Во
Техеран е отворена конференција чија единствена цел е да утврди дали
Холокаустот навистина се случил. По оваа, би требало да следуваат
симпозиуми на темата "Земјина гравитација - Еврејска завера?" и
"Еврејскиот мит за таканаречениот атом?"
Помеѓу 67-те учесници од 30 држави, е и поранешниот водач на Кју Клукс Кланот,
Дејвид Дјук,
кој веќе подолго време е баран во Европа за неговите тврдења дека
гасните комори во логорите никогаш не биле користени и за негирањето на
смртта на 6-те милиони Евреи.
"Бројот на жртви во Аушвиц не може
да биде поголем од 2.007. Железницата до логорот немала доволно
капацитет за да пренесе голем број на Евреи," објаснил Фредерик Тобен,
кој во 1999-та беше затворен во Германија поради неговото тврдење дека
Холокаустот не се случил.
Дводневната конференција ја отвори
"првиот меѓу сомничавите," иранскиот претседател Ахмединеџад, кој беше
и првиот државник што го прогласи Холокаустот за мит.
Според
организаторите и учесниците, конференцијата претставува научен собир на
кој ќе се дискутира за Холокаустот "на дистанца од Западните табуа и
ограничувања наметнати од научниците во Европа." Во Германија, Австрија
и Франција, е нелегално да се отфрли кој било аспект од Холокаустот.
Претставникот
на ККК го пофали Ахмадинеџад за неговата храброст за одржување на
конференција "која ќе понуди слободен говор за една од најпотиснатите
идеи на светот - ревизија на Холокаустот."
"Во Европа без
проблеми можете да го доведете во прашање постоењето на Исус Христос,
да го исмејувате и да го негирате. Истото подеднакво важи и за пророкот
Мухамед. И нема ништо да ви се случи. Меѓутоа ако негирате и најмал дел
од Холокаустот ви ќе завршите во затвор," изјавил Дјук.
Меѓу
присутните има двајца рабини и четворица членови на групата Обединети
Евреи против Ционизмот, кои бараат уништување на Израел бидејќи тој не
бил создаден врз основа на законот на Евреите.
Учесник на конференцијата е и Англичанецот со француско потекло,
Роберт Форисон,
кој досега беше 5 пати затворен во Франција за негирање на
злосторствата над човештвото. Последниот случај беше минатиот месец
кога тој во изјава за иранската телевизија порача дека "нацистите
воопшто не сакале да ги истребат Евреите."