Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Историја на литературата

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Историја на литературата   Нед Јан 07 2007, 20:58

Овде може да пишувате свои мислења за некои дела кои ви се омилени или за било кои дела од историјата на литературата
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Сре Фед 14 2007, 22:21

“Аспекти на македонската урбана култура-Хип хоп Македонија” е првата македонска книга во која се обработува хип хоп културата како начин на живот. Нејзини автори се Александар Ковилоски и Славчо Ковилоски, а книгата излезе во издание на “Современост” во 2005 година. Поделена е во два дела, од кој првиот е социолошко гледиште кон почетоците и развојот на хип хопот во светски и домашни рамки, а вториот се однесува конкретно на македонскиот рап живот, со хронологија на значајните настани од таа област. Промоцијата на книгата се одржа во Културниот центар “Точка”, на 13 ноември 2005 година, а промотер беше д-р Васил Тоциновски.

Извадоци од Прв дел, глава 4, Од каде потекнува хип-хопот-скит, ( стр. 17-18 ):
“Слика 1: Црква во САД, посетувана од црнечко население. Мисата скоро секогаш е проследена со госпел музика. Свештеникот, во овој случај проповедникот е докажан оратор кој ги користи сите средства слушателите да ги привлече и да ги вовлече во неговото излагање. После секоја негова поука тој вели: “амин!“ и сите присутни одговараат со ”амин” слично на денешните МС-ја, кои кога ќе извикаат ”хо!” и публиката извикува “хо!”.
Слика 2: Џез клубовите во Њујорк се во фаза на експанзија. На сите им е интересен начинот на изведување на Џејмс Браун и неговите движења. Тие ги интерпретираат на свој начин создавајќи специфичен начин на танцување. На која музика? На Џ. Браун или на Херби Хенкок и преку “гребењето” на нивните плочи од страна на новите момчиња - ДЈ-ите.
Слика 3: Сламот. Разурнати куќи. Таванот прокапува, ѕидовите се ронат... тука бабата на едно Латино момче готви ручек, чекајќи го да се врати од училиште. Но тоа момче не оди на училиште веќе 1 месец... затоа што продава дрога на задниот влез на една шестокатница... На некој крај од маалото се слушаат истрели. Се слушаат викотници. За тоа време некои момци играат баскет на маалскиот кош не обрнувајќи внимание на ситуацијата - навикнати се на вакви работи.
Слика 4: М. Л. Кинг зборува, а огромна маса луѓе го слушаат. Неговиот говор се однесува на правата на Афроамериканците во САД. Повикува на мирно решавање на нивниот проблем.
Слика 5: Ноќ во Бронкс. Можеби и некаде во Лос Анџелес. Ограбена е продавница за алкохол. Злосторниците биле црнци. По пријавата истата вечер бели полицајци ја злоупотребуваат својата функција тешко претепувајќи двајца Афроамериканци две улици подолу од местото на грабежот. “ Сите вие ми личите исто” ќе каже еден од нив. ................ “
Извадоци од Втор дел, Почетоците ( стр. 75 ):
“Новиот бран на промени не се чувствуваше само во политиката. Во 80- те години на 20 век, започна поголемо ослободување како на државен план така и на музички. Начинот на изразување доби нови форми, текстовите станаа поотворени, се појавуваа првите брејкденсери. Кон крајот на 80 те се појавија првите состави, меѓутоа без поголеми проекти. Конечно, од 1990/91 се започна со посериозно работење на ова поле. Спојувањето на двете групи Serious Bass и Ќељав Дабар доведе до оформување на една од најзначајните хип-хоп појави во Македонија, Чиста Околина. “.............
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Чет Фед 15 2007, 21:16

Се од Пушкин до Горки , или да се поправам до Бугалков.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Чет Фед 15 2007, 21:54

Дај не зезај пиши нешо не вака автори само да ми набројуваш
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Нед Апр 29 2007, 20:46


Фјодор
Достоевски






Фјодор Михајлович Достоевски ([color=windowtext]руски
: Фёдор Михайлович Достоевский)
(роден на 11 ноември, (30 октомври, стар стил), 1821, Москва; умрен на 9 февруари, (28 јануари, стар стил), 1881, Санкт Петербург, Русија) бил руски писател и една од главните фигури во руската литература. Некои книжевници го сметаат
за основач на егзистенцијализмот. Најпознато дело му е [color:4e19=windowtext:4e19]Злосторство и казна.



Фјодор Михајлович
Достоевски, роден е во Москва на 11 ноември(30 октомври по стариот календар)
1821 година - умрел на 9 февруари(28 јануари по стариот календар)1881 година во
Санкт Петерсбург. Завршил воена школа. Во дваесет и седмата година поради
учество во револуционерна организација бил осуден на смрт. После помилувањето
поминал четири години на присилна работа во Сибир.

Фјодор бил второ од седумте
деца на Михаил и Марија Достоевски.Набрзо откако неговата мајка умрела од
туберкулоза во 1837 година, тој и неговиот брат Михаил биле испратени во
воената академија во Санкт Петерсбург. Во 1839 година умира и неговиот татко,
пензиониран воен хирург и насилен алкохоличар, кој работел во болницата Маринск
за сиромашни во Москва. Се претпоставува дека Михаил бил убиен од страна на
неговите кметови, за кои е познато дека во повеке прилики биле огорчени од
однесувањето на Михаил во пијана состојба. Се претпоставува дека го убиле така
што го врзале и му туривале вотка во уста додека не се удавил. Според друга
приказна Михаил умрел со природна смрт а објаснувањето за неговата насилна смрт
ја измислил соседниот земјопоседник со цел полесно да го купи неговиот имот.

На Фјодор не му одело баш
најдобро во воената академија во Санкт Петерсбург, затоа што бил лош по
математика која ја мразел. Наместо тоа се посветил на книжевноста. Тогаш високо
го оценил Оноре Де Балзак, и во 1843 година дури и превел едно од неговите
најголеми дела ,,Евгенија Гранде’’ на руски. Достоевски почнал да пишува свои
дела отприлика во ова време, и во 1846 се појавил неговиот прв роман во форма
на епистоларна драма ,,Бедни луѓе’’, кој добил одлична критика, а еден критичар
(Висарион Белински) ја дал следнава изјава: “Роден е новиот Гогољ!”.

Достоевски е уапсен и
затворен на 23 април 1849 под обвинение дека учествувал во револуционерните
активности против царот Николај И. На 16 ноември истата година е осуден на смрт
поради делување против власта во склоп на интелектуалниот круг, т.н.
Петрашевски круг.

После лажното стрелање кога
му биле врзани очите и каде е оставен да чека на ладното време, Достоевски е
помилован на присилна работа во работничкиот камп Каторга во Омск во Сибир. Во
овој период бил погоден од бројни епилептички напади за кои имал генетски
предиспозиции. Во 1854 година е пуштен од затвор и следните 5 години ги поминал
како поручник во седмиот баталјон кој бил стациониран во тврдината во
Семипалатинск во Казахстан.



Овој период се смета за пресвртница во неговиот живот. Достоевски порано ги
напуштил политичките ставови и се вратил на традиционалните руски вредности.
Станал Христијанин и голем противниик на филозофијата за нихилизмот. Во тоа
време ја запознал Марија Димитриевна Исеава, вдовица на некој пријател од
Сибир, со која потоа и се оженил.

Во 1860 година се врака во
Санкт Петерсбург, каде започнува неколку неуспешни книжевни часописи со својот
брат Михаил. Достоевски бил многу потресен од смртта на неговата сопруга во во
1864 година и одма потоа од смртта на неговиот брат. Бил во лоша финансиска
состојба, а морал да ги издржува вдовицата и децата на неговиот брат. Во тоа
време потполно потонал во депресија, често губел коцкајќи се и се задолжувал.

Достоевски имал проблем со
коцкањето. Така и едно од неговите најпознати дела ,,Злостор и казна’’ е
напишано во рекордно кратко време и брзо објавено за да може да ги исплати
коцкарските долгови, а бидејќи ги исплатил повторно останал без пари. Во исто
време ја напишал и книгата ,,Коцкар’’ за да го исполни договорот со своите
издавачи.

Достоевски во ова време
патувал во западна Европа. Таму прво пробал да ја обнови љубовната врска со
Аолинара Суслов, млада студентка, ама таа одбила да се омажи за него. Уште
еднаш му било скршено срцето ама набрзо ја запознал Ана Грегоревна,
дваесетгодишна девојка која работела како стенограф, со која се оженил во 1867
година. Во овој период ги напишал своите најголеми дела. Од 1873 до 1881
издава, овој пат успешен месечен книжевен часопис со кратки статии и карикатури
од актуелните дејствија. Часописот доживеал голем успех.

Пред крајот на животот
живеел во градот Стара Руса близу Санкт Петерсбург. Умрел на 9 февруари(28
јануари по стариот календар), 1881 година од проблеми со белите дробови кои
биле предизвикани од неговите епилептички напади.

Погребан е на гробиштата
Тихвин во манастирот Александар Невски во Санкт Петерсбург во Русија. Неговото
тело до гробиштата било испратено од голема толпа луѓе(се проценува дека 40000
луѓе присуствувале на неговиот погреб). На неговата надгробна плоча пишува:
“Вистина, вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре,
останува, само, а ако умре, донесува многу плод.”(Евангелие според Јован ЏИИ,
24), што е и епиграф на неговиот последен роман ,,Браќа Карамазови’’.

Дела




Нешто за ,,Злосторство и казна’’



Во ,,Злостор и казна’’ главниот лик, сиромашен
студент, паѓа во искушение понесен од идејата за “големите луѓе” и социјалната
правда. Живеејќи во најголема беда изградува поглед на свет кој се заснова на
идејата дека општеството е суштински неправедно затоа што им овозможува на
бескорисните луѓе да уживаат во богатството додека вистински вредните луѓе
пропаѓаат во сиромаштија без можност да ги развијат и остварат своите
способности. Правосудството ги осудува ситните криминалци, а историјата ги
слави луѓето како Наполеон кои се одговорни за смртта на илјадници луѓе.
Одлучува да се доведе во искушение и да направи злосторство кое ќе му овозможи
пари за школување и за човечки достоен живот. Меѓутоа, чувствувајќи грижа на
совест на крај се предава на полицијата. ,,Браќа Карамазови’’ е последната
книга на Достоевски. Тоа е роман со сложена структура во чија основа е
судбината на семејството Карамазови.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Нед Апр 29 2007, 22:05

Раскољников не се предава зошто чиствува грижа на совест, туку затоа што не може да живее со помислата дека убил човек. Раскољников мисли дека убиството на една стара непотребна старица е во доблест на општеството. Тој греши !
Раскољников умира самиот момент кога ја убива старицата.
Со одењето во Сибир, само се обидува духовно да преживее....
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Нед Апр 29 2007, 22:07

што ти значи тоа Раскољников бе?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Нед Апр 29 2007, 22:10

BIG_M_UNDERGROUND напиша:
што ти значи тоа Раскољников бе?

Раскољников е главниот лик во Преступление и наказание акка Злосторство и Казна Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   Нед Апр 29 2007, 22:13

Оки
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Историја на литературата   

Вратете се на почетокот Go down
 
Историја на литературата
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Литература-
Отиди до: