Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Црно - Бели близнаци

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Црно - Бели близнаци   Пет Дек 29 2006, 21:07

За секоја мајка на близнаци, нивното распознавање е задача која се решава цел живот. Но, кога се родиле синовите на Kerry Richardson, таа немала никаква мака да ги распознае веднаш. Layton, кој тежел 2.83 кг, имал плава коса и светол тен. Неговиот брат, Kaydon, кој пристигнал 20 минути подоцна со тежина од 2.98 кг, бил црн.
"Кога се родија никој не забележа нешто невообичаено бидејќи и двајцата беа речиси иста боја," вели 27-годишната г-ѓа Richardson.
"Но, во последните неколку месеци, Layton стана посветол и со посветла коса, како неговиот татко, а Kaydon стана потемен како мене."
Зачнувањето кое се случува еднаш во милион случаеви, се случило откако две јајца биле оплодени во исто време во матката. Додека г-ѓа Richardson има англиско-нигериско потекло, таткото на близнаците е белец.
Според Multiple Births Foundation, Kaydon сигурно ги наследил црните гени од мајка му, додека Layton ги наследил белите од татко му.
"Каде и да одиме среќаваме луѓе кои зјапаат во нас и одвај чекаат да искоментираат," вели Kerry, која работи како администратор. "Морам да објаснувам дека тие навистина се близнаци и имаат исти родители".
"Понекогаш мислам дека ќе им биде навистина чудно додека раснат. Но, за мене тоа само значи дека се навистина нешто посебно."
Браќата се родиле во James Cook University Hospital на 23-ти јули, четири недели порано од предвиденото.

"Кој и да ги види, не може да поверува дека се близнаци. Луѓе ми велеле: "Нели си личат многу, изгледат исто како близнаци", а јас морам да им кажувам дека навистина се близнаци."
Бојата на кожата на бебињата се верува дека се одредува од дури седум различни гени. Ако жената е од мешана раса, нејзините јајца вообичаено би содржале мешавина од гени кои се кодирани и за црна и за бела кожа. Слично, маж од мешана раса би имал повеќе различни гени во неговата сперма. Кога овие јајца и сперма ќе се спојат, тие креираат бебе од мешана раса. Но, многу често, јајцето или спермата можат да содржат гени кодирани само за една боја на кожата. Ако и јајцето и спермата содржат само бели гени, бебето ќе биде бело. А ако и двете ги содржат само верзиите потребни за црна кожа, бебето ќе биде црно.

Интернационалниот генетичар Др. Stephen Withers вели дека веројатноста жена од мешана раса да има јајца кои содржат доминантни гени за една боја на кожа е доста мала, не пак да се произведат две такви во исто време и да се створат близнаци.
"Веројатноста е околу 1 на милион," вели тој.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Црно - Бели близнаци   Нед Апр 29 2007, 12:18

Закон работа! Сигурно било некое Генетско пореметување, поради температурата, воздухот, храната, некое зрачење.....ама сепак закон работа, црно-бели близнаци....хехехеVery Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Црно - Бели близнаци
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: