Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Најглупавите модни трендови

Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 27
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Најглупавите модни трендови   Вто Мар 06 2007, 00:14

Најглупавите модни трендови



Кога станува збор за трендови и мода, секоја генерација има свои добри, но и не толку добри моменти. Нормално, по некое време ќе сфатиме дека нешто што сме го носеле изгледало катастрофално, па во својата потсвест пробуваме да го најдеме одговорот на прашањето "Како тоа можело да му се допаѓа на некого"?
Еве го прегледот на некои од најголемите трендовски злосторства.

Бекамка
Оваа фризура наречена по нејзиниот славен творец Дејвид Бекам, сеуште во полн сјај владее низ светот со тинејџерските глави. Тинејџерите од Лондон, Париз, Капиштец, Битпазар и Конопиште, па се до Љубљана и Пекинг, можат само да се надеваат дека Бекам наскоро ќе смисли нешто друго подеднакво атрактивно, па така популарната "Бекамка" ќе ја фрли во втор план. Било какво освежување добро би ни дошло.
Налепници за автомобил
Флека во боја, пламен кој возилото го претвора во ѓаволско и непобедливо, или можеби посуптилната варијанта - рака која штрчи од затворениот багажник, како и налепница за резервоарот со демек метални нитни. Ова е тренд кој за среќа е во своето заоѓање.
Искинати фармерки
Ни ги носеа тетките од Турција и Италија, пазарите беа преполни со нив, а дури и кога беа на врвот на својата популарност, претставуваа апсолутно олицетворение на невкусот и екстремната модна неосвестеност. Хоророт кој никогаш повеќе не смее да се повтори. Ако на некој глуп дизајнер повторно му прдне да ги врати во мода, сите едногласно мора да се спротиставиме.
Фото тапети
Океј, признаваме, беше малку потопло во нив. На секој дом му ја даваа онаа мала и нужна доза на кич, кој го спасуваше од безличност и стерилност. Денес, нивната изработка и примена е далеку поразвиена, уметноста во меѓувреме напредуваше, но ефтините слики од море, сонце, палми и цветни ливади се вбројуваат во оние глупости на кои нема потреба да се навраќате.
Натапирана коса
Ех, да, и тоа беше забавно. И помалку болно. Во педесеттите и шеесеттите, сите жени имаа потреба да го зголемат волуменот на своите женствени и мали главички. Во деведесеттите, се тапираше само еден дел од косата - шишките.
Чешел во џеб
И додека припадничките на понежниот пол се тапираа, нивните дечковци беа странично залижани, и тоа во строго контролирана насока. Ихаа, во тоа време беше невидено секси кога со цигара во уста некој ќе го извадеше чешелот од џеб и фраерски ќе се залижеше.
Врвка за наочари
Функционална колку и чешелот, ама ни приближно толку кул. Во еден период беше исклучиво моден додаток и тоа беа неславни денови за врвката. Доаѓаше во сите бои, а масовно се комбинираше со тогаш популарните мачкести наочари, што заедно правеше доста бизарен спој. Се веруваше дека го оплеменува и изгледот на децата кои беа приморани во раната возраст да почнат да носат диоптриски наочари.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
NaTaLi
Модератор
avatar

Број на мислења : 775
Age : 27
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Вто Мар 06 2007, 00:39

А потпунки? lol! Како може жена да изгледа како рагби играч? Одговорот е едноставен - потпунки. lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Paparapacipipas
Модератор
avatar

Број на мислења : 242
Age : 27
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Пет Мар 16 2007, 16:37

Aбе шо да се праи со модата, многу е за нигде. Голем дел од најмодерните ствари се најнекомотни. И шо мода ќе беше толку шминка да се ставало па ко лампион у фаца после. Абе природна убавина само.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
cinderella
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 230
Age : 27
Registration date : 2007-02-08

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Пет Мар 16 2007, 16:39

Paparapacipipas напиша:
Aбе шо да се праи со модата, многу е за нигде. Голем дел од најмодерните ствари се најнекомотни. И шо мода ќе беше толку шминка да се ставало па ко лампион у фаца после. Абе природна убавина само.

Aj pa i ti sea. U pravo si so toa deka nekoi preteruvaat so sminkata, ama pa nekad moras malce da se nasminkas, ko na primer si legnal u 1 po polnok, stanuvas sabajle u sest, GROZNO!!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
shadow
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 357
Age : 27
Registration date : 2007-02-08

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Саб Мар 17 2007, 20:00

Stvarno e taka!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
vamp-girl
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 477
Age : 27
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Саб Мар 17 2007, 20:32

a be nemora da znaci deka sekoja moda e glupava i neudobna.Ima kreatori/ki koisto pravat obleka koja prvenstveno e udobna
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Efi
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 338
Age : 27
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Саб Мар 17 2007, 22:55

Сакам ексцентрични креатори кои по ревијата истите парчиња облека ги преобразуваат во носливи ствари
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
vamp-girl
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 477
Age : 27
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Нед Мар 18 2007, 00:45

da ne ja sakas slucajno betsey johnson??
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 28
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Пон Апр 09 2007, 19:15

ах. новата колекција на џст кавали (хаха ама глупо изглеа вака) е за млади цури и е многу спортско елегантна па така да тоа е многу комотно! е сеа јас не одговарам за цената, само ве известувам! Don't kill the messenger!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 26
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   Нед Апр 29 2007, 21:04

Вистина фотките се Булшит!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Најглупавите модни трендови   

Вратете се на почетокот Go down
 
Најглупавите модни трендови
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Мода и убавина-
Отиди до: