Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Македонската револуција

Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Македонската револуција   Пет Дек 29 2006, 19:58

Еве некои информации околу македонската борба против грчката пропаганда:
Борбата против грчката вооружена пропаганда


За разлика од другите краишта на Македонија, кадешто фокусот на борбата на македонците е спроведување на одредбите од Берлинскиот Конгрес (т.е. автономија за Македонија), во наjjужните делови на Македонија, ВМОРО освен со турската власт води жестока борба против уште еден друг непријател - вооружената грчка пропаганда.

Борбата против грците се води насекаде во Егејска Македонија - Солунско, Кукушко, Леринско, Костурско, Воденско, Серско... но најсилна и најожесточена е во Костурско.

На чело на борбата на ВМОРО против грчката пропаганда во Костурско е Васил Чакаларов. Негови помошници се Пандо Клашев, Лазар Поптрајков, Стерјо Стерјовски, Лазар Москов и Митре Влаот. Луѓе кои со својата саможртва и храброст засегокаш ги врежуваат своите имиња во страниците на македонската историја... Овиј текст е посветен на нивното дело.

Предисторија на конфликтот со Грците



По укинувањето на Охридската Патриаршија 1762 г., славјанското население во Европска Турција е подчинето под духовната власт на Грчката Вселенска Патриаршија. Се забранува богослужба на старославјански јазик и се забрануваат славјнските келијни училишта. Бивајки под грчка духовна и културна хегемонија, славјнското население во Македонија почнува да се погрчува - имено преку грчката црква.

Состојбата се променува со започнувањето на Преродбата (средината на 19-ти век) и со создавањето на бугарската Егзархија - којашто нуди алтернатива за македонците. Огромниот дел од црковните општини во Македонија се приклучуваат кон Егзархијата. Во тие цркви веке започнува богослужба на славјански јазик.

Грците гледаат дека ја губат властта над 1 500 000 души македонци, и започнуваат да користат секакви можни средства (и легални и нелегални) само за да го подчинат тоа население под Патриаршијата и да го погрчат. Први на удар на грчката пропаганда се македонските славјани и власите од Костурско. Грчкиот владика во Костур, заедно со грчки андартски банди и гркомани предавници, во соработувајки со турските власти, грчките духовници ја убиваат секоја искра на надеж за слобода кај македонецот - како политичка, така и културна и духовна.

Но, работите почнуваат да врват во друга насока откако ВМОРО почнува да дејствува во тој регион.


Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
Proof

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:31

Дејноста на ВМОРО во Костурско

Уште со формирањето на ВМОРО во Солун 1893 г., како во поголемиот дел на Битолскиот вилает, така и во Костурската околија се создава комитет на Организацијата. Во Костурско околиска комитетска мрежа на ВМОРО се создава од Гоце Делчев, кој ги посетува селата Смрдеш и Д'мбени во 1895 г. На основачкото собрание во с. Смрдеш учествуваат Пандо Клашев, Лазар Поптрајков и Лазар Москов (кои стануваат и столбот на ВМОРО во Костурскиот реон). Тогаш се назначува селска комисија, и се формира и првата чета која пред пистолет и кама врз евангелието дава заклетва.

После една година дејност, во Организацијата во Костурско влегуваат Иван Попов, Лазар Киселинчев и Митре Влаот. Митре Влаот особено се истакнува со револуционерната дејнот, и е прогласен за војвода на Кономладската чета.

Во почетокот борбата се олицетворува само со агитирање, со проповеди по селата, со создавање на организациона и курурска мрежа по селата. Но подоцна, откако Организацијата се утврдува како сила во реонот, борбата се одвива со потврди средства - а имено ликвидирање на турски и арнаутски разбојнички банди, убиства на предавници, убиства на блудници, протерување на грчки учители.

Паралелно со засилувањето на дејноста, ВМОРО создава канал са контрабанда на оружје од Грција. За таа цел е ангажиран Васил Чакаларов (тој говори грчки, турски и албански) којшто половина година работи во Грција на транспорт на пушки и муниција за Битолско. После успешно завршената работа, е испратен во Костурско (тој е родум од село Смрдеш) да ја подпомогне дејноста на раководителите Москов и Клашев. Чакаларов се покажува како еден од најсмелите дејци на ВМОРО при ликвидирањето на предавниците и шпиуните во Костурско и Битолско. Во тоа време, иако убаво организиран, Костурскиот комитет е растресен од предавства на гркомани (славјани со грчко самочувствие, предани на грчката црква и кауза). Гркоманите, управувани од Костурскиот грчки владика Германос Каравангелис, постојано ја шпиунираат работата на комитетот и доложуваат на Каравангелис, којшто пак ја предава организацијата на турските власти кои веднаш испраќаат аскер да опколи село да ги уништи комитите. Така работи грчката пропаганда. Комитетот е безмилостен спрема нив. Чакаларов во средината на 1901 г. извршува неколку егзекуции на гркомани шпиуни, меѓу кои најважно е убиството на гркоманот Цеман од село Д'мбени, и на овој начин успева да всее страв кај грците и гркоманите, и да го сабилизира регионот - да направи услови за револуционерна работа. Заради покажаната храброст и способност, тој е прогласен за главен инспектор во Костурско.

За помалку од една година, Костурскиот реон станува најактивен во борбата против турската тиранија и грчките предавства. Секаков отпор од грчка страна е скршен, и скоро сите села се откажуваат од Патриаршијата. Така Чакаларов станува еден од најомразените за грците македонски револуционер.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
Proof

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:34

Лицето на грчката вооружена пропаганда
Набљудувајки ги успесите на ВМОРО во борбата против грчката пропаганда и турскиот произвол, грците разбираат дека нема да можат да разчитаат само на подршката од турските власти во нивната борбата против македонското движење. Затоа во Атина се создава комитетот "Елинизам" којшто почнува да собира пари за плаќање на безработни Критски офицери и да бидат испраќани во Македонија за да се борат против ВМОРО. Испратени се некаде околу 4 чети, кои стапуваат во контакт со постоечките 2 чети на Коте и на Геле
Основатели на грчката вооружена пропаганда во Македонија и нејзини идејни татковци се костурскиот грчки владика Каравангелис, грчкиот конзил во Битола и андартскиот капитан Павлос Мелас со неговите чети. Но, освен наброените дотука, во редовите на грчката вооружена пропаганда влегува и ренегатот Коте Христов од село Руљa. Коте до 1901 г. е добар водач на ВМОРО, убива доста слодеи турци, и го заштитува населението но во последствие започнува разбојништво и изнуда. ВМОРО му дава неколку шанси да се поправи, но тој не прифаќа. Тој влегува и во личен конфликт со Чакаларов. Затоа е осуден на смрт. Чакаларов неколку пати ја напаѓа четата на Коте, и иако ја преполовува, не успева да го убие. После последниот обид за атентат Коте целосно се оддава на работа за грчките интереси во Македонија и се потчинува на владиката Каравангелис - којшто со помош на Коте успева да привлече уште еден војвода на ВМОРО. по име Геле, да работи за грчките интереси во Македонија и создава многу проблеми и предавства на Организацијата, и доста и ја отежнува и онака тешката состојба.

Но освен постоечките гркомански елементи на Коте, Геле и нему подобни, Каравангелис издејствува турците да дозволат да бидат испратени во Македонија чети од Грција, составни од невработени атињани водени од критски офицери (луѓе коишто немаат никаква врска со Македонија). Андартите на Каравангелис, Мелас и Вардас не се борат против турците. Единственото нешто што грчките вооружени чети прават, е одење по славјанските села и тероризирање на населението со цел да се откажат од егзархијата и ВМОРО и да се приклучат кон Патриаршијата. Не, тие не се борат за слободата на Македонија. Тие се борат против се што е славјанско и патриотско во Македонија. Тие се борат за смртта на се што е македонско. Доказ за тоа се следните неколку снимки на андартски чети, снимани заедно со турската армија, непосредно пред акција за прочешлување на славјанските села.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
Proof

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:36

Борбата за Костурско


Во периодот од 1901 до 1903, а и после Илинденското Востание се до 1908 се води вистинска "граѓанска војна" на територијата на јужниот дел од Битолскиот Вилает. ВМОРО од една страна, и грчкиот комитет од друга. Но и покрај неподносливите услови, борбата против турко-грчкиот гнет никогаш не била посилна. Чакаларов, Попов, Клашев и Митре Влаот во Костурско и Марко Лерински во Лерин со своите чети создаваат бастион - челичен sид којшто запира секакви дејствија на грчките андарии и свештенство на север од Костур.

Откако Лазар Москов е убиен во битка со турскиот аскер, Чакаларов станува главен началник на Костурскиот реон, и целата одговорност паѓа на неговите плеќи. Тој ја води комитетската борба со цврста рака. И така комитетот во Костурско располагајки со целосната преданост кон делото од страна населението, за времето од 1900-1903 успева да создаде услови за подготовка на востание. Повекето села се вооружени и подготвени да тргнат во подвиг следејки ги наредбите на своите началници.

Решението за скоро востание е подсилено и од секојдневните предавства од гркомани, навлегувања на грчки андарти во македонските села, кадешто со терор ги присилуваат селаните да се одкажат од свијата народност и да станат грци. Паралелно со тоа и турскиот аскер редовно ги обиколува селата измачувајки го населението и барајки оружје.

Сето ова дополнително го стимулира решението за востанички акции пред да е објавено официално востанието (во Костурско Чакаларов започнува вооружени судири со турците уште на 10ти Jули). Во навечерието на востанието чета на ВМОРО го фаќа гркофилскиот војвода Геле и го ликвидира демонстративно пред очите на селаните. Истото го прави со предавници и шпиуни на грчкиот владика.

За време на Илинденското востание здружените Костурски чети успеваат да ја неутрализираат тотално дејноста на грчкиот комитет. Повекето грчки "капетани" бегаат за Грција, а тие што остануваат во Костурско биваат ликвидирани од востаниците. Истото се случува и со јатаците на андартите, и со предавници. За време на востанието дури и грчките свештеници, од страв се согласуваат да преминат во егзархијата. Цели три месеци Чакаларов, Клашев, Поптрајков, Андреев, Стерјовски, Митре Влаот и д.р. војводи заедно со 1200 востаници водат борби со 30 000 илјадна турска армија и башибозучки банди.

После крајот на востанието, грчката влада шокирана од решителноста на македонците во борбата за слободата на Македонија, и уплашена од фактот што на грчкиот комитет му е нанесен смртен удар, создава во Атина фонд задолжен за формирање и вооружување на андартски чети (главно составени од ветерани од Крит, и офицери во грчката армија). Исто така, и крајот на Илинденското востание, и ослабувањето на ВМОРО создава благопријатни услови за возобновување на грчката вооружена пропаганда којашто овојпат работи на полна пареа - подржана и финанскиски и логистички од грчката влада.

Само во 1904 г. во Македонија се испратени повеке од 20 грчки чети, кои со цената на бројни жртви почнуваат да навлегуваат се подлабоко во територијата контролирана од ВМОРО.

Но и покрај отворената поддршка што андартските чети ја уживаат од страна на турците, тие не успеваат да станат господари на ситуацијата. Четите на ВМОРО се во постојана дејност, без возможност, ниту желба за почивка. Живеејки ги неподносливите услови на комитаджискиот живот, тие непрестано ја обиколуваат Костуријата минувајки низ сите села и обновувајки ја организираността што ВМОРО ја уживаше пред Илинденското Востание. Во следните 4 години борба, 2 третини од испратените андартски капетани се уништени заедно со повекето нивни четници. Само четата на Митре Влаот е одговорна за смртта на дури 5 грчки капетани.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
Proof

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:36

Митре Влаот



Во тоа време во Костурско нелегално се враќа и Пандо клашев со чета составена од Македонски емигранти во Бугарија, којшто веднаш се вклучува во борбата со Османлиите и Грците.

Во крајот на 1904 Коте Христов е предаден на турците од страна на Каравангелис, затоа што не сака да им помогне на грците да го уловат Митре Влаот. Турците му предлагаат да им служи како водич на аскер, но Коте одбива, и бива обесен на Ат Пазар во Битола 1905 година.

Увидувајки дека не можат никако да му наштетат на ВМОРО, и на вооружените македонски чети, грчките андарти решаваат да извршат колење на невино население - надевајки се дека така ке го скршат духот на населението.

Првото поголемо клање е извршено од четите на андартскиот капетан Каудис во селото Зеленичево во 1904 година. За време на свадбена веселба во селото, грчката банда убива 47 недолжни Македонци (мажи, жени и деца). Андартите прво ја заобиколуваат цкуќата во која се одржувала свадбата и тропаат на вратата велејки дека се поканети. Една жена им отвора, и тие веднаш ја избодуваат со нож и ги отвараат широм вратите за сите да влезат. Потоа влегле во собата кадешто се одржуваа свадбената веселба и отвораат оган по недолжните мажи, жени и деца кои внатре се веселеле.

После оваа случка, се случува уште неколку слични, но најкрваво е клањето во селото Загоричани. Загоричани во 1905 е големо и убаво село со 600 куќи. Селото е 100% егзархиско и голем противник на патриаршијата и андартите. Павлос Мелас наредува селото да се казни заради непослушноста. Вечерта на 25 Март 1905 г., 5 грчки чети со вкупно 300 души андарти на чело со капетан Вардас го опколуваат селото. Утринта започнуваат да трубат со турска труба (како што е протоколот на турската војска), и селаните мислат дека е аскер и започнуваат да ги кријат пушките.

Во тој момент целата грчка зган се симнува во селото и започнува безразборна стрелба. Паѓаат мртви сите што се наоѓаат на улиците. Подоцна влегуваат по домовите и со бајонети ги колаат жените и децата. 3 часа убиваат по селото, се додека улиците почнуваат да пливаат во крв. После со нив земаат уште 30 селани, и по пат кон планината ги убиваат еден по еден со нож. 89 луѓе македонски селани се убиени тој ден. Странските конзули кои доаѓат во ЗагориЧани не можат да поверуваат на своите очи какви варвари се грците.

ВМОРО разбира дека главата на грчкиот комитет е Павлос Мелас, и дека ако таа се одсече, работите ке се свртат во друга насока. Набргу после масакрот во Загоричани, четата на Митре Влаот успева го направи тоа. Кога Мелас влегува со неговата чета во селото Статица, човек на ВМОРО од тоа село го здогледува и без да го забележат успева да го напушти селото и да отиде во блиската гора кајшто се наоѓала четата на Митре Влаот. Четата го следи секој чекор на Мелас, неколку пати влегуваат во престрелка, но никако да го уништи, затоа што турците секогаш доаѓаат да го спасат Мелас.

Но, овојпат Влаот прави гениален маневар. Му кажува на еден од неговите комити којшто знае грчки да напише писмо на грчки до турскиот гарнизон во Кономлади во коешто е напишано дека Митре Влаот се наоѓа во селото. Кога турскиот јузбашија го добива писмото, веднаш ја дига војската и тргнува кон Статица 9за главата на Влаот има огромна награда, и сите сакаат да го уловат). Турците ја опколуваат Статица, ја наоѓаат куќата во којашто е Павлос Мелас и започнуваат стрелба. Андартите мавтаат со бели знамиња, викаат: "Не сме комитаџии, Грци сме.. Ваши пријатели". Но напразно, Турците се решени да го фатат Влаот, и не престануваат. Тогаш Мелас е погоден во стомакот, и умира бавно 4 часа - со тешка, мачителна и заслучена смрт. Другите андарти успеваат да се предадат. Кога гледаат дека убиле Грк, а не Влаот Турците започнуваат да тажат. Така умира Павлос Мелас, убиец и непријател на Македонскиот Народ.

После убиството на Мелас, се запазува статус-кво. Грците не се силни, и одбегнуваат да навлегуваат на егзархиска територија. Грчкиот комитет е обезглавен и деморализиран. Пред 1908 г. скоро нема грчки чети на територијата на македонските славјански села.

Борбата против турците продолжува. Постојано се агитира и се подигнува духот очајаното население. Првиот голем удар после 1903 е унивањето на Митре Влаот во почетокот на 1907 година во селото Жупанишча, кога неговата чета од 20 души е опколена од 1000 души аскер. Народот го опева големиот јунак и заштитник од Турците и грците во песна. Додека е тој жив, Грците и Турците се плашат само од помислата за него.

На 13 август 1907 година во селото Дреновени во битка со турците загинува уште еден велик син на Македонија - Пандо Клашев. Цело Костурско жали. Но Организацијата воопшто не замира.

Ситуацијата е иста се до Младотурската Револуција, кога ВМОРО се мобилизира и зема учество во соборувањето на властта на Абдул Хамид. По Револуцијата во 1908 г., ВМОРО се легализира. Четите се амнестираат и им се дозволува на Македонците да земат учевство во политичкиот процес. Се создаваат Народната Федеративна Партија и Конституционите Клубови.

На крајот на 1908 се извршува панихида на борците на ВМОРО што ги дадоа животите во борба против Османската тиранија и грчките андарти. На панихидата учевствуваат македонци, власи и турци од Костур.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY

Број на мислења : 1845
Age : 27
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:40

Ова од Вики ? Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:42

Не
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Slash
Форум Манијак
Slash

Број на мислења : 1130
Age : 28
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Саб Јан 06 2007, 16:44

Темава е интересна ама има многу за читање. Мислам дека поентата на форумов не е да се ставаат реферати туку кратки факти на кои треба да се дискутира. Во секој случај интересни податоци.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
Night Crawler

Број на мислења : 247
Age : 27
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   Пет Мар 09 2007, 22:53

Abe kaj nas makedoncite se odi nekako naopaku
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Македонската револуција   

Вратете се на почетокот Go down
 
Македонската револуција
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Историја-
Отиди до: