Од февруари редовни летови на МАТ за Истанбул
МАТ воведува редовна авиоврска со Турција. "Македонски авиотранспорт" од почетокот на февруари ќе лета двапати неделно за Истанбул. Воздушната линија е наједноставниот начин за патување кон Турција, откако Бугарија воведе визи за македонските граѓани. Во МАТ велат дека совпаѓањето е случајно.
"МАТ претходно најави дека, согласно стратегиските планови на македонската авиокомпанија, ќе воведе редовна линија за Истанбул. Ќе има два лета неделно. Цената на авиобилетите се уште не е дефинирана", изјавуваат во МАТ.