Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Десетте добри пороци

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Десетте добри пороци   Чет Дек 21 2006, 00:04

Дали пивото го намалува ризикот од срцев удар, а чоколадата го брка
ракот? Студиите што ни кажуваат да јадеме, вдишуваме и генерално да се
впуштаме во „лоши работи“ се музика за нашите уши. Подолу е
livescience.com топ листата на лековити пороци. Се разбира – само
умерено! Впрочем, се’ може да биде и храна и лек и отров, во зависност
од дозата.
10. Пиво

Во нашиот моментален контекст, пивото отсекогаш било
засенето од страна на виното. Иако никој никого не убедува од чаша вино
за ручек да се префрли на гајба пиво за добра ноќ, научниците сметаат
дека умерената пивска навика може да ги подобри кардиоваскуларните
функции. Сега останува уште да откријат здравствени бенефиции кај
чипсот и пилешките прсти со мајонез.

9. Лутина

Ако сте од оние што собираат, собираат па експлодираат
... експлодирајте почесто. Студии (аман веќе од нив) покажуваат дека
тук’ и там’ изливи на лутина се добри за здравјето и можат да
претставуваат ефикасен механизам за справување со суровата реалност,
многу подобар од стравот и раздразливоста на пример. Лутината, како и
останатите колачиња од листава, е здрава само во умерени дози; Лути се
долго време и ќе добиеш цела листа на здравствени пореметувања –
покачен крвен притисок, пореметувања на сонот и оштетување на белите
дробови.

8. Кафе

Кафето е една од најдебатираните супстанци. Дали е
здраво, дали е штетно, дали е и здраво и штетно.. Сепак, актуелниот
консензус гравитира во корист на љубителите на горкото будење. Разни
истражувања тврдат дека кафето е богат извор на антиоксиданси и дека го
намалува ризикот од диабетес. Покрај тоа, зрната содржат и состојки што
го забавуваат појавувањето на цироза и панкреатитис, што е добра вест
за оние што сакаат жестоко да се забавуваат цела ноќ.
7. ЛСД

Малку се проблематични овие нелегалните, но внимавајте на
овој податок од научни извори: Кај тешки алкохоличари, мали дози на ЛСД
помагаат во надминување на најгрдите фази на одвикнувањето и во
превентива на повторно пропивање. Овие студии – некои од нив децении
стари – биле извршени во строго надгледувана клиничка околина. Многу од
пациентите не се напиле капка алкохол од тогаш. Се работи за интересни
откритија кои бараат многу повеќе проучувања, а никако за лек што може
да се применува на своја рака. Во меѓувреме – што за многумина и не е
некакво изненадување – скорешна студија врз 36 волонтери кои земале ЛСД
во лабораториска околина, известува за мистични искуства на пациентите
и промени во однесувањата кои траеле со недели потоа.

6. Сончање

Сончевите зраци се неопходни за опстанокот, но можат
и да убијат предизвикувајќи канцерогени заболувања. Астматичарите имаат
корист од одмерени дози на УВ зраци. Сончевата светлина ги блокира
реакциите на имунитетот кои предизвикуваат астма. Исто така, сончевата
светлина, дури и кога е индиректна, т.е. под сенка, го подобрува
расположението. Малку сонце може да им помогне на канцелариските
работници да ја избегнат пладневната поспаност. Но, сево ова не е
изговор за да се ставите на плажа и да се печете по цели денови.

5. Ларви

Од некои причини и ларвите ги вброиле на оваа листа,
нам ни се видоа интересни па нема да го скокнеме. Можеби пак, некои ги
јадат... Морничави се, лигави и во секој случај гадни, но можат да
спасат живот. Ларвите се најновото научно чудо од лек и во 2003 се
одобрени од ФДА како единствена живо медицинско средство. Поставени на
сериозни рани, ларвите се хранат со бактеии и мртво ткиво, со што го
стимулираат заздравувањето и спречуваат инфекции.


4. Марихуана

Иако често поврзувана со губење на меморија, за
иронија на судбината марихуаната сега се смета за орудие против
најрадикалната форма на бришење на умот – Алцхајмеровата.
Анти-воспалувачките состојки најдени во ова растение спречуваат
згрутчување на мозочни протеини, што е еден од главните причинители на
боеста. Така е барем кај лабораториски глувци. На прашањето ’Кога да се
започне со превентивна терапија?’, одговорот би бил дека е најдобро да
се почека и да се види што ќе кажат резултатите од студии извршени врз
човечки субјекти.

3. Црвено вино

Суштински дел од исхраната на народите со
најздрави срца во светот. Од поодамна е познато дека црвеното вино има
антиканцерогени својства и дека ги штити артериите. Изгледа дека клучен
во целата работа е антиоксидансот ресвератрол, кој го има во лушпата на
црвеното грозје.

2. Чоколада

Во последно време сите истражувања го слават
антиоксидантското својство на чоколадата, кое спречува разни канцери и
затнувања на артериите. Најнова вест е дека врши работа и против
сенилност. Доколку се лечите со чоколада – оние за готвење му се
мајката, затоа што таму е какаото. Шеќерните бомби баш и нема многу да
ви помогнат.

1. Секс

Научен факт е дека користа на сексот не се сведува само
на моментална гратификација и процес на мултиплицирање. Освен
очигледните еволутивни цели, со задоволство можеме да констатираме дека
сексот го намалува стресот и холестеролот и ја зголемува циркулацијата.
Впрочем, ни наведениве оправдувања не ви се потребни.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Пет Дек 22 2006, 01:13

ова ти е стварно ок столе! Јас сакам да кажам (пишам) нешто во врска со овие горе наведени работи! Во врска со ларвите! Некој ако често ги следи ЦСИ сигурно приметил една епизода во која имаше претепан\а (тип или типка не се саќавам) што останал\a жив\a благодарение на ларви! Исто така во врска со марата да кажам дека таа всушност е штетна на тој начин што тера кон некоја појака дрога а сама по себе еве можете да прочитате не е штетна! За црвеното вино сите знаат па истото важи и за ракија (кај постари луѓе) по 1 чашка ако се до толку обожаватели на ракија! Чоколадата е закон!!! А во врска со секс не ми се коментира! Ај во некој друг пост ова е веќе премногу дооолгооооо!!! Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
..::MA4OR::..
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 126
Age : 23
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Сре Јан 17 2007, 18:15

GLUPOSTI
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Сре Јан 17 2007, 18:15

зашто глупости?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Сре Јан 17 2007, 20:13

абе какви работи има да те боли глава ... у секој случај фино е да се знаат овие нешта Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
*marija*
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 153
Age : 26
Локација : na Vodno-kaj me4kite
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Пет Јан 26 2007, 17:43

аха како не-се шалам треба да си образован (ова важиSmile за тебе карате кид)Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Саб Јан 27 2007, 11:50

*marija* напиша:
аха како не-се шалам треба да си образован (ова важиSmile за тебе карате кид)Very Happy
хммм ... што треба да значи ова ? ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Paparapacipipas
Модератор
avatar

Број на мислења : 242
Age : 26
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Саб Фед 10 2007, 21:56

Абе се што е умерено е ОК, многу јасно.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 247
Age : 26
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Саб Мар 10 2007, 02:36

taka e diki
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   Саб Апр 28 2007, 20:41

Закон ти е темава!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Десетте добри пороци   

Вратете се на почетокот Go down
 
Десетте добри пороци
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: