Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Филмски вести

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Филмски вести   Вто Дек 19 2006, 16:47

Па насловот прилично кажува! Најновите филмски вести овде! bounce
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Вто Дек 19 2006, 16:54

Почина Џо Барбера
На 95-годишна старост почина Џо Барбера, таткото на Том и Џери, Флинтстонс, Јоги, Џетсон и Скуби Ду. Тој ќе остане запаметен како пасиониран раскажувач на приказни и креативен гениј, кој заедно со својот партнер Бил Хана помогна да се развие светот на анимацијата.

Тандемот Хана-Барбера првиот успех го доживеа во МГМ здружувајќи ги глушецот и мачката во краткометражниот цртан филм "Puss Gets the Boot", за кој заработија и номинација за Оскар. По ова, МГМ им дозволи да продолжат со работа на двата лика, што на крај резултираше со седум Оскари за цртаното дуо.

Според многумина моќта на парот се должеше на перфектното преклопување на нивните вештини, додека Барбера беше задолжен за шегите и цртањето, Хана беше тој што на цртаните им додаваше топлина и напнатост.

И покрај тоа што е автор на дел од најпознатите анимирани ликови во американската поп-кулутра, Барбера, исто како неговиот партер Хана не бил школуван аниматор. Тој почнал да учи банкарство, но набргу во периодот на Големата депресија своите учебници ги претворил во стрипови, по што неочекувано започнал со создавање на анимирани филмови.

Продукцијата Хана-Бабера која беше создадена во 1957-ма, откако двајцата автори го напуштија МГМ, во своето 4 децениско постоење произведе околу 300 долгометражни анимирани филмови и цртани серии.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Сре Дек 20 2006, 11:59

Прочитав вчера у весник, легендарни се Том и Џери. Пола 90% американци ја паметат 5тата симфонија по нив Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Сре Дек 20 2006, 13:04

Бог да го прости.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Сре Дек 20 2006, 13:05

Moscow_BoY напиша:
Прочитав вчера у весник, легендарни се Том и Џери. Пола 90% американци ја паметат 5тата симфонија по нив Very Happy
Пола 90% хахахахахахаххахахах Very Happy Very Happy Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пон Јан 08 2007, 16:24

Филмот и градот
Од Холивуд пристигнуваат добри вести за сите оние што "не го гледаа" Сексот и градот (како што не ги гледаат ни Очајните домаќинки), продуцентите успеале да ги препитомат четирите актерки и да ги натераат конечно да го снимаат "епскиот" филм.
Иако по завршувањето на серија, се беше подготвено за снимање на филмска верзија на шоуто, во последен момент заради наводна караница со Сара Џесика Паркер, Ким Кантрел одлучи да го напушти проектот.

Продуцентите на филмот, објаснуваат дека актерките сметаат дека минало доволно време и дека се подготвени да се помират за да можат да работат на кунисување на неколку годишната серија.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Сре Јан 24 2007, 18:08

Scarlett loves Rocco?
Скарлет Јохансон, ни крива ни должна, се најде на врвот на списокот на глумици кои Џена Џејмисон би сакала да ги види во главната улога во нејзиниот биографски филм.

Џена, наводно сама ја одбрала Скарлет за филмската адаптација на нејзината книга ”How to Make Love Like a Porn Star: A Cautonary Tale,” чие снимање би требало да започне идната година.

"Се надеваме дека ќе ја добиеме Скарлет. Таа е мој избор и сметам дека е прекрасна," порачала Џена во интервју за британскиот ФХМ.

Инаку, во неколку претходни интервјуа Скарлет откри дека нема ништо против да учествува во голи сцени се додека тие се дел од некој "добар проект".

Според холивудските аналитичари, иако голотијата не би претставувала проблем за Јохансон, сепак како препрека може да се наметне квалитетот на материјалот, поточно што станува збор за филм за порно ѕвезда, кој ќе се базира на книга напишана од порно ѕвезда.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Јан 26 2007, 19:33

Икс-Мен продолжува
Добри вести: снимањето на Икс-мен 4 е се поверојатно а во филмот ќе се појави и една од ѕвездите на Лост. Лоши вести: во новото продолжение нема да ги има Вулверин, Магнето и Сторм.

Џош Халовеј (или Џејмс Сојер) ќе ја добие улогата на супер херојот Гамбит, чија моќ е да ги полни предметите со енергија, по што тие експлодираат. Халовеј требаше да го глуми Гамбит и во третиот дел од филмот, меѓутоа поради зафатеноста со Лост, тој го откажа учеството.

Освен телевизиските тезги, своевремено продуцентите сметале дека ликот на Халовеј е сличен со ликот на Хју Џекмен (Вулверин), поради што и одлучиле да промовираат други карактери.

"Гамбит премногу наликуваше на Вулверин, заради што тогаш се одлучивме да го воведеме Најткролер. Тој физички беше поразличен од другите и имаше одлични супер моќи," објасни продуцентката Лорен Шулер Донер.

Иако и Вулверин и Магенто го преживеаја Last Stand, сепак е малку веројатно дека ќе продолжат во четвртиот дел. Хју Џекмен снима филм за неговиот лик Вулверин а најавен е и посебен филм за ликот на Јан Меклен - Младиот Магнето.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Јан 26 2007, 20:36

Индијана Соло
Од двете понудени опции Хан Соло и Индијана Џонс, актерот Харисон Форд одлучил да му даде предност на кожниот камшик пред ласерскиот пиштол. Ова ќе биде четврт и најверојатно последен пат како Форд ќе ги истакне своите афинитети кон археологијата.

Режисерот Џорџ Лукас му понудил плата од 20 милиони долари за улога во филм посветен на Лук Скајвокер. Но, и покрај одбивањето тој не бил многу разочаран од конечната одлука на Форд, бидејќи се јавува како продуцент на “Индијана Џонс 4”.

Во изговорот кој Харисон му го дал на Лукас, се вели дека причината поради која ја одбива понудата е тоа што не можел да поднесе повторно да биде заглавен во вселенски брод заедно со Чубака.

Форд сепак ќе заработи 20 милиони долари, впуштајќи се во последната авантура на Индијана Џонс. Филмот кој повторно ќе го режира Стивен Спилберг, премиерно ќе биде прикажан во 2008-та година, 19 години по последното продолжение “Индијана Џонс и последниот Крстоносец”.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Чет Фед 08 2007, 21:55

Борат Велики
Саша Барон Коен за првпат се најде на листата на магазинот GQ на најмоќни мажи во Британија. Причина: "Уште од времето на Џон Ленон немало англиски забавувач кој имал толкаво влијание на светот."

35-годишниот комичар дебитираше на 19-то место, една позиција зад принцот Вилијам. Според магазинот, на листата се наоѓаат мажи кои "ќе ја формираат содржината и правецот на движење на нацијата" во текот на идните 12 месеца.

Коен неодамна доби Златен Глобус за глумата во филмот "Borat: Cultural Learnings Of America For Make Benefit Glorious Nation of Kazakhstan". И покрај обвинувањата дека ги претставува жителите на Казахстан како примитивци, Коен постојано тврдеше дека целта на неговиот лик Борат е да се истакне предрасудата и нетрпеливоста која постои во САД.

На списокот, Коен заврши пред извршниот директор на телевизијата Скај и принцот Чарлс. За најмоќен човек во Британија е одбран министерот за финансии Гордон Браун, додека на второ место е неговиот претпоставен, премиерот Тони Блер.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Чет Фед 08 2007, 22:00

Индијана Џоунс - Вистинска
Американските закони за снимање филмови станале толку строги што продуцентите му порачале на Харисон Форд дека неговиот камшик во Индијана Џоунс 4 ќе мора да биде компјутерски генериран. На ова Харисон Форд им порачал, кога ќе го прават камшикот на компјутер да не заборават и него да го генерираат, бидејќи во спротивно филмот ќе биде малку смешен без главен глумец.

64-годишниот глумец се заканил дека комплетно ќе го напушти Индијана Џоунс 4 доколку организаторите на најдат начин како да го решат проблемот со законот и да му обезбедат вистински камшик.

"Сакавме да ги отстраниме сите ризици кои можат да дојдат како резултат на користење камшик. Законите за безбедност при работа се променети од последниот Индијана, и филмаџиите мораат да бидат многу повнимателни. Сега сите користат компјутерска графика за опасните работи," изјавил анонимен извор близок до студиото.

Харисон Форд имаше само 31 година кога се снимаше првиот дел од Индијана Џоунс. Комплетната трилогија од Инди заработи вкупно 840 милиони евра на кино-благајните. Четвртиот дел се очекува да биде готов во 2008-ма.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Чет Фед 08 2007, 22:01

Помпеја од Полански
Оскаровецот Роман Полански доби 152 милиони евра за снимање на епскиот филм за последните денови на Помпеја, кој според Сандеј Тајмс треба да биде најскапиот филм кој кога и да е бил сниман во Европа.

Филмот е базиран на романот на Роберт Харис Помпеја, во кој се опишуваат последните денови пред ерупцијата на Везув во 79-та година п.н.е.

Полански му дал рок на Харис од осум недели за да го адаптира романот за филм и побарал од него да му даде поголема улога на ликот на Корелија, со цел филмот да биде поприфатлив за младите.

Во интервју за Сандеј Тајмс, Харис изјавил дека се уште не се одбрани глумците кои ќе ги играат главните ликови.

Полански го напушти САД во 1978, откако беше обвинет за секс со малолетничка. Но и покрај тоа тој продолжи да работи со американски актери (претежно во Европа), меѓу кои беше и Адриен Броди, кој доби Оскар за неговата улога во Пијанист.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Чет Фед 08 2007, 22:03

Нова епизода од Том и Џери
Легендарниот цртан филм во кој е прикажана вековната борба помеѓу Том и Џери доби ново продолжение. По повод 65-тиот роденден Cartoon Network премиерно емитуваше седум минутна епизода под насловот "The KarateGuard".

Во роденденското издание Џери се запишува на часови по карате за конечно да може да му се освети и да го победи својот вечен непријател.

Новата епизода е снимена во септември минатата година и е режирана од 94-годишниот Џозеф Барбера. Тој заедно со својот партнер Вилијам Хана пред 65 години ги создаде Том и Џери.

Иако се уште не е емитуван, цртаниот е предложен за номинација на годинишните Оскари во категоријата краток анимиран филм.

Првата епизода од цртаниот филм е прикажана на 20 февруари 1940 и во нејзе се уште не постоеле Том и Џери. Пилот серијата била крстена "Puss Gets the Boot" и во неа главни јунаци се Џеспер и Џинкс. Од втората епизода се си доаѓа на место глушецот станува Џери а мачорот го добива името Том. Последната сезона од серијалот беше снимана во 1993-та. За своето бркање по дома и безбројните обиди за убиство Том и Џери имаат добиено 7 Оскари.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 13:26

Детскиот ТВ канал, Бумеранг ќе направи ревизија на сите цртани со Том и Џери и ќе ги одстрани сцените во кои ликовите се покажани како пушат.

Ваквата одлука доаѓа по замерката на гледачите дека некои од постарите цртани не биле соодветни за младата публика.

Организацијата задолжена за надгледување на ТВ програмата, објасни дека нема потреба за комплетно забранување на "пушачките" цртаните од причина што тие се направени во време кога уживањето во цигари било генерално прифатено.

Планот налага да бидат цензурирани само цртаните во кои пушењето на Том и Џери е прикажано како "прифатливо и гламурозно."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 13:28

Сценаристите на најновиот филм на Џеки Чен мораа да го менуваат сценариото со цел да ја направат улогата на славниот глумец помалку "злобна". Ова доаѓа по барање на кинеските цензори кои сметаат дека Џеки Чен не може да глуми негативец во филмовите.

Во "Rob-B-Hood," Чен игра коцкар кој го киднапира внукот на еден богаташ, меѓутоа подоцна го фаќа жал за детето и се обидува да го спаси од криминалците за кои работи.

Во првата верзија на сценариото, Чен бил претставен како бескрупулозен криминалец, но подоцна тоа било сменето по барање на цензорите.

"Ова беше мојот најзлобен лик во мојата кариера. Тој тепа жени и ги гори луѓето со цигари. Меѓутоа овој лик беше одбиен од цензорите а кинеската влада порача дека Џеки Чен не може да биде зол," изјавил Чен во интервју за еден кинески весник.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 13:29

Во директен судир на најголемите анимирани тешкаши во организација на ЕМИ федерацијата, Симпсонови ги поразија своите помлади ривали Саут Парк.

Најновото признание за фамилијата на Хомер (деветто во категоријата кратка анимирана серија) доаѓа за епизодата The Seemingly Never-Ending Story, во која Хомер некако завршува заглавен во пештера и додека останатите членови на семејството одат да побараат помош, Лиза останува со него и му раскажува приказна од минатото.

Освен во анимираниот оддел, на церемонијата беа поделени Еми награди и за најдобра шминка, костуми, звук, уметнички директор, категории кои се загревање за главните Еми награди закажани за 27 август.

Годинешните награди за анимирана програма беа посебно интересни бидејќи во истата категорија беше и епизодата од Саут Парк "Trapped in the Closet" во која се исмејуваше Скиентологијата и Том Круз.

Признавајќи ја неправдата сторена врз Саут Парк, продуцентот на Симпсонови во говорот за наградата порача: "Ова се случува кога не ја исмејувате Скиентологијата."
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 16:43

леле многу глуп начин да се почне говор! тој мочко требал да каже фака до мама, тато, дада, и бато а не да сере! леле дебилче! толку му дала природата! lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 17:14

Театарска верзија на “Житието на Брајан”
Култниот филм на Монти Пајтон, “Житието на Брајан” наскоро ќе воскресне на театарската сцена како мјузикл, овој пат со наслов “Немојте Месијата (Тој е многу лошо момче)”. Режијата ќе биде на еден од Пајтоновците - Ерик Ајдл.

Премиерата на овој комичен ораториум е закажана за јуни во рамките на градскиот фестивал на уметност Luminato во Торонто. Театарскиот мјузикл ќе се базира на сценариото на филмот од 1979-та година, религиозната пародија за младиот Брајан Коен кој се родил на ист ден и на иста улица како и Исус Христос.

Композитор на музиката е Џон Ду Перез, кој соработуваше со Ајдл и на неговиот претходен театарски проект “Спамалот”. Музиката, која го вклучува и големиот хит од филмот “Always Look on the Bright Side of Life”, ќе ја изведува симфонискиот оркестар од Торонто.

Тандемот Ајдл-Перез е веќе докажано успешен, бидејќи нивниот мјузикл од сезоната 2004-2005 “Спамалот” доби три Тони награди, вклучувајќи ја и таа за најдобар мјузикл а заработи и дури 7 номинации за најпрестижните британски театарски награди Лоренс Оливие.

Мултидисциплинарниот фестивал Luminato ќе се одржи од 1 до 10 јуни а своето учество веќе го потврдија познатите композитори Филип Глас и Леонард Коен, како и режисерот Атом Егојан. Организаторите на фестивалот најавуваат присуство на околу половина милион посетители.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 17:15

Најсмртоносниот филм на сите времиња
Без никаква намера да вознемириме некого (посебно не Чак), ја пренесуваме веста дека Долф Лунгрен сака да сними нешто како "Вокер: Тексашкиот универзален војник 3," во кој покрај него ќе настапат Чак Норис и Жан Клод Ван Дам.

Ѕвездата на Роки 4, инсистира дека ќе може да го синхронизира распоредот на трите ѕвезди и дека е сигурен дека сите ќе успеат да ги надминат физичките препреки за да се вратат на еден заеднички филм.

"Размислував дека би било одлично да направиме акционен филм како од 80-те. Ги планирам Жан Клод и уште неколкумина. Исто така разговарав и со луѓето на Чак Норис за снимање на нешто како акциона комедија," порачал шведскиот актер за магазинот Емпајр.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 20:21

Франција ќе го
награди американскиот актер и режисер, Клинт Иствуд со највисокото
признание кое оваа држава му го доделува на цивил, Легија на честа.

Церемонијата
на доделувањето, која ќе се одржи во недела во Елисејската палата во
Париз, ќе ја отвори претседателот на Франција, Жак Ширак.

76-годишниот
Иствуд, ја започна својата актерска кариера со филмови како “Валканиот
Хари”, за последниве неколку години да доживее голем успех како
режисер. Неговиот филм “Девојка од милион долари” го доби Оскарот за
најдобро филмско остварување за 2005-та година.

Сега е
актуелен со неговата последна филмска сага “Писмата од Иво Џима”,
посветена на битката од Втора светска војна, која заработи 4 номинации
за Оскар.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 20:26

Пролетта 2008-ма е
крајниот рок за кога е најавено излегувањето на новиот Матрикс. За жал
ќе ги нема Киану Ривс и Лоренс Фишбурн.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 20:26

Moscow_BoY напиша:
Пролетта 2008-ма е
крајниот рок за кога е најавено излегувањето на новиот Матрикс. За жал
ќе ги нема Киану Ривс и Лоренс Фишбурн.
За жал
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Пет Фед 16 2007, 21:17

леле тој најновиот филм на клинт иствуд морам да го гледам! морам! дали некој го има или да си го купам?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Вто Фед 20 2007, 18:28

Доуп! (3)








27
јули е датумот кога најлудото американско семејство и жителите на
Спрингфилд повторно ќе се обединат и ќе се појават во кино салите. Ви
прикажуваме уште еден од вкупно трите teaser трејлери кои веќе се
појавија на интернет... Третиот (new)ВториотПрвиот
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   Чет Фед 22 2007, 17:07

Се снима филмска верзија на "Сексот и градот"




Sarah Jessica Parker, Kim Catrall, Kristin Davis и Cynthia Nixon се согласиле да го снимаат филмот "Sex and the city".



Истоимената серија постигнала голем успех во светски рамки а откако
престанала да се снима, главните актерки сакаат да ги задоволат своите
фанови со филмска екранизација на серијата.



Иако глумиците на почетокот не сакале да ја потврдат оваа информација, договорите со нив се веќе потпишани.



Филмот наскоро би требало да започне да се снима, а не е познато за кој
датум поточно ќе биде закажана премиерата, пренесува Metro.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Филмски вести   

Вратете се на почетокот Go down
 
Филмски вести
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Забава :: Филм и ТВ-
Отиди до: