Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Местото каде се раѓа титанот

Go down 
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Местото каде се раѓа титанот Empty
ПишувањеПредмет: Местото каде се раѓа титанот   Местото каде се раѓа титанот Icon_minipostedВто Дек 26 2006, 01:17

Местото каде се раѓа титанот %7BFDF2B56A-6CB7-4523-9153-E40345C82FF5%7D_goran-2





Специјално од Хамбург - Горан Михајловски


Халата во која се раѓа најголемиот авион на светот "ербас А380" изгледа
неверојатно празно. Во грандиозното здание покрај Елба, во близина на
Хамбург, Германија, стојат големите делови од трупот на она што би
требало да биде џиновски џамбо авион, но меѓу нив и на крановите
наоколу забележавме одвај дваесетина работници.

Гордоста и симболот на обединета Европа "А380" деновиве веќе требаше да
лета на комерцијалните линии за првиот купувач - авиокомпанијата
"Сингапур ерлајнс". Но проблемите што се испречија пред овој амбициозен
проект на здружената француско-германска-шпанско-британска корпорација
ја одложија првата испорака за уште најмалку две години.

Кога ќе почне сериското производство на "А380", во оваа хала ќе работат
600 луѓе. Тоа што местото за спојување на големите делови од трупот на
авионот изгледа како внатре никој да не работи е затоа што проблемите
што го одложија проектот се решаваат на друго место.

Халата во која се раѓа европскиот летачки џин е, исто така, џиновска.
Долга е 228 метри, широка е 120 метри, а висока 23 метри. Тоа е
приближно како четири фудбалски игралишта да ги доближите две со две и
над нив да дигнете седумкатница. Интересно, во целата хала нема ниту
еден столб. За неа се потрошени 7.200 тони челик - исто колку што се
потрошени за изградбата на Ајфеловата кула во Париз. Ова чудовишно
здание лежи врз 2.500 бетонски столбови, поставени 20 метри под
површината на водата. Само сушењето на делот од реката Елба, за да се
добие земјиште од 180 хектари, чинело 305 милиони евра. Самиот џиновски
хангар, пак, вреди 62,5 милиони евра.

Халата за составување на главните компоненти е поделена на два
дела. На едната страна, во осум работилници се спојуваат делови од
трупот на авионот. Тука забележавме големите делови од трупот на "А380"
што се прави по нарачка на австралиската компанија "Квантас". Како што
стојат работите, овој авион нема да биде испорачан барем до средината
на 2009 година.

Од другата страна, во седум работилници се монтираат хидрауличните,
електрични, климатизациски и водоводни системи. Проблемите се токму во
електричната инсталација, па фотографирањето на оваа страна страна од
халата не ни беше дозволено. Низ трупот на авионот се распослани 530
километри жица, поврзани со 40.300 конектори. Проблемот се појавил кога
недостигале кабли за спојување на деловите кои се прават во Германија и
Шпанија со оние од Франција и Велика Британија. Германците и Шпанците
користеле постар, а Французите и Британците посовремен софтвер!

Уште еден апсурд на обединетата Европа е и патот на деловите на
авионот од раѓањето до испораката на купувачите. Опашката и задниот дел
од трупот доаѓаат со авион од Шпанија. Помалите делови доаѓаат од 16
фабрики низ Европа, подот на вториот кат од авионот доаѓа од Јапонија.
Откако овие делови заедно со опашката ќе се спојат во Хамбург, се
пренесуваат со специјален брод до Франција, а потоа се возат и по копно
до Тулуз, местото каде што се врши конечното монтирање на сите делови
на "А380". Авионот целосно се склопува во Франција, таму полетува и
повторно се враќа во Германија на бојосување и испорака до компаниите.

Во фабриката во Хамбург, покрај спојувањето и инсталацијата на големите
делови од трупот на авионот, се прави и целосниот ентериер на
патничката кабина и на одделот за багаж. Затоа, покрај халата за
составување на делови на трупот, подигнати се и хали за инсталација на
кабината на "А380" со површина од 140 хектари.

Во Хамбург ќе се бојосуваат сите авиони "А380", а од овде ќе полетуваат
готовите авиони до муштериите во Европа и на Блискиот Исток.




***





Луксуз на небото








Во моментов низ светот, на различни тестирања летаат четири прототипови
на "А380". Основната верзија на суперџамбото има два ката и 555
седишта. Ако конфигурацијата е само за економска класа, авионот ќе може
да прими и 853 седишта.

Дополнителен проблем за производителот претставува и тоа што купувачите
се уште го кријат конечниот распоред на ентериерот. Не се знае како ќе
бидат поставени инсталациите за тоалетите, барови, шанкови, туш-кабини,
па и мини-продавници. Британската компанија "Вирџин Атлантик", која
нарачала 6 авиони, најавила дека покрај вообичаените прва, бизнис и
економска класа, сака и уште поскапа - лукс класа. На вториот кат
патниците ќе можат да го скусат времето на патување со коцкање во
казино. Компанијата "Емирати" е најголем купувач на небесниот џин.
Нарачала 43 авиони "А380". Оваа компанија, која и онака е позната по
луксузните ентериери, до последен момент не открива што како луксуз ќе
измисли во овој авион. Истото е и со германската "Луфтхазна", која само
најавила дека ќе се определи за вообичаените три класи и 555 седишта на
досега нарачаните 15 авиони.

Портпаролот на фабриката во Хамбург Ролф Бранд вели: "Во авионот можете
да ставите се што ќе посакате. Не можеме да ви вградиме само базен,
сала за куглање и камин".




***





Гратче со 16.000 жители





Хамбург е седиштето на "Ербас" за Германија. Покрај Тулуз во Франција и
Сиетл во САД каде што се прават авионите "боинг", фабриката во Хамбург
е една од трите водечки авионски локации во светот. Во неа се
проектираат, се градат авионите, тука се службите за односи со
муштериите и администрација.

Од оваа фабрика излегуваат комплетно направени авионите од типот "А318", "А319" и "А321".


Во целиот комплекс работат 11.000 луѓе од 60 националности. Но
секојдневно тука доаѓаат и повремено вработени, деловни партнери,
соработници и гости, така што дневно се вртат и по 16.000 луѓе.
Фабриката и личи на мало средено гратче. По улиците има семафори,
вработените се возат од едно место до друго со минибуси кои имаат број
како редовна автобуска линија. Пистата од која полетуваат авионите на
пробните летови минува речиси низ средината на комплексот. Од едната
страна се управните згради, а од другата халите.




***





Летачки кит





"Белуга" се вика карго авионот кој има најголем волумен во светот за
транспорт на големи делови од трупот на авионот. Со овој летачки кит се
пренесуваат деловите од 16 фабрики на "Ербас" низ Европа до фабриките
за спојување на трупот во Хамбург и во Тулуз
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
 
Местото каде се раѓа титанот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Авијација-
Отиди до: