Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Астронаутика

Go down 
4 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedВто Дек 26 2006, 23:06

Овде ставајте постови од областа на астронаутиката и некои постови во стил отиде оноа летало и тако даље! Поздрав alien
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedВто Дек 26 2006, 23:07

Јапонија ќе проучува астероиди и форми на живот на мали планетиАстронаутика Prazno

Астронаутика Prazno
Јапонија во своите вселенски истражувања ќе се фокусира на проучувањето на астероидите и облиците на живот на некои мали планети.
Според јапонскиот владин вселенски проект, во наредните пет години е планирана изградба и лансирање на вселенски апарати кои се базираат на успехот на сондата „Хајабус“.
Јапонската сонда во ноември минатата година се спушти на еден од астероидите, што претставува вистински подвиг бидејќи тоа е прва операција од тој вид што е направена.
Планирано е со помош на автоматски сонди од астероиди и комети да се земат примероци од тлото за да се истражат сите можни облици на вселенски живот.
Јапонија планира да ја истражува и Месечината и за таа цел во текот на наредната година во вселената ќе го испрати првиот автоматски апарат „Селена“, а потоа истражувањето продолжува со уште две сонди.
Исто така, Јапонската вселенска компанија Џакса разработува амбициозен план за изградба на постојана станица на Месечината, чија реализација ќе почне во 2030 година.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedВто Дек 26 2006, 23:09

Телескопот Хабл ќе биде поправен во 2008-ма

Астронаутика Prazno
Астронаутика Hubble

Хабл

По неколку години дискутирање за судбината на вселенскиот телескоп Хабл, НАСА одобри испраќање вселенски брод до Хабл во 2008 година, чиј екипаж ќе ги изврши неопходните поправки со цел да се продолжи работата на телескопот до 2013 година.
„Ќе додадеме една мисија за одржување на вселенскиот телескоп Хабл на пописот на мисиите на вселенскиот брод кој треба да полета пред Хабл да биде затворен“, изјави директорот на НАСА, Мајкл Грифин.
Вселенскиот брод „Дискавери“ кој е предвиден за таа мисија треба да полета во период од пролет до есен 2008 година со екипаж во чиј состав се Скот Алтман и двајцата искусни астронаути Џон Грунсфелд и Мајкл Масимин.
Во текот на 11-дневниот лет астронаутите треба да ги сменат батериите и системот за управување на 12-тони тешкиот телескоп, вреден 1,5 милијарди долари. Вкупниот трошок за сервисирање се проценува на 900 милиони долари.
Хабл, кој е заеднички проект на НАСА и Европската вселенска агенција, за време на 16-годишниот престој во орбитата испрати илјада фотографии од вселената кои многу придонесоа за развој на астрономијата.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedВто Дек 26 2006, 23:12

Кинеско-руска вселенска опсерваторија ќе почне со работа во 2010-та

Светската вселенска опсерваторија „Ултравиолет“ што ја изградија Кина и Русија, ќе почне да работи во 2010 година, соопшти шефот на Руската вселенска агенција Роскосмос, Анатолиј Перминов.
Програмата за изградба на вселенска опсерваторија се реализира под патронат на Руската академија на науки која со научен проект учествува во лансирањето во земјината орбита на апаратура за следење на оддалечени вселенски пространства.
Според Пеминов, технолошката база на проектот е руска, а кинеската страна на станицата ќе има научна апаратура.
Покрај тоа, Кина и Русија ќе соработуваат и во меѓународниот проект за изградба на радиотелескоп во текот на идната година.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedПет Дек 29 2006, 18:07

Дискавери безбедно слета на Флорида

Во петокот (22 декември) во 22:32 часот по Универзално Време (23:32 по наше), спејс шатлот Дискавери (Discovery) безбедно слета на пистата број 15 во Вселенскиот центар Кенеди (Kennedy Space Center).
Командантот на мисијата Марк Полански (Mark Polansky) и неговите колеги ја завршија 13-дневната вселенска мисија, која во НАСА ја прогласија како најкомплицирана до сега, кога станува збор за спејс-шатлите. За време на мисијата тие инсталираа нов погонски дел на ISS, го поправија системот за снабдување со енергија доведувајќи го до трајно решение, донесоа нов залихи на ISS, а го донесоа и новиот член на екипажот на ISS, Сунита Вилијамс (Sunita Williams), наместо астронаутот на ESA Томас Рајтер (Thomas Reiter), кој на ISS беше 6 месеци.

Астронаутика Sts116_land_02
Фотографија од слетувањето на шатлот Дискавери на Флорида

Оваа мисија на некој начин претставуваше подготовка за следните мисии, со кои треба да се вградат нови соларни панели, модули и интернационални лаборатории. Наместо планираните 3 вселенски прошетки, заради непланираниот проблем што го имаа со еден од соларните панели, астронаутите изведоа 4 прошетки. Автоматскиот систем за развлекување на соларните панели потфрли, најверојатно заради зрачење испуштено при неодамнешна сончева експлозија.
Рајтер изврши подготовки за вградувањето на Колумбо модулот (Columbus module), кој треба да пристигне на ISS наредната година, со првото лансирање на беспилотното транспортно летало на ESA наречено Автоматско возило за транспорт (Automated Transfer Vehicle).

Астронаутика Isspost116_02
ISS фотографирана од еден од астронаутите на Дискавери, откако шатлот се одвои од Станицата

Поради временските услови, слетувањето на Дискавери можеше да се случи и на другите алтернативни писти во Калифорнија и во Ново Мексико. Не знаејќи каде да го насочат шатлот, се чекаше неколку часа за да се види како ќе се развиваа временската ситуација. Слетувањето на Флорида значително ги намали трошоците и потребното време за да се подготви Дискавери за следниот негов лет, кој е планиран за октомври 2007 година.
NASA планира уште околу 13 мисии на шатлот за да се заврши ISS, сè до неговото пензионирање во септември 2010.

**prevzemeno od www.astronomija.com.mk **
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedПет Дек 29 2006, 19:19

Да смениме агол
Како изгледа лансирање на Шатл, видено од една сосема поинаква перспектива од онаа на која сме навикнале.
Астронаутика BF5117B3DDA0CC4D84C241E2FF889838
Астронаутика CE48B0CA449EAA49B79E9734EC9E6BC1

Снимено од Меѓународната вселенска станица.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedПет Дек 29 2006, 19:42

ЈАКО
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedПет Дек 29 2006, 19:43

е да! закон! Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСаб Јан 06 2007, 00:33

Успешно лансиран вселенскиот телескоп COROT

На 27 декември, во точно 14:23 часот (GMT), од космодромот Бајконур беше извршено првото ланирање на новата Soyuz 2-1b ракета, кој со себе го понесе вселенскиот телескоп COROT. Околу 50-тина минути подоцна, телескопот без проблеми бил поставен во својата финална орбита околу Земјата.

Астронаутика Corot_art2
Уметнички приказ на новиот вселенски телескоп COROT

COROT (Convection Rotation and Planetary Transits) е опремен со инструмент чија задача ќе биде да врши прецизни мерења на интензитетот на светлината на ѕвездите во потрага по нови екстрасоларни планети. Телескопот ќе врши редовни набљудувања на околу 120 000 ѕвезди, барајќи и најмали промени во интензитетот на нивната светлина, кои би можеле да бидат предизвикани од транзит на матична планета во системот. Повеќе за оваа мисија може да прочитате во веста „Се подготвува лансирање на нов ловец на планети“, која ја објавивме минатиот месец, во очекување на ова лансирање.
Инаку, ова беше првото лансирање на новата ракета од типот Soyuz 2-1b, која е опремена со помоќен мотор за третата фаза и со дигитален систем за контрола.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСаб Јан 06 2007, 00:33

Среќен роденден, Спирит!

Астронаутика Opportunity_Rover
Малото роверче Спирит, кое одамна ги надмина очекувањата и на најголемите оптимисти, вчера ја започна четвртата година на активно истражување на Марс. Спирит се спушти на црвената планета на 3 јануари 2004 година и од тогаш неуморно ни испраќа фотографии и податоци, кои ни помогнаа малку подобро да го разбереме нашиот вселенски сосед. Овој ровер досега помина 6,9 километри, а на Земјата испрати околу 88 500 фотографии. Во моментов се наоѓа на едно ритче во близина на кратерот Гусев, каде ги „топли“ своите соларни панели во очекување на Марсовата пролет.
Опортунити сè уште не го наполнил 3-иот роденден. Тој на Марс се спушти нешто подоцна од Спирит, на 24 јануари. До сега има изминато 9,8 километри, а испрати нешто повеќе од 80 700 фотографии. За разлика од Спирит, Опортунити работи со полна пареа, истражувајќи го големиот кратер Викторија.
Оваа неочекувано долга функционалност на роверите им даде можност на научниците во НАСА во неколку наврати да го надградуваат и подобруваат софтверот на роверите. Па така, на почетокот на новата година на роверите ќе им бидат испратени четири нови програми, кои ќе треба да ги „научат“ и да ги користат сами, во понатамошниот дел од мисијата.
Една од програмите ќе им овозможи на роверите сами да ги анализираат фотографиите и на нив да препознаваат одредени однапред назначени форми и структури, како на пример мали песочни бури или облаци во атмосферата. На тој начин, роверите сами ќе одберат кои фотографии да ги испратат на Земјата, а и ќе можат да вршат целно фотографирање, т.е. да ги „ловат“ бурите или облаците.
Со втората програма роверите ќе може да вршат „визуелно следење на мета“ (visual target tracking), т.е. ќе може да препознаваат различни форми и структури во својата околина или на хоризонтот, без разлика од кој агол ги набљудуваат. Другите две програми ќе ја зголемат независноста на роверите при нивното движење по површината на Марс, овозможувајќи им сами да проценат која патека е најдобра и наjмaлку ризична.
Новите софтверски надградби не само што ќе им ја олеснат работата на Спирит и Опортунити, туку ќе бидат и одличен тест за следната генерација на ровери, чиј претставник е MSL (Mars Science Laboratory), кој НАСА планира да го лансира во 2009 година.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedПон Јан 08 2007, 17:00

WASHINGTON - Two NASA space probes that visited Mars 30 years ago may have stumbled upon alien microbes on the Red Planet and inadvertently killed them, a scientist theorizes in a paper released Sunday.
The problem was the Viking space probes of 1976-77 were looking for the wrong kind of life and didn't recognize it, the researcher said in a paper presented at a meeting of the American Astronomical Society in Seattle.
This new report, based on a more expansive view of where life can take root, may have NASA looking for a different type of Martian life form when its next Mars spacecraft is launched later this year, one of the space agency's top scientists told The Associated Press.
Last month, scientists excitedly reported that new photographs of Mars showed geologic changes that suggest water occasionally flows there — the most tantalizing sign that Mars is hospitable to life.
In the '70s, the Viking mission found no signs of life. But it was looking for Earth-like life, in which salt water is the internal liquid of living cells. Given the cold dry conditions of Mars, that life could have evolved on Mars with the key internal fluid consisting of a mix of water and hydrogen peroxide, said Dirk Schulze-Makuch, author of the new research.
That's because a water-hydrogen peroxide mix stays liquid at very low temperatures (-68 degrees Fahrenheit), doesn't destroy cells when it freezes, and can suck scarce water vapor out of the air.
The Viking experiments of the '70s wouldn't have noticed alien hydrogen peroxide-based life and, in fact, would have killed it by drowning and overheating the microbes, said Schulze-Makuch, a geology professor at Washington State University.
One Viking experiment seeking life on Mars poured water on soil. That would have essentially drowned hydrogen peroxide-based life, Schulze-Makuch said. A different experiment heated the soil to see if something would happen, but that would have baked Martian microbes, he said.
"The problem was that they didn't have any clue about the environment on Mars at that time," Schulze-Makuch said. "This kind of adaptation makes sense from a biochemical viewpoint."
Even Earth has something somewhat related. He points to an Earth bug called the bombardier beetle that produces a boiling-hot spray that is 25 percent hydrogen peroxide as a defense weapon.
Schulze-Makuch acknowledges he can't prove that Martian microbes exist, but given the Martian environment and how evolution works, "it makes sense."
In recent years, scientists have found life on Earth in conditions that were once thought too harsh, such as an ultra-acidic river in Spain and ice-covered lakes in Antarctica. (мислам дека разбравте)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedВто Јан 09 2007, 16:41

НАСА ги најави првите елементи од своите долгорочни планови за Месечината

Кон средината на месец декември, НАСА ги откри првичните елементи од Глобалната стратегија за истражување и веќе предложената Американска лунарна архитектура - две критични алатки за постигнување на американската национална визија за враќање на човекот на Месечината.
Глобалната стратегија за истражување се фокусира на две важни прашања: зашто се враќаме на Месечината и што планираме да направиме кога ке стигнеме таму? Стратегијата вклучува и цел сет причини зашто да се вклучат обата ресурси - човечки и роботски - во истражувањето на Месечината.

Астронаутика Lunar_base_art
Уметнички приказ мисија со човечки екипаж на Месечината

Заменикот генерален директор на НАСА, Шана Дејл (Shana Dale), која го води и потикнува развојот на оваа долгорочна стратегија, изјави: „Оваа стратегија ќе им овозможи на заинтересираните нации да придонесат со своите можности, финансиски и технички, при тоа користејќи ги глобалното знаење и ресурси. Тоа ќе овозможи да се засили коодинираниот напор, кој ќе не вивне во една нова ера на откритија и истражување.“
НАСА го започна развивањето на Глобалната стратегија во април 2006, со цел таа да биде готова пред завршувањето на мандатот на Конгресот на Соединетите Американски Држави, како и за да се постигнат целите поставени во стратешкиот план на Агенцијата. Самата стратегија се развивала преку долги дијалози водени помеѓу повеќе од 1 000 индивидуи, меѓу кои експерти од НАСА и од 13 други агенции, како и од невладини организации. И експертите од Австралиската, Канадската, Кинеската, Европската, Индиската, Јапонската, Руската, Јужнокорејската и Украинската вселенска агенција го дале својот придонес во развојот на стратегијата.
Тимот за Лунарна архитектура при НАСА, инаку составен во мај 2006, заклучил дека би било најполезно да се развие лунарна база која ќе биде лоцирана во близина на половите на Месечината и која со енергија ќе се напојува од Сонцето. Ваква станица би и овозможила на НАСА да научи да ги користи природните ресурси на Месечината, да ги прави подготовките за патувањата кон Марс, како и да спроведува голем број на научни истражувања.
Како што е претходно замислено, првичните летови би биле со четиричлен екипаж, кој ќе спроведе седумдневни мисии на Месечината, се додека нивните извири на енергија, роверите и просториите за престој се оперативни. Првите мисии би биле околу 2020 година. Овие би биле следени од 180-дневни мисии, со кои би се правеле подготовки за патувањата кон Марс.
Предложената лунарна архитектура повикува на потребата од роботски мисии, кои ќе им претходат на човечките. Мисиите вклучуваат истражување на местото на слетување, извештаи за природните ресурси и намалување на технолошхите ризици на идните, човечки мисии.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 22:56

Следниот екипаж на ISS ги започна своите завршни подготовки

Минатата недела двајца астронаути на НАСА станаа нови жители на Ѕвездениот град, во близина на Москва, каде што треба да ги извршат последните подготовки за својот престој на Меѓународната вселенска станица (ISS). Даниел Тени и Клејтон Андерсон (Daniel Tani; Clayton Anderson) се двајцата Американци кои до крајот на оваа година ќе бидат дел од екипажите на ISS. Рускиот дел од екипажот ќе го сочинуваат космонаутите Фјодор Јурхикин и Олег Котов. Во следниве неколку недели во Центарот за обука во Ѕвездениот град ќе престојува и Американскиот бизнисмен Чарлс Симонји (Charles Simonyi) - новиот вселенски турист.

Астронаутика Exp15_press
Новите екипажи на ISS (од лево кон десно): Даниел Тени, Клејтон Андерсон, Чарлс Симонји (во средината), Олег Котов и Фјодор Јурхикин

Експедицијата 15, која од месец април ќе го превземе редовното одржување на Станцата, ја сочинуваат космонаутите Фјодор Јурхикин и Олег Котов. Тие ќе заминат на ISS со ракетата Сојуз TMA-10, која ќе биде лансирана од космодромот Бајконур, на 9 април оваа година. Со нив на ISS ќе отпатува и петтиот по ред вселенски турист, Симонји, чие патување го организираше агенцијата „Вселенски авантури“ (Space Adventures), во договор со Руската вселенска агенција. Симонји ќе престојува на Станицата една недела, а на Земјата ќе се врати со членовите на Експедицијата 14. Дени и Андерсон ќе престојуваат на Станицата малку подоцна, кон крајот на годината.

Јурхикин е ветеран во вселенските летови, додека за Котов ова е прво патување во Вселената. Овие двајца космонаути ќе поминат шест месеци на ISS, заедно со Американката Сунита Вилјамс, која веќе се наоѓа на Станицата, каде ја врши функцијата инженер на лет, како дел од Експедицијата 14.
Во меѓувреме, на 16 март се планира лансирање на спејс шатл мисијата STS-117, која на Станицата треба да испорача нови соларни панели.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 23:03

2007 - година на Месечината за Кина и Јапонија

Астронаутика Mesecina_250
Нови мисии кон Месечината во 2007 година

На сите оние кои барем малку ги следат случувањата во астрономијата познато им е дека следната важна дестинација во вселенските истражувања е Месечината. Сите поголеми и помоќни вселенски агенции веќе неколку години работат на мисиии, кои се насочени кон нашиот единствен природен сателит. Токму 2007-ма ќе биде првата година кога ќе видиме лансирање на неколку лунарни мисии, со кои човекот полека, но сигурно ќе се врати на Месечината.
Оваа година ќе биде особено важна за вселенските агенции на Кина и Јапонија, кои први ќе ги лансираат свои научни сонди кон Месечината. Другите агенции, меѓу кои НАСА, ЕСА и вселенската агенција на Индија, лансирањето на своите мисии ќе го почнат нешто подоцна, т.е. од 2008 година.
Првото лансирање би требало да го изведе Кина. Подготовката на нивниот лунарен орбитер, наречен Чанг 1 (Chang I), веќе е во завршна фаза. Според планот, лансирањето ќе се изврши во месец април со ракета од типот Long March 3A. Како и секогаш, Кинезите се доста таинствени, па така не се објавени детални информации за бројот и типот на инструменти што орбитерот ќе ги понесе со себе. Сепак, јасни се целите на оваа мисија: да се изработат квалитетни 3D фотографии од површината на Месечината, да се мапира дистрибуцијата на 14 т.н. корисни хемиски елементи, да се направи прецизна мапа на површинската температура на Месечината, да се процени дебелината на месечинската кора, како и да се испита вселенскиот простор помеѓу Земјата и Месечината.
По лансирањето Чанг 1 ќе помине 8 часа во орбита околу Земјата, а потоа ќе биде насочен кон Месечината, каде треба да пристигне за 114 часа. Мисијата треба да трае една година. Инаку, овој орбитер е првиот чекор кон Месечината за Кинезите. Лунарната програма што тие ја планираат ќе се реализира во следните 10 години, а вклучува и лансирање на ровер, како и мисија за враќање на примероци од почвата на Месечината.
Потоа следува Јапонија. Јапонската вселенска агенција (JAXA) подготвува лансирање на свој национален орбитер во текот на ова лето. Мисијата е наречена SELENE (SELenological and ENgineering Explorer), и ќе биде лансирана со ракета од типот H-IIA. Таа вклучува еден главен орбитер и две помали вселенски сонди, кои треба да го проучуваат гравитационото поле на Месечината.

Астронаутика SELENE_prelaunch
Завршни подготовки на орбитерот SELENE

SELENE, исто така, е едногодишна мисија, за кое време треба да се проучи дистрибуцијата на различни хемиски елементи и минерали по површината на Месечината, да се испита нејзината подповршинска структура, гравитационото поле, како и остатоците од магнетното поле на Месечината. Интересно е тоа што орбитерот ќе биде опремен со телевизиска камера со висока резолуција, која треба да го сними изгревањето на Земјата над месечинскиот хоризонт. Инаку, оваа мисија е опишана како најголемата лунарна мисија по циклусот на Аполо мисиите.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСаб Јан 13 2007, 16:02

НАСА конечно ќе користи метрички систем

Астронаутика NASA_logoНАСА неодамна објави дека за новата програма за Месечината повеќе нема да се користат инчи и милји, туку сантиметри и километри. Оваа одлука се должи на зачестената соработка помеѓу различните вселенски агенции и потребата за нивна полесна комуникација.
Уште во почетокот на деведесеттите, НАСА почна постепено да ги заменува англиските мерки со метрички, иако во Меѓународната вселенска станица НАСА сè уште користи и англиски и метрички систем. Но, употребата на два системи истовремено донела и бројни проблеми. Во 1999, сондата Марсов климатски орбитер (MCO - Mars Climate Orbiter) беше целосно загубена бидејќи изведувачот на работите ги доставил податоците за активирање на потисниците во англиски мерки, а НАСА ги пресметувала во метрички единици (за повеќе околу овој и други слични киксови кликнете тука).
Оваа одлука на НАСА следува по серија на состаноци со 13 други вселенски агенции ширум светот, кои користат метрички систем. Помеѓу другото, на овие состаноци било разговарано и за можната употреба на Интернет протоколи за комуникација со Месечината, што значително би го олеснило евентуалното учество на помали компании кои веќе се занимаваат со интернет комуникации.
Официјалните лица од НАСА ја толкуваат оваа одлука како нивни гест на подготвеност за соработка, кога станува збор за мисиите на Месечината.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Јан 17 2007, 20:52

Можна ли е изградба на летало со погон на антиматерија?

Најголемиот дел од вселенските бродови, кои ги гледаме во научно-фантастичните филмови, како гориво користат антиматерија. Тоа произлегува од една добра причина - таквото гориво дава најмногу енергија. Додека во денешни услови би биле потребни тони хемиско гориво, за да се придвижи една мисија со човечки екипаж до Марс, само десетици милиграми од антиматерија ќе ја завршат истата работа (еден милиграм е околу една илјадитинка од тежината на едно зрнце од бонбончињата „Бони Топ“).
Како и да е, во реалноста оваа енергија доаѓа со голема цена. Некои реакции на антиматерија произведуваат високоенергетско гама зрачење. Тоа ти е како да ги поттикнете Х-зраците да земаат стероиди, што значи многу повеќе зрачење отколку што човекот може да поднесе, а тоа да не влијае врз неговото здравје. Гама зраците ја пробиваат материјата и ги кршат молекулите во јадрата, па затоа не е многу препорачливо да сте во околина каде што има такво зрачење. Сите ги знаеме последиците од нуклеарната експлозија во Чернобил, каде што беа загубени илјадници животи, а најголема причина за тоа беше токму штетното гама зрачење.
Но, не е само тоа. Последиците од едно вакво зрачење остануваат врежани во местото каде што се создале со илјадници години. Високоенергетските гама зраци можат да го направат металот радиоактивен (тука влегуваат моторите кои треба да ја сплотат антиматеријата и материјата при нивната реакција), фрагментирајќи ги атомите на материјалот од кој е направен моторот.

Астронаутика Nuclear_thermal
Дизајн на рaкета на нуклеарно и термално гориво

Институтот за напредни концепти на НАСА (NIAC - NASA's Institute for Advanced Concepts) финансиски ја поддржува програмата на тимот кој треба да го направи дизајнот на првото летало кое ќе има погон на антиматерија, но кое ќе треба да го нема споредниот ефект на произведување на гама зраци.
Антиматеријата понекогаш ја нарекуваат „огледало на нормалната материја“, затоа што иако изгледа исто како и нормалната материја, некои од нејзините карактеристики се обратни. На пример, нормалните електрони (познатите честички кои ја спроведуваат електричната струја во сите направи, од мобилни телефони, па до плазма телевизори) имаат негативен електричен полнеж. Анти-електроните имаат позитивен полнеж, па научниците ги викаат „позитрони“.
Кога антиматеријата доаѓа во контакт со материјата, тие двете се анихилираат (т.е. поништуваат) во блесок на енергија. Оваа целосна преобразба во енергија е тоа што ја прави антиматеријата толку моќна. Дури и нуклеарните реакции, кои ја даваат енергијата во атомските бомби, конвертираат само 3% од својата маса во енергија.
Претходните дизајни на вселенски бродови (барем тие во филмовите) вклучуваа антипротони во равенката, кои, кога ќе се анихилираат, произведуваат високоенергетски гама зраци. Новиот дизајн ќе вклучува позитрони, кои исто така произведуваат гама зраци, но со 400 пати помала енергија. Студијата на NIAC е прелиминарна, со цел да се види дали оваа идеја е изводлива. Доколку изгледа ветувачки, и доколку бидат достапни доволно финансии за да се развие потребната технологија, ќе се зголемат шансите за праќање на човечки екипажи до Марс. Мисијата која треба да ги одведе првите луѓе до Марс се нарекува MRM - Mars Reference Mission.
Најважната предност ќе биде зголемување на сигурноста. Според сегашните планови, мисиите до Марс како придвижувач на леталото би користеле нуклеарен реактор, кој го намалува потребното време за пат до Марс, и така зголемувајќи ја безбедноста за екипажот со тоа што ќе се намали времето на изложеност на космичките зраци. Исто така, едно летало на хемиски погон би тежело многу и неговото лансирање би чинело многу повеќе. Реакторот би овозможил енергија која е потребна за тригодишната мисија до Марс.
Но, нуклеарните реактори се многу комплексни, па поради тоа многу работи потенцијално би можеле да излезат надвор од контрола. Од друга страна, пак, позитронскиот реактор ги дава истите можности, а е релативно едноставен. Друга негативност на нуклеарните реактори е тоа што тие остануваат радиоактивни и откако ќе се потроши нивното гориво. Откако вселенското летало би пристигнало на Марс, според плановите на мисијата, реакторот ќе биде насочен во орбита која нема да ја пресече орбитата на Земјата, барем, во наредните милион години, кога резидуалната радијација би се намалила на безбедно ниво. Во позитронскиот реактор нема остаток од радијација откако ќе биде потрошено горивото, па затоа и нема безбедносни грижи доколку потрошениот позитронски реактор ненадејно навлезе во атмосферата на Земјата.
Леталото ќе биде и побезбедно за лансирање. Доколку ракета што носи нуклеарен реактор експлодира, може да ослободи радиоактивни честички во атмосферата. Кога би експлодирал позитронски реактор, тој ќе ослободи блесок од гама зраци, но гама зраците би исчезнале уште веднаш. Нема да има никакви радиоактивни честички, кои би биле разнесени од ветрот. Блесокот, исто така, би бил ограничен во еден мал простор. Опасната зона би била само во радиус од еден километар во околината на леталото. Една обична ракета на хемиско гориво има безбедносна зона со приближно исти димензии, поради големата огнена топка која би настанала при експлозијата.

Астронаутика Antimatter_rocket
Футуристички изглед на една ракета, која би била придвижувана на погон на антиматерија.

Уште една предност, која може да се наведе кај овие позитронски реактори, е брзината. Леталото од мисијата MRM би ги однело астронаутите до Марс за околу 180 дена. Напредните дизајни, како што се „гасовитото јадро“ и „аблативните мотори“, би можеле да ги однесат астронаутите до Марс за половина од тоа време, а можеби дури и за 45 дена.
Напредните мотори ја даваат оваа предност затоа што работат при големи температури, со што се зголемува нивната ефикасност - „специфичен импулс“ (Isp). Isp се пресметува според тоа колку „милји по галон“ од ракетно гориво е потребно: што поголем Isp, толку побрзо може да се движите, пред да го потрошите горивото (се извинувам за американските мерни единици, ама студијата е американска, па и мерките се нивни. За соодветните вредности на единиците мерки според SI системот, погледнете на крајот од текстот).
Најдобрите хемиски ракети, како што е главниот мотор на спејс шатлот, го достигнуваат својот максимум околу 450-тата секунда, што значи фунта гориво ќе прозведе една фунта потисок цели 450 секунди. Нуклеарен или позитронски реактор може да достигне повеќе од 900 секунди. Аблативниот мотор, кој пополека испарува за да произведе потисок, може да достигне и до 5 000 секунди.
Техничкиот предизвик во градењето на летало на позитронски погон е трошокот за да се произведат позитрони. Поради спектакулрниот ефект врз нормалната материја, нема многу антиматерија која може да ја најдете во просторот. Во Вселената таа се создава при судари на многу брзи честички, наречени космички зраци. На Земјата мора да бидe произведенa во специјални машини наречени „забрзувачи на честиски“ (particle accelerators) - огромни машини во кои се врши судир на атоми. Овие машини најчесто се користат за да се открие како Универзумот опстојува на длабоко, фундаментално ниво. Но, можат и да се користат и како произведувачи на антиматерија.

Астронаутика CERN%20particle%20accelerator
Забрзувачот на честички при институтот во Церн, на границата помеѓу Швајцарија и Франција. Големиот круг го претставува големиот забрзувач на честички, чија вкупна должина изнесува 27 km.

Според груба проценка, за да се произведат тие 10 милиграми позитрони, потребни за една човечка мисија до Марс, потребно се околу 250 милиони долари, користејќи технологија која моментално е во изградба. Овој трошок можеби изгледа голем, но мора да биде спореден со додатниот трошок, кој се прави за да се лансира една хемиска ракета (сегашните лансирања вредат околу 20 000 долари по килограм товар) или трошокот за да се наполни и да биде безбеден еден нуклеарен реактор. Гледајќи од искуствата со нуклеарната технологија, би било разумно да се очекува цената при производството на позитрони да се намали како што се зголемуваат истражувањата.
Астронаутика NiTi_particle-accelerator
Изгледот на внатрешноста каде што се наоѓа еден забрзувач на честички. За да може да се контролираат атомите се користат супермагнети. Кај овој забрзувач се користи суперспроведувачки магнет, направен од ниобиум и титаниум.

Друг предизвик е складирањето на доволно позитрони во еден мал простор. Бидејќи тие се анихилираат со нормалната материја, не можете едноставно да ги сместите во едно шише. Наместо тоа, тие би морале да бидат ограничени во просторот со помош на електрично и магнетно поле. Истражувачите веруваат дека, со доволно посветеност и добра програма за развој, овие предизвици ќе бидат надминати.
Доколку сето ова стане реалност, можеби првите мисии со човечки екипаж до Марс ќе пристигнат со всленски летала со истиот погон како во научно-фантастичните филмови, кои на истиот начин ја спознаваат целата Вселена. Колку и да изгледа фантастично од денешна гледна точка, сепак, „Стар Трек“ и другите филмови се остварливи.
За мерните единици:
1 милја = 1,609 km
1 галон (САД) = 3,785 m3
1 фунта (САД) = 0,453 kg
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСаб Јан 27 2007, 20:38

Неколку основни податоци од областа на Астронаутиката!
Астронаутика

Од секогаш човекот вртејќи го својот поглед кон небото се восхитувал на сите појави што се случавале таму горе, а истевремено плашејќи се си поставувал многубројни прашања. Најчесто поставувано прашање било што се тие светли точки на небото, зошто Месечината секојдневно го менува својот изглед, дали таму некаде постои некој кој живее и размислува и слично. Во тоа време се јавува и желбата да се појде во таа бескрајна небесна шир да се види и соочи со се што е таму. Одговори имало многу и тоа најчесто религиозни поврзани со страв, философски поврзани со празноверие и слично. Меѓутоа кога е започнато научното трагање за вистината на пространата небесна шир работите го добиле вистинскиот редослед.
Астронаутика Voyager
леталото Војаџер

До денес човештвото продре во небеските свери, испрати сателити, се качи на Месечината, Војаџер и Пионер го напуштија Сончевиот Систем, а во наредната декада се планира и посета на Марс. Но да се вратиме во историјата и да погледнеме како е дојдено до овие резултати.
Кинезите се први луѓе кои знаеле за барутот, а од таму бил донесен во Европа некаде околу 4 век од нашата ера. Најстарите податоци кажуваат дека кинезите користеле ракетни огнени топки против монголите во 13 век за одбрана на својата територија. Овие ракети имале слаба убиствена моќ но, имале голем ефект во заплашување на непријателот и потпалување на теренот околу него.
Во Индија во 18 век е оформена дури и ракетна единица, а на Балканските простори е забележано дека Србија во првото востание против Турците во 1804 година користела слични ракети при опсадата на Шабац. Сите овие ракети како гориво го користеле барутот.
Како моќно оружје ракетите се афирмираат во втората светска војна. Познати се советските каќуши кој многу допринеле во победата кај Сталинград, а исто така и ракетите воздух земја кои први ги користеле советите, а по нив и американските и англиските војници. Во Германија во 1939 год. се развива еден проект наречен А-4, подоцна познат по името ФАУ-2. Во октомври 1942 год за прв пат е успешно лансирана ракетата ФАУ-2 со прелет од 193 км, а веќе во 1943 год. ракетите на големо паѓаат на Лондон правејќи огромни штети.
Астронаутика !fau2
Ракетата Фау 2 од 1939год

Во јануари 1945 год е лансирана и првата континентална балистичка ракета која достигнувала висина од 80 км. По капитулацијата на Германија проектот ФАУ-2 паѓа во Американски раце и таму се почнува со развој на овој тип на ракети. Така на 22.3.1946 год во Америка е лансирана ракета која достигнала висина од 80 км. Од позначајните датуми кои што нешто значат во историјата на астронаутиката треба да се споменат:
Астронаутика !sputnik1
првото вселенско летало Спутник 1

- 14.10.1947 - американскиот пилот Чарлс Јегер лета за прв пет побрзо од звукот
- 10.10.1948 - лансирана првата интер континентална балистичка ракета Р-1 конструирана од советскиот научник Сергеј Королев
- 20.10.1953 - американскиот пилот Скот Крисфилд со авионот „Скај Рокет“ лета два пати побрзо од звукот (2 маха)
- 27.09.1956 - американскиот пилот Милбурн Апт лета три пати побрзо од звукот, а со истиот авион пилотот Ајвин Кинчл постигнува висина од 38466 метри.
- 21.09.1957 - СССР лансира прва меѓуконтинентална балистичка ракета која подоцна станува основа за лансирање на првиот вештачки земјин сателит
- 04.10.1957 - СССР го лансира првиот земјин вештачки сателит наречен Спутник-1
- 31.01.1958 - САД го лансира својот прв вештачки земјин сателит Експлорер-1

Космички брзини и космодроми
Во дваесеттите години од минатиот век кај конструкторите на ракети се појави идејата дека бензиските и дизел моторите би можеле да бидат главни генератори за придвижување на ракетите. Тие сметале дека со дирекно додавање на чист кислород во карбураторот (на висина поголема од 5000 метри надморска висина, м.н.в., овие мотори не би работеле зошто нема кислород) и со зголемување на силата на овие мотори би можело да се полета. Вакви идеи постоеле скоро во сите земји кои се стремеле да производат ракети но, набргу овие идеи биле отфрлени зошто е утврдено дека со овој тип на мотори не може да се постигне потребната брзина. За главен конструктор на современите ракети се смета рускиот научник и конструктор Константин Едуардович Циокловски.
Во еден негов запис тој има забележано: едностепена ракета би морала да има 4 пати повеќе гориво од тежината на сопствената конструкција за да може да постигне брзина од 7,92км/сек.,т.е. за да се одвои од земјината гравитација. Ваква ракета не е можно да се направи и затоа би морале да се конструираат повеќестепени ракети. Идејата е математички докажана и преставува основа при конструкцијата на ракетите. Тоа значи дека откако ќе се потроши горивото во првиот степен, резервоарите и моторите се отфрлаат за да не преставуваат товар во понатамошниот лет. За една ракета да биде вештачки земјин сателит таа мора да развие брзина од 7,92км/сек., а тоа е т.н. првата космичка брзина.
Што всушност преставува тоа? Да претпоставиме дека Земјата е идеална топка слична на топка од билијард, а отпорот на воздушната обвивка е еднаков на нула. Ако испалиме топовско ѓуле кое ќе се движи со брзина од 7,92км/сек, истото ќе стане земјин вештачки сателит. При оваа брзина доаѓа до изедначување на силата на гравитација и центрифугалната сила, односно тие се наоѓаат под агол од 90 степени и овозможува предметот да се движи без да падне на Земјата и да не може да се одвои од земјината гравитација.
Брзината од 7,92км/сек е математички пресметана на висина од еден метар од земјината површина без воздушна обвивка, а Земјата е земена како идеална топка. На висина од 300 до 400км од Земјата воздухот е за околу милијарда пати поредок отколку на површината, па нормално и првата космичка брзина е нешто помала. Значи кога ракетата ќе достигне брзина од 7,92км/сек таа станува вештачки земјин сателит. Зголемувањето на брзината на ракетата може да оди до 11,2км/сек. При оваа брзина лакот на движење, кој до тогаш бил параболичен, поради големата брзина се претвара во хиперболичен и ракетата се одвојува од земјината гравитација. Ова е т.н. втора космичка брзина. При брзина од 16,67км/сек ракетата може да го напушти и Сончевиот Систем. Ова е т.н. трета космичка брзина.
Треба да се напомене дека сите лансирања на сателити и космички бродови од космодромите се врши во правец кон исток, бидејќи така се искористува земјиното забрзување, кое изнесува 465м/сек на екваторот и 335м/сек на 45 напоредник северна и јужна географска ширина. Во поново време се лансираат и сателити во правец кон половите но, за тоа е потребно многу повеќе енергија и помоќни агрегати. Местата од каде се лансираат вселинските летала се наречени космодроми. Во светот најпознати се космодромите Кејп Канаверал во САД и космодромот Бојконур, кој се наоѓа во Казахстан, а припаѓа на Русија.
Астронаутика !kosmodrom--francuska-gvaja
Космодромот Гуру во Француска Гвајана

Покрај овие два постојат и други од кои попознат е францускиот. Тој се наоѓа на северниот дел од Јужна Америка, во Француска Гвајана. Космодроми за лансирање на телекомуникациски, навигациони и слични сателити има во Кина, Индија и Јапонија.
За градба на космодромите покрај стандардните услови за инфраструктурата се бараат и низа специфични географски услови. Еден од нив е да се биде поблиску до екваторот за да се искористи земјиното забрзување од 465м/сек, а другиот е да нема населени места во правците кај се лансираат леталата. За пример Аполо 12 во првата фаза на одвојувањето на моторите (на висина од 66,7км и брзина од 2,37км/сек), деловите од моторот паднале околу 675км од космодромот. Деловите од вториот мотор (на висина од 189км и брзина од 6,6км/сек) паднале на 4540км источно од космодромот. И кај двата најголеми космодрома во светот Кејп Канаверал и Бојконур источните страни се ненаселени. Во првиот случај тоа е океан, а во вториот многу ретко населена пустина.
Астронаутика !explorer1
леталото Експлорер 1

Од таму се лансирани и првите два вештачки сателити: Спутник 1 на 04.10.1957 од Бојконур и Експлорер 1 на 31.01.1958 од Кејп Канаверал.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Јан 31 2007, 01:35

MESSENGER по вторпат ја нишани Венера

Додека луѓето во целиот свет беа зафатени со дочекот на новата година, за операторите и научниците кои го надгледуваат текот на мисијата MESSENGER (MErcury Surface, Space ENvironment, GEochemistry and Ranging), упатена кон планетата Меркур, немаше време за одмор и славење. Напротив, во центарот се работело во три смени, а причини за тоа имало доста.
Астронаутика Messenger_jan07
Сондата Месенџер (MESSENGER) беше лансирана во 2004 година, а до Меркур ќе стигне дури во 2011 (уметнички приказ)

Требало да се извршат подготовки за тринаесеттиот маневар за корекција на патеката на леталото (TCM–13), прв откако сондата помина покрај планетата Венера во октомври минатата година. Маневарот бил успешно завршен на 2 јануари, и леталото е поставено на патека која повторно ќе го донесе во близина на Венера на 5 јуни 2007 година.
За првпат вклучувањето на моторите било изведено во три дела, со цел чувствителните делови од сондата да се заштитат од прекумерно директно изложување на Сончевите зраци, што би довело до нивно прегрејување. Инаку, од штетното Сончево зрачење леталото го штити посебно изработен „чадор“.
MESSENGER во моментов се наоѓа на околу 130 милиони километри од Сонцето. Првиот маневар траел 1670 секунди (27 min. и 50 s.), вториот 97 секунди, а третиот 1640 секунди (27 min. и 20 s.). Сите маневри биле изведени во период од околу 6 часа. Со нив ќе се овозможи сондата да направи разни снимања на Венера во јуни годинава, кога леталото за последен пат ќе помине покрај планетата и ќе добие дополнително забрзување кон својата конечна цел, Меркур.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСаб Фед 03 2007, 15:44

Престана да работи главната камера на Хабл

На почетокот на оваа недела, НАСА соопшти дека главната камера на вселенскиот телескоп Хабл, Напредната камера за набљудување (ACS, Advanced Camera for Surveys), престанала да функционира правилно. Проблемите биле забележани уште кон крајот на минатата недела, кога телескопот го активирал заштитниот протокол и се поставил во т.н. „заштитна“ (safe mode) фаза. Првичните анализи покажуваат дека се работи за проблем со напојувањето со електрична енергија во еден ден дел од камерата.
Астронаутика ACS_prelaunch
Камерата ACS, фотографирана во 2002 година, пред да биде инсталирана на Хабл

Инаку, ACS камерата работи на помошниот систем за напојување уште од 30 јуни минатата година, кога инженерите на НАСА беа принудени да го исклучат примарниот систем, заради внатрешни проблеми. Во моментов, една од можните опции за решавање на проблемот е повторно да се вклучи примарниот систем за напојување со електрична енергија, со цел да продолжат набљудувањата со камерата, макар што со намален интензитет. Хабл ќе продолжи со работа во следниве неколку дена, користејќи ги другите инструменти.
Во меѓувреме, составена е специјална комисија од експерти, која треба детално да го разгледа проблемот со камерата и да понуди најдобро оптимално решение најдоцна до 2 март. Во НАСА изјавуваат дека е сè уште рано да се шпекулира какви последици ќе има овој нов проблем врз подготовките за следната сервисна мисија кон Хабл, која е планирана за септември 2008.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedВто Фед 06 2007, 21:44

Моќната камера на MRO

Камерата HiRISE на вселенското летало MRO (Mars Reconnaissance Orbiter), кое од март минатата година орбитира околу црвената планета, е најсилниот телескоп кој досега ја напуштил Земјината орбита. Во средината на јануари, астрономите ја насочиле оваа камера кон планетата Јупитер, и успеале да направат извонредни фотографии. На нив може да се видат многу детали во атмосферата на Јупитер, а направени се и снимки на четирите Галилееви сателити.
Астронаутика !Jupiter_MRO_jan2007
Јупитер, фотографиран од камерата на MRO. За поголема резолуција, кликнете на фотографијата (67 КВ)

Со оглед на тоа што Марс во моментов се доближува кон Јупитер, една ваква фотографија може да се споредува со сликите што ги прави Хабл, кој орбитира околу нашата планета.
Астронаутика Planeti_jan2007

Положбата на внатрешните планети на Сончевиот систем во месец јануари 2007 година

Инаку, MRO е летало кое е испратено да го набљудува Марс, поставено во негова орбита. Со својата моќна камера, леталото досега успеа да направи многу фотографии од површината на планетата, кои покажуваат фини детали. Пред неколку месеци, во еден од кадрите успеа да го улови и роверот Опортунити, кој беше стациониран на работ на кратерот Викторија. За да видите ровер, кој има големина на едно помало возило, од орбитата на една планета, мора да имате навистина софистицирана и моќна камера, зарем не?

превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Фед 07 2007, 00:03

еј смајли конечно можам да се вратам на форум ! еве да не помислиш дека не читам веке да ти пишам нешто Very Happy

ова со јупитер и марс ... имаш уште слики да се видат од некаде ? Razz
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Фед 07 2007, 22:07

абе еве ти линк и глеј слики колку ти душа сака! пошто не можам да ги извадам од таму! --- http://mars.jpl.nasa.gov/mro/
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedСре Фед 07 2007, 22:52

ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ !!!! ФАЛА !!!
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedЧет Фед 08 2007, 12:39

Нема проблем! тоа ми е работа!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_minipostedЧет Фед 08 2007, 21:31

Може ли астронаут да орбитира околу шатл?

За да одговориме на ова интересно прашање, прво мора малку се запознаеме со теорија. Во науката проблемот на гравитационо меѓудејство на три тела е познат како многу сложен проблем. За негово решавање потребно е да се дефинира нешто што се нарекува Хилова сфера. Овој поим своето име го добил по американскиот научник од областа на небесната механика од XIX век, Џорџ Хил (G. H. Hill; 1838 – 1914). Тој успеал да ја пресмета приближната сфера на гравитационото привлекување на помало тело, кое ротира околу поголемо. Како пример може да се земе шатл кој орбитира околу Земјата, или Земјата околу Сонцето. Формулата за пресметуваље на Хиловата сфера е:
Астронаутика Formula

каде,
rH е радиусот на Хиловата сфера околу помалото тело;
a е оддалеченоста на орбитата на помалото тело од поголемото тело;
m е масата на помалото тело;
M е маса на поголемото тело;
За да покажеме за што всушност се работи, ќе ја пресметаме Хиловата сфера за Земјата. За тој случај, ќе земеме дека оддалеченоста од Сонцето (а) е 149,6 милиони километри, масата на Земјата (m) е 5,97 x 1024 kg, а масата на Сонцето (M) е 1,99 x 1030 kg. Кога ќе ги внесеме овие вредности во горната равенка, ќе ја добиеме вредноста на Хиловата сфера за Земјата, која изнесува 1,5 милиони километри, или 0,01 а.е. (астрономски единици). Тоа значи дека сферата на влијанието на нашата планета е во рамките на овој радиус од 1,5 милиони километри. Нашата Месечина се наоѓа на средно растојание од 384 000 километри од Земјата, што е само 25% од радиусот на сферата на влијанието.
Пресметаната вредност за Хиловата сфера на Јупитер изнесува 5,3 милиони километри, што го објаснува големиот број на сателити кои орбитираат околу оваа планета, како и нејзиното силно влијание врз кометите во Сончевиот систем. Сепак, заради неговата оддалеченост од Сонцето, најголема Хилова сфера има планетата Нептун, и тоа од дури 116 милиони километри.
Астронаутика Kosmonaut_ESA
Но, да се вратиме на проблемот со нашиот астронаут и шатлот.
Да земеме дека масата на шатлот е m = 10 600 kg, а масата на Земјата M = 5,97 x 1024 kg. Вообичаената висина на која шатлот орбитира е 300 километри над површината на Земјата, на што мора да го додадеме и радиусот на нашата планета, кој изнесува 6 367 километри, па така оваа вредност ќе изнесува 6 667 km. Преку примена на формулата, за Хиловата сфера на шатлот се добива вредноста 0,56 метри.
Тоа значи дека сферата на гравитационо влијание на шатлот се протега до само половина метар околу неговото тежиште. Повеќе од јасно е дека астронаутот е многу подалеку од ефективното делување на Хиловата сфера на шатлот, и дека нема никакови шанси тој да орбитира околу него.
Но, секогаш има едно „но“. Доколку шатлот се оддалечи на многу поголемо растојание од Сонцето, тогаш вредноста на неговата Хилова сфера би била поголема, па би постоела шанса астронаутот да може да орбитира околу него. Во идните мисии длабоко во Вселената еден ваков ефект би можел да стане и реален феномен, па астронаутите би можеле да си орбитираат околу своите матични летала. Се разбира, тоа ќе важи само за масивни вселенски летала, кои се наоѓаат далеку од влијанието на матичните ѕвезди или планети.
превземено од www.astronomija.com.mk
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Sponsored content





Астронаутика Empty
ПишувањеПредмет: Re: Астронаутика   Астронаутика Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Астронаутика
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: