Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор


Број на мислења : 1845
Age : 25
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Сре Дек 20 2006, 12:01



ЗАВРШИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ


Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија

Бранител
на трофејот на Европското првенство 2008 во Македонија ќе биде
Норвешка, која со триумфот над Русија во финалето на ЕП во Шведска го
израмни рекордот на Данска од три титули. Двете селекции стигнаа до фин














НОРВЕШКА - РУСИЈА 27:24 (16:12)

СТОКХОЛМ. - Сала "Ховет". Гледачи: 4.700. Судии: Баум и Горалчик (Полска).

НОРВЕШКА: Гримсбе, Ка. Лунде (14+1), А. Јохансен 3, Омот 3, Снореген,
Серли-Либек 1, Ностволд, Бреиванг, Кр. Лунде 4, Хамерсенг, К. Јохансен
9, Фрафјорд, Ригелхут 3, Рокне 4.

Седмерци: 5-4. Исклучувања: 8 мин.

РУСИЈА: Суслина (7), Сидорова (2+1), Полторацкаја 6, Роменскаја,
Постнова, Кареева 4, Бодниева 1, Андрјушина 2, Поленова 6, Туреј 1,
Шипилова, Мареникова 1, Јаковлева, Близнова 3.

Седмерци: 7-6. Исклучувања: 4 мин.



Бранител на трофејот на Европското првенство 2008 во Македонија ќе биде
Норвешка, која со триумфот над Русија во финалето на ЕП во Шведска го
израмни рекордот на Данска од три титули. Двете селекции стигнаа до
финалето по серијата од шест победи, при што една од жртвите на патот
на Норвежанките беа и нашите најдобри ракометарки (13:28), а во мечот
за титулата им одржаа вистинска лекција по модерен ракомет на
актуелните светски првенки. Во нивната игра воопшто не се почувствува
отсуството на најдобрата ракометарка Гро Хамерсенг, која се повреди
уште во воведните минути, па по почетната негатива од 0:2, целосно ја
презедоа контролата врз натпреварот.

Рецептот на Марит Бревик беше едноставен: бавниот напад на Русинките
лесно се читаше, а откако ќе му се изнудеше исфорсиран удар, ќе
уследеше фуриозна контра, во што особено неумолива беше Кари Мете
Јохансен (девет гола од девет удари). Русинките тешко се снаоѓаа целото
прво полувреме, а голманките не им беа од голема помош.

Русија спушти под минус три гола дури во средината на второто
полувреме, откако и пикерот Бодниева дојде до поголем простор за игра.
На пет минути до крајот предноста на Норвешка се состоеше од само еден
гол (25:24) и мечот влезе во возбудлива завршница, но Русија прокоцка
неколку напади за израмнување. Казната уследи преку Ранхилд Омот, која
со трите гола во серија ја завери титулата за својата репрезентација.

Со овој триумф, Марит Бревик стана прв селектор со три европски злата,
колку што собра и нејзиниот пикер Елзе-Марте Серли-Либек. Норвешка на
ова првенство воведе и една новина: внесувањето шести играч во нападот
на местото на голманот во ситуациите со исклучена ракометарка.



***



Хамерсенг пак МВП



Како и пред две години, за најдобра ракометарка на ова ЕП беше
прогласен средниот бек на норвешката репрезентација, Гро Хамерсенг,
која поради повреда не можеше да им помогне на своите колешки во
финалето.

Покрај неа, во ол-стар тимот на првенството влегоа: Ина Суслина (Русија
- голман), Аника Вил Фреден (Шведска - десно крило), Иболја Мелман
(Унгарија - десен бек), Људмила Бодниева (Русија - пикер), Надине
Краузе (Германија - лев бек) и Кари Мете Јохансен (Норвешка - лево
крило). Краузе е прв стрелец со 58 гола, а титулата најдобар дефанзивен
играч и припадна на Французинката Изабела Вендлинг.



***



Конечен поредок



1. Норвешка, 2. Русија, 3. Франција, 4. Германија, 5. Унгарија, 6.
Шведска, 7. Хрватска, 8. Полска, 9. Шпанија, 10. Австрија, 11. Данска,
12. МАКЕДОНИЈА, 13. Украина, 14. Србија, 15. Холандија, 16. Словенија.



***



Портјанко најказнувана



Јулија Портјанко е најказнуваната ракометарка на ЕП во Шведска. На
шесте одиграни меча, таа собра 16 минути исклучувања, плус еден црвен
картон, на средбата со Австрија. На истата листа Анжела Платон е трета,
откако принудно мина десет минути вон игра, а поцрвене на мечот со
Полска.

Марина Наукович е најдобриот стрелец на нашата репрезентација со 40
голови, што вкупно и го донесе седмото место. Најмногу асистенции
подели Билјана Црвенкоска, 19, со што се најде на делбата на 13. место.

Во категоријата украдени топки, Валентина Радуловиќ го држи второто место со десет "прочитани" противнички напади.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак


Број на мислења : 2586
Age : 25
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Сре Дек 20 2006, 21:13

Абе не сјебаа нас така да...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Night Crawler
искусно членче
искусно членче


Број на мислења : 247
Age : 25
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Пет Мар 09 2007, 22:02

nas koj stigna ne gazi
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Други спортови-
Отиди до: