Пристигна првото безбедносно предупредување за интернет корисниците,
издадено од првата интернет сигурносна компанија во Македонија -
NSS.
Ваквите известувања ќе бидат објавени секогаш кога NSS ќе осети реална
закана за интернет корисниците во Македонија, а закани богами - има
премногу.
Net Security Solutions во последниот период забележа пораст на македонски интернет корисници кои се
регистрираат на социјалната мрежа Tagged.com.
Најчесто корисниците се регистрираат од причина што во нивниот е-маил (најчесто
Yahoo!,
Hotmail,
AOL) ќе добијат порака дека некој од нивните пријатели ги има обележано ("tagged") на сајтот.
По регистрацијата на сајтот, корисникот е испратен на едни од следниве линкови:
http://www.tagged.com/import_start.htmlhttp://www.tagged.com/import_yahoo.htmlhttp://www.tagged.com/import_hotmail.html.. Каде е запрашан да го внесе своете корисничко име и лозинка на Yahoo!, Hotmail или AOL е-маилот.
По внесувањето на податоците, корисникот е испратен на следниот
чекор, а на сите негови адреси во Address Book-от е испратена порака
дека се "tagged" (oбележани) од корисникот.
Со секој почит спрема социјалната мрежа Tagged.com, од наша страна
овој чекор се смета за воопшто несигурен и претставува голема "досада"
на корисниците кои ќе го примат овој е-маил.
Тимот на
NSS при своето тестирање на овој сервис забележа и неколку примери,
каде што лозинката на е-маилот е целосно променета и корисникот неможе
да дојде до пристап на својот е-маил.
Net Security
Solutions не би сакала да шпеклуира дали се работи за хакерски напад
при кој е добиен пристап до овие информации или пак да ја обвини
социјалната мрежа Tagged.com за измами, туку
само ги предупредува
корисниците кои се регистрираат на Tagged.com, за своја лична сигурност
и за приватноста на нивните пријатели и контакти во Address Book-от, да
го прескокнат овој чекор при кој нема да ги достават своите лични
информации.
Овој став, NSS го базира на мислењето дека при регистрација на вакви
сајтови воопшто нема потреба да се доставува е-маил адреса и лозинка за
неа и смета дека овој чекор е за доброто на корисниците.
Ова не претставува прва жалба за овој сервис, пример:
http://www.scamclub.com/reports/tagged.com,dating%20site-621.htmlУште еднаш би сакале да напоменеме, дека не се работи за никаква
комерцијална порака до корисниците да не ги користат услугите на оваа
социјална мрежа, туку ги советува како сигурно да ја користат.
Net Security Solutions ја објавува оваа вест со цел да ги информира
Интернет корисниците и да ги советува за нивна заштита, а не за да се
рекламира себе си, или било која личност/компанија/организација чие име
е објавено.
НАПОМЕНА: Доколку веќе сте го дале Вашето корисничко е-маил име со лозинка, сменете ја лозинката веднаш.