Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Дрогата во Македонија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Дрогата во Македонија   Чет Јан 11 2007, 22:11

Лесно се доаѓа!

Две девојки во една прилепска кафетерија велат - до дрога лесно се доаѓа!

-Многу е достапна. Да! Се знаат кои се дилерите. На пример, по100 ден.е „мекамо", а најчесто на журки се зема апчиња, таблети..

-Марихуна имаме пробано, така, од чиста љубопитност.

-Родителите не се доволно информирани за дрогата.Тие знаат само дека е штетна, а какво влијание има врз човекот не знаат."

Нивното раскажување го потврди и едно момче:

-Да, многу лесно може да се дојде до дрога во Македонија: марихуана, кокаин, хероин, екстази, крек... само треба да сакаш да ги употребуваш. Цената варира од недела во недела, во зависност од пратката како ќе помине на граница. Мој личен став е дека нема лесни и тешки дроги. Дрога е дрога и нема излегување од неа.

Дали дрогата ја има во училиштата, прашавме една средношколка во училишниот двор.

-Па, не букавално во кругот на училиштата. Меѓутоа помеѓу учениците од средните училишта, да... Најчесто се користат екстази и марихуана - вели таа.

Родителите недоволно упатени

Родителите за БиБиСи велат дека не знаат многу за видовите дроги, а за последиците чуле само од медиумите:

-Читав за тоа, гледав на ТВ, но сето тоа изгледаше како нешто што им се случило на другите. Се запрепастив од фактот кога кај мојата ќерка пронајдов сомнителна цигара. Секогаш веруваме дека „не моето дете не! Тоа некои други!“ - вели една мајка.









Родителите недоволно упатени за дрогите

-Проблемот некогаш тешко може да се реши заради предрасуди, смета една госпоѓа и додава „што би рекол народот - око да ти пукне, но глас да не ти пукне" затоа што ете ќе излезе муабетот и готово, остана семејството бележано."

Генезата на проблемот и е социјален, тврдат стручњаците. Во семејството и училиштата недостигна воспитниот елеменет вели социјалниот работник, Ленче Михајлоска:

-Големата невработеност во семејството, нарушените семејни односи, слабата контрола од самите родители, училиштето недоволно обрнува внимание за оној воспитен елемент и сето тоа придонесува младата личност да го поминува времето неорганизирано, па доаѓа во допир со дрогите, кои им се нудат на секој чекор.

Драган Јованоски е раководител за недозволена трговија со дрога и оружје, од прилепската полиција и смета дека проблемот со дрогата не е алармантен:

-Сеуште немаме регистрирано големо присуство на дрога. Можеби нешто малку, али не е алармантна состојбата!

И ОБСЕ во акција

Томас Ботерман, инструктор на проекетот „Соработка меѓу полицијата и грѓаните" од ОБСЕ смета дека проблемот со дрогота е решлив доколку постои координација и комуникација меѓу институциите:

-Многу институции работат со проблемот на дрогата, но независно едни од други, некоординирано. Има многу ученици, родители кои се соочуваат со овој проблем, но немаат јасна претстава кој може, во кој случај да им помогне "

Мрежното поврзување на институциите во борба против продажбата и користењето на дрога е кампањата која ја нуди Министерството за внатрешни работи и одделниот за Развој на полицијата од ОБСЕ.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Дрогата во Македонија   Чет Јан 11 2007, 22:44

шо им е филмот да трошат толку пари на нешто што прави штета? ај да ми прави корист ок! ама вака! будали!Mad
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
..::MA4OR::..
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 126
Age : 23
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Дрогата во Македонија   Сре Јан 17 2007, 17:55

БУДАЛИИИИИ Evil or Very Mad
Се согласувам со Smiley
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Дрогата во Македонија   Нед Апр 29 2007, 12:16

smiley Smile напиша:
шо им е филмот да трошат толку пари на нешто што прави штета? ај да ми прави корист ок! ама вака! будали!Mad

Не размислувале, пред да пробаат, тоа го рекв и на темата "зошто тинејџерите прават глупости" , а после да се откажат е малце тешко ,затоа имајте на ум што правите , со кој и дружите и слично!Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Дрогата во Македонија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Дрогата во Македонија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: