Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Занимливости

Go down 
+5
Night Crawler
Paparapacipipas
Karate Kid
zoko
smiley :)
9 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedСаб Јан 06 2007, 00:54

Мали светски рекорди... или така нешто

Занимливости Space_golfРуски космонаут од Меѓународната вселенска станица заигра голф и зеде голферско топче во вселената на барање од спонзорот кој продава таков вид опрема. Михаил Тјурин го удри топчето во вселената што се толкува како најдолгиот удар некогаш изведен од човек. НАСА соопшти дека топчето најверојатно ќе влезе во атмосферата и ќе изгори за два или три дена. Не се споменати дупки, црни или какви било други.

Занимливости CN_Tower_Toronto- Сопствениците на ресторан сместен на висина од 351 метар над земјата во CN Tower во Торонто велат дека нивниот подрум за вино е највисок на светот.

- Група шпански истражувачи тврдат дека поставиле рекорд за најбрзо поминување на Антарктикот, со санка на 4.500 километри за 62 дена благодарение на ветровите кои ја придвижувале санката.

- Триесет и едно годишна Норвежанка е првата жена во светот која „освоила“ седум највисоки планински врвови и исто така ги посети двата пола на Земјата. - Нејзиниот живот нема да стане досаден, таа има се уште работи што не ги заврши, вели нејзин другар.

- Малку и за социјалните рекорди: 10.800 основци на Филипини си ги измија забите во заедничка акција со што беше „победен“ стариот кинески рекорд на 10.240 Кинезчиња. Настанот беше промоција на оралната хигиена, и исто така за помош при продавање одреден вид марка паста за заби.

- Френк и Анита Милфорд имаат најдолг заеднички живот во брак во Велика Британија. Тој е 98, а таа 97-годишна. Во брак се 78 години и се надеваат дека ќе го победат рекордот од 80 години заеднички живот што го „држат“ Перси и Флоренс Ароусмит поставен во 2005 година.

Занимливости Katie-Melua- Ирска пејачка е светски рекордер во пеење под вода. Таа заедно со својот петчлен бенд свиреле на 303 метри под вода во Северното Море. Таа се вика Кејти Мелуа и имаше концерт во времетраење од 35 минути во близина на една норвешка нафтена платформа.

- Дваесет и еден Малезиец тврдат дека поставиле Гинисов рекорд со влегување во мини автомобил. Тие негираат дека повеќето од нив се „слабички“.

Занимливости Flying-white-stork- Еден од многуте бели штркови кои одат секоја година од Европа кон Северна Африка е животно кое е најдолго следено преку сателит, соопштија швајцарски научници. Штркот бил следен 2.628 денови или над седум години, со што е урнат претхдониот рекорд на американски белоглав орел. Научниците му дале име Макс, ама потоа откриле дека е – женка.

- Сопственици на посебни спортски автомобили во Велика Британија тврдат дека поставиле светски рекорд за најголем број возила од ист тип возени на една поворка. Според нив, имало 479 возила возени во централен Лондон за сериозна причина – да се спаси фабриката ТВР во северозападна Англија од затворање.

Занимливости Santa_Claus1- Речиси пет илјади лица во Ливерпул се облекоа како дедо Мраз и трчаа пет километри. Тоа е најверојатно новиот рекорд на дедомразовци на едно место во исто време. Тие собирале пари за локалните добротворни друштва.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedЧет Јан 18 2007, 01:39

ОСУМДЕСЕТ ДЕНА ВРНЕ ДОЖД ВО НОРВЕШКИОТ ГРАД БЕРГЕННорвешкиот град Берген, каде што 80 дена врне дожд, може да постигне апсолутен рекорд според времетраењето на лошото време.До поставувањето на рекордот остануваат само уште три дена. Норвешките синоптичари наведуваат дека во 1990 година, во Берген непрекинато врнел дожд од 3 јануари до 26 март, односно вкупно 83 дена.Локалното население го нарекува Берген „град по чадор“. Луѓето во градот имаат навика постојано да носат чадор, дури и ако грее Сонце.Според прогнозите, во наредните неколку денови зимата конечно ќе пристигне во западниот, јужниот и централниот дел на Норвешка. Температурите во земјата ќе бидат под нулата и ќе паѓа снег.
Вратете се на почетокот Go down
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedЧет Јан 18 2007, 01:41

Во светот има околу 780 милиони неписмени, што значи дека секој петти возрасен жител на Земјата не знае да чита и пишува, објавено е во њујоршкиот центар на Обединетите нации.Податоците на Светската организација покажуваат дека во текот на изминатите две децении нивото на писменоста на Земјата е зголемено за околу 10 отсто. Тоа значи, како што истакнуваат експерти на ОН, дека неколку стотици милиони луѓе се оспособено за користење информации во пишувана форма.Во извештајот на експертите на ОН се наведува дека најголем број неписмени луѓе има во 35 најсиромашни земји во светот од кои повеќето се од Африка.Еден од најважните задачи на ОН од програмата „Милениумски цели на развојот“ е до 2015 година да се обезбеди основно образование во сите делови на Земјата.
Вратете се на почетокот Go down
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedЧет Јан 18 2007, 01:41

Нгујен Чи Чонг (44) огледувач на свињи од Виетнам тврди дека ја зголемил продуктивноста откако на свињите за време на хранењето почнал да им пушта музика од Бетовен, Моцарт и Шуберт.Тој пред шест години почнал да пушта класична музика преку разглас со цел да ги смири и разположи работниците вработени на својата фарма, за потоа да утврди дека истиот метод е многу ефикасен и кај свињите.- Забележав дека свињите почнаа повеќе да јадат и оти многу повеќе се дебелеат, истакна Чонг.На фармата во провинцијата Донг Наи во јужниот дел на Виетнам музичките сеанси се секојдневни и траат од 7 до 11 часот и од 14 до 16 часот.
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedЧет Јан 18 2007, 19:12

bravo zoko! Smile super informacii! Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedЧет Јан 18 2007, 19:50

аа кога сме веке кај вакви информации, имавме проект по био и ние што глеавме на ТВ митбастерс и го "напраивме" на био проектот кој имаше главна теза : Растенијата растат повеке доколку се изложени на музика. остајте што го проголта тоа него и и подметнавме дека на метал растат највеке и најбрзо lol!!!! и што е најјако од се она поверува и имавме најдобар проект у генерација Very Happy
(а од митбастерс информациите беа точни иначе и вистина е тоа дека растат повеке ако се изложени на музика, ама за металот делот беше наша обработка Very Happy)
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПет Јан 19 2007, 16:47

Јапонската електронска компанија „Нинтендо“ во САД во текот на декември продаде 604.200 парчиња од својата конзола во видео игрите „Ви„ (Wii), така што го надмина домашниот конкурент „Сони“ кој продаде 490.700 парчиња од конзолата ПС3 (PlayStation), соопшти американскиот истражувачки кабинет НПД (National Purchase Diary).Во Јапонија минатиот месец продажбата на „Ви“ (989.118 парчиња), исто така ја надмина продажбата на ПС3 (466.716).Продажбата на сите видео игри и конзоли со видео игри во САД во текот на декември достигна 3,7 милијарди долари, а во текот на минатата година 12,5 милијарди долари, што претставува зголемување за 19 отсто во однос на 2005 година, соопшти НПД.  
Вратете се на почетокот Go down
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПет Јан 19 2007, 16:50

Многу медицински експерти сметаат дека музиката прави чуда во ублажувањето на стресот, болката и стравот и оти влијае на подобрувањето на расположението и ги стимулира позитивните емоции. Терапијата со музика е воведена кога во болниците е забележано емотивно и физичко подобрување кое било поврзано за слушањето музика кај ранетите воени ветерани во текот на Втората светска војна, а во најново време таа терапија се покажала ефикасна и кај луѓето кои имаат проблем да ги изразат своите чувства.Американските научници утврдиле дека слушањето музика само еден час дневно може значително да ги намали болките кај лицата со хронична болка во грбот или зглобовите. Истражувањето на канадските научници укажува дека малите деца кои посетуваат часови по музика имаат подобро помнење и способност за учење.Позитивното дејство на музиката е потврдено и во Меморијалната болница Мористаун во која Аликс Вајс им свири на харфа на пациентите кои се опоравуваат од операција на срцето. Таа секој ден им свири по два часа на пациентите кои се во различна состојба на свест, додека медицинските сестри ги контролираат пациентите кои се бидат од анестезија. Обучени терапевти ширум светот со музика им помагаат на луѓето на различни места - во училиштата, болниците и во домовите за нега на стари лица.
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedНед Јан 28 2007, 20:36

Моцарт ќе остане без полов орган

Занимливости Iguana4Ветеринарите
во белгиската Зоолошка градина наскоро на мажјакот игунана наречен
Моцарт ќе му го ампутираат половиот орган, бидејќи тоа е единствен
начин да го „излекуваат“ од ерекцијата која без прекин траела подолго
од една недела.

Ветеринарите во Антверпен се обиделе со лекови да го решат проблемот, но поради ризик од инфекција се одлучиле за ампутирање.

Добрата вест за Моцарт и неговата „девојка“ е дека мажјаците игуани имаат по два полови органи.

Според ветеринарите, сексуалната активност на Моцарт нема да биде намалена.

-
Мислиме дека нема да биде намалена неговата сексуална активност, но не
сме сигурни. Сепак, се тоа е во главата, изјавил еден ветеринар.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedНед Јан 28 2007, 20:37

стварно незнаев кај да го сместам ова ... ако не му е место овде преместете го .... у секој случај интересно беше и сакав да го видите
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedНед Фед 04 2007, 22:05

„Седмото и последно продолжение на авантурите на момчето волшебник Хари Потер ќе излезе во книжарниците на 21 јули“, изјави авторката Ј.К Роулинг.

Авторката на „Хари Потер“ го открила и насловот: „Harry Potter and the Deathly Hallows“.

Според шпекулациите, Роулинг, која стана милијардер благодарение на енормниот успех на книгите и филмовите за Хари Потер, на крајот на седмата книга би можела да го убие Хари.

Таа минатата година изјавила дека најмалку два лика ќе умрат во последната книга и дека ја разбира авторската желба да се уништи главниот лик на успешна серија.

Низата продолженија на романот за младиот волшебник е продадена во повеќе од 300 милиони примероци и е преведена на 64 јазици.
Вратете се на почетокот Go down
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedНед Фед 04 2007, 22:06

Хју Хефнер, основачот на царството на Плејбој, одлучил дека дошло време да се смири. Тој затоа планира да го распушти својот мал харем и остатокот од животот да го помине само со една жена.

Осумдесетгодишниот Хефнер живее со три млади убавици, Холи Медисон, Бриџет Маркарт и Кендром Вилкинсон, но признал дека наскоро ќе остане со само една цимерка.

Среќничката, најверојатно ќе биде Холи Медисон, 27 годишен модел за костими за капење.

„Кога размислувам за иднината, обично се гледам со Холи заедно, сами“, вели Хју. Од трите убавици, Медисон единствено јавно признала дека има романтични чувства кон Хефнер и дека би сакала да има дете со него.

Хефнер веќе има четири деца од претходните пропаднати бракови, а до пред две години живеел со шест девојки.

„Со текот на годините, поради специфичниот начин на живот и поради списанието што ми овозможи добро да запознаам многу убави жени, никогаш не размислував да се смирам само со една. Од лично искуство, полесно е да се живее со три отколку со една жена“, вели остарениот плејбој.
Вратете се на почетокот Go down
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedНед Фед 04 2007, 22:12

29 годишниот Нил Родрик успеал да помине четири месеци во американско училиште претставувајќи се како 12-годишник.

Родрик ги избричил сите влакна на телото и ставил шминка за да ја скрие својата вистинска возраст. Тој се нарекол Кеси Прајс и се запишал во училиштето Imagine Charter во Феникс.

Училишните денови на 173 сантиметри високиот Родрик завршиле така што тој минатата година е исфрлен од училиштето поради голем број изостаноци.

„Изгледаше навистина пристојно за 12-годишно дете. Според впечатоците на професорите, Родрик беше многу повлечен и тивок“, изјави портпаролот на училиштето Ронда Кегл.
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПон Фед 05 2007, 01:28

глупаци не го познале! хахаха
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 11:59

Во затвор поради бегање од часови
Занимливости L_looking_in_bag Едно 15 годишно девојче од германскиот град Георлитц е осудено на две недели затвор бидејќи константно бегала од часови, објавило Министерството за образование на источно германската држава Саск. Според Министерството, одлуката ја донел локалниот суд, бидејќи родителите на ученичката не ја платиле казната, а таа одбила да соработува со државата и за казна да превземе некаква општествена работа. Портпаролот на министерството во Дрезден рекла дека не сака да ја коментира судската одлука.
Тинејџерката изостанувала од голем број на часови , но сама ќе одлучи кој месец ќе ја "одработи" казната затвор.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 12:04

Расистички учебници
Занимливости Isticki_ucebnici Училиштето кое во Лондон го основала Саудиска Арабија има учебници кои Евреите ги опишуваат како мајмуни, а христијаните како свињи. Тогаш, воопшто не е чудно што ваквите образовани ученици сакаат да ги сотрат Американците и мислат дека Осама е херој. Училишниот материјал кој го користи Училиштето во западен Лондон вели дека "Евреите практикуваат вештерство и волшебништво" и дека "ја следат Сатаната", па бара од учениците да наведат некои одбивни карактеристики на Евреите и да дадат примери на "безвредни религии" како јудизмот и христијанството.
Колин Кук, Британец кој станал муслиман, 19 години предавал англиски
јазик во тоа училиште, се додека не бил отпуштен во јануари. Тој
сведочи дека ги слушал учениците како велат дека сакаат да ги потепаат Американците и дека Осама Бин Ладен е херој.
Училиштето е основано со цел во него да се образуваат децата на
саудиските дипломати, но денес повеќето од неговите 750 ученици се
британски муслимани. На училиштето се предава и вахабизам, доминантна вера во Саудиска Арабија која е екстремен облик на исламот.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 21:54

Епа шо да им правам на Англичаните коа они си ги примија! Не е тоа мој проблем!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПет Фед 09 2007, 22:51

незнам дали го приметивте и предходниот пост, дека е на крај од претходната страна, може да не сте го приметиле затоа што се отворила нова страна со овој пост ... моја забелешка : НЕНОРМАЛНИ !! до сеа нас требаше да не избацат од школо ако беше така ...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Paparapacipipas
Модератор
Paparapacipipas


Број на мислења : 242
Age : 32
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedСаб Фед 10 2007, 22:09

Ова со религииве да не почињам ја
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedНед Фед 11 2007, 00:31

Paparapacipipas напиша:
Ова со религииве да не почињам ја
да да знам ... и не почињај те молам jocolor
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 15:31

Спијам, значи памтам
Недостатокот
на сон не ни дозволува да ја збогатиме меморијата со нови податоци,
покажуваат најновите истражувања кои предупредуваат дека легнувањето
доцна најчесто резултира со лоши оценки на училиште.
Занимливости 0435B62096809640A10F735067CDF452
Истражувачите
од одделот за медицина на Харвард, го набљудувале однесувањето на 28
доброволци поделени во две групи, едната била лишена од сон еден ден и
една ноќ пред тестот, додека на другата и било дозволено да спие
нормално.

При извршувањето на првата задача, која вклучувала
гледање и паметење на голема збирка фотографии, работата на мозокот на
доброволците била следена на fMRI скенер, кој дава 3Д слики на
церебралната активност.

Откако потоа им било дозволено да се
наспијат две ноќи, им бил даден втор тест во кој требале да ги
препознаат сликите од првиот тест, овој пат помешани со неколку нови
фотографии.

При првиот тест, групата која не била доволно
наспана покажала малку полоши резултати од онаа на која и бил дозволен
сон, но била значително подобра во извршувањето на втората задача.

Скенерот покажал дека во текот на првиот тест, активноста на хипокампусот,
делот од мозокот кој создава нови сеќавања, била далеку послаба кај
оние кои не спиеле доволно отколку кај наспаните. Ова влијаело врз
другите делови на мозокот кои се поврзани со будноста.

Резултатите
докажуваат дека недостатокот на сон го намалува мозочниот капацитетот
за паметење, како и тоа дека спиењето пред учење му е неопходно на
мозокот во процесот на меморирање на податоците, кој се случува идниот
ден.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 15:57

Сапунот убива




Занимливости Lenta



Занимливости Liquid_soap Можеби
звучи бизарно, но миењето на раце со течен сапун е потенцијално
смртоносна навика. Дури и ако на нив пишува дека содржат алкохол. Сето
ова не е шега бидејќи веќе се забележани такви несреќни случаи.
Затвореник и хоспитализиран алкохоличар биле лекувани од труење кое
го добиле од средство за миење на раце кое содржи алкохол, но не онаков
какво што има во алкохолните пијалоци.
Очигледно е дека луѓето погрешно ги разбираат натиписите на геловите
за коса, пената и течностите кои содржат алкохол, известуваат
американските доктори.
Меѓу активните состојки кои ги има во средствата за миење на раце е
изопропилен алкохол во високи проценти, кој и во мали количини може да
усмрти човек со депривација на срцето и нервниот систем.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 16:14

9 нај балкански обичаи




Занимливости Lenta



Занимливости Najbalkanski Сеуште
близок до минатите векови и селските навики, балканскиот менталитет се
издвојува од остатокот на светот. Повеќе ни штети отколку што ни
користи, често носејќи ни негативности, но и покрај се не развеселува и
засмејува. Кога во споредба со остатокот од светот би издвоиле некои
балкански обичаи и традиции, би добиле некои со кои навистина се
гордееме, но и оние кои засекогаш треба да ги заборавиме.
Плукање по улицаИако
не сме единствените кои тоа го правиме, во тоа сме сепак најуверливи и
по бројот на луѓето кои секојдневно го практикуваат плукањето на улица,
без сомнение сме во водство. Посебно привлечни се оние р'кањата со
накашлување со туберколозен призвук, од кои што на улица автоматски
вртите глава и бегате. Позитивната страна кај плукањето е безсрамноста
- кога ќе ви дојде, едноставно и без проблеми - си го вадите вишокот од
себе.Пиење кафеКако на еден Балканец би
му објасниле дека кафето се пие на нога, со два потези на шанк? Никако,
затоа што тоа не е во нашата култура. Во далечните денови зад нас, од
истокот сме ја собрале навиката за пиење кафе која се претворила во
навистина забавен и корисен обичај, посебно ако се практикува во
работното време, а избегнувањето на обврските е една од работите кои
посебно не веселат.Живот со родителите по триесеттатаМожеби
ова не ви се чини како обичај, но ќе ги објасниме сите околности поради
кои таквиот начин на живот сме го зеле како обичај. Во повеќето
европски земји (и во многу светски), обичај е детето по завршување на
факултетот (околу 23 години, бидејќи западњаците во рекорден рок го
завршуваат факултетот) да се осамостои, да почне да живее само, без
обзир дали се работи за изнајмен или купен на кредит стан. Меѓутоа, ова
кај нас не е нормално. Доколку вашите родители немаат недвижнини на
располагање, а вие барате работа или работите се и сешто, тешко дека
пред триесеттите ќе застанете на свои нозе. Бидејќи на нашите простори
ова стана правило и повеќето така живеат, би можеле да речеме дека ни
прејде во навика и се претвори во обичај.ЦенкањеНајверојатно
никаде на светот не можете да се ценкате, и тоа не само по пазарите и
саемите, туку и во продавниците како што можете на Балканот. Нашите
трговци обидувајќи се да ги почитуваат европските стандарди во последно
време се прават сериозни и важи, но во Грција, Бугарија и Турција
ситуацијата е многу поинаква.Животна филозофијаОва
всушност се однесува на животниот стил. Или: Како? Полека, со лесно, на
танане. Битно е да не се напнуваме премногу, без напор.Отприлика
вака размислува мнозинството и иако нема да имате проблем да најдете
грижливи единки (и нив ги имаме) кои и се предадени на работата, сепак
ќе се изгубите во резигнираната толпа која го прави тоа што мора, а за
се останато има време. Па видете ги само реките луѓе кои точно на
пладне пијат кафе на плоштад и на кеј. Доколку мислите дека се работи
само за студенти, сте се заебале - тоа се запослени луѓе (кои имаат
време за се).Знамиња на свадбаПокрај
сите факинг свадбени обичаи, како што е запросувањето на невестата,
бутање врати, па возење во колона до црква и матично со титкање, па од
црква и матично до ресторанот, еден од најбесмислените е веењето на
знаме. Свесни сме дека за вкусовите не се дискутира - додека едни
сакаат мирна свадба со малку гости, други се фрлаат во трошоци со
двеста, триста гости, а на такви свадби незаобиколна работа е знамето.Општобалкански
обичај е целото село да знае одека синот или ќерката прават свадба.
Затоа, песна и музика ечи цело пладне и цела ноќ. Меѓутоа, оние кои ги
сакаат таквите обичаи, кога тогаш ќе ги задржат и ќе ги практикуваат и
во западните земји. Така покажуваме од каде сме, а не мора баш сите да
знаат. Ама, како што рековме, за вкусовите не се дискутира.Добрососедски односиЕдна
од најубавите работи кај балканските народи е друштвеноста,
отвореноста, гостопримството. Меѓутоа, доколку не сте гостин, ќе ги
забележите добрососедските односи кои владеат и кои се почитуваат.
Добро сега, односот може и да се расипе, соседите може да се закараат
(па и да се затепаат), но сепак останува посебна карактеристика.Овде
има и лоша страна,а тоа е дека премногу го пикаат носот во туѓата
работа. Убаво е кога соседот ќе ви донесе свежо испечена пита, па вие
ќе го поканите на кафе, малку ќе си помуабетите и ќе пројде времето.
Но, не се сомневате дека веќе утре целата улица ќе знае за што сте
разговарале. Ова е магијата на добрососедските односи кај нас.ПцовкиЕ тука сме ненадминливи. Нашите пцовки се апсолутно без конкуренција во споредба со остатокот од светот, ти ебам.Нормално,
и другите народи пцујат, но не во толкава мерка и толку сочно. Ретко
кои би го пцуеле Бог, мајки и слично, но ние таквите именки многу
успешно ги комбинираме со уште покреативни атрибути и глаголи, па на
крај сето тоа заедно го става на некое место (каде што се одвива
дејството во пцовката). Кој ги ебе другите народи, ние Балканците сме
махери во пцуење и никој не може да не стигне.ГостопримствоГостопримството
на луѓето од било кој крај во светот не може да се мери со балканското
(или барем ние така мислиме) и тоа е најдобрата карактеристикасо која
можеме да се пофалиме. Без разлика во каква материјална состојба е
куќата, домаќинот ќе понуди се што може да најде во фрижидерот.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 16:16

еј абе незнам зашто не ми се праќа како што го имам напишано .... ај најверојатно ке се снајдете Very Happy со болдирани букви е напишана секоја наредна особина
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 18:47

се снајдов само очи ми истекоа! lol! фино е ова! знаеш?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Sponsored content





Занимливости Empty
ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Занимливости Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Занимливости
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: