Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија

Go down 
3 posters
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Icon_minipostedСре Дек 20 2006, 12:01



ЗАВРШИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА ЖЕНИ


Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија

Бранител
на трофејот на Европското првенство 2008 во Македонија ќе биде
Норвешка, која со триумфот над Русија во финалето на ЕП во Шведска го
израмни рекордот на Данска од три титули. Двете селекции стигнаа до фин










Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија %7B75973057-6880-41AE-88EB-C25915540C18%7D_norge-2



НОРВЕШКА - РУСИЈА 27:24 (16:12)

СТОКХОЛМ. - Сала "Ховет". Гледачи: 4.700. Судии: Баум и Горалчик (Полска).

НОРВЕШКА: Гримсбе, Ка. Лунде (14+1), А. Јохансен 3, Омот 3, Снореген,
Серли-Либек 1, Ностволд, Бреиванг, Кр. Лунде 4, Хамерсенг, К. Јохансен
9, Фрафјорд, Ригелхут 3, Рокне 4.

Седмерци: 5-4. Исклучувања: 8 мин.

РУСИЈА: Суслина (7), Сидорова (2+1), Полторацкаја 6, Роменскаја,
Постнова, Кареева 4, Бодниева 1, Андрјушина 2, Поленова 6, Туреј 1,
Шипилова, Мареникова 1, Јаковлева, Близнова 3.

Седмерци: 7-6. Исклучувања: 4 мин.



Бранител на трофејот на Европското првенство 2008 во Македонија ќе биде
Норвешка, која со триумфот над Русија во финалето на ЕП во Шведска го
израмни рекордот на Данска од три титули. Двете селекции стигнаа до
финалето по серијата од шест победи, при што една од жртвите на патот
на Норвежанките беа и нашите најдобри ракометарки (13:28), а во мечот
за титулата им одржаа вистинска лекција по модерен ракомет на
актуелните светски првенки. Во нивната игра воопшто не се почувствува
отсуството на најдобрата ракометарка Гро Хамерсенг, која се повреди
уште во воведните минути, па по почетната негатива од 0:2, целосно ја
презедоа контролата врз натпреварот.

Рецептот на Марит Бревик беше едноставен: бавниот напад на Русинките
лесно се читаше, а откако ќе му се изнудеше исфорсиран удар, ќе
уследеше фуриозна контра, во што особено неумолива беше Кари Мете
Јохансен (девет гола од девет удари). Русинките тешко се снаоѓаа целото
прво полувреме, а голманките не им беа од голема помош.

Русија спушти под минус три гола дури во средината на второто
полувреме, откако и пикерот Бодниева дојде до поголем простор за игра.
На пет минути до крајот предноста на Норвешка се состоеше од само еден
гол (25:24) и мечот влезе во возбудлива завршница, но Русија прокоцка
неколку напади за израмнување. Казната уследи преку Ранхилд Омот, која
со трите гола во серија ја завери титулата за својата репрезентација.

Со овој триумф, Марит Бревик стана прв селектор со три европски злата,
колку што собра и нејзиниот пикер Елзе-Марте Серли-Либек. Норвешка на
ова првенство воведе и една новина: внесувањето шести играч во нападот
на местото на голманот во ситуациите со исклучена ракометарка.



***



Хамерсенг пак МВП



Како и пред две години, за најдобра ракометарка на ова ЕП беше
прогласен средниот бек на норвешката репрезентација, Гро Хамерсенг,
која поради повреда не можеше да им помогне на своите колешки во
финалето.

Покрај неа, во ол-стар тимот на првенството влегоа: Ина Суслина (Русија
- голман), Аника Вил Фреден (Шведска - десно крило), Иболја Мелман
(Унгарија - десен бек), Људмила Бодниева (Русија - пикер), Надине
Краузе (Германија - лев бек) и Кари Мете Јохансен (Норвешка - лево
крило). Краузе е прв стрелец со 58 гола, а титулата најдобар дефанзивен
играч и припадна на Французинката Изабела Вендлинг.



***



Конечен поредок



1. Норвешка, 2. Русија, 3. Франција, 4. Германија, 5. Унгарија, 6.
Шведска, 7. Хрватска, 8. Полска, 9. Шпанија, 10. Австрија, 11. Данска,
12. МАКЕДОНИЈА, 13. Украина, 14. Србија, 15. Холандија, 16. Словенија.



***



Портјанко најказнувана



Јулија Портјанко е најказнуваната ракометарка на ЕП во Шведска. На
шесте одиграни меча, таа собра 16 минути исклучувања, плус еден црвен
картон, на средбата со Австрија. На истата листа Анжела Платон е трета,
откако принудно мина десет минути вон игра, а поцрвене на мечот со
Полска.

Марина Наукович е најдобриот стрелец на нашата репрезентација со 40
голови, што вкупно и го донесе седмото место. Најмногу асистенции
подели Билјана Црвенкоска, 19, со што се најде на делбата на 13. место.

Во категоријата украдени топки, Валентина Радуловиќ го држи второто место со десет "прочитани" противнички напади.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Icon_minipostedСре Дек 20 2006, 21:13

Абе не сјебаа нас така да...
Вратете се на почетокот Go down
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
Night Crawler


Број на мислења : 247
Age : 32
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 22:02

nas koj stigna ne gazi
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Empty
ПишувањеПредмет: Re: Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија   Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Норвешка ќе ја брани титулата во Македонија
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Други спортови-
Отиди до: