Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Занимливости

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Пон Фед 12 2007, 20:53

smiley Smile напиша:
се снајдов само очи ми истекоа! lol! фино е ова! знаеш?

hehe !! па немаше да го пратам ако е заникаде Very Happy incoming more !
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Пон Фед 19 2007, 01:20

Кај се парите?
Aко
давате чесен збор дека сте од оние 'поштените', ајде да ви покажам каде
можете да ги скриете парите по дома а да не ви ги најдат крадците.

Според
некои статистики, арамиите остануваат помалку од 6 минути во станот во
кој провалиле што значи дека имаат време да ги проверат само клучните
места на кои се сомневаат дека сте ги скриле парите и златото.

Затоа, човечки е да се надевате дека нема да им текне да ги проверуваат штекерите!

Токму
тоа е идејата на овој заебан домашен сеф, кој изгледа како обичен
штекер, чини само 8 долари а пофалби добил и од чикашката полиција.

А сега, или кликнете тука или ставете ракавици и чорапа на глава и поработите нешто денес Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Пон Фед 19 2007, 01:26

Откриена слабата точка на ХИВ вирусот








ХИВ
вирусот има слаба точка која научниците за првпат успеаа да ја снимат,
па стана јасно што се случува кога антитело кое се бори против
инфекцијата го напаѓа незаштитениот дел во одбрамбениот систем на ХИВ
вирусот. Ова откритие би можело да помогне при создавањето
вакцина. Објавената слика прикажува како антителото b12 напаѓа дел од
протеинот на површината на вирусот. Инаку, ХИВ против нападите на
антителата се бори со непрестаната мутација, но кога овој протеин ќе
стане дел од вирусот, воедно станува и слаба точка бидејќи престанува
да се менува, а со самото тоа станува и стабилен.Проблемот
со создавањето вакцина против ХИВ е во тоа што имунолошкиот систем не
успева доволно брзо да го препознае вирусот затоа што тој се менува, а
има и скоро непробоен оклоп од молекули кои го блокираат пристапот на
антителата. Но, деловите на вирусот мораат да останат непроменети за
тој да може да се врзе на клетките и да влезе во нив.Ова истражување откри критично подрачје во кое вирусот е ранлив и претставува една од најсилните траги во последните 10 години.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 247
Age : 26
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Вто Фед 20 2007, 16:34

toa ti e Germanija,vo Makedonija deca cela godina ne odat na casovi pa nikomu nisto.Nema red.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Вто Фед 20 2007, 19:19

Рекорд за предвремено бебе

Едно американско бебе, за кое се вели дека поминало најмалку време во мајчината утроба, се отпушта од болницата во Мајами.

На 24 октомври минатата година, кога беше родена, Амилија Тејлор тежеше помалку од 300 грама, беше долга 24,1 сантиметри, а во утробата на мајката помина помалку од 22 седмици.

Лекарите и' го припишуваат преживувањето на технолошкиот напредок постигнат во грижата за новородените во последниве десет години и велат дека ќе и' биде потребен посебен надзор и дополнителен кислород за неколку месеци.

Амилија, што на латински значи издржливост, сега тежи само 1,8 килограми.

Мајката Соња Тејлор искажа благодарност за персоналот во болницата.

Лекарите досега сметаа дека бебиња тешки под 400 грама и под 23 седмици бременост главно не можат да преживеат.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Вто Фед 20 2007, 19:20

Откинат прст сам ќе си порасне

Истражувачите се обидуваат да изнајдат начини за регенерација на прстите - и во иднина, дури и на екстремитетите - со трикови што звучат како магии од романот за Хари Потер. Едно момче си го пресекло врвот на прстот, но делот повторно му израснал, откако тој го лекувал со екстракт од свинска бешика. А научниците успеале да израснат дополнителни раце со помош на саламандер. И лабораториските глувци имаат таинствена способност за самоизлекување.

Ова лето, научниците планираат да откријат дали свинскиот екстракт во прав може да им помогне на повредените војници во регенерацијата на деловите од нивните прсти. Исто така, еден голем федерално финансиран проект се обидува да ја открие тајната за тоа како некои животни имаат способност за толку вешта регенерација на деловите од телото , со надежи дека овие лекции ќе можат да се применат и кај луѓето.

Импликациите од регенерацијата на прстите одат подалеку од козметиката. Луѓето коишто ги изгубиле сите или пак поголем број од своите прсти, поради експлозија или пожар, многу често не можат да ги подигнат предметите, да си ги измијат забите или пак да закопчаат копче. Кога тие би можеле да израснат барем мал дел од оштетените прсти, тоа би можело да направи огромна разлика во нивните животи.

Лекциите научени од истражување на регенерацијата на прстите и екстремитетите би можеле да допринесат на полето на регенеративната медицина, можеби еден ден да им помогнат на луѓето да ги заменат оштетените делови од нивното срце или рбетен мозок, и да ги излекуваат раните и изгорениците со нова кожа, наместо да живеат со лузни.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Сре Фед 21 2007, 21:35

Википедија има пари уште за три месеци

Фондацијата Викимедија, која управува со издавањето на бесплатната онлајн енциклопедија Википедија, нема финансиски потешкотии кои би се заканиле на нејзиното постоење, изјави претседателката Флоренс Дувуар.

Претседателката на управниот совет на Фондацијата Викимедија прецизираше дека во касата останал само еден милион долари или околу 760.000 евра, но во однос на други години ситуацијата е добра. Парите се собрани при акција за прибирање средства во текот на јануари и ќе и дозволи на фондацијата, која работи без приходи од реклами, да издржи уште три до четири месеци.

- Нема причини за паника - рече Дувуар. Таа изрази надеж дека наскоро ќе се појават големи донатори. - Во идеален случај ни требаат уште четири до пет милиони евра - истакна таа.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Чет Фед 22 2007, 15:40

Гејтс против користењето компјутери
Само
затоа што е ќерка на Бил Гејтс, не значи дека може да седи пред
компјутер по цел ден. Нејзината страст за компјутерски игри, го загрижи
основачот на Мајкрософт, кој одлучи да и воведе рестрикции,
ограничувајќи и ја работата на компјутер – на 45 минути дневно.

Милијардерот
Гејтс, изјавил дека неговата 10-годишна ќерка, која инаку е неговото
најстаро дете, претходно не била голем зависник од интернет, се додека
нејзините соученици не почнале масовно да ги користат таблет
компјутерите.

“Стана многу алчна и откри голем број
компјутерски игри, вклучувајќи ја и Viva Pinata за Xbox 360. Во
состојба е да помине 2 до 3 часа играјќи ја таа игра, бидејќи е многу
интересна и забавна”, признал Гејтс пред публиката во Отава.

Освен
договорените 45 минути дневно, неговата ќерка добила по 1 час за време
на деновите од викендот, плус времето кое и е потребно да ја заврши
домашната задача.

Новиот оперативен систем на Мајкрософт,
Виндоус Виста им овозможува на родителите да ги контролираат интернет
страниците кои ги користат нивните деца а воедно вклучува и уред кој ги
снима сајтовите кои тие ги посетувале и со кого разговарале он лајн.

”Пожелно
е до одредена возраст на децата, родителите да имаат увид во нивната
работа на интернет и постојано да разменуваат мислења на таа тема. Кога
мојот син ме праша дали цел живот ќе биде вака ограничуван, јас му
одговорив дека тогаш кога ќе почне самостоен живот, ќе може самиот да
ги постави своите граници”, вели Бил Гејтс.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Чет Фед 22 2007, 15:42

20 факти за сексот што не сте ги знаеле!
-
Според истражувањето на институтот Кинсли, најголемиот еректиран пенис
имал должина од 33 сантиметри, додека најмалиот бил само 4,6
сантиметри.
- Најчеста фантазија е оралниот секс.
- 8% од луѓето имаат редовен анален секс.
- 60% од мажите и 54% од жените имале секс за една вечер.
- Жените купуваат 4 од секои 10 продадени кондоми.

- Во 1609 еден италијански доктор, во Болоња открил леш со два пениса. Од тогаш се евидентирани 80 вакви случаи.

- Мажите сметаат дека просечниот еректиран полов орган е 25,4 сантиметри, жените сметаат дека тој е 10 сантиметри.

-
Женскиот оргазам има моќно дејство против болката (поради
ослободувањето на ендрофини), што ја прави главоболката едно од
најлошите оправдувања за немање секс.

- 1 од секои 3-ца венчани ќе изврши прељуба.

- 62% од луѓето сметаат дека нема ништо лошо во мамењето.

- 56% од мажите имале секс на работа.

- Брзината со која еротската сензација патува од кожата до мозокот изнесува 251 км/ч

-
Паровите од племето Манагани од Полинезија, во просек имаат секс три
пати на вечер, се до 30-те години животот. По ова нивниот просек се
намалува на 14 пати неделно.

- Секоја година најмалку 500
Американци умираат од задушување, во обид да го намалат дотокот на
воздух за време на сексот со цел да доживеат посилен оргазам.

- 29% од луѓето се венчаат како девици.

- Просечното сексуално искуство трае околу 39 минути.

- 58% од луѓето сакаат да зборуваат валкано за време на сексот.

- 22% од луѓето барем еднаш изнајмиле порно филм.

-
Ако се земе денешниот просечен број на сексуални односи, на една
нормална американска двојка би и требале четири години за да ги испроба
сите 529 пози од Кама Сутра.

- Во Лос Анџелес, извесен Стив
Џозефсон основал Организација за заштита на невината сперма, чија
основна цел е ставање крај на "геноцидното сквернавење" на спермата
преку користење на кондоми, стерилизација, мастурбација и тесна долна
облека.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Чет Фед 22 2007, 15:48

Бројки - многу
Момциве
се потрудиле да најдат по една уникатна особина за секој број од 0 до
9999. Па така, ако ве интересира 18 е единствен број кој е двојно
поголем од збирот на неговите цифри, или 102 е најмалиот број со три
различни цифри, како и тоа дека 9945 е еднакво на 17.

тука
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Чет Фед 22 2007, 16:15

Чудни куќи
Архитектите
понекогаш добиваат чудни нарачки, а можеби и премногу слобода.
Класичните куќи понекогаш се досадни. Затоа, погледнете го изборот на
најчудните куќи на светот, кои сигурно не се досадни, но можеби нема да
им се допаднат на сите...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Саб Фед 24 2007, 13:58

Мајкл Џексон преоѓа на Ислам?

Арапскиот
печат славенички пренесува дека поп ѕвездата Мајкл Џексон решил да го
најде својот душевен мир преоѓајќи во исламска вероиповед. Ќе се
преселел на Бахреин каде веќе купил имот. Не се знае какво име ќе
одбере, можеби Абдул Пластик Ал Педофил?

Веста
за верскиот трансфер на контроверзната поп икона ја пренесува арапско
-израелскиот весник Панорама тврдејќи дека Џексон веќе ја потврдил
својата одлука да тргне по стапките на Кет Стивенс кој своевремено реши
да се преобрати и да почне нов живот како Јусуф Ислам.

Извор
на веста е братот на Мајкл, Џермеин Џексон кој прејде на Ислам уште во
1989 година и бил главниот духовен патрон решавајќи да му помогне на
својот брат, измачен од огромните скандали кои во континуитет го следат
последнава деценија.

По едно врќање од аџилак во Мека, Џермеин му донел на Мајкл куп книги за Исламот за кои овој покажал огромна заинтересираност.

"Сите ги прочита и горд е на мене што му дадов нешто што ќе му ја врати душевната мир и спокојство," изјави Џермеин.

Пред
да ги усвои духовните вредности на Исламот, Мајкл Џексон поштено го
изнавежба соодветниот дрес код, појавувајќи се во јавноста облечен како
нинџа:
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 247
Age : 26
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Саб Мар 10 2007, 02:24

pa toa so pinceta da go cuvas
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Пон Апр 09 2007, 10:44

Новата
техника ги претвора црвените крвни зрнца од групата А или Б во
универзалната крвна група 0, која може да се дава на сите пациенти. Збогум на проблемите со недостатокот на залихите од крв.Четирите
основни крвни групи на човековата крв - А, Б, АБ и 0 настанале поради
разликата во молекулите кои се нарекуваат антигени, на површината на
црвените крвни зрнца и предизвикуваат реакција на имунолошкиот систем.
Лицата со антиген од типот А создаваат антитела на антиген од типот Б,
поради што телото ја напаѓа и отфрла донираната крв како надворешно
тело. Истото се случува и со лицата кои имаат крвна група Б, а ќе
добијат крв од групата А.Крвта од групата 0 нема ниедно од овие
антитела и без опасност може да им се дава на лицата со било која крвна
група. Но, лицата со крвна група 0 можат да примат крв само од групата
0.За да го решат проблемот со недостатокот на залихите од крв,
тимот меѓународни научници на чело со професорот Хенрик Клаусен од
Универзитетот од Копенхаген, објасниле за магазинот Nature како успеале
да претворат крв од групите А, Б или АБ во О. Процесот користи ензими
како биолошки "ножици" кои ги кратат молекулите на шеќер од површината
на црвените крвни зрнца. Aнтигените од групата А и Б содржат
една или две различни молекули на шеќер, кои можат да предизвикаат
имунолошка реакција, додека оние од групата О немаат ниеден од овие
молекули, а лицата со АБ ги имаат и двата. Во потрагата по корисни
протеини биле тестирани над 2.500 бактерии и габи, за конечно да се
изолираат две бактерии (Elizabethkingia meningosepticum и Bacteroides
fragilis) кои можат да ги "помират" крвните групи.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Сре Апр 11 2007, 20:02

Он-лајн скитање
Околу
една петина од мажите признаваат дека порно сајтовите лесно им го
одземаат вниманието додека сурфаат по интернет. Останатите 80% воопшто
не си дозволуваат да го губат времето на непотребно сурфање и веднаш
одат на порно.

Најновото
британско истражување покажува дека интернет корисниците месечно трошат
по два работни дена само на барање на интересни теми за сурфање а
речиси 25% од нив трошат над една третина од времето минато на интернет
на "лутање" по мрежата.

Најголем дел од интернет "скитниците"
биле машки а како најчеста тема на неодредено сурфање биле шопинг
сајтовите. Во истражувањето, во кое учествувале над 2.400 лица, една
третина од мажите признале дека ваквиот вид на сурфање, имал негативен
ефект на нивната врска.

Експертите за организирање на времето
препорачуваат одредување на прецизна временска граница колку ќе се
користи интернетот и на која тема ќе се потроши.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
NaTaLi
Модератор
avatar

Број на мислења : 775
Age : 26
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Сре Апр 11 2007, 21:09

Ова куќиве ко од Лапут да се lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Чет Апр 12 2007, 15:59

Karate Kid напиша:

- Секоја година најмалку 500
Американци умираат од задушување, во обид да го намалат дотокот на
воздух за време на сексот со цел да доживеат посилен оргазам.

Хммм. Да ви го објаснам ова? Или не? ај нема везе некој пејач познат има умрено така пошто тоа што си се бесат им праи задоволство! (секакви). ова важи за мажите. истотака кога порано имало смртна казна со бесење кога некој тип ќе обеселе можело да се деси типот да доживее ******** (знаете што!) Neutral да бе! и тоа! јас само да надополнам! ајт идам сеа да учам биос!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Саб Апр 21 2007, 00:54

Шест години и околу 500 милиони евра беа потребни за да се изгради 918 метри долгиот воден мост во Магдебург, Германија.
Ова е една од најоспоруваните фотографии прикажани на интернет, токму поради неверојатната и навидум невозможна архитектура.

Овој мост навистина постои и се наоѓа над реката Elbe, а преку него се спојуваат (поранешните) Источна и Западна Германија.


Кликнете на фотографијата за зум.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Саб Апр 28 2007, 19:39

Кофеин веќе не ви треба - само удрете еден туш






За сите ранобудници кои немаат време за утринското кафе на пазарот се појавил посебен тип на сапун кој содржи кофеин.

За време на туширањето во кожата се впива посебната состојка која инаку ја внесуваме при конзумирање на две кафиња на ден.
Научниците се посебно горди на овој нов изум кој воодушевил многу луѓе.
Доказот за неговата успешност е тоа што првите количини од овој но производ се веднаш продадени.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Саб Апр 28 2007, 19:41

Полна куќа семафори




"Некои сакаат музика, некои фудбал, а јас сакам семафори. Многу ме возбудуваат",
кажува 14-годишниот Симон, кој својата страст спрема патната сигнализација, особено светлечката, никако не може да ја откаже.

Еден 14 годишник уште како многу мал развил чудна страст или хоби.
Ученикот Симон Питерсон веќе со години собира сообраќајни знаци.
Идниот сообраќаец денес има шест сетови на сигнализациони светла,
повеќе од 30 знаци и неколку стотини фотографии од семафори од сите
делови низ светот.
Симон веќе со години сонува да стане иден инжинер по сообраќајна сигнализација.
"Семафорите навистина ме возбудуваат. Другите деца во училиштето
мислат дека сум луд. Некои луѓе сакаат музика или фудбал, а јас сакам
сообраќај",
кажува тој.
Симон ја составил својата прва збирка на знаци каде има и многу стари
знаци кои веќе не се важечки. Некои од знаците ги купувал на eBay по
цена од 25 фунти по парче.
Фотографиите на семафори од разни светски дестинации му биле испраќани од пријатели додека се на одмор.
"Најдраги ми се паришките семафори, а ни старите британски не се
лоши. Луѓето мислат дека станува збор само за зелено жолто и црвено, но
постојат различни дизајни на семафори и различни типови на светла",
кажува Симон.
Симон е инаку член на британското друштво за сообраќај и планира наскоро да постави семафор во дворот на својата куќа.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   Саб Апр 28 2007, 19:45

Ја препливал Амазон и завршил во прединфарктна состојба


Словенскиот
пливач, маратонецот Мартин Стрел е првиот човек кој во целосна должина
ја препливал една од најголемата река во светот - Амазон, а со овој нов
рекорд сериозоно го загрозил своето здравје.

52 годишниот Стрел својот голем потфат го завршил со зголемен крвен притисок, мачнина, сончаница и други здравствени потешкотии.
По доаѓањето на целта, веднаш е превезен во болница поради тоа што бил
во прединфарктна состојба, а првата помош му е пружена веднаш во
возилото за итна помош.
Стрел пливал 66 дена. Препливал 5.268 километри, а во просек пливал 84 километри на ден.

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Занимливости   

Вратете се на почетокот Go down
 
Занимливости
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: