| Филмски вести | |
|
|
|
Автор | Порака |
---|
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: Филмски вести Нед Фед 25 2007, 02:02 | |
| Борат нон грата Саша Барон Коен ја одбил понудата да биде еден од презентерите на Оскар наградите, кои треба да се одржат на 25 февруари, откако организаторите не му дозволиле на церемонијата да настапи како – Борат Сагдијев. Претходно се шпекулираше со неговиот настап, како добредојдено освежување на церемонијата, откако говорот на Бруно по добивањето на Златниот глобус беше еден од најпрераскажуваните и најдаунлодираните моменти од наградите. Меѓу другото, по примањето на Глобусот тој му се заблагодари на партнерот во филмот Кен Давитјан, како и на жирито кое направило да се исплати тоа што во филмот мораше да мине неколку мигови смачкан од задникот на Давитјан. Еден од продуцентите на Оскарите признал за Лос Анџелесе Тајмс дека Борат бил поканет, но одбил да учествува. Иако, одбил да додели награда, Коен сепак може да се појави на сцената доколку победи во категоријата Најдобро адаптирано сценарио. | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Вто Фед 27 2007, 10:28 | |
| Патувањето продолжува по 11-ти пат Култната вселенска сага, “Ѕвездени патеки” наскоро ќе го доживее своето единаесетто по ред продолжение, откако режисерот на филмот “Невозможна мисија 3”, Џ. Џ. Абрамс потпиша договор со кој се обврзува да го режира најновото патешествие на бродот Ентерпрајз. Овој пат, приказната ќе се задржи на два лика од серијалот, поточно на Спок и на младиот Џејмс Т. Кирк. Сторијата ќе не врати назад при нивната прва средба на академија, како и во времето на реализирањето на заедничката прва мисија во вселената. Абрамас, кој инаку стои зад хит серијата “Изгубени” како нејзин коавтор и извршен продуцент, ќе го реализира новиот филм преку неговата компанија Bad Robot. Се досега, се знаеше само тоа дека тој ќе биде потпишан како продуцент и сценарист а не и како режисер. Претходниот филм од серијалот, “Ѕвездени патеки: Одмаздникот” снимен во 2002-ра година, го режираше Стјуард Берд а главната улога ја толкуваше Патрик Стјуард. Се очекува премиерата на “Ѕвездени патеки XI” да се одржи во ноември 2008-ма година. | |
|
| |
smiley :) Форум Манијак
Број на мислења : 2172 Age : 33 Локација : pa pred monitor be mozok!!! Registration date : 2006-10-26
| Предмет: Re: Филмски вести Вто Фед 27 2007, 22:27 | |
| ЈЕЕЕЕЕЕ!!! КОНЕЧНО!!!!! АМА АКО МЕТ ДЕЈМОН БИДЕ КИРК ЌЕ ЗБЕСНАМ! (И НЕ САМО ЈАС) | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Сре Фед 28 2007, 10:58 | |
| знаев дека ке се здивеш ти смајли на ова | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Саб Мар 03 2007, 20:13 | |
| Хари Потер до крај! Даниел Редклиф одлучи да ја продолжи својата кариера како сериски Хари Потер и да потпише договор за снимање на двата последни продолжетоци со кои треба да се комплетира "седмологијата" на Џоан Кетлин Ролинг за животот на младиот магионичар. Harry Potter and the Order of the Phoenix е петтиот по ред филм од серијалот чија промоција се очекува во јули годинава. По ова останува снимањето на шестиот дел, Harry Potter and the Half-Blood Prince и филмот кој треба да ја комплетира сагата за Потер, Harry Potter and the Deathly Hallows. Седмиот дел се очекува да биде снимен до 2010-та. Огромниот успех на Хари Потер и донесе на неговата авторка, заработувачка од околу 480 милиони евра, со што влезе меѓу најбогатите жени на светот. Нејзиното богатство значително ќе се зголеми во јуни годинава за кога е закажана и промоцијата на 7-от роман за Хари Потер. Првиот филм со Потер Harry Potter and the Philosopher's Stoneе снимен во 2000-та (премиера 2001-ва) кога Рекдклиф имаше само 11 години. Кога ќе се комплетира снимањето на Хари Потер, главниот глумец ќе има точно 21 година. | |
|
| |
Moscow_BoY Администратор
Број на мислења : 1845 Age : 33 Registration date : 2006-10-13
| Предмет: Re: Филмски вести Нед Мар 04 2007, 23:14 | |
| Леле... Кога ќе заврши и ја ќе има негде толку :S | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Вто Мар 06 2007, 00:10 | |
| | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Вто Мар 06 2007, 00:55 | |
| фрикови ! од толку жени што можат да ги имаат они со курви се занимаваат ... | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Филмски вести Чет Мар 08 2007, 14:29 | |
| Починал црачот на Бајум Бадум Италијанскиот аниматор и воедно креаторот на "Бајум Бадум" или во оригинал "La Lineа", Освалдо Кавандоли починал на 87 годишна старост од природна смрт.Освалдо за време на својата кариера соработувал со Нино Пагот на цртанот Калимеро. Сепак, неговото дело "La Linea" кое премиерно било прикажано на телевизија во 1969 година било едно од најпознатите. Едноставниот дизајн и цртање со рака која во секоја епизода ги доцртува нужните детали на несреќниот јунак се одлика на големото ремек дело. Цртанот е прикажуван во повеќе од 40 земји, а исто така има освоено и многубројни фестивалски награди. | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Филмски вести Чет Мар 08 2007, 14:30 | |
| | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Пет Мар 09 2007, 00:09 | |
| Закон беше стварно. Штета што не го даваат сега ова а ги даваат оние дебилнине цртани | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Пет Мар 09 2007, 00:58 | |
| што е бе закон ? што цркнал чоеков ? бог да го прости ! а имал и големо дело позади него ! алал да му е | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Пет Мар 09 2007, 13:55 | |
| Филмаџиите од Холивуд воглавно се придржуваат до законот на физиката, затоа што немаат друг избор. Но, кога ќе заиграат "специјалните ефекти", на глупостите им нема крај. 1. Автомобили кои лесно експлодираат Ако им веруваме на филмовите (поготово акционите), доволен е судар, или мало пролевање на бензинот за автомобилот да бувне и да се претвори во огромна огнена топка. Практично за подигање на адреналинот на публиката, но нема голема врска со реалноста, во која бензинот нема да експлодира освен ако не е помешан со околу 93% воздух. Затоа, доколку доживеете некој лесен судар со автомобилот, нема потреба панично да истрчате од него стравувајќи од експлозија. Најверојатно тоа нема да се случи.
2. Звукот патува со брзина на светлината Светлината (како што речиси и секое дете знае) патува побрзо од звукот. Холивуд нема никогаш да го сфати тоа. Така, во филмовите громот не ја следи молњата, туку сето тоа се одигрува истовремено. Вулканот еруптира, а вие експлозијата ја слушате веднаш, наместо со закаснување. На бојно поле во исто време гледате експлозија и слушате детонација, без разлика на оддалеченоста. Битни се дури и најмалите ситници, како кога некој удира топче за безбол, а во исто време се слуша и звукот - нешто што во вистинската игра никогаш не би се случило.
3. Митот за радиоактивноста Филмаџиите се трудат да ве убедат дека радиоактивноста е заразна и од неа сите луѓе светат. Од каде таа помисла? Симпсонови? Вистината е дека обичната радијација ќе ве направи радиоактивни само доколку радиоактивните честички се залепат на вас. Радиоактивноста на е заразна. Ако некој е изложен на радиоактивни неутрони од атомски реактор нормално дека и самиот ќе стане нешто радиоактивен, но сигурно нема да свети во темница. Радиоактивните честички емитираат светлина само кога ќе наидат на фосфор, како во внатрешноста на ТВ приемниците, но тоа вас не би требало да ве загрижува.
4. Подобро е граната или куршум? Во филмовите, гранатите обично ги убиваат само они личности за кои се наменети и оние кои се наоѓаат над нив во моментот на експлозијата. Ако се водиме според тоа, една бомба не би требало да направи многу повеќе штета од еден обичен куршум. во вистинскиот живот, нормално, тоа е поинаку - експлозијата од една граната ќе ја убие личноста за кого е наменета, се што е во нејзина околина, а најверојатно и вас.
5. Куршуми кои фрлаат искри Овие куршуми се релативно нова појава во светот на специјалните ефекти, а служат за гледачите да поверуваат дека јунакот "за влакно" се извлекол од порција врело олово. Во реалноста искри ќе добиете ако стругате железо или некој друг цврст метал со тврда површина (пр. цигла), затоа што парченцата на металот се прегреваат и одлетуваат. Куршумите се прават од олово, густ и мек метал кој минимално се загрева во цевката на пиштолот. Сте виделе некогаш пиштолот да исфрла искри кога некој пука од него? Не. Сега знаете зошто е тоа така.
6. Звук кој патува во вселената Најголемите киксови во филмовите се случуваат токму во вселената. Звукот е вибрација во воздухот. Во вселената нема воздух, па затоа нема ни звук. Не очекувајте да го чуете нешто од вашиот колега астронаут, дури ни доколку ви "урла" на само неколку метри оддалеченост од вас. Креаторите на "Aliens", откако ја сфатија глупоста се обидоа да го преправат целокупниот впечаток, па при најавувањето на филмот почнаа да ја форсираат реченицата: "Во вселената никој нема да те чуе како вриштиш". А тоа е вистина. | |
|
| |
Slash Форум Манијак
Број на мислења : 1130 Age : 33 Локација : Skopje Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Филмски вести Пет Мар 09 2007, 21:51 | |
| - Karate Kid напиша:
- што е бе закон ? што цркнал чоеков ? бог да го прости ! а имал и големо дело позади него ! алал да му е
Оги немој да ми кажеш дека не си го гледам Баљум баљум..... Немој да ме разочаруваш | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Саб Мар 10 2007, 19:54 | |
| како не сум глеал ! со линијата таа што нонстоп се лути за све | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Пон Мар 12 2007, 16:32 | |
| Битката за Спрингфилд20th Century Fox објави конкурс во кој сите 16 американски градови кои го носат името Спрингфилд, ќе се натпреваруваат за ексклузивната можност во јули да бидат домаќини на премиерата на филмот “Симпсонови”. Според анкетата на TMZ.com, голем дел од градовите сметаат дека токму тие го имаат легитимното право. Жителите на Спрингфилд од Илиноис на пример, тврдат дека имаат многу сличности со серијата, поточно поседуваат голема нуклеарна централа, училиште кое многу потсетува на она во кое одат Барт и Лиса, па дури и фабрика за крофни. Спрингфилд од Орегон се надева на победа бидејќи авторот на серијата, Мет Гронинг потекнува од Портланд, Орегон, додека градот од Масачусетс како доказ за право на титулата, го приложува акцентот на градоначалникот Џо Квимби, кој е ист како и нивниот. На другите Спрингфилд градови можеби ќе им биде потребна мала помош, сметаат од TMZ.com, бидејќи три од нив одговориле дека воопшто ја немаат гледано серијата. | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Сре Мар 28 2007, 12:52 | |
| Или Аштон Качер ги испука сите финти, или MTV има други планови за својот реметач на славните. По пет години и многу обработени ѕвезди, Punk'd завршува со прикажување. По пет години тероризирање на славните "пријатели" со своите креативни заврзлами, Punk'd на Аштон Качер се сведува кон крајот. Со по три случки по епизода, Качер успеа да превесла значителна бројка на славни кои во кризните ситуации ги открија своите вистински лица. На сите ви текнува кога Џастин Тимберлејк замалку ќе се расплачеше кога му беше исценирано запленување на неговата куќа и имотот поради неплатен данок, а дури неодамна познатиот пејач призна дека во тој период од животот интензивно пушел "трева" и бил прилично несвесен за случувањата околу себе. Слично реагираше и секогаш насмеаниот Метју Пери кој пребледе кога му беше наместено купување на украден автомобил и заседа од FBI. Но, имаше и навредени "плачипички" помеѓу славните, кои не потпишаа одобрение снимената епизода да се емитува. Пример - Памела Андерсон и Мајкл Вартан. Седмата сезона, односно финалето на Punk'd започнува на американскиот MTV на 10 април, а жртвите кои овојпат ќе паднат се Хилари Свонк, Нели Фуртадо и Џул. | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Чет Мар 29 2007, 23:44 | |
| Бај, бај Мистер Бин! "Современиот Чарли Чаплин" како што го нарекуваат познавачите на филмот, со најновиот филм "Мистер Бин на празниците" ќе замине во историјата. Барем така најавува неговиот творец, Роуан Аткинсон.Популарниот Мистер Бин за прв пат е прикажан пред 17 години, а до денес е емитуван во сите земји од светот и стана еден од најомилените ликови во историјата на филмот и телевизијата. Новиот филм "Мистер Бин на празниците" ќе биде воедно и последната авантура на славниот лик, бидејќи Роуан Аткинсон одлучи да започне нови проекти, иако најверојатно и самиот е свесен дека светската јавност доживотно ќе го поистоветува со популарното алтер его. За потсетување, 52 годишниот актер пред неколку години заврши во душевна болница, бидејќи премногу му пречеше фактот дека јавноста, па и блиските во него го гледаат исклучиво Мистер Бин и постојано бараат да прави финти. Губењето на идентитетот го натера да побара помош, а кога излезе од болница се заколна дека повеќе нема да го глуми Бин. Сепак, поради договорите со продуцентот, хонорарот и приврзаноста кон ликот кој го создаде, одлучи да ја смени одлуката и да заигра во вториот долгометражен филм за Бин. Овој пат, Аткинсон категорично ја отфрла можноста за продолжение. | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Пон Апр 02 2007, 23:47 | |
| Скоти заминува во вечниот дом Посмртните остатоци на Скоти од Стар Трек, за блиските познат како Џејмс Дуан, кој почина пред две години, конечно ќе бидат лансирани во вселената во текот на идниот месец, објави компанијата која го организира патувањето. Од компанијата Спејс Сервисес, со седиште во Хјустон, изјавиле дека остатоците на Скоти веќе се наоѓаат во ракетата која во Ново Мексико чека на лансирањето закажано за 28 април. Оригиналното лансирање беше закажано за минатата година, но поради проблеми за време на тестирањето тоа беше откажано. Портпаролката на компанијата изјавила дека пепелот на Дуан ќе биде пренесен во иста пратка со остатоците на уште 200 други лица, меѓу кои и на астронаутот Гордон Купер. Во 1997-ма сличен "закоп" имаше и креаторот на Стар Трек, Џин Роденбери. | |
|
| |
DJ_Stole верно членче
Број на мислења : 637 Age : 33 Локација : Скопје Registration date : 2006-10-16
| Предмет: Re: Филмски вести Вто Апр 03 2007, 12:45 | |
| eee baш беше супер мистер бин и сакам да има уше пошо беше крај | |
|
| |
Karate Kid Форум Манијак
Број на мислења : 2208 Age : 32 Локација : ovde Registration date : 2007-01-13
| Предмет: Re: Филмски вести Вто Апр 03 2007, 20:10 | |
| | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Пет Апр 13 2007, 19:58 | |
| Дека на Тарантино во последно време му недостасува инспирација потврдува и катастрофалниот неуспех на најновото негово чедо "Grindhouse", кој го сними во тандем со подеднакво генијалниот Родригез, ама и фактот дека идејата за филмот ја дрпнал. Имено, независниот филмаџија Стивен Трамонтана тврди дека уште во 2003 го снимил филмот "Grindhouse" со вкупно буџет од 4.000 долари. Филмот дури бил прикажан и на бројни фестивали за независен филм, на New Tork Internetional Film and Video фестивалот освоил награда за најдобар хорор, а собрал добри критики и во стручните списанија. Творецот на оригиналната верзија вели дека баш пред да започне со снимањето на спорниот филм разговарал за идејата со Тарантино, кој воопшто не бил заинтересиран за неговиот предлог, ниту пак сакал да го погледне кога бил готов, но Трамонтана сепак му испратил DVD и постер од филмот. Стивен Трамонтана не бара пари, но постапката на Тарантино го налутила. Тој само сака признание дека идејата за филмот е негова. | |
|
| |
Proof Форум Манијак
Број на мислења : 2586 Age : 33 Локација : Еве ме нигде ме нема Registration date : 2006-11-06
| Предмет: Re: Филмски вести Сре Мај 02 2007, 12:42 | |
| Бидејќи холивудскиот блокбастер "300" го сметаат за навредлив за својата нација, Иранците одлучија да ја прикажат својата верзија во филмот под наслов "Славата на Персеполис". Преку филмот ќе се обидат да прикажат поинаква приказна од онаа на американските режисери и продуценти и да им го вратат достоинството на Иранците и на Персеполис. Продукцијата на филмот ја поттикнал Центарот за истражување Парсех, кој на потенцијалните посетители сака да им го претстави Персеполис и да ги повика да го посетат. Според нив, Персеполис е место кое вреди да се види, бидејќи на ова подрачје помеѓу останатото, постојат и докази за некои технолошки иновации од тоа време кои и денес се во употреба. | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Филмски вести | |
| |
|
| |
| Филмски вести | |
|