Редот на сиромашните витези на Исус и на Соломоновиот храм, попознат како
Редот на витезите Темплари, основан е околу
1119 година во Светиот град
Ерусалим. Според преданијата,
витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на
Папата ќе станат најмоќната воена сила во
Средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во
Европа. Својата моќ ја задржале се до
XIV век кога конечно ги уништил кралот
Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни
легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува
Светиот грал.
Најважното правило кон кое безусловно морал секој витез Темплар да го почитува било мотото –
нема предавање.За основоположник на овој ред се смета витезот
Хуго Де Паен, кој во периодот кога во
Ерусалим, 20 години откако завршила
Првата крстоносна војна, собрал група од 9 витези кои биле задолжени да се грижат за безбедноста на многубројните
аџии. Од цела
Европа, христијаните постојано патувале во Светиот град, но на својот пат честопати биле напаѓани од групи разбојници, одметнати
крстоносци и од
Сарацените. Така
Хуго Де Паен со својата група витези, добил задача лично од првиот Крал на Ерусалим,
Балдвин Болоњски, да се грижи за безбедноста на патиштата и животот на
аџиите. Хуго и неговите браќа воопшто не се вклопувале во вообичената представа која денес ја имаме за
витезите. Името го добиле по местото кое им било доделелно за своја тврдина, место каде некогаш се наоѓал
Соломоновиот храм, иако наскорo целиот свет ќе ги запомни под скратеното име Темплари.Во почетокот немале никакви финансии, носеле облека која им била подарена, па дури и по двајца јавале еден коњ што ќе остане забележано на многу гравури, печати и цртежи во тој период. Сепак, во следните десет години, Темпларите ќе станат голема економска, политичка и воена сила. Иако војувале најчесто на Светата земја, нивното богатство и силна економска моќ била сконцентрирана во
Европа.За да се стекна таква моќ и сила, во период кога
црквата имала огромно влијане врз политиката во сите европски држави, несомнено била неопходна помош од првиот човек на црквата -
Папата. Тој во период од
1139 година до
1145 година издал три
були со кои на Темпларите им е дадена речиси апслоутна моќ и право за своите постапки да му одговараат единствено на
Папата. Наскоро нивната репутација станала толку голема што многу
аристократи кои престојувале на Светата земја им подарувале имот и пари, а многумина од нив своето богатство им го давале на чување. Всушност, нивната дејност била многу поголема од она што била нивна првенствена задача – контролирање и одржување на ред и мирот на патиштата. Постепено создале систем на кредитни хартии, со чија помош
парите, кои им биле оставени на чување во некоја од нивните добро обезбедени тврдини, можеле да се подигнат во друга, а притоа било доволно само да се покаже нивната кредитна хартија. Многу историчари се сложуваат дека ова биле првите
чекови, а Темпларите основоположници на првите европски банки. Францускиот крал
Луј VII бил првиот европски владетел кој од финансиска пропаст бил спасен со подигање заем од Темпларите. Постепено дури и Папите станале финансиски зависни од Темпларите, бидејќи
крстоносните војни финансиски ги исцрпиле.
Каматите за нив станале преголеми, па за многу европски владетели финансиската моќ на Темпларите и презадолженоста биле закана за постоењето на нивната држава. Токму тоа била причината кралот
Филип IV убавиот во
XIV век да започне прогон на Темпларите, а нивниот последен Голем мајстор
Жак Де Молеј го прогласи за еретик и нареди негово спалување на клада.Кога во
1292 година за голем мајстор бил избран
Жак Де Молеј,
Европа била потресена од повеќе немили настани. Светата земја била повторно во рацете на
муслиманите и на повидок била нова
крстоносна војна. Се повеќе преовладувало мислењето дека една од причините е несогласувањето помеѓу трите најпознати Редови:
Тевтонскиот,
Болничарскиот и Редот на Темпларите, и дека е неопходна нивна реорганизација и соединување во еден единствен Ред. Истовремено, неколку витези биле неправедно обвинети за
хомосексуалност и ерес, па темпларите станале предмет на истрага од страна на Папата
Клемент V. Иако Папата сеуште не бил подготвен за конечна прерсметка со Темпларите, така не мислел францускиот крал
Филип IV убавиот. Тоа утро,
петок 13,
1307 година, (оттука верувањето дека петок 13 е несреќен ден) неговите агенти ги уапсиле сите Темплари на територијата на
Франција под сомнение за ерес, содомија, кривоклетство и негирање на
Исус Христос. Залудно било објаснувањето на Големиот мајстор пред црквата дека во заднината на обвинувањата е финансиската презадолженост на францускиот крал и дека сите обвинувања се најобична лага. Под притисок на закани и мачење, наскоро самиот тој, но и неговите витези ги признале обвиненијата. Ова било доволна причина Папата да даде проглас со кој започнале апсења на Темпларите во цела Европа. За нивна среќа, некои од европските кралеви на ја послушале наредбата на Папата, па во своите држави им пружиле засолниште на пребегнатите Темплари. Така голем дел од нив пребегнал во
Шкотска и
Португалија каде основале нови Редови и каде пренеле добар дел од богатството. Уапсените Темплари, изложени на невидени мачења, ги признале недокажаните обвиненија и речиси сите биле живи спалени.