Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 новости

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: новости   Пет Фед 02 2007, 01:10

Вуду го претстави својот нов лаптоп кој би требало да ги израдува љубителите на компјутерските игри...

Вуду (Voodoo), една од најдобрите светски компании во областа на
дизајнот и производство на лаптоп компјутери, го најави својот нов
лаптоп кој би требало да ги израдува љубителите на компјутерските игри.
Се работи за моделот Voodoo ENVY m:790
којшто претставува последен збор на техниката. Според веб сајтот на
Вуду, се работи за систем со перформанси на десктоп компјутер сместен
во лаптоп куќиште.
Овој компјутер поддржува PCI Express Graphics, до 4 GB DDR-2
меморија и Serial ATA RAID и IDE хард диск. Процесорот е Интел Пентиум
4, 775, со 1 МB кеш меморија, а графичката картичка Nvidia Geforce Go
6800 PCI Express, што го вбројува овој лаптоп во редот на најдобрите
лаптоп компјутери.
Voodoo ENVY m:790 можете да го добиете за „само“ 4 400 долари.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: новости   Чет Фед 22 2007, 16:22

Ајде да играме



Замислете 64-битни компјутерски игри кои нудат опкружување во кое ќе се
загубите и кое ќе ви го одземе здивот, придружено од остра и
воодушевувачка вештачка интелигенција. Што мислите за новите конзоли и
игри кои ќе донесат фото-реалистични воени лица од целиот свет да се
борат токму пред вас во вашата соба. А што велите за нови портабл
плеери и мобилни телефони кои ќе ви овозможат да играте кога и каде
сакате. Во годинава што доаѓа играњето ќе биде многу интересно!


Мобилни уреди
Мобилното
играње годинава ќе настапи многу поразвиено, предводено од новите игри
кои пристигаат за Nintendo DS кое чини 150 долари. Игрите кои работат
на уредот со двоен екран можат да понудат повеќе различни перспективи,
да речеме, играње во прво лице на горниот и преглед на мапа на долниот
екран. Поради чувствителност на допир, DS игрите можат да создадат
ситуации каде што вие треба да го допрете екранот, да вметнете броеви и
да изведете други трикови. Вградената безжична опција на уредот
овозможува играње на мултиплеер игри со најмногу петнаесет DS
корисници. Sony Computer Entertainment ја најави продажбата на својот
Play-Station Portable (PSP) уред, надевајќи се на одличен успех каков
што имаше на крајот од минатата година во Јапонија. Цената ќе му биде
250 долари, ќе поддржува игри, филмови и музика.


Телефони
Трите
работи кои неизоставно ги земате кога излегувате од дома се клучеви,
паричник и мобилен телефон. Тоа отвора можности и за играње на уредот,
макар и додека чекате да дојде времето за закажаниот состанок. Сепак,
факт е дека и најдобрите телефони не можат да се пофалат со моќна
графика, но освен тоа, дизајнерите ќе мораат да работат и на креирање
на повеќе забавни игри. Уште еден предизвик им претстои на дизајнерите,
тие ќе мораат да се позабават со начинот на интеракција помеѓу
корисникот и играта, бидејќи на просечните телефони им недостасува game
pad контролер. Компанијата Mobliss во моментов го развива мобилниот
телефон кој ќе се справи со игрите (наречен Brady Bunch Kung Fu).
Господинот Chris Campbell од Mobliss изјави дека со нивниот телефон
нема да морате да ги користите двете раце за играње бидејќи тие
развиваат начини за играчот да има пријатно искуство без фрустрации
заради ограниченоста на телефонот. Годинава ќе видиме голем избор на
игри за мобилни телефони, најавуваат компаниите.


Последната промена е направена од на Чет Фед 22 2007, 16:24. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: новости   Чет Фед 22 2007, 16:23

64 бита ги „напаѓаат“ PC игрите
Кога зборуваме за компјутерски игри секогаш се најважни и
најинтересни јачината на процесорот и јачината на графиката. Во
годинава пред нас ќе бидеме сведоци на големи скокови во двете
категории, по што се претпоставува дека компјутерските игри ќе
изгледаат како најдобрите компјутерски анимирани филмови.
Можеби
најголемиот скок ќе биде преминот од 32-битен на 64-битен оперативен
систем. Преодот на 64-битни процесори ветува многу повеќе во контекст
на игрите заради тоа што 64-битните процесори можат да процесираат
инструкции со поголема комплексност од 32-битните, со што се
подобруваат перформансите на таквите интензивни апликации како што се
игрите. Она што е многу важно е тоа што 64-битните оперативни системи
можат да користат многу поголемо количество на меморија од денешните
компјутери. 32-битен Windows компјутер може да испрати максимум 4GB
меморија (2GB за оперативен систем и 2GB за апликации). Наспроти него
почетното издание на XP X64 ќе биде во можност да пристапи до 32GB
физичка и 16 терабајти виртуелна меморија.
Со толку меморија ќе има подобра резолуција со подраматични и подобри
визуелни ефекти и графика која ќе може да се спореди со компјутерски
изработените филмови. Уште една предност од употребата на толкава
меморија е и можноста за креирање на беспрекорни опкружувања. Само
замислете го играњето на пуцачини во прво лице каде што не мора да
застанете со играње и да чекате да се наполни следното ниво, или пак
огромна мултиплеер игра која нема видливи граници!
Но да ве предупредиме, не очекувајте да ги видите веднаш. Игрите кои
ќе се појавуваат годинава ќе бидат 32-битни игри преправени за работа
на 64-битни системи. Игрите изградени врз база на 64-битни опкружувања
најверојатно нема да пристигнат пред Microsoft да ги лансира своите
први 64-битни оперативни системи кои се очекуваат кон крајот на 2006
година.


Конзоли – затишје пред бура
Годинава тешко дека ќе биде година на конзолни игри. Се очекува
Sony, Microsoft, Nintendo и нивните партнери добро да поработат на
креирање на подобри игри и подобрување на online понудата додека ги
подготвуваат своите идни производи за 2006 година. Значи за оваа година
трите компании планираат да работат на поквалитетна и посодржајна
online понуда.
А што да очекуваме во иднина?
Xbox 2 – Bill Gates најави дека новите Xbox игри ќе бидат игри
со високи дефиниции и дека новите конзоли ќе имаат подобра комуникација
од компјутерите, по кои никогаш нема да посакате да се вратите наназад.
Nintendo – следната конзола на компанијата ќе потсетува на
нивниот DS систем, со што открија дека ветуваат досега невиден
интерфејс со 3D приказ.
Sony PlayStation 3 – од компанијата најавија дека ќе испорачаат
најмоќен можен хардвер. IBM, Sony, Sony Computer Entertainment и
Toshiba заедно работат на креирање на повеќејадрен процесор наречен
Cell, кој што ќе се справува со огромна дигитална содржина. Конзолата
ќе поддржува и Blu-ray формат на дискови.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: новости   Чет Фед 22 2007, 16:25

Дизајнерите ја предвидуваат иднината на игрите
Без
разлика дали играте на компјутер, конзола или на мали џебни уреди,
новата генерација на игри ќе нуди запрепастувачка графика и ликови кои
реагираат и изгледаат како вистински луѓе. Можеме да очекуваме и
унапредување во Интернет конекциите што би значело истовремено играње
на стотици луѓе. Овие предвидувања ги изложија експерти како што се Rob
Jones, проект менаџер за ESPN-овите спортски игри, Dr. Ray Muzyka и Dr.
Greg Zeschuk основачите и членовите на CEO-виот Bioware и креаторите на
Star war Knights of the Old Republic.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 247
Age : 26
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: новости   Чет Мар 08 2007, 00:20

ogi samo se macis a nikoj ne pisuva.Jas bi kupil eden LCD televizor so toa normalno i PS3 i igraj a ne vakvi igracki.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: новости   Чет Мар 08 2007, 01:27

немора да пишува, моја работа е да си ги ставам новите работи што ги има па ако е некој заинтересиран нека пише
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 247
Age : 26
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

ПишувањеПредмет: Re: новости   Саб Мар 10 2007, 01:45

dobro de ne se luti.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: новости   Чет Мар 15 2007, 21:30

Комодоре се врака на пазарот !! овој пат и со многу јака гејмерска конфигурација !

ПОГЛЕДНЕТЕ !


По
долги години постење само како добро сеќавање и дух од минатото,
Комодоре конечно се врати. На првиот ден од ЦеБит беа премиерно
претставени новите машини и конфигурации на "С" системите.


Најјаката конфигурација е Commodore XX и таа изгледа од прилика вака:
Intel CoreT2 Extreme quad-core processor,
Asus P5N32-E nForce 680i SLI motherboard,
2 х 150 GB 10,000 RPM SATA drives in RAID 0,
4GB (2 x 2048) Corsair Dominator memory at 1066 MHz,
2 х nVidia 8800 GTX videocards,
Creatve Labs X-Fi,
Windows Vista Ultimate installed









Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: новости   Нед Апр 22 2007, 17:11

Гилд ворс на руски!!

NCsoft® and ArenaNet® today revealed their exciting plans for the future of the hugely successful Guild Wars® franchise. The companies announced that development already is underway on a full sequel to the original Guild Wars games. Guild Wars 2TM will draw from the game mechanics that made the original Guild Wars
one of the most popular online games ever and will add a fully
persistent world. It was also revealed that, like its predecessors, Guild Wars 2 will not have a subscription fee. No launch date was announced, but the ArenaNet team anticipates that Guild Wars 2 will go into beta sometime in the second half of 2008.
In addition, ArenaNet developers are working on the first true expansion for the Guild Wars franchise, Guild Wars: Eye of the NorthTM. Due to hit store shelves during the 2007 holiday season, Guild Wars: Eye of the NorthTM will require at least one of the previous Guild Wars campaigns (PropheciesTM, FactionsTM, or NightfallTM) in order to play. It's a game that will benefit long-time players of the Guild Wars games, with all of the content targeting existing Guild Wars characters.
"We felt it was extremely important to reward those people who have been playing Guild Wars
since the game first launched in 2005," said Jeff Strain, co-founder of
ArenaNet. "Those players have seen three very large campaigns created
in a little under two years and so we think it's time to begin filling
in the details of the existing world and to provide more content for
current characters. We are thrilled to focus our time on something that
our players have been asking for."
Set largely in the dungeons and caverns of the lands of Tyria that players first explored in Guild Wars Prophecies, Guild Wars: Eye of the North
will have 18 large, multi-level dungeons, 150 new skills across all 10
Guild Wars professions, 10 new Heroes, 40 new armor sets, and even more
items, weapons and titles.
And for those looking even further down the road at Guild Wars 2, Guild Wars: Eye of the North will provide a Hall of Monuments where players' accomplishments are memorialized and eventually inherited by their Guild Wars 2 characters, unlocking exclusive items and bonuses in Guild Wars 2.
"It's the payoff we hope players will appreciate as we continue to build on the Guild Wars franchise," said Strain. "We're excited to announce these two new products and we want players to know that Guild Wars has an extremely exciting future in the months and years ahead."
More information on the Guild Wars franchise can be found at http://www.guildwars.com.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: новости   

Вратете се на почетокот Go down
 
новости
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Компјутери и компјутерска технологија :: Компјутерски Игри-
Отиди до: