Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Вести од Македонија и светот

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вто Апр 03 2007, 22:42

Во последно време на интернет почнаа да кружат фотографии од ова суштество, кое никој не се ни потруди да објасни што е и каде е пронајдено. Што мислите вие - вистина или жалосен обид за сензација?








Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вто Апр 03 2007, 22:51

Двајца тинејџери подметнале пожар на ридовите на Холивуд, а пожарот сериозно го загрозил и познатиот бел натпис Hollywood.
По подметнувањето на пожарот во кој изгореа 150 акри земја, тинејџерите на возраст од 16 и 17 години се одведени во притвор. Пожарот бил изгасен од воздух, а во неговото гасење учествувале 200 пожарникари. Еден од пожарникарите завршил во болница поради изгореници на вратот и ушите.
Иако огнената стихија сериозно му се закани на легендарниот натпис, тој пројде неуништен.



Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вто Апр 03 2007, 22:51

Неколку илјади луѓе во Нов Зеланд се собраа на протест и бараа како родители да им се даде право и понатаму без казна да можат да ги исшамараат своите непослушни деца.
Во неколку градови протестирале дури и дедовците против новиот предлог закон кој предвидува казнена одговорност за родителите за било кој облик на физичко насилство врз детето, вклучувајќи и шамар.
Во главниот град Велингтон училиштата се затворени за учениците да можат да учествуваат во јавните менифестации против предлог законот, кој според мислењето на организаторите на протестот, претставува мешање на државата во семејството и прават ана родителите.
Црквата проба да интервенира против острите реакции на здружението на родителите, истакнувајќи дека единствената намера на законодавецот во пишувањето на новиот предлог закон е да го ограничи застрашувачкиот пораст на насилството во семејството.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вто Апр 03 2007, 22:53

Сега веќе поранешната сопруга на рускиот мултимилијардер Роман Абрамович и сопственик на Челзи, откри на што планира да ги потроши 300-те милиони евра кои ги доби од разводот.
Ирина вели дека сака да го купи Арсенал и тоа за инает на својот поранешен сопруг. Таа вели дека со него поминала повеќе досадни години во брак, како на Стемфорд Бриџ, така и во креветот, па сега и треба малку возбуда.
Англиските медиуми веќе почнаа да сонуваат за "мајката на сите дерби натпревари" - Челзи против Арсенал, Ирина версус Роман, Абрамович против Абрамович...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Сре Апр 04 2007, 12:53

Семејна расправија во седиштето на CNN во Атланта се претворила во пукотница. Мажот пукал во жената, припадникот на обезбедувањето пукал во мажот. Only in America, as seen on TV.
Во караницата која се случила во зградата во која е сместено седиштето на CNN се случи пукотница. Во близината на хотелот Omni, кој е дел од комплексот на CNN, во расправијата помеѓу двајца сопружници, во еден момент мажот извадил пиштол и пукал во својата сопруга. Потоа, на него отворил оган еден од вооружените припадници на обезбедувањето на CNN.
Двајцата биле иснесени на носилки и префрлени во болница, но за едниот од нив било предоцна - лекарите констатирале смрт. Сеуште не е објавено дали тоа е напаѓачот или неговата жртва.
Сведоците тврдат дека на пукотницата и претходела расправија, односно виделе како мажот ја тегне жената за коса.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Пон Апр 09 2007, 10:46

Семејна
расправија во седиштето на CNN во Атланта се претворила во пукотница.
Мажот пукал во жената, припадникот на обезбедувањето пукал во мажот. Only in America, as seen on TV.
Во караницата која се случила во зградата во која е сместено
седиштето на CNN се случи пукотница. Во близината на хотелот Omni, кој
е дел од комплексот на CNN, во расправијата помеѓу двајца сопружници,
во еден момент мажот извадил пиштол и пукал во својата сопруга. Потоа,
на него отворил оган еден од вооружените припадници на обезбедувањето
на CNN.
Двајцата биле иснесени на носилки и префрлени во болница, но за
едниот од нив било предоцна - лекарите констатирале смрт. Сеуште не е
објавено дали тоа е напаѓачот или неговата жртва.
Сведоците тврдат дека на пукотницата и претходела расправија, односно виделе како мажот ја тегне жената за коса.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Нед Апр 15 2007, 14:57

Нaционалисти го сквернават гробот на Сандански

Околу
400 приврзаници на бугарската ултранационалистичка партија ВМРО – БНД
утринава се собрале на гробот на македонскиот револуционер Јане
Сандански во Роженскиот манастир, каде поставиле споменик на кој е
испишано “Јас нема да запрам и пред најстрашните револуционерни
дејствија, за да ја постигнам својата ветена цел- слобода за Бугарска
Македонија
“, објави бугарското радио Фокус-Пирин.
Во информацијата се вели дека споменикот е изработен од црн мермер и
е голем околу два метри. Испишаниот цитат пак, наводно Сандански го дал
во интервју во 1913 година за европски весник, чие име не се спомнува.
Церемонијата ја организирал лидерот на ВМРО – БНД, Красимир
Каракачанов, а со него на денешната свеченост се и градоначалникот на
Банско, Александар Краваров, и реонскиот лидер на партијата, Теменужка
Љубенова.
За време на свеченоста во својот говор Каракачанов рекол:
“Колку
и да е голем грешник Јане Сандански, со тоа што ги поставил основите на
братоубиството во организацијата, тој е Бугарин и член на ВМРО.
Антибугарите од терористичките организации ОМО “Илинден” и ОМО
“Илинден” – ПИРИН нека знаат кој бил Јане Сандански и за што тој се
борел“.
Бугарската ултранационалистичка партија ВМРО-БНД на Красимир
Каракачанов годинава одлучила собирот на гробот на македонскиот
револуционер Јане Сандански, да го одржи една недела порано бидејќи на
20 април партијата влегува во предизборна кампања за претстојните
избори за европратеници.
Во информацијата на радиото Фокус-Пирин се
вели дека, според планираната свеченост, игуменот на Роженскиот
манастир, архимандритот Варнава, ќе го освети споменикот.
Красимир Каракачанов: Ако некој го оштети споменикот подобро ќе му биде полицијата да го најде пред мене
Споменикот на Рожен до гробот на Јане Сандански е заштитен со закон,
изјавил за радио Фокус-Пирин, лидерот на ВМРО – БНД, Красимир
Каракачанов.
“Кога има важен споменик, тој е под закрила на бугарската полиција“,
кажал Каракачанов и дополнил, дека ако некој се осмели да му наштети на
споменикот ќе биде обвинет по бугарските закони.
“Ако полицијата не го открие, јас ќе го откријам. Подобро ќе му биде
полицијата да го најде попрво. Така да не му советувам на никого да
прави вандалски дела, какви што направија вандалите во Скопје,
откорнувајќи ја плочата на Мара Бунева“, рекол Каракачанов.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Нед Апр 15 2007, 19:17

Што да правиш... Имаш добри луѓе, лоши луѓе... Имаш и Татари... Само греота е да споредуваш луѓе со ТАТАРИ... No
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Пон Апр 16 2007, 17:18

добро не му е срам на овој да збори така !?Shocked
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 21 2007, 21:45

Американците не престануваат да шокираат. Само три дена по масакрот во Вирџинија, во Америка се случи нов инцидент со крвава завршница. Вооружен напаѓач влезе во една зграда во Вселенскиот центар Џонсон на NASA во Хјустон и уби еден, а рани друг заложник, по што си пресуди самиот.
Останатите згради од Вселенскиот центар на време биле евакуирани со полициска акција, со што е исклучена можноста од повеќе жртви. На вработените кои не биле евакуирани им било наредено да се заклучат во своите канцеларии се додека опасноста не помине.
Преговарачките тимови не успеале да го разубедат напаѓачот да се предаде, кој во меѓувреме зел заложници. Пред да изврши самоубиство, му го одзел животот и на едниот од заложниците, а вториот во тешка состојба бил однесен во болница.
По евакуацијата, сите вработени во центарот добиле слободен ден да се опорават од шокот. Дома биле испратени и децата од детската градинка која е во непосредна близина.
Инцидентот се случил во зградата во која е сместен контролниот центар за вселенски мисии.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Нед Апр 22 2007, 09:04

американците секад биле луди! ова не ме изненадува!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Пон Апр 23 2007, 21:59

Почина Борис Елцин



Првиот руски претседател Борис Елцин почина во 76-та година од животот. Причината за смртта најверојатно е срцев удар.


Борис Елцин беше еден од најконтроверзните лидери, но истовремено и лидер кој ги освои симпатиите уште во времето на комунизмот, ветувајќи дека ќе се бори против корупцијата, а истовремено најавувајќи и слобода на печатот.Елцин ќе остане запаметен и по започнувањето на радикалните економски реформи во Русија, од кои излегоа десетици руски милијардери.


Елцин го нареди и испраќањето на војската во Чеченија, војна која заврши со срамен пораз за Русија, што резултираше со повлекување на армијата на крајот од 1996-та.
Во последните години од вториот мандат, Елцин се мачеше и со голем број здравствени проблеми, поради кои на моменти изгледаше дека ја нема контролата над својата земја. Во овој период редовно се повлекуваше во неговата резиденција каде остануваше со месеци.
Во 1999, неочекувано објави дека целосно се повлекува од политиката и својата функција му ја предаде на Владимир Путин.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Пон Апр 23 2007, 22:00

Двајца агенти на тајната служба на САД се повредни во белата куќа во случајна пукотница која ја предизвикал нивен колега поради невнимателно ракување со пиштол.
Како што изјави портпаролот на Белата куќа, едниот од агентите бил погоден во лице, додека другиот бил ранет во нога. И двајцата агенти биле префрлени во болница и се надвор од животна опасност. Инцидентот се случил кај јужниот влез на Белата куќа, а бројни полициски возила ги блокирале околните улици.
Претседателот Џорџ Буш за време на инцидентот бил во Блексбург, Вирџинија, каде присуствувал на комеморацијата на убиените во пукотницата на Универзитетот.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вто Апр 24 2007, 16:01

Роман Абрамовиќ сакал одмор на Месечината


Рускиот милјардер и новопечен ерген открил дека еден од своите одмори сака да го помине на Месечината.

За идните планови на Роман Абрамовиќ е известен и 72 годишниот руски
космонаут Алексеј Леонов, кој ќе го организира патот на славниот русин.
- Парите за Роман не се проблем, а желбата да ја посети вселената кај него е многу јака - рекол Алексеј. Патот на Месечината Роман ќе го чини околу 300 милиони долари.
- По Месечината може да се оди, а не како на Марс каде има
безтежинска состојба. Што се однесува до роковите, ние за разлика од
американците добивме фантастични резултати -
изјавил Алексеј Леонов за весникот "Нови извештаи".
Дали Роман ќе оди сам или ќе понесе некој со него, не се знае, но сигурно тоа нема да биде својата бивша сопруга Ирина.
Патот до Месечината ќе го чини исто како и разводот. Ирина се согласила
да се разведе само под услов да добие 300 милиони долари, што е еден
дел од неговиот огромен имот.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вто Апр 24 2007, 16:06

За секунда до замрзнато пиво


Овој интересен трик најверојатно нема многу да ви помогне да се разладите во
топлите денови кои доаѓаат, но со негова помош ќе може да ги
импресионирате вашите пријатели. Ѕирнете го видеото!

Со оглед на тоа дека на видеото може да го видите само резултатот, ви
ги приложуваме деталните чекори кој треба да ги направите за да ви
успее експириментот.

1. Набавете флаша, по можност стаклена, од некој напиток (пиво, кола или нешто слично).

2. Оставете ја флашата во исправена положба да стои во замрзнувач околу три часа.

3. Проверете дали замрзнувачот прави некои појаки вибрации додека
работи, бидејќи јаките вибрации може да делуваат негативно на
експериментот!

4. Извадете ја флашата со напитокот и удрете ја на тврда површина (не прејако).

5. Гледајте како пијалокот пред ваши очи ќе ја промени агрегатната состојба.

Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:15

Снуп најмалку 4 години затвор, поради дрога



Snoop Dogg е осуден и задржан во притвор поради поседување и препродажба на марихуана, односно поседување на оружје.

Марихуаната на 27 Декември 2006 е пронајдена кај познатиот рапер за
време на претресот на аеродромот Bob Hope во Бурбанк, по што полицијата
направила претсрес на неговиот автомобил каде е пронајден и еден пиштол.
Иако поминал само со пријава, еден месец после тоа е уапсен пред
студиото на NBC поради поседување на кокаин, полуавтоматска пушка и
голема количина на марихуана.
Снуп ќе се појави на Врховен суд во Пасадена каде се очекува да добие убава затворска казна.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:17

"Криптонит" пронајден во Србија





Мистериозна
карпа е пронајдена во Србија која во својот хемиски состав во
потполност одговара на криптонит, минерали од родното место на
Супермен, тврдат научниците.

Мистериозна супстанца е пронајдена во Србија, а научниците веруваат
дека станува збор за криптонит, минерал кој се појавува во сите филмови
и стрипови за познатиот Супермен кој може сериозно да му наштети на
најпознатиот херој.
Српските геолози пронашле необични минерали и побарале помош од Крис Стенли, минеролог од Природнонаучниот музеј во Лондон.
По извршувањето на анализата од страна на Д-р Стенли, интересно е податокот дека овој хемиски состав е веќе откриен во фикција.
Новиор минерал, како што јавува BBC, се совпаѓа со хемиската формула на криптонит, која е изнесена во филмот Supermen Returns.
"Се плашам дека не е зелен и дека не свети, иако реагира на ултравиолетово зрачење и станува флуоресцентно портокалов", кажува Д-р Стенли.
"Пред крајот на истражувањето, пребарував низ веб, мислејќи дека
можеби некаде постои хемиска формула, како кај новооткриениот минерал -
sodium lithium boron silikat hydroxid – и многу се изненадив кога видов
дека тоа е истиот состав на криптонитот кој Лекс Лутер го краде од
музејот во филмот Supermen Returns.

"Овој нов минерал не содржи fluorine и повеќе е бел отколку зелен,
но хемискиот состав одговара на оној камен кој го содржи криптонитот"
, заклучил Д-р Стенли.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:18

АСТЕРОИД



Астероидот 2007 HA пролетува покрај Земјата, односно поминува на
одалеченост од околу 2,5 милиони километри. Овој сјаен објект е откриен
случајно пред неколку дена, а може да се гледа со аматерски телескоп.

Нема опасност од судар, но станува збор за интересно прелетување:
астероидот има дијаметар од 300 метри и лесно може да се пронајде со
домашен телескоп.
Интересно е тоа што овој сјаен астероид е пронајден пред неколку дена:
виден е на 16 април, благодарение на MIT-овиот програм LINEAR (The
Lincoln Near Earth Asteroid Research).
Погледнете го филмчето за прелетување на астероидот 2007 HA покрај
Земјата, кој еден ден по откривањето го снимил астрономскиот аматер
Greg Selleck од Wisconsin.



Видеото тука!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:22

НОВИ СЛИКИ ОД САТУРН



Вселенското летало "Cassini" во четвртокот испратило сеуште невидено
слики од планетата Сатурн од перспектива над и под неговиот прстен.


Cassini е лансирана према Сатурн уште пред десет години, но овие слики се направени во последните неколку недели.
- Конечно имаме поглед кој со години го чекавме. Погледот под
Сатурн и гледање на долниот дел од прстенот кој потсетува на голем
бакарен медаљон е навистина фантастична работа. Ќе останете без здив,
поготово кога ќе го видите како се врти -
кажал Carolyn Porco, водачот на екипата за сликите од Cassini во астрономскиот институт во Боулдер - Колорадо.
Cassini е лансиран во 1997 година, а во 2004 година влегол во орбитата
на Сатурн. Оваа вселенска мисија е плод на соработката помеѓу НАСА,
Европската вселенска агенција и Италијанската вселенска агенција.
Објавена е и снимка од прстенот на Сатурн од Cassini кој е насочен
према север и брзо поминува преку подрачјето на прстенот. На снимките
се гледа и месечината која со голема брзина се смалува и зголемува.














Видеото е тука!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:24

Бил Гејтс ќе биде следниот турист во вселената



Американскиот
милијардер Бил Гејтс, основачот на информатичкиот гигант Микрософт и
најбогатиот човек на светот, би можело да биде следниот турист во
вселената.

Оваа изјава денеска била дадена од страна на рускиот космонаут Федор
Јурчкин, кој на Меѓународната вселенска постава (ISS) заедно со Чарлс
Симони се наоѓаат на петото место на вселенски туристи.
"Чарлс ни кажа дека и Бил Гејтс се припрема за патувањето во вселената", кажал Јурчкин преку видеоконференција за новинарите, која ја пренесувал рускиот канал Rossia.
"Space Adventures", компанија со седиште во САД, која организира
туристичко патување во вселената, изјавила дека досега немале никаков
контакт со Гејтс.
Charles Simony е 58 годишен информатичар, кој сам го стекнал богатството во Микрософт како сукреатор на програмите Ворд и Ексел.
За оваа вселенска авантура платиле по 25 милиони долари.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:26

„Конци“ од плазма во Сончевата хромосфера

НАСА објави сосема нови фотографии од Сонцето, кои се направена со
вселенската сонда Хиноде (порано позната и под називот Solar B).

Фотографиите ја прикажуваат сложеноста на Сончевото магнетно поле во
досега невидени детали. На нив, за прв пат, може да се видат мали
гранули од вжештен гас, кои се заробени во магнетизираната атмосфера на
Сонцето.



Оваа фотографија е направена преку оптичкиот телескоп на Хиноде. На неа
многу убаво се гледа кончестиот облик на плазмата, која поврзува
региони со различен поларитет на Сончевата површина.
Овие формации се наоѓаат во хромосферата - слој кој е сместен помеѓу фотосферата и короната.
Сондата Хиноде е опремена со три примарни инструменти: оптички
телескоп, камера за фотографирање во спектарот на Х-зраците и камера за
фотографирање во спектарот на ултравиолетовите зраци.
Преку овие три инструменти се набљудуваат различни слоеви од Сонцето,
при што посебно внимание се обрнува на т.н. Сончева атмосфера, т.е. на
хромосферата и короната. Преку споредба на податоците од трите камери,
се добива појасна претстава за промените кои се случуваат во
структурата на магнетното поле на Сонцето.
Инаку, оваа мисија е резултат на заедника меѓународна соработка, во
која учествуваат повеќе вселенски агенции. Главен раководител со
проектот е Јапонската вселенска агенција.
Сондата беше лансирана на 23 септември 2006 година, и нејзина основна
цел е да го проучува магнетното поле на Сонцето и неговите надворешни
слоеви. Камерите на леталото вршат постојани и непрекинати набљудувања
на нашето Сонце. Зборот „хиноде“ на јапонски значи „изгрејсонце“.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Саб Апр 28 2007, 19:28

Кафеав придружник

Кафеавото
џуџе придружник на ѕвездата HD 3651, која е веќе „домаќин“ на една
екстрасоларна планета, претставува интересен пример со кој може да се
докаже дека планетите и кафеавите џуџиња можат да се формираат околу
една иста ѕвезда.

Откривајќи го овој објект на небото, кој воедно е и најтемниот
објект-придружник кој досега е директно фотографиран, астрономите се
надеваат дека ќе можат да добијат корисни информации за условите во кои
се формираат планетите, како и за атмосферските карактеристики на
објектите „придружници“ на ѕвезди.





"Сепак, не успеало да им избега на астрономите - HD 3651B со својата ѕвезда „домаќин“"
Ѕвездата HD 3651, околу која орбитира кафеавото џуџе, се наоѓа на
оддалеченост од 36 светлински години, во соѕвездието Риби (Pisces), и е
нешто помала од нашето Сонце. Досега за неа беше познато дека е
„домаќин“ на една екстрасоларна планета, HD 3651b.
Планетата се наоѓа многу блиску до ѕвездата и ја комплетира својата
орбита за 62 дена (споредено со нашиот Сончев Систем, планетата е
поблиска до ѕвездата отколку што Меркур е до Сонцето). Според
димензиите, HD 3651b е нешто помала од Сатурн.
Новооткриеното џуџе, HD 3651B, од ѕвездата е оддалечено околу 1 500
пати повеќе отколку планетата (или приближно, тоа е 16 пати подалеку од
ѕвездата HD 3651 отколку што Нептун е од Сонцето).
Најверојатно има помеѓу 20 и 60 Јупитерови маси, а неговата температура
се движи во опсегот од 500 до 600°С. Ова џуџе е десет пати поладно и
300 000 пати побледо од нашето Сонце. Овие карактеристики го
класифицираат во ладниот Т-тип на кафеави џуџиња.
Поради тоа што слабо можат да се детектираат, дури и во инфрацрвеното
подрачје, досега се пронајдени само две други кафеави џуџиња од овој
тип.
Бледиот објект за прв пат е забележан во 2003 година, преку
инфрацрвениот телескоп UKIRT (United Kingdom Infrared Telescope), на
Хаваи. Подеталните набљудувања спроведени во 2004 и 2006 година
потврдија дека бледата дамка на сликите не е некоја позадинска ѕвезда,
туку придружник на набљудуваната HD 3651.
Досега се откриени повеќе од 170 ѕвезди околу кои кружат екстрасоларни
планети. Тие не секогаш кружат околу една изолирана ѕвезда, туку
опстојуваат и во подинамична средина, која вклучува повеќе ѕвезди
придружници.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   

Вратете се на почетокот Go down
 
Вести од Македонија и светот
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 2Отиди на страна : Previous  1, 2

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: