан

Неколку фотографии, направени од Касини за време на неговото прелетување покрај Сатурновиот сателит Титан на 22 јули минатата година, даваат нови цврсти докази дека на површината на Титан постојат голем број помали или поголеми езера, исполнети со некаква течност, најверојатно течен метан и етан. По неколку месеци поминати во анализа на фотографиите, сега веќе со поголема сигурност може да се тврди дека темните дамки се, всушност, езера.

Ова е една од фотографиите кои Касини ги направи минатото лето. На неа е прикажан регион во близина на северниот пол на Титан. Најмалите детали, кои може да се забележат на сликата, имаат димензии од околу 500 метри. Фотографијата е лажно обоена за да се истакне контрастот помеѓу различните површински структури. Па така, езерата се обоени со индиго сина и црна боја.
Инаку, езерата се гледаат како црни дамки на фотографиите направени од радарот на Касини. Токму таков сигнал дава течност, и тоа заради специфичниот начин на кој ги рефлектира сигналите од радарот. Но, податоците од радарот не биле доволни за да се донесе заклучок дека темните дамки на фотографиите се токму езера. За таа цел, била извршена детална морфолошка анализа на околниот терен, по што е заклучено дека поголемиот дел од овие формации се сместени во добро оформени и порабени депресии во почвата на Титан. Некои од нив се поврзани и со голем број тенки канали, кои наликуваат на потоци и реки. Сето ова многу наликува на развиен систем од езера и реки, кој би можел да се сретне и на Земјата.
Во научен труд, објавен во првото новогодишно издание на списанието „Нејчр“ (Nature), тим од научници кои ги анализирале фотографиите тврдат и дека реките и езерата на Титан се полнат преку дожд од метан, или преку подземни извори од овој елемент. Тие предвидуваат и дека со промена на годишните времиња на овој сателит, езерата ќе трпат и промена во нивото на течниот метан, па така езерата кои се наоѓаат на хемисферата каде што владее зима ќе се прошируваат, додека езерата на другата хемисфера, каде што владее лето, ќе се намалуваат или комплетно ќе се исушат.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Јан 06 2007, 00:40

Остаток од супернова N49

Трите големи опсерватории на НАСА - Хабл, Чандра и Спицер - ги здружија силите за да ја изработат оваа фотографија на остатокот од супернова наречен N49. Ова е најсјајниот ваков објект кој може да се види во Големиот Магеланов Облак, во спектарот на видливата светлина. Она што е интересно кај него е неговата форма - целиот облак од гас како да е извиткан во форма на латинската буква L. Ова е доста невообичаено, со оглед на тоа што скоро сите остатоци од супернови имаат речиси совршена сферична форма. Новите податоци од трите опсерватории открија дека ваквата форма на N49 се должи на тоа што од едната страна остатокот се шири кон регион со поголема густина на гасот.


Остатокот од супернова N49. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (72 КВ)
Најзаслужни за ова откритие се опсерваториите Спицер и Чандра, кои биле искористени за да се мапира непосредната околина во која се наоѓа овој остаток. При тоа, мерењата покажале дека на едната страна остатокот се шири низ регион кој е нешто погуст од околината, па во таа насока ширењето е отежнато. Како резултат на тоа се добила оваа специфична форма.
Инаку, зрачењето во инфрацрвениот дел од спектарот (што на оваа фотографија е обоено со црвена боја) потекнува од околниот гас, кој се загрева како резултат на ширењето на остатокот од суперновата. Структурите кои може да се видат во оптичкиот дел на спектарот се обоени жолто и бело, а ги фотографираше Хабл. Со сина боја е претставен жешкиот гас кој потекнува од суперновата, фотографиран од Чандра.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 08 2007, 15:28

Пронајдена црна дупка во ѕвездено јато

Научниците досега со сигурност знаат за постоењето на црни дупки со маса слична на масата на Сонцето и црни дупки чија маса е неколку милијарди пати поголема од Сончевата маса, т.н. супермасивни црни дупки, кои се наоѓаат во центарот на повеќето галаксии. Но, неодамна е откриена црна дупка во едно затворено ѕвездено јато, што е доста необично, барем според сегашниот теоретски модел за црните дупки. Па, за да можат да гo објаснат новото откритие, астрономите дури и сметаат дека оваа црна дупка може да биде првата откриена црна дупка со средна маса. Овој тип на црни дупки, и покрај тоа што теоретски се предвидени, досега не се детектирани во Вселената.
Затворено ѕвездено јато (уметнички приказ)

Глобуларните, т.е. затворени ѕвездени јата содржат милиони ѕвезди и досега се веруваше дека во нив не може да опстане црна дупка. Компјутерските симулации на овој проблем покажуваат дека црна дупка која ќе се формира во затворено ѕвездено јато прво ќе пропадне кон неговиот центар, а потоа ќе биде исфрлена во Вселената како резултат на гравитационите влијанија од ѕвездите во јатото.
Новата црна дупка е откриена во затворено ѕвездено јато во елиптичната галаксија NGC 4472, која од нас е оддалечена околу 50 милиони светлински години во правец на соѕвездието Девица (Virgo). Откриена е со помош на опсерваторијата XMM-Newton, на Европската вселенска агенција, која го регистрира карактеристичното Х-зрачење што потекнува од материјата околу црните дупки.
Новооткриената црна дупка својата маса најверојатно ја стекнала преку соединување со други црни дупки и консумирање на големо количество надворешна материја. На тој начин, таа успеала да се задржи во центарот на ѕвезденото јато и да не дозволи да биде исфрлена во Вселената. Ова откритие значително ќе влијае врз тоа како ја разбираме динамиката на затворените ѕвездени јата и ќе ја подгрее потрагата по црните дуки со средна маса.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 08 2007, 15:32

Блиска средба со астероидот 2006 XG1 во 2041 година


Астероидот Ерос, кој за среќа се наоѓа на сигурно во астероидниот појас

Новооткриениот астероид, кој според досегашните пресметки ќе има доста блиска средба со планетата Земја во 2041 година. Астрономите дури и сметаат дека постојат шанси (макар што многу, многу мали) овој астероид и да удри во нашата планета. Токму заради тоа, астероидот веќе доби ознака 1 на Torino скалата.
Се работи за астероидот 2006 XG1, кој е откриен на 20 септември оваа година, од тимот на астрономи кој работи при Универзитетот во Аризона (University of Arizona’s Catalina Sky Survey). Цел на оваа програма е токму откривање на астероиди чија орбита е многу блиску или ја сече орбитата на Земјата. Тоа се т.н. NEO астероиди (Near Earth Objects). Во почетокот овој астероид не бил сметан за ризичен, но неколку последователни набљудувања и мерења покажале дека 2006 XG1 ќе помине многу блиску до нашата планета во 2041 година.
Разминувањето ќе се случи на 31 октомври 2041, при што овој астероид ќе помине на само 5 000 km од Земјата. Ова растојание во астрономски размери и не е така големо. Имајте предвид дека Месечината, која е најблискиот објект до Земјата, од нас е оддалечена цели 385 000 киломтери. Инаку, се проценува дека 2006 XG1 има дијаметар помеѓу 600 и 1 400 метри, што за еден NEO астероид воопшто не е за потценување.
Во овој момент, повисока ознака од 0 на Torino скалата имаат само два астероиди: 1950 DA и новооткриениот 2006 XG1.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 08 2007, 15:42

Извршена корекција на TORINO скалата

Неодамна во јавноста беше објавена новата верзија на TORINO скалата, која се користи за проценка на ризикот од удар од астероид, или некое друго поголемо небесно тело, со кој Земјата би можела да се соочи во иднина. Корекциите на скалата беа извршени со цел таа да стане појасна за пошироката јавност и да ја олесни комуникацијата помеѓу астрономите и обичните луѓе.

TORINO скалата за прв пат е воведена во 1999 година. Со неа се рангираат сите астероиди и поголеми небесни тела во Сончевиот систем, кои секојдневно се откриваат од страна на астрономите. Рангирањето се врши врз основа на предвидените шанси за удар со Земјата, кога и каде би се случил евентуалниот удар и какви би биле неговите последици по животот на нашата планета. Автор на скалата е проф. Ричард Бинзел (Richard Binzel), од Институтот за технологија во Масачусец.
Скалата се состои од степени (или нивоа) од 0 до 10. Астероидите кои добиваат ранг од нулти степен се оние кои не претставуваат никаква опасност за удар. Наспроти нив, со ранг 10 се здобиваат астероиди и тела кои со 100 процентна сигурност ќа удрат во Земјата. До сега, само еден астероид се искачил до степен 4. Тоа е астероидот 2004 MN4, кој беше откриен минатиот декември, но по само неколкудневни набљудувања се покажа дека пресметките не се толку точни, па така астероидот се врати на нултиот степен.
И по извршената корекција, скалата го задржува начинот на рангирање. Поправките се состојат само во подетално и појасно објаснување на секој степен. Еве како сега изгледа TORINO скалата.

Без опасност (бела зона) 0

Веројатноста за удар е нула, или пак е толку мала што може да се смета како нула. Важи и за мали тела, како што се метеорите и тела кои согоруваат во атмосферата, како и за нефреквентни паѓања на метеори кои ретко предизвикуваат штета;
Нормално (зелена зона) 1

Рутинско откритие, во кое е предвиден премин близу до Земјата, но не претставува скоро никаков степен на опасност. Според пресметките, шансите за удар се премногу мали, без причина за вознемиреност и известување на јавноста. Со нови опсервации, опасноста скоро сигурно ќе се намали до ниво 0;
Заслужува внимание од астрономите (жолта зона) 2

Откритие на објект кој поминува близу до Земјата, но не е на некоја невообичаена патека. Со новите попроширени истражувања, ваквите откритија може да станат рутина. Иако го заслужува вниманието на астрономите, нема причина за известување на јавноста и нејзино вознемирување, затоа што веројатноста за удар е многу мала. Со нови опсервации, опасноста скоро сигурно ќе се намали до ниво 0;

Заслужува внимание од астрономите (жолта зона) 3

Блиска средба која заслужува внимание од астрономите. Според сегашните пресмеки, се дава шанса од 1% или повеќе дека ќе има удар, кој може да донесе локални штети. Најверојатно со нови опсервации опасноста ќе се намали до ниво 0. Известување на јавноста и алармирање на јавните личности се прави само доколку средбата е за помалку од 1 декада;

Заслужува внимание од астрономите (жолта зона) 4

Блиска средба која заслужува внимание од астрономите. Според сегашните пресмеки, се дава шанса од 1% или повеќе дека ќе има удар, кој може да предизвика регионални катастрофи. Најверојатно со нови опсервации опасноста ќе се намали до ниво 0. Известување на јавноста и алармирање на јавните личности се прави само доколку средбата е за помалку од 1 декада;
Претставува опасност (портокалова зона) 5
Блиска средба која претставува сериозна, но сé уште несигурна опасност од регионални катастрофи. Потребно е големо внимание од астрономите за да се утврди дали ќе има удар или не. Ако ударот е за помалку од 1 декада, од владите може да се бара донесување на план за непредвидливи ситуации;

Претставува опасност (портокалова зона) 6
Блиска средба со голем објект кој претставува сериозна, но сé уште несигурна опасност од глобална катастрофа. Потребно е големо внимание од астрономите за да се утврди дали ќе има удар или не. Ако ударот е за помалку од 3 декади, од владите може да се бара донесување на план за непредвидливи ситуации;

Претставува опасност (портокалова зона) 7
Многу блиска средба со голем објект, која доколку се случи во овој век, претставува опасност без преседан, но се уште не е сигурна опасност од глобална катастрофа. Доколку се открие ваков објект во овој век, треба да се донесе меѓународен план за опасни и непредвидливи ситуации. Потребно е да се утврди со точност дали ќе има удар или не;


Сигурен удар (црвена зона) 8

Сигурно ќе има удар кој може да направи локални штети, доколку ударот се случи на копно, или пак најверојатно цунами, доколку е близу до брегот. Вакви настани во просек се случуваат еднаш во периодот помеѓу 50 до неколку илјади години.

Сигурен удар (црвена зона) 9

Сигурно ќе има удар кој без преседан може да доведе до регионални опустошувања, доколку се случи на копно, или да предизвика огромно цунами, доколку се случи во некој океан. Вакви настани во просек се случуваат еднаш во периодот помеѓу 10 000 и 100 000 години.

Сигурен удар (црвена зона) 10

Сигурно ќе има удар кој ќе предизвика глобални климатски катастрофи, кои можат да претставуваат опасност за опстанокот на цивилизацијата како што ја познаваме, без разлика дали ударот е во океан или пак на копно. Вакви настани во просек се случуваат еднаш на 100 000 години, или пак поретко.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 10 2007, 23:05

Како првите бактерии го преживеале отровниот кислород?

Пред две ипол милијарди години организмите наречени цијанобактерии ја развиле способноста за процесот познат како фотосинтеза, при што водата, јаглерод диоксидот и сончевата светлина се трансформираат во шеќер и молекуларен кислород, кој пак се испушта во атмосферата на Земјата. Но, научниците долго време ги измачува прашањето како овие бактерии можеле да произведат толку многу молекуларен кислород, без тој да има отровно дејство врз нив? Имено, за да го избегнат уништувањето на нивните ДНК молекули од хидроксил радикалот, кој природно се создава при синтезата на кислородот, цијанобактериите би требало да создадат соодветни заштитни ензими. Меѓутоа, како можела природната селекција да доведе до појава на цијанобактерии со такви ензими, кога за нив сè уште немало потреба?

Кислородот, кој денес сочинува околу 21% од атмосферата на Земјата, за првите бактерии бил отровен гас

Група на истражувачи од Калифорнискиот институт за технологија (California Institute of Technology) нудат објаснување на овој контрадикторен проблем. Според нивната теорија, кога ултравиолетовата светлина удира во површината на глацијалниот мраз може да доведе до акумулација на замрзнати оксиданти и до евентуално ослободување на молекуларен кислород во океаните и атмосферата. Присуството на молекуларен кислород во средината во која живееле цијанобактериите најверојатно предизвикало и појавување на ензими за заштита од кислородот.
Пред појавата на кислородот во атмосферата не постоела озонска обвивка, која би ја блокирала ултравиолетовата светлина. Кога UV зраците реагираат со водена пареа, се создава водород пероксид и слободен водород. Во нормални услови водородниот пероксид не опстанува долго, но во периодот на глацијацијата, тој замрзнува на температура од -1°. Ако UV зраците навлезат длабоко во површината на глечерот, може да реагираат со малите количини на пероксидот и да го заробат во глацијалниот мраз. По топењето на мразот, водородниот пероксид се испушта во океаните, каде стапува во рекации преку кои се создава молекуларен кислород.
Еден доказ во корист на оваа теорија доаѓа и од пресметки според кои пред околу 2,3 милијарди години на Земјата се случило големо глобално замрзнување. Токму во тој период и цијанобактериите почнале да ги развиваат своите способности за прозиводство на кислород.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Саб Јан 13 2007, 16:07


Близу до Малиот Магеланов облак, на оддалеченост од 200 000 светлински години од нас, се наоѓа младото ѕвездено јато NGC 602
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 15 2007, 16:53

Плејади

Плејадите се можеби најпознатото и сигурно најзабележителното ѕвездено јато на ноќното небо. Доколку од соѕвездието Орион тргнете накај Бик (во спротивна насока од Сириус), едноставно не може да го промашите ова лесно забележително облаче од ѕвезди, видливо со голо око. Токму во овој период од годината се најдобри за набљудување.

Првите пишани податоци за Плејадите датираат уште од 750 година п.н.е., кога Хомер ги спомнал во своите Илијада и Одисеја. Старите грци ги знаеле како “седумте сестри” (име кое е задржано до ден денес), со своите родители Атлас и Плеиона. Некои старогрчки филозофи дури ги сметале за посебно соѕвездие. Во индиската митологија биле познати како седумте мајки на богот на војната Сканда, кај Кинезите претставуваат посебно соѕвездие наречено мао – главата на белиот тигар од Западот, а, пак, за Јапонците биле познати како Субару - желка (познатата јапонска марка на автомобили го добила името по Плејадите). Кај македонскиот народ се познати како “квачка”, но и сите европски народи ги поврзуваат со кокошка и пилиња.


Познатата компанија за коли “Субару” е всушност јапонското име за Плејадите. Логото на компанијата е претстава за ова јато

Името на ова ѕвездено јато потекнува токму од старите Грци, но не се знае што точно претставува. Има повеќе варијанти за потеклото: од старогрчкиот зборот “плеин”, што значи плови, едри; од “плеос”, што значи полно, многу; од “пелеиадес”, што означува јато гугутки. Најверојатно, името е добиено од нивната мајка – Плеиона, која го носи името на една од ѕвездите.
Да се навратиме на реалноста. Плејадите се отворено ѕвездено јато, кое содржи околу 500 ѕвезди, расфрлани на околу 12 светлински години во дијаметар. Од нас се оддалечени околу 400 светлински години. На небото се простираат на околу 2 аглови степени (колку 4 полни Месечини).

Од нив, со голо око, можат да се видат над 10, зависно од условите. Секогаш може да забележите 6 ѕвезди, при добри услови можат да се видат 9, а при идеално чисто и црно небо дури повеќе од дузина (астрономите од XVI век, без телескоп, точно нацртале 11 од нив, а Кеплер споменува дури 14).
Веднаш до родителите Атлас и Плеиона, кои како да го предводат јатото, “седумте сестри” се: Алкиона, Меропа, Електра, Калеано, Маја, Тајгета и Астеропа (или Стеропа).


Плејадите. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (76 КВ)

Сите тие се многу млади сини ѕвезди, создадени пред околу 100 милиони години. Сите се од типот B, со привидни магнитуди меѓу +3 и +6. Според мерењата на нивните гравитациски меѓудејствија, јатото ќе се растури за околу 250 милиони години, кога секоја од овие 500 ѕвезди ќе си продолжи по својот пат, или барем заедно со неколку свои соседи.
Со појавувањето на подобри и помоќни телескопи, астрономите од XIX век успеале да забележат дека има бледи маглини околу некои од ѕвездите. Со појавата на фотографијата, кон крајот на XIX век се увидело дека целото јато е обвиткано со бледо-сина маглина. Отпрвин, се мислело дека маглината е всушност она што останало од нивното создавање. Подоцна, кога се дознала нивната старост, било очигледно дека маглината не е остатокот од “материјалот” од кој се создале Плејадите, бидејќи 100 милиони години се сосем доволно ѕвездите, со своето зрачење, да го “оддуваат” овој материјал. Се испоставило дека тоа е рефлексиона маглина, ништо повеќе од еден обичен меѓуѕвезден облак од гас и прашина, чии атоми го рефлектираат зрачењето на Плејадите, кој едноставно се нашол на нивниот пат. Ѕвездите го заробиле со својата гравитација, па сега само придонесува за убавината на јатото.


Плејадите. Фотографија на Скопското астрономско друштво. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (95 КВ)

Неодамна, при своите набљудувања, научниците забележале присуство на “бели џуџиња” во јатото. Бело џуџе е последната фаза на развој (смртта) на ѕвездите кои имаат маса под одредена критична вредност (тука спаѓа и нашето Сонце). Проблемот е во тоа што ѕвездите кои имаат маса под критичната, им треба многу време за да стигнат до фазата бело џуџе, од редот на милијарди години – многу повеќе од стоте милиони години старост на Плејадите. Тогаш од каде овие бели џуџиња? Малку веројатно е тие да се заробени со текот на времето.
Едно од можните решенија, кое изгледа најверојатно, е дека во јатото се создавале ѕвезди со многу голема маса, кои инаку многу бргу го трошат своето гориво, од редот на десетици милиони години. Овие масивни ѕвезди во текот на своето постоење губеле дел од својот ѕвезден материјал преку оддавање на материја на околните ѕвезди, или пак нејзините соседи успеале да ги “оддуваат” нивните надворешни слоеви, кои послабо се врзани за ѕвездата. Така, кога овие ѕвезди бргу изумреле, немало доволно материјал за создавање неутронска ѕвезда или црна дупка, туку се создале токму бели џуџиња.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 15 2007, 16:55

Откриен е првиот троен квазар

Квазарите се едни од најсјајните објекти во Вселената и моќни извори на електромагнетно зрачење. Општо прифатено е верувањето дека нивната силна радијација потекнува од материјата која е набиена околу централна активна супермасивна црна дупка. До сега познати се повеќе од 100 000 поединечни, како и околу дузина двојни квазари. Но, на редовното годишно собрание на Американското астрономско друштво (American Astronomical Society), кое се одржа на 8 јануари во Сиетл, беше објавено откривањето на првиот троен квазар.


Фотографија на првиот троен квазар, направена од опсерваторијата Кек

Откритието е направено со помош на 10-метарските телескопи на опсерваторијата Кек, а податоците се потврдени и од Европската јужна опсерваторија (European Southern Observatory - ESO). Тимот, кој работел на овој проект, е составен од научници од Калифорнискиот институт за технологија (California Institute of Technology) и од Институтот EPFL (Ecole Polytechnique Federale de Lausanne) од Швајцарија, а предводен е од професорот Џорџ Џорговски (S. George Djorgovski).
Трите квазари, кои се врзани гравитационо, се оддалечени цели 10,5 милијарди светлински години од нас. Во тој период од еволуцијата на Вселената, меѓусебната интеракција и судирање на галаксиите биле честа појава. Научниците засега веруваат дека тоа најверојатно е причината која довела до формирање на овој троен систем. Овој податок оди во прилог и на фактот што голем број бинарни квазари се откриени на растојанија кои одговараат на овој бурен период од развојот на Вселената.
Инаку, овој систем, кој ја носи ознаката LBQS 1429-008, е набљудуван уште од почетокот на 90-тите години од минатиот век, од група астрономи од Англија. Во почетокот биле забележани само два квазари и научниците долго време мислеле дека се работи за еден ист квазар, кој е пресликан преку ефектот на гравитациони леќи. Но, по детални анализи на спектарот на зрачењето што доаѓа од квазарите било утврдено дека се работи за два сосема различни, но гравитационо врзани објекти. Третиот, најблед квазар е откриен неодамна, кога во проучувањето на овој систем биле вклучени моќните телескопи на опсерваторијата Кек.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 15 2007, 16:59

Решена мистеријата на Кеплеровата супернова

Со помош на опсерваторијата Чандра направени се нови фотографии на еден од најмладите остатоци од супернова во нашата галаксија. Се работи за Кеплеровата супернова, која експлодирала пред околу 400 години и во тој период можела да се набљудува и со голо око. Суперновата ја набљудувал Кеплер, па оттука потекнува и нејзиното популарно име. Новите фотографии помогнале да се реши долгогодишната мистерија на овој објект, која веќе со декади ги измачува астрономите.


Остатокот од Кеплеровата супернова, фотографиран од Чандра

Оваа супернова интензивно се проучува во изминативе 30-тина години, а при тоа се користени фотографии направени во спектарот на видливата светлина, радио зраците и Х-зраците. Сепак, нејзиното потекло останува нејасно. Од една страна, присуството на големо количество железо и отсуството на забележлива неутронска ѕвезда наведуваат на заклучокот дека се работи за супернова од тип Ia, која се создава кога бело џуџе го повлекува материјалот од својата ѕвезда-сопатник, сè додека самото не стане нестабилно и не предизвика експлозија на супернова.
Од друга страна, кога се набљудува во спектарот на видливата светлина, изгледа дека остатокот од суперновата се шири низ густ материјал, богат со азот. Ова е карактеристично за супернови од тип II, кои настануваат при колапс на масивна ѕвезда. Суперновите од тип Ia вообичаено немаат вакво опкружување.

Регионот во кој се наоѓа остатокот од Кеплеровата супернова фотографиран во видливиот дел на спектарот
Комбинација на две фотографии - едната направена во спектарот на видливата светлина, а другата во спектарот на Х-зраците

Тим на астрономи, предводен од Стивен Рејнолдс (Stephen Reynolds) од државниот универзитет на Северна Каролина, ги искористил новите фотографии и податоци од Чандра за да ја реши оваа дилема. Со споредба на релативниот сооднос помеѓу количеството на атоми на кислород и на железо, било заклучено дека, сепак, Кеплеровата е супернова од тип Ia. Рејнолдс и неговиот тим сметаат дека Кеплеровата супернова е најблискиот пример за релативно ретките т.н. брзи Ia ("prompt Ia") супернови, кои се создаваат од помасивни ѕвезди, и тоа на само 100 милиони години по формирањето на истите.
Доколку ова се докаже како точно, тогаш Кеплеровата супернова може да помогне во согледувањето на разликите помеѓу супернова експлозии од тип Ia, кои настануваат кај помасивни ѕвезди, и оние кои се јавуваат кај ѕвезди со помала маса.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пон Јан 15 2007, 17:16


Докази за течна вода на Марс? На поновата фотографија од 2005 (десно) се гледа формација во еден од кратерите на Марс што нема како да биде предизвикана, освен од краткотрајно течење на вода
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Вто Јан 16 2007, 17:27

Дали Магелановите Oблаци се сателити на Млечниот Пат?


Големиот Магеланов Oблак
Новата студија за двата соседа на Млечниот Пат, Големиот и Малиот Магеланов Облак, открива дека тие се движат во просторот двојно побрзо отколку што се мислеше претходно. Двата Облака, кои всушност претставуваат џуџести галаксии, досега се сметаше дека се сателити на нашата галаксија, односно дека се цврсто гравитационо врзани со неа.

Новото откритие за прв пат беше презентирано на 209-тата средба на Американското астрономско друштво, која се одржа од 5 до 10 јануари годинава. Големата брзина на Магелановите Облаци може да има значителни импликации на сликата за Млечниот Пат и неговото соседство.
Едно од можните објаснувања за тоа како е можно Облаците да имаат толкава брзина е дека Млечниот Пат има двојно поголема маса отколку што претходно се мислеше. Доколку масата на Млечниот Пат не би била поголема отколку што досега мислевме, Магелановите Облаци, поради големата брзина, не би останале како сателити на галаксијата, туку би поминале покрај неа.
Друга можност е дека сепак Облаците не се гравитационо врзани со нашата галаксија, а ние само имаме привилегија да живееме во период кога тие го „посетуваат“ Млечниот Пат. Доколку е тоа така, Облаците би го напуштиле Млечниот Пат за неколку милијарди години.
Трета алтернатива е дека распределбата на темната материја во Млечниот Пат не е во облик на диск или сфера, како што некои теории предвидуваат, туку е во друг облик кој и овозможува на нашата галаксија гравитационо да ги зароби Облаците. Еден од можните облици, кој го сугерира тимот што го направи откритието, предводен од Нитја Каливајалил (Nitya Kallivayalil) од Харвард-Смитсониан Центарот за астрофизика, е дека темната материја е налик на краставица.


Малиот Магеланов Облак
До окритието било дојдено со мапирање на тридимензионалното движење на Магелановите Облаци на небото. Во астрономијата откривањето на движењето на објектите во однос на набљудувачот во една оска - оската која го поврзува него и набљудуваниот објект - најлесно се детектира, заради Доплеровото поместување. Но, вистински проблем претставува доколку објектот се движи лево-десно, односно горе-доле во однос на набљудувачот. За да ги одредат движењата по овие оски, научниците го користеле телескопот Хабл. Биле направени две мерења во временско растојание од две години. Измерено било дека Големиот Магеланов Облак се движи во просторот со брзина од 378 km/s, а Малиот Магеланов Облак со 302 km/s, што е двојно побрзо отколку што претходно се мислеше.
Не само што се движат побрзо во однос на нас, туку поголема е и брзината на двата Облака еден во однос на друг. Таа изнесува 100 km/s. Ова помага да се објасни зошто двата Облака досега не се споиле, како што некои теории предвидуваа дека би требало да се случи.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 17 2007, 19:34

Северница – Polaris

Други ознаки: PPM 43; SAO 308; HD 8890
Арапско име: Alurukaba; грчки: Kinosura (опашка на куче)

По Сонцето, Северница е најпознатата ѕвезда на нашето небо. Таа по ништо не е посебна во однос на другите ѕвезди, освен по својата положба на небото. Не е ниту најсјајна, ниту најблизу до нас, како што обично се мисли. Таа се наоѓа најблизу до северниот небесен пол и предизвикува чувство дека не се движи (за голо око), додека сите други ѕвезди кружат околу неа.


Додека другите ѕвезди привидно кружат околу неа, Северница скоро и да не се помрднува. Фотографија на Скопското астрономско друштво
За да не ги помешаме поимите север, северен пол и северен небесен пол, накратко да ги разјасниме.
Север е страна на светот и всушност претставува проекција на северниот небесен пол на хоризонтот. Со други зборови, ако од северниот небесен пол спуштиме вертикална линија кон хоризонтот, точката каде таа замислена линија го сече хоризонот е страна на светот која се вика север.
Северен пол е една од точките на Земјата низ која проаѓа оската на Земјината ротација. За да не се буните, оваа точка нема никаква врска со северниот магнетен пол на Земјата, кој е оддалечен од северниот пол околу 10 аглови степени (тој константно се движи и неговите вредности се менуват од година во година).
Северен небесен пол (СНП) е точка на небесната сфера, која се добива ако се поврзе јужниот пол на Земјата со северниот пол, па се продолжи сè до точката која ќе ја “пробие” небесната свера. Во таа точка нема ниту една ѕвезда, но најблиску до неа се наоѓа токму Северница.
Северница е повеќекратна ѕвезда, што значи дека околу неа не кружат планети (колку што се знае досега), туку други две ѕвезди. Tоа е всушност троен систем, каде самата Северница е означена како Polaris A, нејзината поблиска ѕвезда-придружничка е наречена Polaris Ab, а подалечната Polaris B.



Тројниот систем Поларис

Како што веќе напомнав, Северница не се наоѓа точно на северниот небесен пол, туку отстапува за помалку од еден аглов степен, т.е. 44 аглови минути – вредност која се менува од година во година. Зошто?
Тоа поместување на северниот небесен пол е последица на прецесијата – движење на Земјината оска околу еклиптичкиот центар. Ова движење се манифестира така што северниот небесен пол прави еден голем круг по небото (за 25 800 години), а како последица на тоа некои други ѕвезди ќе станат, или веќе биле, Северници. Пред 4 500 години, за време на египетската цивилизација и градењето на пирамидите, ѕвездата Тубан (од соѕвездието Змеј) била најблизу до северниот небесен пол, па тогашните луѓе се ориентирале во однос на неа. Во далечна иднина, пак, ѕвездата Вега (од соѕвездието Лира) ќе игра улога на поларна ѕвезда.



Оската на ротација на Земјата се „тетерави“ околу замислена оска, како чигра додека се врти, предизвикувајќи ја прецесијата

Кругот на прецесија, кој го прикажува поместувањето кое го прави северниот небесен пол во текот на 25 800 години

Денешниот статус на поларна ѕвезда Северница го добила некаде во XV век, кога се приближила до северниот небесен пол на околу 4 аглови степени. Кога Колумбо тргнал на пат да го открива Новиот свет, се користел со неа за навигација по океаните. Но, постојат записи дека и Марко Поло ја користел при своите патувања во XIII век. Наводно, Одисеј ја користел ѕвездата Кохаб (од Малата Мечка) при своите епски патувања по Медитеранот.
Како да ја пронајдете Северница меѓу останатите многубројни ѕвезди на небото, ако не е најсјајна? Одговорот лежи во соѕвездијата во нејзината непосредна близина. Најдобро е да се користи соѕвездието Голема Мечка (Ursa minor - Umi), која никогаш не заоѓа (гледано од нашата географска широчина), и нејзините седум сјани ѕвезди, кои лесно се забележуваат на ноќното небо.
На долната слика обидете се да ги пронајдете двете ѕвезди во трапезот на Големата Мечка, наречени Мерак и Дубхе, кои се наоѓат спротивно од опашката. Потоа тргнете од ѕвездата Мерак во правецот на ѕвездата Дубхе и продолжете пет пати од нивното меѓусебно растојание, за да стигнете до првата посветла ѕвезда – тоа е ѕвездата Северница. За пронаоѓање на Северница можете да го искористите и соѕвездието Касиопеја (на сликата изгледа како буквата З или бројот 3) и со поврзување на одредени ѕвезди на Касиопеја и Големата Мечка лесно можете да ја одредите точната положба на Северница.


Инаку, ѕвездата Северница е црвен џин, или супер џин, 2612 пати посјајна и 48 пати поголема од нашето Сонце. Во нејзиното јадро веќе е завршен процесот на фузија на водород, па сега целата ѕвезда пулсира, менувајќи го својот сјај во период од 3,9696 дена, во распон од 0,15 магнитуди. Каталошки, Северница е ѕвезда со сјај од +2,12 магнитуди. Нејзината апсолутна магнитуда е -3,65, а пресметаната температурата на нејзината површина изнесува 5986 К.
Без оглед на сите овие каталошки податоци, ѕвездата Северница и во наредните неколку векови ќе ни остане како маркер за наоѓање на север.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 17 2007, 20:25

Би било добро да пишеш нешто за вселенската станица МИР Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 17 2007, 20:30

а зашто ти не ставиш? confused јас се ставам овде постови! знам ти си по русите па ај најди нешто стави овде! знам еден тип од астрономското друштво што бил таму! закон!cheers btw ако стваш стави во астронаутика!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 17 2007, 20:51

smiley Smile напиша:
а зашто ти не ставиш? confused јас се ставам овде постови! знам ти си по русите па ај најди нешто стави овде! знам еден тип од астрономското друштво што бил таму! закон!cheers btw ако стваш стави во астронаутика!

Ако сакаш на руски или англиски ќе ставам, нема проблем...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Сре Јан 17 2007, 20:53

ок! ај на англиски! поише ќе разберам!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Јан 18 2007, 00:34

Mir (Мир, which can mean both world and peace in was a Soviet (and later Russian) orbital station.
It was humanity's first consistently inhabited long-term research station in
space. Mir currently holds the record for longest continuous human presence in space at
eight days less than 10 years. Through a number of collaborations, it was made
internationally accessible to cosmonauts and astronauts of many different countries. Mir was
assembled in orbit by successively connecting several modules, each launched
separately from February 19, 1986
to 1996. The station existed until March 23,
2001, at which point it
was deliberately de-orbited, and broke apart during atmospheric re-entry.
Fully constructed space station Mir in 1996
Mir was based upon the series of space
stations previously launched by the Soviet Union
(seven Salyut space stations had been launched since 1971). It was mainly
serviced by Russian-manned Soyuz spacecraft
and Progress cargo ships, but it was anticipated
that it would also be the destination for flights by the later abandoned [color:65fd=black:65fd]Buran
space shuttle. The orbiting Mir's purpose was to provide a large and habitable
scientific laboratory in space.
The United States
had planned to build Space Station Freedom
as its counterpart to
Mir, but this project was cancelled after the fall of the Soviet
Union made an international cooperation possible (see International Space Station). Also, the space shuttle Challenger exploded less than a
month before Mir was launched into orbit (see Space Shuttle Challenger disaster). In
later years, after the end of the Cold War,
the Shuttle-Mir
program combined Russia's Mir capabilities with United States
space shuttles
and allowed a couple of American and other western astronauts to visit or stay
long-term on the station. The visiting US shuttles used a modified docking
collar originally designed for the Soviet Buran
shuttle, mounted on a bracket originally designed for use with Space Station
Freedom. With the space shuttle docked to Mir the temporary enlargements of
living and working areas amounted to a complex that was the world's largest [color:65fd=black:65fd]spacecraft
at that time in space history, with a combined mass of 250 tons.

Mir space station breaking up in Earth's
atmosphere over the South Pacific on March 23
,
2001.

[color:65fd=black:65fd]Inside, the 100-ton Mir looked like a cramped labyrinth,
crowded with hoses, cables and scientific instruments – as well as articles of
everyday life, such as photos, children's drawings, books and a guitar. It
commonly housed three crewmembers, but it sometimes supported as many as six
for up to a month. Except for two short periods, Mir was continuously occupied
until August 1999.

The journey of the 15-year-old Russian space
station ended on March 23
, 2001,
as Mir re-entered the Earth's atmosphere near Nadi, Fiji, and fell into the
South [color:65fd=black:65fd]Pacific Ocean.
Near the end of its life, there were plans for private interests to purchase
Mir, possibly for use as the first orbital television/movie studio. A privately
funded Soyuz mission carried two crew members to the station to carry out some
repair work with the hope of proving that the station could be made safe;
however this was to be the last manned mission to Mir. Whilst Russia was
optimistic about the future of Mir, commitments to the International Space
Station project meant that there was no funding to support the aging station.
Early proposals by Russia
to use Mir as the core of the ISS were firmly rejected by NASA, and when the
first ISS components were launched NASA insisted upon an orbit which
effectively prevented transfer between the two stations. Many in the space
community still felt that at least some of Mir was salvageable and that
considering the extremely high costs of getting material into orbit, disposing
of Mir was a wasted opportunity.

In addition to Soviet/Russian cosmonauts, Mir
hosted international scientists and U.S. astronauts.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Чет Јан 18 2007, 00:49

супер ова што си нашол! ама ти кажав да го ставиш во астронаутика! ама нема везе! ок е!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пет Јан 19 2007, 01:20


Во маглината NGC 6357 се раѓаат огромни масивни ѕвезди (ѕвездите со сини крукчиња насекаде на сликата), а централниот регион се истакнува со својата црвена боја заради емисијата на јонизиран водороден гас
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
zoko
Модератор
avatar

Број на мислења : 196
Age : 27
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   Пет Јан 19 2007, 16:46

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) во рамките на истражувањата ќе испрати вселенско летало на Плутон кое ќе застане и на Јупитер.Иако Плутон ја изгуби титулата на планета, за научниците и натаму е интересен.Планирано е леталото наречено „Нови видици“ на Јупитер да слета кон крајот на февруари, а на Плутон до 2015 година. Исто така, имајќи предвид дека Јупитер е најголема планета од Сончевиот систем, научниците се надеваат дека со поминувањето покрај него, леталото ќе добие забрзување од дури 15.000 километри на час.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Астрономија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Астрономија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 8Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: