Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Филмски замнимливости

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Филмски замнимливости   Пет Дек 29 2006, 17:40

Епа видов дека Столе многу сака да отвара теми ама не баш може да се врти некоја голема дискусија околу нив па еве се интересно што било кој ќе види не мора да отвара нова тема само нека стави овде! Smile Smile Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Пет Дек 29 2006, 21:42

Ova e pametno moite temi so sum gi otvoril se se nekoi imnformacii i nema so da se vrti muabet okolu niv a sekogas se trudev da gi smestam negde ama ocigledno slabo ali eve sea ke ima kade:D:D
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Пет Дек 29 2006, 21:46

Еве сеа имаш место! Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Саб Дек 30 2006, 18:49

Најстариот филм за Македонија, за којшто досега се знае, е „Колежите во Македонија“ („Massacres de Macedoine“), снимен во продукција на компанијата „Браќа Пате“ (Pathe freres) од Франција. Филмот бил долг 35 метри, а неговото прикажување траело околу 2 минути. „Колежите во Македонија“ е снимен во студијата на компанијата „Браќа Пате“ во Венсан, близу Париз. Значи не станува збор за документирање на автентични настани и личности, туку за снимки на исценирани и режирани дејствија кои ги толкувале актери. Од фотографијата која е објавена во Каталогот на компанијата се стекнува впечаток дека настанот содржински, сценографски и костимографски е уверливо реконструиран. И најверојатно кај гледачите филмот оставил впечаток дека набљудуваат автентични филмски снимки. Освен во Франција „Колежите во Македонија“ е прикажуван и во Велика Британија, но под наслов „Турски суровости“ („Atrocites turques“). Ова атрактивно остварување стигнало и на Балканот. Во 1904 година филмот бил прикажан во Љубљана, а потоа и во Белград. Немаме сретнато податок дали е прикажан кај нас. Но, заради компромитирачките сцени за Отоманската империја, во чиј состав сe уште била Македонија, тешко е да се претпостави дека некој прикажувач би се изложил на толкав ризик пред овдешната публика да прикаже таков филм.
Првите автентични документарни филмови во Македонија ги снимил Чарлс Рајдер Нобл (Charles Rider Noble), кого продуцентот „Чарлс Урбан Трејдинг Компани“ („Charles Urban Trading Company“) од Лондон го пратил во Македонија да ги документира настаните предизвикани со Илинденското востание. На оваа турнеја британскиот снимател престојувал од есента 1903 до крајот на зимата 1904 година. За тоа време реализирал 8 филмови во Пиринска и Југоисточна Македонија.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Вто Јан 23 2007, 19:00

Брус Вилис и во IV дел на филмот „Умри машки“

Познатиот
американски филмски серијал „Умри машки“ наскоро ќе има и четврти дел,
а Брус Вилис повторно ќе го игра детективот Џон Меклејн, улога што го
прослави пред речиси две децении.

Светската премиера насловена
„Живеј слободно или Умри машки“ е најавена за крајот на јуни. Од првите
три дела на тој акционен хит е остварена заработувачка поголема од 740
милиони долари.

Овој пат Вилис ќе го „спасува светот“ од терористи - хакери кои ја напаѓаат американската компјутерска инфраструктура.

Во режија на Лен Вајзмен, покрај Вилис, во филмот играат и Џастин Лонг, Меги Ку, Тимоти Олифант, Мери Елизабет Винстед и други.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Вто Јан 23 2007, 19:19

25 најбезобразни актерски хонорари


Роберт Де Ниро во свое време ги има земено сите можни награди, но еве една со која нема баш да се гордее.

Актерот се најде на првото место на сомнителната листа на 25 Најбесрамно Наплатени Улоги во Историјата.
Сето тоа благодарение на дебело преплатената улога во филмот за деца, „Авантурите на Роки и Булвинкл“.

Критичар од Entertainment Weekly, кој ја има спроведено анкетата, вели: „Тој беше младиот Вито Корлеоне. Беше Тревис Бикл. Беше Џејк Ла Мота, Руперт Папкин и Ал Капоне.“

„Шест пати е номиниран за Оскар. Тој е најголемиот жив актер, без сомнение, без простор за дебата.“

„Па сепак, постои тој мал грев. Мал? Каков мал, кого мавтам овде?!! Постои еден смртен грев наречен Авантурите на Роки и Булвинкл.“

Комплетната топ листа на 25 филмски утки со безобразно вискок коментар за главните ѕвезди:

1. Robert De Niro - The Adventures of Rocky & Bullwinkle

2. Richard Burton - Exorcist II: The Heretic

3. Sir Ben Kingsley - BloodRayne

4. Tony Curtis - The Bad News Bears Go to Japan

5. Dennis Hopper - Super Mario Bros

6. Peter O'Toole - Club Paradise

7. Orson Welles - Transformers: The Movie

8. Judi Dench - The Chronicles of Riddick

9. Michael Caine - Jaws: The Revenge

10. Demi Moore - Striptease

11. Laurence Olivier - Clash Of The Titans

12. William Hurt - Lost In Space

13. Faye Dunaway - Supergirl

14. Richard Pryor - Superman III

15. Christopher Walken - Kangaroo Jack

16. Jeremy Irons and John Malkovich - Eragon

17. Buster Keaton - Beach Blanket Bingo

18. Ben Affleck - Paycheck

19. Elizabeth Taylor - The Flintstones

20. Cuba Gooding Jr. - Chill Factor

21. Matt Dillon - Herbie: Fully Loaded

22. Marlon Brando - Superman

23. Bill Murray - Garfield

24. Jason Alexander - Dunston Checks In

25. Sean Connery - Never Say Never Again
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Сре Јан 24 2007, 17:33

Харисон Форд е изгласан за најдобар акционен херој на сите времиња – за неговата улога Индијана Џонс.

Втор е Арнолд Шварценегер, а.к.а. Терминатор. На третото место е Шон Конери како Џејмс Бонд.

Понатаму следува Џон Меклејн од „Умри Машки“, одигран од Брус Вилис, а покојниот Кристофер Рив како Супермен е на петото место.

Харисон Форд се појавува уште еднаш во топ 10 – како Хан Соло од „Војна на ѕвездите“.

Првиот женски акционен херој на листата е Сигурни Вивер како Рипли во Alien
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Сре Јан 24 2007, 17:36

Свонк доби ѕвезда на Булеварот на славните

Холивудската актерка Хилари Свонк ја доби својата ѕвезда, 2.325 по ред, на „Булеварот на славните“.

- Пред 16 години јас и мојата мајка дојдовме во Холивуд со 75 долари во џеб. Се сеќавам дека мајка ми од говорница ги повика агентите и ги убедуваше да ме земат, изјави 32-годишната двократна добитничка на Оскар во текот на церемонијата.

Свонк првиот Оскар за најдобра женска улога го доби во 2000 година за улогата на тинејџер кој го сменил полот во „Децата не плачат“. Пет години подоцна, таа го освои и вториот Оскар за улогата на одлучна боксерка во филмот „Девојка од милион долари“.

Сосема заслужено! Многу добра актерка!!! (коментар од смајли)
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 27
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Сре Јан 24 2007, 18:09


Гај Ричи како режисер на криминалистичка серија

Британскиот
режисер Гај Ричи, познат и како сопруг на поп дивата Мадона, добил
понуда да сними криминалистичка серија за американската телевизиска
мрежа Еј-Би-Си.

Ричи ќе сними пилот серија насловена „Осомничени“.

Сценариото за серијата ќе го напише Ед Закерман („Ред и закон“, „ЈАГ“).
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Пет Јан 26 2007, 19:35

Филмови по кои нема да се памети 2006-та
Римејкот на филмот за потонувањето на патничкиот брод Посејдон, кој чинеше околу 160 милиони долари а заработи само 60 милиони, е прогласен за најголем филмско-финансиски дебакл на 2006-та.

Уште една утка е вториот дел на Основен инстинкт, кој и покрај тоа што доаѓа како наследник на еден од холивудските класици, сепак успеа да заработи само смешни 5 милиони долари, додека неговата продукција чинеше 70 милиони.

Во друштво на финансиски неуспешните филмови се најде и цртаниот Flushed Away, кој и покрај добрата критика успеа да собере само 61 милион од вложените 150.

Меѓу филмовите кои завршија со добри оценки но слаб промет, се најде новото дело на Ридли Скот, A Good Year, кое чинеше 35 а донесе само 5 милиони, како и The Fountain, првиот филм на Дарен Аронофски по Requiem for a Dream, кој по продукцијата од 35 милиони заработи само 9 милиони долари.

И годинава продолжува финансиската агонија на некогаш успешниот режисер М. Најт Шајламан, чиј нов филм Lady in the Water одвај успеа да заработи 42 милиони од вложените 75.

Меѓу останатите поголеми финансиски неуспеси на годината се и The Wicker Man со резултат 23 од 40 милиони, All the King's Men со 7 од 55 милиони и Flyboys со заработени 13 од 60 милиони долари.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Чет Фед 08 2007, 22:05

Очајна игра

Во најавата на можеби најлошата игра на сите времиња, компанијата Волт Дизни обзнани дека почнале со создавање на компјутерска верзија на ТВ шоуто "Очајни Домаќинки". Главниот лик на играта ќе биде сосема нова домаќинка која само ќе ги надополни скандалите на веќе познатите жителки на Wisteria Lane а на почетокот од играта освен изгледот ќе може да се одбере и нивото на лошотија на главниот лик во играта.

Од телевизиската екипа само глумицата Бренда Стронг, која го позајмува гласот на нараторот во серијата, се сложила да учествува во играта а со останатите домаќинки се уште се преговара.

ПЦ верзијата на Домаќинките е обид на гејминг индустријата да го прошири својот глобален пазар вон младата машка популација. Претходно сличен обид имаше и Електроник Артс, кои продадоа повеќе од 58 милиони копии од играта од серијалот "The Sims".
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Нед Фед 11 2007, 20:23

Вашиот мозок на реклами

Следејќи ја мозочната активност на дел од ТВ публиката која го гледаla Super Bowl-от, научниците успеале да одредат кои реклами имале најголемо влијание кај гледачите, кои минале скоро незабележани и какви емоции предизвикале кај нив.

Рекламата на Дизни и рекламата за пијалокот Sierra Mist создале најголема мозочна бура кај ТВ публиката, покажуваат резултатите на
Универзитетот во Калифорнија (UCLA), најтапа од сите била рекламата на ФедЕкс која скоро и не била регистрирана од мозокот.

"NFL Dreamers" од Дизни, , измамила најголема реакција од двата мозочни центри кои се поврзуваат наградите и дарувањето, додека рекламата на Bud, "Employee Incentive Plan", предизвикала чуство на грижа и вознемиреност.


Скоро сите реклами го алармирале центарот задолжен за откривање на закани и опасности.

Секоја година за време на финалето се одвива, неофицијален но доста интересен натпревар меѓу рекламите кои се емитуваат пред, за време и по натпреварот. За време на најгледаниот ТВ спектакл во САД, компаниите плаќаат по неколку милиони долари за само простор од само 30 секунди. Во обидот да се направи што по спектакуларна и антологиска реклама, компаниите најчесто ги туркаат своите видео презентации до самата граница на цензурирање.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Пет Фед 16 2007, 17:11

Глушец на суд
Сопственик на слика од Мики Маус, купена за 3 долари, која потекнува од средината на 20-те години од минатиот век, тврди дека тоа е првата слика од Мики која кога и да е била нацртана. Аналогно на ова тој одлучува да побара отштета од Дизни во висина од 50 милиони долари поради прекршување на авторските права.

"Во средината на 20-те никој друг освен Дизни не би нацртал вака голема слика од Мики. Го испитувавме мастилото и хартијата и се покажа дека потекнува од средината на 20-те," изјавил сопственикот на сликата, Стивен Стајн.

Сликата потекнува токму од периодот по ликот Зајакот Освалд, кого Дизни го изгуби поради авторски права, поради што и започнал со работа на Мики. Стивен смета дека Дизни корпорацијата треба да му исплати 50 милиони долари за авторски права од сликите и сторијата околу Мики Маус.

Меѓутоа дури и да се потврди дека Стајн ја има првата изведба на Мики, тоа нема да значи инстант премија од причина што во првичната верзија Мики се викал Мортимер. Дури подоцна по сугестија на жената на Волт дека името е пресериозно за цртан филм, тој одлучил да го крсти Мики.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Чет Мар 22 2007, 23:57

Карактеристиките на Hollywood OS



Оперативните системи во филмовите духовито се нарекуваат Hollywood OS и им се наменети на главните ликови во филмовите, па поради тоа мораат да бидат "совршени". Во ред, знаеме дека тие се измислени, но глупи се до толку што моравме да ги истипкаме нивните oсновни карактеристики.
Што е заедничко за сите нив?

- Подигнувањето на системот нкогаш не трае подолго од 0,00000001 секунда.
- Самиот систем е толку едноставен што него го владее и суперхеројот кој вообичаено не знае ни да се потпише, но за потребите на неговото спасување на светот, под итно мора да ја реши лозинката на компјутерот.
- Со оперативните системи не се управува со маус, како кај класичните компјутери. Сите наредби се впишуваат директно преку тастатурата, а по потреба со истиот се управува и со гласовни команди, или преку мислите.
- Преносот на податоци од еден на друг компјутер или од една локација на друга без разлика колку и да е голема датотеката, се одвива за една или две секунди. Компресијата на податоците на Hollywood OS овозможува складирање на 24 часовен HD видеозапис на една floppy дискета.
- Секој компјутер на филм е способен да прикажува содржини на било каква површина - од холограмски прикази во воздухот, па се до едноинчен црно-бел LCD екран на рачен часовник (истиот се спојува со компјутерот исклучиво со приближување на часовникот до компјутерот, без потреба од кабел, или недај боже софтвер).
- Брзината на интернетот нема физички граници и до истиот се пристапува исклучиво со впишување на одреден поим во празна рамка, а притоа ни случајно не смее да се подигне интернет прелистувач - сите интернет содржини се прикажуваат на цел екран.
- Кога главниот јунак добива е-маил, известувањето мора да биде од женски глас со зборовите "You've got mail".
- Во Hollywood OS не постои спам.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Нед Мар 25 2007, 20:28

Том Круз кој е еден од најдобро платените холивудски глумци, ќе го глуми грофот Claus Schenk von Stauffenberg, организаторот нa неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер во 1944 година, во воениот филм кој следното лето ќе го снима режисерот Bryan Singer, пишува германскиот часопис Фокус.

Портпаролот на дистрибутерот United Artists, студио во сопственост на Том Круз од крајот на 2006 година ја потврдил информацијата на весникот.

Филмот кој засега се вика "Valkire", именуван според името на операцијата во која требало да биде убиен нацистичкиот диктатор на 20 Јули 1944 година ќе се снима во Берлин и Источна Европа, пишува часописот.

Сценариото го напишал Chris McQuarrie кој веќе соработувал со Сингер во 1995 година во трилерот "Приведете ги осомничените". Улогата на Адолф Хитлер сеуште не е доделена, пишува Фокус.

Аристократ, конзервативен католик и полковник на германската војска, грофот Claus Schenk von Stauffenberg, бил воодушевен од успехот на Хитлер, пред да се приклучи на германскиот отпор против нацизмот и воедно да стане организатор на неуспешниот атентат врз Хитлер.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   Сре Мар 28 2007, 12:57

Најнереални филмски ситуации

Законот на Сталоне
Еден маж со оружје кој им се спротиставува на дваесеттина исто така наоружани до заби, секогаш има поголеми шанси да преживее отколку тие. Нормално, неговите куршуми се многу попрецизни од стотиците кои ги испукува непријателот.
Престрашена и секси
Доколку главната женска хероина во филмот се вселила во куќа за која се врзуваат застрашувачки легенди и во сред ноќ слушне некои чудни звуци, набрзина ќе ја навлече својата најсекси облека и проѕирната свилена наметка, и ќе тргне во потрага по суштествата од другиот свет. Имено, докажано е дека нив највеќе ги плашат секси девојки кои ни најголемиот страв не ги спречува да ги разоткријат своите адути.
Проблеми со бравите
Во филмскиот универзум нема брава која кредитна картичка, парче жица или било кој предмет кој јунакот го има во џеб не можат да ја отворат. И после тоа, нормално без проблем, во рекорден рок да го онеспособат алармот. Ова правило важи секогаш, освен ако внатре нема пожар кој му се заканува на петгодишно девојче, кое со насолзени очи гледа кон вратата која не можат да ја отворат ни пет мажи стокилаши.
Трајна шминка
Одма ни текнува на Бонд девојките - испотени и омалаксани, ама и покрај се, уредно нашминкани. Секоја жена во овие филмови е подвижна реклама за "бидејќи тоа им го должам на шминките на..." на кои ни најголемите природни катастрофи не им можат ништо. А пак кога убавиците ќе се разбудат наутро со порцелански наслаги од пудра, измазнето лице и совршено исфенирана, сложена фризура на која нема нескротливи "гнезда"...
Си доаѓаш и паркираш
На луѓето кои живеат во поголемите градови и кои се фрустрирани од недостатокот на паркинг простор и цената на истиот, најверојатно не им "светнува" тој детал, како за филмските ликови секогаш има празно место за паркирање, и тоа веднаш до зградата во која одат. Најверојатно, на ни еден режисер не би му се исплатело да го спичка филмскиот буџет на кружење по некој кварт, пропратено со револтирани пцовки.
Фотографија која смрт значи
Е од оваа ситуација навистина се губат нерви и не можеме да не се запрашаме, "па добро бе, дали овој некогаш гледал воен филм?"
Секој кој пред голема и важна битка на својот војнички другар ќе му покаже фотографија од својата љубена, нема да преживее. Неговата смрт трае максимално испатетизирано, ама и финтата е толку истрошена што повеќе не држи вода.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Филмски замнимливости   

Вратете се на почетокот Go down
 
Филмски замнимливости
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Забава :: Филм и ТВ-
Отиди до: