Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Ракомет

Go down 
+2
Proof
S|m0n4e
6 posters
АвторПорака
S|m0n4e
верно членче
верно членче
S|m0n4e


Број на мислења : 263
Age : 33
Registration date : 2006-10-27

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedПет Јан 12 2007, 20:45

НАТПРЕВАРОТ ВО НЕДЕЛА ПРОТИВ ШЛАГЕЛСЕ НЕМА ДА СЕ ИГРА НА "ГЕР-ФЛОР" ПОДЛОГАТА

"Кометалки" ќе играат на паркет

КОМЕТАЛ Ѓ. П. (МКД) - ШЛАГЕЛСЕ (ДАН)
Недела, 14.01.2007 - 15:50ч

Сала:
СРЦ "Кале" во Скопје. Судии: Мирослав Баум и Марек Горалчук од Полска. Делегат: Францоис Муленерс од Белгија.
Ракомет E4C0832EB3A1324DB969A8A2E2D57412
Дуелот од 2. коло од групата "Д" меѓу Кометал Ѓ. Петров и Шлагелсе
ќе се одигра на паркет откако подлогата "гер-флор" веќе еден месец не е поставена одново во СРЦ "Кале". Таа нема да биде поставена одново за оваа средба така што натпреварот ќе се одигра на старата подлога.

Според информациите коишто ги добивме од канцеларијата на Кометал Ѓ. Петров од страна на претставниците на ЕХФ нема никакво побарување за да се игра на специјална подлога, па затоа натпреварот против Шлагелсе ќе се игра на паркет.

Мал проблем, но во поглед на играта може да биде тоа што ракометарките се подготвуваа во најголемиот дел од сезоната на
подлогата "гер-флор", па оттаму ова ќе биде само нова измена за нив.
Тие годината ја почнаа на паркет така што само ги сменија условите во
коишто работеа во октомври и ноември.

Проблемите со подлогата во СРЦ "Кале" почнаа уште на стартот на минатиот месец кога на неколку места се поткрена паркетот поради што мораше поставениот "гер-флор" да биде отстранет за да може да се изврши санација. Тоа се случи на средината на минатиот месец откако завршија сите натпревари од првенството во машка и во женска конкуренција.

Инаку, салата е подготвена за натпреварот којшто претстои така што нема никакви проблеми. Разликата е само во тоа што сезоната од Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе мора да се игра на паркет како што беше случај и во минатите години.

Што се однесува до тимот на Кометал Ѓ. Петров, тој како што е веќе познато средбата ја дочекува во карантин. Сите 16 ракометарки на коишто Портној може да смета во моментов се во комбинација и конкурираат за 14 места за дуелот во недела против Шлагелсе. Кои од нив ќе добијат шанса веројатно ќе се знае по последниот тренинг, а голема е веројатноста одлуката да падне дури после загревањето (пред самиот почеток) на средбата против тимот од Данска. Секако, потребно е на терен да се имаат 14 максимално подготвени ракометарки за предизвикот кој претстои бидејќи бодовите се
максимално потребни од неделниот меч.

Билетите 200 денари

Сите заинтересирани љубители на ракометот од денеска на плоштадот во Скопје ќе може да дојдат до билет за натпреварот против Шлагелсе. Цената е 200 денари.
Вратете се на почетокот Go down
S|m0n4e
верно членче
верно членче
S|m0n4e


Број на мислења : 263
Age : 33
Registration date : 2006-10-27

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedПет Јан 12 2007, 20:50

САМО УШТЕ ЕДНА ПОБЕДА НАД ИЗРАЕЛ ЈА ДЕЛИ МАКЕДОНИЈА ОД ПЛАСМАНОТ ВО БАРАЖОТ
Два бода до плеј-оф

Конечно, по речиси две години чекање малку радост ни приредија
машките сениорски репрезентативци. Во квалификациите за пласман во баражот, од каде се "брка" пласман на ЕП, Македонија како гостин успеа да го совлада тимот на Израел и практично е пласирана во вториот филтер на квалификациите. Оваа победа е уште потешка и послатка затоа што е извојувана над тимот кој н$ елиминираше во 2001 година и не врати назад на скалата од каде се уште не сме успеале да се вратиме на старите позиции.

За да биде и официјално пласирана во плеј-оф
доигрувањето, на Македонија ќе & биде потребна уште една победа,
над Израел во Скопје и тогаш и теоретски ќе бидеме дел од доигрувањето, без разлика на тоа како ќе завршат двата последни дуели со репрезентацијата на Србија.

Но, сега Македонија има убава шанса да си обезбеди и поповолна позиција во баражот. Колку што на почетокот беше лоша победата на Израел над Србија, толку сега ни одговара овој резултат. Сега за да бидеме први во групата потребно ни е освен да го победиме Израел дома, да забележиме и една каква било победа над Србија на натпреварите кои ќе се играат на 17 јануари во
Охрид и три дена подоцна во Ниш.

Целата екипа прикажала
борбеност која заслужува честитки, а еден од најзаслужните,
организаторот на играта во Ранана, Бранко Ангеловски, вака ја коментира средбата:

"Најзаслужен што победивме во Израел според мене е
голманот Борко Ристовски. Честитки за целата екипа, одигравме борбен натпревар и не им дозволивме да ни го сторат тоа што & го направија на Србија. По доброто прво полувреме имавме пад во играта во вториот дел, некои пет-шест напади не постигнавме гол, но благодарение на Борко и тие постигнаа само еден. Останаваме во игра, ако влезевме во егал уште во раната фаза на второто полувреме, не знам дали ќе можевме да ги добиеме. Одлично бевме организирани во одбраната. Почнавме 5:1, но по десеттата минута симнавме на 6:0 и мислам дека тука тие не се снајдоа,
а ние направивме разлика. Тие малку н$ изненадија со 3:3 зоната, но
успеавме навреме да се организираме и да не им дозволиме пресврт",
изјави Бранко Ангеловски.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedПет Јан 12 2007, 21:26

Ај ќе ги тепаме уште еднаш израелците и два пати србите и на првенство
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedСре Јан 17 2007, 22:03

Само што заврши натпреварот помеѓу Македонија и Србија во ракомет. Нерешено. 32:32. Нашите направија многу технички грешки а србиве ги искористија. Друг фактор за овој т.н. неуспех на нашата репрезентација беа судиите. Ни самите не знаеа што судат, едниот едно другиот друго и оп гол за Србија. Мада и ние не бевме цвеќе за мирисање. Многу промашени зицери. Али што да се прави тоа е. Реваншот е во Ниш каде Србите ќе ја имаат предноста на домашен терен и подршката од публиката која ние не ја искористивме во салата Билјанини Извори во Охрид.
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedСре Јан 17 2007, 22:05

Не да беше нефер, не заебаа судиите до немај каде...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
High_Voltage
Администратор
High_Voltage


Број на мислења : 458
Age : 33
Registration date : 2006-10-14

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedСре Јан 17 2007, 22:19

само не ми е јасно како може за секој неуспех судиите да се криви или да се против нас?
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedСре Јан 17 2007, 22:27

Ај бе па ти, ја гледаше утакмицата ???
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedПет Јан 26 2007, 17:12

Откога сами си направија „од готово вересија“ во натпреварите со ракометната селекција на Србија (особено оној во Охрид), ракометарите го добија противникот за бараж натпреварот за ЕП во 2008 година.
На денешната ждрепка која се одржа во Виена за противник ја добивме репрезентацијата на Словенија. Инаку тие се учесници на Светското првенство кое е во тек.
Нашата репрезентација се наоѓаше во од третиот шешир, каде што беа второпласираните репрезентации од квалификациските групи (Летонија, Литванија, Холандија и Словачка).
Првиот натревар ќе се одигра на 9/10 Јуни, а реваншот е закажан за 16/17 Јуни оваа година.
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedПон Фед 05 2007, 01:34

Ракомет Rakoemt
СП РАКОМЕТ: Финале Германија-Полска [02.02.2007]

Репрезентациите на Германија и Полска се финалисти на СП што се одржува токму во Германија.
Дека се работи за израмнет квалитет помеѓу учесниците во полуфиналето потврдија полуфиналните дуели кои беа решени во продолжение.
СЛИКА РАКОМЕТ
Германија со мала помош од судиите успеа дури по две продолженија да ја совлада извонредната селекција на Франција со 32-21. А две продолженија се игра и на дуелот во Хамбург каде Полска беше подобар противник од Данска победувајќи ја со 36-33. Пред 13.500 гледачи извонредна игра прикажаа бековите Бјелецки, Ткачик и Јурашик кои заедно постигнаа вкупно 20 гола за прво светско финале за Полска.
Натпреварот за првото место се игра в недела со почеток во 16.30 минути. Да потсетиме дека Пољаците во натпреварите по групи беа подобри од домаќинот на мундијалот. За бронзениот медал ќе се борат Данска и Франција.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
Night Crawler


Број на мислења : 247
Age : 32
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_minipostedВто Фед 20 2007, 16:18

Polska se izgubi na svetskoto prvenstvo.No mislam deka Polska se zadovolni i so osvoenoto vtoro mesto.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Ракомет Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ракомет   Ракомет Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Ракомет
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Други спортови-
Отиди до: