Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Новитети

Go down 
5 posters
АвторПорака
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Новитети   Новитети Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 01:17

Монитор со крилца
Мадафакер
од монитор: централен ЛЦД панел од 21,3 инча и дополнителни 5 крила со
по 17 инча. Кога ќе го распнете, можете да изброите вкупно 7,993,600
пиксели.
Новитети 52E5382F5DD80742ADB39465F0B56057
кој не верува, нека го купи (3,300 долари) па нека пребројува Smile
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 14:10

Добро е ова да го имаш. Само цената н му чини.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 16:51

Рамки за дигитални фотографии




Новитети Lenta



Новитети _digitalni_voved Philips
претстави две рамки за дигитални фотографии во кои можат да се сместат
до 150 фотографии. Погодни за секое домаќинство, овие две рамки имаат
исти можности и карактеристики, но визуелно се различни - моделот 9F2M4
е сребрен, а 9FF2CWO има рамка од дрво.Фотографиите се
префрлуваат во интерната меморија на рамките преку поврзување со
компјутер или дигитален фотоапарат преку USB приклучок. Можно е и
вметнување на различни мемориски картички (SD, MMC, Memory Stick,
Compact Flash) директно во рамката и прикажување на фотографиите кои се
во картичката.Димензиите на фотографиите се подесуваат
автоматски за да се прикажат складно во рамката во хоризонтална или
вертикална положба и можат да се прикажуваат како серија на слајдови,
во зададен временски период, или пак постојано да биде прикажувана една
фотографија, како вистинска рамка за фотографија.Со помош на
вградениот тајмер, можно е и вклучување и исклучување на дисплејот по
желба. Рамките за дигитални фотографии 9FF2M4 и 9FF2CWO чинат 180,
односно 200 фунти.Новитети Ramki_digitalni
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedЧет Фед 22 2007, 16:27

Sony со најлесен лаптоп на светот



Новитети Sony-vaio
Sony
планира следниот месец да започне со продажба на најлесниот лаптоп на
светот, се разбира со цел да ја зголеми продажбата на пазарот помеѓу
деловните корисници.
Со својата тежина од само 898 грама,
најлесниот лаптоп на Sony „Tip G“ Vaio ќе има 12,1 инчен LCD екран. Од
Sony исто така најавија и дека основниот модел на лаптопот од G тип ќе
го испорачуваат без оптички уред (DVD снимач) и дека ќе може да издржи
работа од цели 12,5 часови со едно полнење на батеријата.

Цената на основниот модел ќе се движи околу 1.881 долар, а во моментов
нема информации дали овој производ ќе се продава вон границите на
Јапонија.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedЧет Фед 22 2007, 16:31

Intel ги затвори електронските пукнатини



Новитети 09RRTechTrend
Intel
пронајде начин да ги изолира колата на своите микропроцесори од три
страни, а не само од една. Ова би требало да овозможи зголемување на
брзина од 45 проценти кај идните чипови, како и 35 проценти заштеда во
потрошувачката на електрична енергија. Методот на „три порти“ помага
при спречувањето на загубите во истекување помеѓу жиците, поради
намалувањето на димензиите кај технологијата во процесот на
производство од 90 на 65 нанометри. Технологијата се уште е во фаза на
испитување, но кога ќе биде подготвена, програмерите на Intel
најверојатно ќе ја применат во своите нови чипови.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 32
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedЧет Мар 01 2007, 00:40

алелуја конечно нешто арно да им текне
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedПон Мар 12 2007, 16:52

Првиот Wi-Fi дигиталец на Sony




Новитети Lenta



Новитети Y_wifi_digitalec Минатата недела, Sony го претстави својот прв дигитален фотоапарат со можност за праќање фотографии преку Wi-Fi врска со персонален компјутер, или со други камери.Оваа
6 мегапикселна камера ги поддржува 802.11 b и g мрежите за поврзување
на уреди кои ги поддржуваат стандардите адаптирани од страна на Digital Living Network Alliance. Според
зборовите на Фил Лубел - директор за маркетинг за дигитални камери во
Sony, нивниот дигиталец претставува чекор кон создавањето платформа за
мрежна фото комуникација, па вели дека неговата кампања ќе продолжи да
ги истражува начините на искористувањето на безжичната фото
комуникација.Што се однесува до самиот апарат, треба да се
спомне 3.5 инчниот LCD екран, 2GB интерна меморија и слот за Memory
Stick Duo и Pro Duo мемориски картички, а содржи и софтвер за
организирање и пребарување на фотографии.Sony DSC-G1 би требало да се појави на пазарот по цена од околу 600 долари.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 22:58

Дисплеј на допир кој не треба да се допира


Новитети LentaНовитети Touchko
Производот на компанијата TouchKo е всушност оксиморон. На дисплејот подобро би му прилегало името wavescreen, отколку touchscreen.
Дисплеите осетливи на допир веќе одамна не се само мода, туку и практично решение, но компанијата TouchKO одлучи да отиде и понапред и да даде решение на естетскиот проблем со допирањето на мазната и сјајна површина, по што остануваат дамки и траги од прсти.
Накратко, станува збор за екран осетлив на допир кој всушност и не треба да се допира. Тајната на овој дисплеј е во сензорите кои чувствуваат вибрации на оддалеченост до 15 сантиметри од неговата површина. Доволно е да се гестикулира со раката пред дисплејот и сензорите ќе ја сфатат пораката, за на крај да ја претворат во конкретна команда.
Овие дисплеи засега имаат примена исклучиво во медицината, а останува да видиме дали со време ќе најдат широка примена.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 22:59

Откако на пазарот се појави мобилен телефон обложен со дијаманти и платина, британската компанија Luvaglio од Лондон го возврати ударот и креираше лаптоп со мермерен изглед, вградени дијаманти и останати племенити метали со вкупна вредност од милион долари.
"Милионскиот лаптоп" може да се купи во црна и розова варијанта.
Со цел ексклузивноста да биде поголема, компанија се ангажира на сите заинтересирани купувачи да им излезе во пресрет и на средба со свој агент да им го претстави лаптопот.
Производот може да се нарача на сајтот на компанијата, каде што воедно се закажуваат и презентациите на милионскиот лаптоп.
Да се "ископа" фотографија од лаптопот на интернет е вистинска реткост, а видео презентацијата што излезе во јавностa, експресно беше тргната од сите веб-страници.
Новитети Luvaglio-million-dollar
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedСаб Апр 28 2007, 17:56

Најмалото компјутерче на светот

Новитети Sps_najmalo-kompjuterce
Димензиите
на овој PC се само 2×2x2,2 инчи (1 инч = 2,54 цм). Го носи името Space
Cube и се претпоставува дека моментално ја носи титулата на најмал
компјутер на светот. Вистинска минијатура, нема што!

Во компјутерот е вграден процесор од 300 Mhz, а има 64 МБ SDRAM меморија.
Како што е видливо на фотографијата, постојат неколку портови на него,
и тоа за УСБ, мрежна картичка, флеш меморија, порт за спојување со
монитор, сериско спојување (Serial Port), па дури и слот за микрофон.
Мониторот е во состојба да прикажува до 65К бои при резолуција од 1280 х 1024 пиксели.
Пред помалку од две години ова интересно парче се продавало по цена од 325 американски долари. Зарем не е кул?
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedСаб Апр 28 2007, 17:59

Компјутер за најстрастните играчи


Новитети Kompjuter-za-igracite--23

Произведувачот
на персонални компјутери Shuttle продава ултимативно PC за играчите со
импресивни компоненти и куќиште во боја, секако со соодветна тастатура
и глувче.

Shuttle XPC 1337 SDX е направен специјално за играчи, а тоа најубаво може да се докаже со изборот на компонентите.
Конфигурацијата е заснована на Интеловиот процесор X6700 Core 2 Quad,
придружен од два гигабајти меморија Crucial Ballistix, како и две
графички картички од типот ATI Radeon X1950 Pro кои се поврзани со АТИ
технологијата Crossfire, а нивниот процесор е обезбеден со водено
ладење.
Се работи за патентиран систем CoolIT кој им обозможува на картичките
да во било кој момент на оптоварување ја задржат својата максимална
брзина на работа, без потреба за нејзино намалување.
Во системот се вградуваат хард дискови од типот Western Digital Raptor,
најбрзите САТА дискови на пазарот со брзина на вртење од 10.000 вртежи
во минута.
Покрај извонредните компоненти, овој систем има и многи квалитетна
надворешност. Секој компјутер се изработува рачно, а за куќиштето се
користат најквалитетни автомобилски бои.
Поради рачното боење нема два потполно исти компјутери па секој купувач добива уникатен производ.
Глувчето и тастатурата кои се испорачуваат заедно со компјутерот се многу квалитетни и се во иста боја.
Цената на овој ѕвер изнесува 3.500 американски долари!
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedСаб Апр 28 2007, 18:02

Лебдечко глувче!


Новитети Sps_lebdecko-glufche


Неодамна имаше една статија во која пишувавме за лебдечки кревет кој
го држи магнетно поле. Овој пат ви го претставуваме лебдечкото глуфче
кое работи на сличен принцип. Сакаме всушност се да биде лебдечко.

Лудото компјутерско глуфче кое лебди е 100% првиот глушец кој е без
допир со подлогата, самоуверено наведуваат на страницата на производот.
Она што стои позади овој глушец, чие што полно име е CrazyPC Hover
Mouse, е електромагнетна технологија која цело време го држи еден
сантиметар над подлогата.
Добро е познато дека триењето кај класичните глуфци е често причина за
оштетување и потрошеност, па овој глушец, како што велат
произведувачите, ќе ја зголеми прецизноста во компјутерските игри.
Глушецот е безжичен, а направен е од одлична метална легура. Има три копчиња со плави ЛЕД сијалички.
Цената на овој геџет со кој ќе ги здивите вашите пријатели или колеги е
околу 75 американски долари и може да се нарача преку интернет.
Идеално за фанатиците на игрите, но и од оние кои патат од артритис.

Повеќе на:
crazypc.com
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedСаб Апр 28 2007, 18:07

Компјутерска капа за приватност!

Новитети Sps_kapuljaca-za-privatnost

Новитети Kapuljaca-za-privatnost-01

Новитети Kapuljaca-za-privatnost-02


Во денешно време кога е многу тешко да се зачува својата приватност,
компјутерската капа представува чекор напред во заштитата од шпиуните
кои просто ги заринкуваат очите во екранот.


Покрај употребата на најновите технологии, кои од година во година
стануваат се понапредни, користењето на компјутери или гаџети може да
биде многу иритирачко доколку се користат под директно светење на
сончевите зраци, и поради тоа овој додаток би можел да биде совршен.
Другиот проблем се колегите од работа кои секогаш ви ѕиркаат преку
рамената и го пратат секој ваш потег или луѓето кои во преполн автобус
ви ги читаат вашите СМС или ММС пораки.
Компјутерската капа (Computer Hood) не се стреми кон некоја сериозна
примена. Меѓутоа, ќе ви овозможи во потполна приватност да напишете 20
страници од вашиот деловен извештај, подалеку од хиените кои сакаат да
ја прочитаат секоја напишана буква или доколку сакате извештајот да го
напишете на клупа без притоа да ви сметаат сончевите зраци.
Компјутерската капа е во потполност изолирана од звук и светлина. УСБ
кабелот кој се наоѓа во неа може да се вклучи во компјутерот со што се
овозможува звукот да патува од компјутерот преку звучник кој е вграден
во самата капа.
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_minipostedПон Мај 14 2007, 20:03

BIG_M_UNDERGROUND напиша:
Компјутер за најстрастните играчи


Новитети Kompjuter-za-igracite--23

Произведувачот
на персонални компјутери Shuttle продава ултимативно PC за играчите со
импресивни компоненти и куќиште во боја, секако со соодветна тастатура
и глувче.

Shuttle XPC 1337 SDX е направен специјално за играчи, а тоа најубаво може да се докаже со изборот на компонентите.
Конфигурацијата е заснована на Интеловиот процесор X6700 Core 2 Quad,
придружен од два гигабајти меморија Crucial Ballistix, како и две
графички картички од типот ATI Radeon X1950 Pro кои се поврзани со АТИ
технологијата Crossfire, а нивниот процесор е обезбеден со водено
ладење.
Се работи за патентиран систем CoolIT кој им обозможува на картичките
да во било кој момент на оптоварување ја задржат својата максимална
брзина на работа, без потреба за нејзино намалување.
Во системот се вградуваат хард дискови од типот Western Digital Raptor,
најбрзите САТА дискови на пазарот со брзина на вртење од 10.000 вртежи
во минута.
Покрај извонредните компоненти, овој систем има и многи квалитетна
надворешност. Секој компјутер се изработува рачно, а за куќиштето се
користат најквалитетни автомобилски бои.
Поради рачното боење нема два потполно исти компјутери па секој купувач добива уникатен производ.
Глувчето и тастатурата кои се испорачуваат заедно со компјутерот се многу квалитетни и се во иста боја.
Цената на овој ѕвер изнесува 3.500 американски долари!

знам за ова фала богу како еден голем гејмер Very Happy ова ми е едно од нештата што би сакал да ги имам !! морее како ке иде на ова нешто SC или WoW ... ОУУУУУУУ!!!! лудница!!
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Sponsored content





Новитети Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новитети   Новитети Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Новитети
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Компјутери и компјутерска технологија :: Хардвер-
Отиди до: