Филм над Филмовите
Неколку нај филмови и филмски сцени:
-Рамбо, трет дел- Тој е борец против проклетите руски копилиња кои се
обидуваат цел свет да го направат комуњарски. Згора на се, веќе влегоа во Авганистан. Тогаш на сцена стапува Џон Рамбо, американски ветеран од Виетнамската војна. Се здружува со авганистанците (а после ќе прашатекој го измисли Бин Ладен) и ќе потепа куп неписмени Руси. Како на цртан филм. Но на ред доаѓа и најглавното. Заедно со неговиот претпоставен (Ричард Крена), излегува од една дупка и што ќе види: опколен е од тенкови, топови, 10 000 руски војници, хеликоптери. И така стојат едни спрема други: Рамбо и Ричард наспроти Русите. Кутрите Руси нема да знаат што ќе ги снајде кога Рамбович ќе почне со покажување на своите вештини. Парампарче.
-Филм, филм, филм-навистина филм. Еден чичко со бркови и со кадилак ќе биде гонет од камион. Од камион! Нема зборување, нема замарање, само треба да седнете пред телевизор и да гледате брканица. Закон........
-Глупиот и поглупиот. Да не зборувам понатаму.
-Глупиот и поглупиот 2- Е, доколку сте го гледале кецот, гледајте го и вториот дел. Ќе се измочате од смеење. Гарантирам
... или ќе се изнервирате до макс.
-Конусовци- Ден Екројд растура. Вонземјанин од друга планета се заглавува на Земјата со неговата жена, добива ќерка (убава ќерка, само да го нема тоа конусчето, ама и вака врши работа) се враќа назад, се бори против чудовиште, го победува и повторно доаѓа на Земјата. Една сцена: на неговиот крал му дава мастика. Кога ќе се приближат кон Земјата, со цел да ја освојат, кралов ја џвака мастиката и прави балонче, нооооо... уствари грешка. Наместо мастика, станува збор за кондом, кој се дуе едно триесет сантими. Хух!
-Мене ми зборуваш? Мене ми зборуваш? Реков, МЕНЕ ЛИ МИ ЗБОРУВАШ?
-Тетовирање.
-Др. Франкенштајн- Шварци ќе роди дете. Ај не ме заебавај.
-Брејдиеви-Кое семејство, која фамилија. Сите глупи-тупи, сите мутави ко овци. И постојано едно од тие девојчиштата кенка и сере: Марша, Марша, Марша. Ако ви е во фамилија, да посакате да ве посвоиле некои црнци. Или пак, подобра варијанта: лежете ја.
-29 улица- најзакон од законите. Дени Ејело е легенда, како и сите италијанци. Френк Пеш е човек на кого среќата му е постојано со него. Го следи насекаде, а ќе ја добие и главната награда на Њујорк, незнам колку милиони долари. Сцени со Ејело:
1. Ју ар мизрубл, мизрубл.
2. Ам нат а луза, ам нат а факин луузаааааааа. Човече....