Д
а де, звучи блесаво, ама функционира. Фирчи решил да ги оживее песните на Екатерина Велика и да ги отсвири по тазе (иако баш и не морал, и вака звучат свежо). Гласот на Милан останува.
Поранешниот ( а жив) тапанар на Екатерина Велика Иван Фирчи во март ќе издаде нов албум со старите песни на ЕКВ, повторно отсвирени и одново продуцирани за да се обиде да покаже како би звучеле денес тие песни доколку би се појавиле за првпат (и да земе пари од тоа).
На дискот "EKV Revisited" е задржан само оригиналниот вокал на Милан Младеновиќ а сите музички делници се повторно отсвирени и продуцирани од светски познатиот продуцент Стен Винсент.