Обнова на редовни авиоврски од Русија за
Македонија најавува Владимир Солоцински, амбасадорот на Руската
федерација во земјава. Авиоврската помеѓу Скопје и Москва беше
прекината од страна на "Аерофлот", но бидејќи сега се најавуваат голем
број руски туристи повеќе авиокомпании се заинтересирани за овој
бизнис.
- "Аерофлот" е комерцијална компанија и лета на тие дестинации кои и
носат профит. Покрај "Аерофлот" во Русија има уште десетици
авиокомпании и тоа многу големи, како што е "Сибир", "Нуково",
"Кафкаски минерални води" и други. Која компанија ќе прифати да ги
обавуви редовни летови за Македонија зависи од тоа колку ќе бидат
успешни дипломатите во билатералните разговори - вели амбасадорот
Солоцински. Тој објаснува дека ако се развиваат во насока на развој на
културните врски, туристичката размена, тогаш руските компании ќе
конкурираат да добијат право да бидат официјален авиопревозник.