Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"

Go down 
4 posters
АвторПорака
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Empty
ПишувањеПредмет: Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"   Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 21:28

Ако мислевте дека дешифрирањето на "Кодот на Да Винчи" е тешко, обидете
се да го решите "Кодот на Провенцано", тајниот код што го измислил
"босот над босовите" за да владее со мафијата со години кога беше
најбараниот човек во Италија.

Бројки, букви, цитати од
Библијата, алузии на Исус, сето ова го има во новата книга на
сицилијанскиот судија Микеле Престипино, кој се обидува да ги открие
мистериите на мафијата со белешките што излегоа на виделина кога беше
уапсен Бернардо Провенцано минатиот април. "Кодот на Провенцано", што
се појави во книжарниците во Италија вчера, користи десетици "пицини"
(мали парчиња хартија) што Провенцано ги пишувал за да комуницира со
своите соработници, преку коишто се обидува да ја реконструира
скорешната историја на сицилијанската мафија.

"Ова не е само
мафијата видена одблизу од аутсајдери, ова е Коза Ностра објаснета од
Коза Ностра, мафијата објаснета од мафијашите со нивните сопствени
зборови", изјави Престипино во телефонското интервју од Палермо,
главниот град на Сицилија. "Сега го имаме она што може да се смета за
најголема архива на мафијата", вели тој.

Провенцано беше
неоспорен шеф на сицилијанската мафија од 1993 година се до неговото
апсење на 11 април со што завршија неговите 43 години во бегство.

Кога
полицијата го уапсила на фарма во близина на ридското гратче Корлеоне,
што се прослави со филмскиот серијал "Кум", неговиот "команден центар"
воопшто не се состоел од висока технологија. Арсеналот со којшто
Провенцано раководел со мафијата се состоел од две машини за чукање,
една обична и една електрична, еден речник, примерок од Библијата
преполн со вметнати ливчиња, подвлечени пасуси и објаснувања на стихови
од Стариот и Новиот завет.

Грубо изделкана дрвена плоча служела како маса со кутии за документи.

"Пицините",
испечатени на проsирна хартија превиткана десетина пати за да можеле да
се сместат меѓу два ножни прста, биле залепени со проsирна леплива
лента и биле пренесувани преку синџир курири.

"Јазикот што го
користел е единствениот инструмент што го имаме за да ја сфатиме
личноста на човекот кој повеќе од 10 години водеше една од најмоќните
криминални организации", вели Престипино, кој ја напиша книгата заедно
со новинарот Салво Палацоло.

Провенцано, кој го прекинал
школувањето по втора година средно во Корлеоне, често пишувал со
неправилна граматика на италијанскиот јазик. Тој своите соработници ги
означувал со бројки од два до 164, самиот бил број еден, и многумина од
нив не знаеле кој број на кого се однесува.

Еден од
најмистериозните соработници бил познат како "обожуваниот Исус
Христос". Тој се појавува во неколку белешки каде што Провенцано му се
заблагодарува зашто ја извлекол мафијата од тесно.

"Не знаеме
дали 'обожуваниот Исус Христос' е еден човек или група", вели
Престипино. "Кога им пишувал на своите подредени некогаш не го открил
идентитетот".

Во едно писменце Провенцано му се заблагодарил на
"обожуваниот Исус Христос" зашто го информирал дека полицијата скрила
видеокамера во близина на една фарма каде што мафијата требала да одржи
средба на Сицилија.

"Тешко е да се замисли дека божественото
провидение му кажало на Провенцано за местата каде што полицијата
поставила камери и уреди за прислушување", вели Престипино.

Провенцано,
кој не сакал да соработува со полицијата и сега се наоѓа затворен во
самица во еден од италијанските затвори со најсилно обезбедување, бил
многу приврзан кон својата библија полна со забелешки и со мистериозни
референци. Тој неколкупати побарал од полицијата да му ја вратат, но
иследниците одбиле зашто таа книга се смета за потенцијално богатство
на информации.

Декодерите од Единицата за критпоанализа и архиви
за рекетарство во ФБИ им помагаат на своите италијански колеги да ја
дешифрираат библијата и нејзината врска со "пицините".

"Уште не
сме успеале да откриеме дали во белешките, подвлечените пасуси и
окултната содржина се крие некој друг код", вели Престипино.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"   Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 21:28

е ова е за мене нешо а не кодот на да винчи пошо ова ми е по веројатно т.е. содржината него таа од да винчи незнам за вас??????
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"   Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Icon_minipostedПет Мар 09 2007, 21:35

Јас имам слушнато дека некој шеф на ЦИА поставил енкриптиран ѕид кој до сега никој не успеал да го разоткрие...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
Night Crawler


Број на мислења : 247
Age : 32
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"   Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Icon_minipostedСаб Мар 10 2007, 02:00

Nie ke uspeeme
Вратете се на почетокот Go down
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
BIG_M_UNDERGROUND


Број на мислења : 323
Age : 32
Registration date : 2007-04-08

Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"   Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Icon_minipostedНед Апр 29 2007, 11:57

Night Crawler напиша:
Nie ke uspeeme

Ниормално!Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Empty
ПишувањеПредмет: Re: Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"   Мафијата го доби "Кодот на Провенцано" Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Мафијата го доби "Кодот на Провенцано"
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: