Свен Ват @ Скопски Саем
Картите
за Свен Ват, кој настапува на 17 февруари на Скопскиот саем, веќе се
пуштени во продажба. Тие веќе се продаваат по промотивна цена од 600
денари, а од утре до 16-ти се 700. На денот на журката и на врата ќе
бидат 800 денари, а Вип влезниците се по цена од 1000 денари.
Влезници можат да се купат во Тренд, Југотон, Чув де чув, книжарница
Матица и клубот Хард Рок. Журката ја организираат Хард Рок, УФО, Сити
радио и Клуб ФМ, а истите ги најавуваат и престојните настапи на Бука
шејд во живо, Дени Хауелс и Џон Дигвид.