Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Поезија

Go down 
+5
vamp-girl
Markou
Karate Kid
*@ne*
Proof
9 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedСре Јан 31 2007, 22:19

Заробена е длабоко во мене
една мала и тажна
таа слуга на двајцата господари
со очи полни солзи,
а сепак нежна е и мила.
Потоната е некаде, во моето срце
и со солзи ја меша мојата крв
одвнатре таа гради мои грее
не ми дава, не - никако,
да заплачам прв.
Доброволно се препушта
да биде цел на сета моја бол
таа мала и тажна
мој единствен пријател,
на светов толку зол.
Ја учам јас нејзината ролја, вешто
да сокријам солза, да озарам лице
ја убивам полека својата воља,
и еве ти нудам сал насмевка...
несрекнице.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПет Фед 02 2007, 00:08

Во длабоко море
Горе до небото
Долу до реката
Високо на планината
Моето срце е сонце
Моето срце е вулкан полн со емоции
И најдлабоко море од солзи
Што за љубов се плачени
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Фед 12 2007, 13:58

5000 ноќи, осамени, измамени
5000 утра пречекани, неосамнати
како острица на нож ме реже немоќта, себеси да си простам, а нему, нему да му заборавам. О, Боже, семокен, како ли само можеше.
5000 ноќи, темни и бремени
5000 утра, без тебе, неродени
ко шило се вовлекува под ноктиве болката, заборавот, на онаа, вечност, бесконечна. Ти ме оддели од неа, Боже, од вечноста.
5000 ноќи, под дланкава, поминаа, без неа
5000 утра, на перница, без тие усни се разбудувам
ко трн во оково да имам, солзи ми навираат, ме нервираат, проклетствата на младоста, на недозреаноста, на палавоста, на моќта и немоќноста, да видам во иднината, да ја поразам сегачноста. О, Боже, ти ја подарувам иднината, како што ми го одзеде минатото, те дарувам со патината, на животов пајажината.
5000 ноќи ме делеа од неа, тугјата
5000 утра, крај друг се разбудува, немоќна
како мраз ме стега крвта во срцево, негалено, несакано, отугјено, малаксано. Како црн катран на усниве се шири насмевка извитоперена, неопходна, О , Боже, секојдневна, онаа што таа ја посакува, насмевка од солзи измиена, од лаги исткаена, поразена, насмевка без иднина, тешка ко судбина, а сепак....неопходна, за неа, која не заборава, која, не остава, која не заминува...а кога одминува, безрезервно се навраќа, заради минатото, заради иднината.
5000 ноќи, тебе Боже ти ги простувам
5000 утра, во надеж, дека ке ја милувам.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 17:44

Дојди...
како тивко утро при кршлив сон,
како топол сончев зрак кој има моќ,
оваа душа осамена која рането плаче,
да ја згрее во осамена ноќ.
Дојди!
Вратете се на почетокот Go down
vamp-girl
верно членче
верно членче
vamp-girl


Број на мислења : 477
Age : 32
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 20:40

MARKOU neam zborovi mnogu dobra poezija samo kazi dali e biografska???Very Happy Very Happy :Dhahahahahah
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 21:22

Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
што тешка несреќа ги збра
и мажите, и жените, та гласи тажна ека
и навева се коб и зла?

Дал' град полињата житородни ги беше фатил?
Ил' рој од скакулци се вдал?
Дал' султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал.

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој . . ."

-Земјоделци, служители на Деметра1 баш така
шепотеа за гласот зол; а жените,
штом чуја, писнаа од силна мака
и коси корнеа од бол.

А гласот растеше, и голем стана та се дигна
ко Бореј2, брзокрил.
За час во сите ближни села толку бргу, ене, стигна
тој несреќен и кобен глас.

Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат,
и момите — за света чест.
А земјоделците ко втрегитени од ровја беа
на таа толку жална вест.

Во пролетна вечер задумано почива една
жена, седејќи на прагот.
Со раце на колена, пушката светната ледна
таа ја милува благо.

На средна е доба; и јадра, и сосема здрава,
кршна и херојски силна.
Извајана е амазонската нејзина става:
вистинска личота милна.

Годините не ја намалиле онаа убост;
на лице свежест се гледа,
младешката сочност
не ја беше сменила грубост.
Таа е кутрата Неда,

несреќната, достојна мајка на Кузман. Седејки
в хаос од мислите мачни
во земјата очите беше ги впила, бидејќи
сонила соништа мрачни:

Потпорните греди од нивната куќа се ведат,
паѓаат шумно во мракот.
Но насреде уште останала самотна греда,
ама да потпира јако.

Но и неа бесно огнооки змејови страшни
силно ја тресат од темел и куќата,
најпосле, паѓа, а купишта прашни
станаа гробови неми . . .

Со одвратност од себе сонот го оттурна она,
мислите црни ги гони;
но пак ја обградија мачните слики од сонот
ноќеска што и се сони

Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева
сигурно синот и ќе е!
И пак го наведнува, како овената трева,
зашто чеканиот не е.

И зошто ја жали вдовицата минувач тажен,
солзите свои ги трие?
За смртта тој не се решаваше прв да и каже,
од неа злото го крие,

бидејки и беше единствена потпора, левен,
чедо на мајка си првно.
Страшилиште беше за Харпија3—Албанец гневен
сегде што грабеше стрвно.

На оганот мајката котелот, ене го клава:
вода да стопли за толку
саканите капнати јуначки нозе и глава . . .
Него го носеа молкум.

Се надева, кутрата, пак да го пречека кога
коњче ќе разигра стројно.
Тој, силниот цар на сенчестпитпе планини, тогај
помил и станува тројно.

А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои
плачкаа секаде смело,
и секогаш силен и горд, со другарите свои,
победник идеше в село

Но одеднаш се слушна надвор како некој стапи
со еден толку тивок шум:
четворица натажени Арнаути, без капи,
по селскиот се движат друм.

Испотени, мртовецот го носат; и во тремот
го внесоа тој товар скап,
а луѓето се собрале крај мртвиот и немо
приковале свој поглед тап.

Отпсекаде се чуја плачови и пискот силен,
и чиниш, овој народ клет
тој час го оплакуваше со својот лелек вилен
најсвидното на овој свет.

Крај трупот Кузманов со тага коњот 'ржи;
и уште беше тој во крв;
ја копка земјата и лад со гривата му држи
на стопанот и другар прв.

И мајката истрчува со стапка трепет полна
се двоуми, но сал за миг . . .
По плачот општ се сети дека веста беше болна
и танок таа пушти крик,

да, како лавица, што дрско ловците ја гонат
и плодот и го крадат прв ...
А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона:
го стигна жалта својот врв.

Плачовите низ селото се носеа се уште
и Неда црна крпа пак
од главата си фрли, повтор косата ја пушти,
а плачот стана толку јак,

- „Малодушни земјоделци, излезете од дворов!"
- им викна мајката со гнев.
- Дајте ми го, да видам! Запрете со зборов,
гледајте си на својот грев!

Доста' му беа липањата пискотите ми ледни
за награда во овој час.
Над ваште невести и ќерки плачете, о бедни,
бидејКи за нив нема спас.

Та каква надеж отсега вам ќе ви носат дните?
Го нема, кутри, Кузман ваш
кој како своја зеница ве чуваше вас сите
и крајот свиден роден наш!"

При викот мајчин народот стаписано се стресна
и нејзи пат и стори мал.
Со коси спуштени, се фрли ко Менада4 бесна
врз мртов син од жал.

Плачејќи, до себе студената ја гушна глава
ко бршлан којшто јавор млад
прегрнува,се припива до таа тенка става .. .
Се повеке од нејна град

се крева плач и пискотот што воздухот го полнат,
Над овој толку тажен створ
се збраа многу жени и со една тага болна
и шепнат тие збор по збор.

Ја тешат ко миловидни ластовици, ја делат
од трупот студен, толку мил.
Кој гласот женски може да го слуша мирен?
велам:
Кој смртен толку корав бил?
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 21:23

Албанците, гологлави, пристапија со почит,
со раце скрстени. Тој час
најстариот се доближи и вземи удри очи
па прошепна со искрен глас:

,,И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
Ти изгуби, о мајко, џин!
Народните ќе пеат колена со уста милна
за делата на твојот син.

Да, слугите на Арес5 ќе го слават, мајко, сето
што тој го сторил в подвиг смел,
и сите певци ќе те слават секаде по светот
со еден занес толку врел.

А ако сакаш, почуј, немој солзи да те душат!
Ќе раскажам што знам за се.
Знам, свето е за херојство и подвиг да се слуша ...
" - Се молкна. Сегде тивко е . . .

- „Пуштајќи го денес изутрина на волја гласот
чета од стомина сврати
Во Стан.Но да дадеше бог да не тропнеше
часот смрт што на сите им прати.

Зар некаков демон кон пропаста стрмна не турна
Браќата мои под ридон
ко рибите насуво тогаш во борбата бурна,
да се прпелкаат видов.

И мајка над синот, и жена над мажот ќе кука,
ќе го оплакува мрачно . . .
А ние, од бачило што се наоѓаше тука,
грабнавме овнови алчно.

Се спуштија други во Стан; и по куќите, вични,
бараа пченични лебој,
Доведоа оттаму десет ергенчиња лични:
некој да служи ни требал!

Но господ на робјето виде од вишното небо
колкав е нивниот ужас,
и нададе уши стенчивиот глас да го слушне
- плачот на тие што служат.

Ко камшик од бога одненадеж Кузман се јави;
намислил ужаси бојни . . . . .
Дружината вешто ги одра, а потем ги стави
на ражен бравите гојни.

А крвта се впиваше каде што капеше вземи.
Подоцна - судбина била!
-на истата земја, во црвени порои темни
крв да се пролее — сила.

Од окото божје на кривдата чедата неми
ни да се затскријат каде . . .
Запаливме огнови.Над нив дружината
спрема овнови десет да кладе.

Штом сеизедливиот оган ги испече добро,
откако жарот се’згаси,
под дебели сенки дружината наша се собра:
песната долго се гласи.
Врз месото, како брзокрили јастреби, ние
се изнафрливме гладни.

Штом некој од жедност посакаше вода да пие
- служеа децата страдни.

И кога се насити секој, со децата смеа
почна; плапотеше сешто.
Од сегде претерани смеите војнички беа;
кобеа тие на нешто.

Да, солзите на навредените целата утрин
кобеа лошо над моите
Ко трендафил алов црвенеа децата кутри:
остро ги укорив своте.

Но незапирливите млади не разбраа тогај
старецот зоштпо им зборел,
бидејќи одмаздата пратена над нас од бога
висела веќе од горе.

Блескавото сонце се беше искренало право
над нас на небото. Вбесен,
одненадеж среде виковите диви се јави
коњик со јунаци десет.

Албанецот, решија, злочинот да им го плати.
Кузман ги запре со глава:
им влеа тој храброст и веднашка гласник ни прати
— в борба не викаше. Страва

не минеше од нас. Од смртта исплашени тогај
зедовме оружје в рака.
Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта . . Па кога
Кузман сред јарост и мака

се провикна: . . . „Бидете смели, о деца-на Река!
Нечесност не ќе не плаши.
Спомнете си кој ви навредувал земја, и нека
срцата охрабрат ваши!

И, ако со виното вдовица вашата силна
жед ја загасила медно,
а ако ви бацило рака со насмевка милна
сираче нејако, бедно,

ил ако во гозби сте имале почесно место
— кое е гордост, би рекол -
и ако здравицата вам ви се здравила често:
здравје ви посакал секој —

па, да се присетиме ние за тоа и нека
да се покажеме смели!
Да не речат дека сме туѓи на честа и дека
фалби се нашите цели.

На јуриш! Судбината ни е во скутот на бога
скриена, иста и сретна!" . . .
- Тој викна и разбуди смелост кај сите; и тогај
виорно коњикот летна,

држејќи во рацете сабја дамаскалија, лута
двеостра сабја од челик.
Со викот и галоп го следеа коњот на Кузман
десетте јунаци смели.

Се спуштија како вихрогона далга ва бојот;
дишеа лутина страшна.
А Гегите паѓаа и го оставаа својот
врел труп на земјата прашна.

Но борбата нерамна беше, и - како што бива -
дадоа и тие жртви. Та не беа челични!
И нив ги родила жива
жена, и паѓаа мртви.

А тогаш ја зеде врз грбот тежината сета
син ти неизмерно сакан.
Ко сторачен гигант сам против албанската чета
беше се испречил така.

Се носеше коњот по желба на силниот вјавач,
виткав ко змија на оган; пробиваше пат,
спасувајќи на херојот глава
- зашто го сакаше многу.

Го тераше коњот ко молња и без да го запре.
Погледот ровја му беше,
а ударот гигантски задаван назад и напред
— смрт за Албанецот грешен.

Штом опасност видеше Кузман од негде, тој тешко
мавташе оружје ледно.
Во погледот - острина. Од нас, пак, потече жешко
крвта пролеана бедно.

Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена
- другар во триумфот жнеан;
тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ..
Тажни стоновите беа.

Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше
демон што сечеше тела;
на одмазда гласник да казнува секогаш решен
насилни, пљачкашки дела.

На смртен тој никако веќе не личеше среде
оние борбени часој.
Под сабјата негова паѓаше Албанец беден
- како под српови класој.

За таа наша пропаст жал на Махмуда му стана,
се спушти како орел тој.
Разбеснето со шпорите тој шибна, коња врана
со Кузмана да стапи в бој.

Спроти него се исправи. Под црна веѓа густа
одмаздата ја собрал - бран.
Тој зеде в раце оружја огнодишни, а в уста
стегајки остар јатаган.

Од двете оружја се слушна пукање, и сетне
два куршума со пискот зол
излетаа, барајќи месо: едниот го сретна,
и Кузман сети силен бол

во рамото, кај одлево клучницата со зглобот
лопатниот го крепи дел;
а другиот во правта закачи,
свирејќи злобно но без да сретне жива цел.

И Кузман горчлив насмев сал на својот враг му прати.
Се исправи на коњот жив,
та дур на Махмуд му се здаде јатаган да фати
-Испреварен, му зајде здив . . .

Ја крена Кузлан сабјата па одлево и кратко
ја замавна врз врагот клет
на она место кај што гордо гркланот на вратот
над телото се подал сет.

Не се спротивстави коскената и јака маса
на секот, што во овој миг
до мишката, делејќи меса, сосем лесно стаса,
и Махмуд пушти грозен крик.

Да, така дрвар лесно сече в гора гранка здрава
од дабот толку силен, стар.
И прво падна раката со таа руса глава
на мојот храбар господар.

А потем падна и се урна снагата му цела
врз оној грозен, крвав куп.
И бликаше на земјата во струи крвта врела
од уште топлиот му труп.

Јуначкото тело на Кузмана беше од рани
лути ишарано цело,
што беа се пробиле лесно низ ребрата збрани
се до внатрешните делој.

Од крвта ненаситен, се уште водеше битка,
лутина гневна дишејки;
од раните бликаше крвта, но се уште бритка
мавташе сабја, беснејќи.

Но кога му пресекна изворот животен, тогај
глава тој спушти. И рече
со шепнење некакви зборови нејасни, кога -
шумно од коњот се свлече.

Под секира дабот, што бури победувал, така
смртно под рани се веде,
а потоа паѓа од моќната дрварска рака,
ама - врз дрварот беден. . ."

Албанецот тоа го раскажа. Мајката, која
беше изумена сета,
штом ова го слушна, над маката бескрајна своја
затажи, припадна клета.

Одненадеж народот врати со плач на плачојте
како бран врз бран во брегот.
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите,
продолжи повтор за него

— „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи
господ во рајот го пратил;
неизмерни сласти му нуди;
и само плачејки душата ти му ја матиш,

бидејки тој падна со своите, бранејќи ја со нив
херојски земјата мачна,
а не како злосторник кого Темида-6 го гони,
фрла во јамата мрачна,

и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен,
не како удавен в браној,
и не како жена што потајна болест ја јаде, —
туку од јуначки рани . . .

Да, не од недостојна смрт... За насилнички дела
отплатник беше, знаејќи
да одмазди смртно за својата дружина цела,
голем страв сегде ширејќи.

Во страшната борба тој отепа не еден Гега . . .
Јас ќе ти раскажам за нив,
за нашите најарни херои кои подлегнаа сега
сите под лутите рани:

во борба непобедлив широкоградиот Јакуп
којшто со подвижност лесна
за папукот Карала беше го фатил ко кален
на земја беше го треснал.

Утробата сал му ја истурил. . .Потоа Рушит,
сиот во позлата бојна,
од чија што песна и свирба трепереа уши:
опитен човек во војна.

И Селман брадатиот, татко му кому му пратил
поздрав, без веќе да жали,
бидејки за крвта на брата си беше го фатил,
— глава му одзел на Али.

И Ахмед, од сонцето спален, што обесил така
некојси кадија грешен
врз комшиска жена кој ставил изгнасена рака,
да ја обесчести решен . . .

Абдурахман,,куршум чиј наместо секогаш паѓал,
најди му рамен во светот:
без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал
малечки птички во летот.

Оловниот куршум не погоди овојпат ништо.
Сиот избезумен, мажи
да паѓаат виде. И падна во вечните сништа,
остави мајка да тажи.

Живееше тој во Малесија, каде што секој
кога ќе тропне на врата
наоѓаше заштита, ако на стопанот некој
од нив му убил и брата.

Скриениот може и султанот да му го бара,
заплашувајќи со колеж.
па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат
онега помош што молел А тогаш од водата некаков рибар што минал

беше го спасил со сила.

Но жицата Кузман од животот негов ја скина:

судбата таква му била!. ..



Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто често

беше во секое време

за сите отворена . . . Роден во планинско место

каде што живее племе
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Фед 19 2007, 21:27

Целосната верзија клик
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
ivancelovemusic
ново членче
ново членче
ivancelovemusic


Број на мислења : 43
Age : 31
Локација : Skopje
Registration date : 2007-03-09

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 01:33

Covece ti ne si zdrav (ova u pozitivna smisla) ... Super se pesnive!!! Pozz ...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.freewebs.com/ivance_elence/
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 32
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 10:34

зашто - сердарот?Cool
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 11:13

ivancelovemusic напиша:
Covece ti ne si zdrav (ova u pozitivna smisla) ... Super se pesnive!!! Pozz ...

епа честитај му на Прличев за делово Very Happy стеф само препишува .... тешко малце да напише нешто вакво alien
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedНед Мар 18 2007, 20:49

Љубовта доаѓа до оние кои сеуште се надеваат
Иако биле разочарани
До тие кои сеуште веруваат
Иако биле измамени
До тие кои сеуште треба да љубат
Иако биле претходно повредени
И до тие кои сеуште имаат храброст и верба
Да градат доверба повторно
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Мар 19 2007, 23:07

Заборавете ме Корени
јас сум Плод
сочен и зрел
И ти Гранко
не подавај ги своите Коски
кон мене
твојот скокот ме гребе
Не мами ме со
твоето зеленило Листу
Јас ја чекам Раката
што грубо ќе ме откине
и ќе ме однесе во Другиот свет
во кој ќе бидам мртва природа

Ќе ве споменувам
со моите сокови
што друг ќе ги
вкуси
кога ќе умрам на тие усни
но тоа ќе е мала смрт

Семето мое ќе се
ЗАЧНЕ ИЛИ ЗАТРЕ...
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedПон Мар 19 2007, 23:32

Ме гледаат

Две линии

Една

Под

Друга

Смрачено е

Сонцето-

Го покрива

Го открива

Се` една иста;

Другата солзи рони

Третата ја нема-

Сон е што сам се сонил:

Заод што сакаш

Да го кивнеш,

Замижуваш

И се чудиш-

На твојте сребрени клепки

Златест пипер се лести.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedВто Мар 20 2007, 18:13

Спроти зраците

Сонцето ти го пади погледот

Влажен воздух, правта се сени.

Голи гради

Невестата е болна планина

Треперат рацете.

Тополите се свиваат

Ветрот тежи повеќе од студот

Ќе ти наминам на чај.

Патувам во место

Асфалтот се смее од тебе

Намигнуваш: се будам во себе.

Челични костури крај пат

Куц гавран на смрзнат кабел

Тажна свеченост: електрична процесија.

Белее шумата

Една снегулка отповеќе

И се стресуваат елите од студ.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedВто Мар 20 2007, 19:47

Смртта се ближи
Мирисот на темјан се чувствува
Конецот полека се кине
Времето застанува
Ги затворам очите и болката престанува
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedСре Мар 21 2007, 00:16

Јас сум ноќта
и ден е твојот пат.
Те испраќам в зори,
те очекувам во самрак,
а не се наши
ни ноќта ни денот,
сал нивниот краток допир
е нашата кратка средба,
нашиот треперлив миг,
кога се претопуваат
мојот сон, твојот сон -
и тогаш, во тој сон
еден со друг се имаме
а сепак....се немаме....
разбудени сонуваме...
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedСре Мар 21 2007, 00:49


Верувам дека не те сретнав случајно...
Постоеја моменти на неизбежна возбуда и шок..
Зар токму ти?!!...на чекор од мене..
Твоето име е само збор..
Толку пати искористен...
Сега веќе и премногу...
Твоето име го добива вистинското значење единствено на моите усни...!!!!
Ти оставив насмевка...еве сега и песна...доволно за еден траг кој ке ти го покаже патот до мене...
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedСре Мар 21 2007, 00:50


Животот може да се промени во еден единствен миг.
Нема оправдувања за некои изненадувања.
Понекогаш на тоа и се чека...!
А кога облаците ке се растргнат,видикот станува појасен.
Лесно е,затвораш една врата зад себе, и оддеднаш над тебе гледаш се појавил мост!
Треба само да знаеш кога да запреш и пак да продолжиш понатаму.. .
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedСре Мар 21 2007, 22:05

Како фантазија:
Изникнато цвеќе
Од бетон
Тринаесет суеверни
Зборови
Од асфалтна уста речени
Што секој патник го јаде
Намерен
Кон кулите од азбест-
За инает на Сонцето-
А без никаква оправданост
За својата смисла:
Отскокнуваат епидемии
Од кои масата се заразува
И се изедначува со врвовите.
Така се качува
Човекот по скалите,
Замислувајќи се
Пред секое
Тринаесетто
Скалило.
Вратете се на почетокот Go down
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 32
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedЧет Мар 22 2007, 16:51

Само глупоста и универзумот се бесконечни....
Вратете се на почетокот Go down
Efi
верно членче
верно членче
Efi


Број на мислења : 338
Age : 32
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedЧет Мар 22 2007, 16:53

А има многу бесконечни на овој бели свет...
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 19:53

Браво Пруф, закон ти ова!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Поезија - Page 2 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Поезија   Поезија - Page 2 Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Поезија
Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Литература-
Отиди до: