Тужба против светот
Во
најбесрамниот обид за богатење во историјата на човештвото, една
компанија одлучи да го патентира хиперлинкот и врз основа на прекршени
авторски права да ги тужи сите ИТ компании во светот.
Фирмата
Acacia Research, веќе подигна тужби против компании како Оракл, Корел,
Кодак, Борланд, Новел и слични, кои во своите ЦД-а или ДВД-а редовно
користат хиперлинкови, со цел да им го овозможат пристапот до
дополнителните информации на своите клиенти.
Според службените
детали, компанијата го има во свој посед патентот за "системот за
дистрибуција на информациите" на преносните уреди.
Истата
компанија ги поседува и патентите за технологијата за стримување на
аудио видео содржини на интернет и поп-ап рекламите. Врз основа на
последниот патент таа неодамна доби вон-судска оштета од Tribune Co.
(сопственикот на Л.А тајмс, Чикаго Трибјун, Њусдеј и уште десетина
телевизии и весници) и други медиумски компании кои ја користат оваа
технологија.
Единствен излез од ваквата ситуација е
американската канцеларија за патенти да и го одземе спорниот патен на
компанијата и да го објави под лиценца за општо добро.