Докажа дека е само
еден од ретките кои во своето портфолио ќе ја запишат победата нанижана
во огромната белградска хала, која досега ја наполниле само имиња од
калибарот на Чолиќ, Фил Колинс, Бајага...
Преполна сала, многу
емоции, одлична повеќе од тричасовна журка во која миленикот на, пред
се, женската публика бриљираше во својот досега невиден настап.
Придружуван од Блу фанки индивидуалс, Танец, Симфонискиот оркестар под
водство на Саша Николовски - Ѓумар, Тоше покажа како тоа го прават
најдобрите.
Уште со првите тактови на "Пратим те" и паѓањето на
коленици беше јасно дека е подготвен комплетно да и' се предаде на
публиката, која збудале по него, и емоциите, кои овојпат ја имаа
својата кулминација. Стокмен по теркот на Дејан Милиќевиќ во тесни
припипиени панталони, бела кошула, трегери и впечатлив прстен на
десната рака, продолжи во ритамот на подзаборавените хитови. Прва на
репертоарот се најде
дуетска
песна "1.200 милји", потоа низата српски теми и делириум со една од
неговите најубави балади "Тајно моја". Следуваше отворање на блокот
посветен на традиционалната македонска песна и дуетската "Јовано,
Јованке" со Билја Крстиќ, која се појави како изненадување на
концертот. Тоше и Биља пееја во придружба на оркестарот под раководство
на Милан Завков. Следуваше "Море сокол пие" и куса пауза за време на
која публиката имаше можност да ужива во мајсториите на виртуозите од
КУД "Танец".
Освен покрај и на сцената за време на паузата, кога
повеќето од девојките се обидуваа да дојдат до Тоше, се случи и еден
прилично неочекуван и мошне интересен гест - благодарение на екипата на
популарната српска емисија "Се за љубовта" еден вљубен Ненад од Неготин
си ја побара за жена својата девојка. Поромантична подлога
од онаа со Тоше во позадина и токму на Денот на вљубените и не би можело ниту да се посака.
Свое
место во репертоарот на Тоше најде и неговата омилена тема или
насловната од филмот "Ивкова слава"- "Несаница" овојпат во придружба на
блех оркестарот на Срѓан Азировиќ.
Својата премиера, секако, со
дозвола на англискиот менаџерски тим, на концертот ја доживеа и
дуетската "Арија" со Џана Нанини. Прекрасна тема што е само одлична
најава за она што ќе следува со новиот албум наменет за светскиот
музички пазар.
Спектакуларен почеток за уште поспектакуларен крај
- Леб и сол, Металика... еден бис и крај на нешто повеќе од
тричасовниот спектакл кој собра огромен број негови фанови кои освен од
цела Србија ги
имаше
и од родната му Македонија. Бројката која ги надмина сите очекувања
(над 17 илјади посетители!), па дури и оние на Тоше, затоа што како што
изјави на пресот по концертот, тој не се надевал на толкава посетеност,
ги разубеди сите неверни Томовци кои се надеваа дека атрактивниот
кошаркарски натпревар или концертот на еден негов хрватски колега ќе
привлечат повеќе внимание.
Очигледно само ретките и вистинските професионалци се подготвени за големи чекори. Тоше, дефинитивно, своето го направи.