Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Евангелието по Јуда

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Евангелието по Јуда   Сре Мар 14 2007, 18:25

Јуда Искариотски, озлогласен како предавникот на Исус, постапувал на барање на Исус кога го предал на властите кои го распнале на крстот, вели "Евангелието по Јуда" старо 1.700 години што беше претставено завчера. Во алтернативниот поглед на традиционалното христијанско учење, Евангелието по Јуда покажува дека отпаднатиот апостол бил единствениот од блиските ученици на Исус кој ја сфатил неговата желба да се ослободи од своето земно тело.
"Во ова евангелие тој е позитивецот", вели Барт Ерман, професор по веронаука на Универзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил. "Тој е единствениот апостол кој го разбирал Исус".
Воведот во евангелието по Јуда вели дека тоа е сведоштво на откровенијата што Исус му ги кажал на Јуда Искариотски. Понатаму, се наведуваат зборовите на Исус кој на Јуда му рекол: "Ти ќе ги надминеш сите нив (другите апостоли) зашто ќе го жртвуваш човекот во кој сум завиткан".
"Идејата во ова евангелие е таа дека Исус, како сите ние, е заробен дух, кој е заробен во материјалното тело", вели Ерман, "А спасението доаѓа кога ќе се ослободиме од материјалниот аспект на постоењето и Јуда е тој што му овозможува да избега зашто овозможува неговото тело да биде убиено".
Свештеникот Доналд Сениор, претседател на Католичката теолошка унија во Чикаго вели дека документот ја открива разнообразноста и виталноста во раното христијанство.
"Се поставува прашањето... дали оваа традиција, оваа алтернативна приказна, ако сакате, во евангелието по Јуда е веродостојна исто како и останатите евангелија?", вели Сениор.
Не се знае кој го напишал евангелието по Јуда. Примерокот што беше обелоденет завчера потекнува од документ што бил споменат во 180-тата година во расправата наречена "Против ерес" на Иренеј, бискуп од Лион во тогашната римска Галија. Во расправата се зборува против оние чии ставови за Исус се разликуваат од оние на Христијанската црква.
Во Новиот завет на Библијата, Јуда е прикажан како предавник, кој за 30 сребреници ќе го предаде Исус откако ќе им го покаже на римските војници. Евангелието според Матеј вели дека Јуда набрзо се покајал за предавството, ги вратил сребрениците и се обесил. Новиот завет се состои од четири евангелија според Матеј, Марко, Лука и Јован, но многу повеќе таканаречени апокрифни евангелија биле напишани во првите векови по смртта на Исус, што им се припишуваат на апостолите како Томас и Филип и неговата следбеничка Марија Магдалена.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Саб Мар 17 2007, 14:21

Делот од „Коптскиот манускрипт“, што неодамна го презентираше американското Национално географско друштво, во никој случај не може да биде „Евангелие по Јуда“, смета професорот на Московската духовна академија, Андреј Курајев.
„Тој документ едноставно не може да е дело на Јуда Искариотски, затоа што тој се обесил дента кога е распнат Христос и немал кога да напише мемоари“, вели Курајев, нагласувајќи дека новообјавените текстови се дело на припадници на некоја гностичка секта од третиот или четвртиот век.
Според него, во тој период, посебно во Египет, се појавувале многу псевдохристијански окултистички секти, меѓу кои имало и такви кои како идоли земале „некои од најнегативните библиски ликови“.
Во прилог на таквото тврдење тој ги наведува примерите со сектите кои се нарекувале по името на змијата, која според Библијата, ја натерала Ева да скине плод од јаболкницата во Еденската градина и по Каин, кој го убил својот брат Авел.
„Коптскиот манускрипт“, текст преведен од грчки на дијалект на коптскиот јазик, е пронајден во 70-те година на минатиот век во Египет и досега неколку пати ги менувал сопствениците.
Тој содржи над 60 страни во кои покрај споменатото „Евангелие по Јуда“ се и „Апокалипсата на Јаков“, „Писмото на апостолот Петар до апостолот Филип“ и фрагмент од текст кој научниците го нарекле „Книга на туѓината“.
Објавените делови од страна на Научното географско друштво опфаќаат 26 страни од манускриптот, кои пред неколку години биле пренесени во САД и преведени на англиски јазик.
Според тој текст, Јуда, спротивно на библиските написи, бил најомилениот и најблизок ученик на Исус Христос и не го предал за 30 сребреници, туку затоа што Исус го замолил да го стори тоа.
Заменик-претседателот на Одделот за надворешни работи на Руската православна црква (РПЦ), Всеволод Чапин оцени дека „Коптскиот манускрипт“ нема да влијае на претставата на верниците за Исус Христос и за црковните канони.
Според него, без разлика што пишува во манускриптот, тоа нема да влијае на ставот кон евангелијата ниту на верниците, ниту на скептиците.
Чаплин нагласува дека ова не е прв пат да се појавуваат и шират „апокрифни дела со недоволно јасно потекло“, додавајќи оти односот кон канонските евангелија не се определува врз база на различни списи, туку врз основа на духовната состојба на човекот и неговите убедувања.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Paparapacipipas
Модератор
avatar

Број на мислења : 242
Age : 26
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Мар 29 2007, 11:52

Од секогаш ми бил омилен Јуда. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Мар 29 2007, 12:48

од кога ти имаш омилени ликови од библијата ? а и од куранот да не имаш некој ? lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Paparapacipipas
Модератор
avatar

Број на мислења : 242
Age : 26
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Саб Мар 31 2007, 02:04

Абе ти текиња кога се шалев дека Јуда е најпознат од апостолите. Омилен зошо бил некој левак како мене и се наопачки праел.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Саб Мар 31 2007, 10:53

Paparapacipipas напиша:
Абе ти текиња кога се шалев дека Јуда е најпознат од апостолите. Омилен зошо бил некој левак како мене и се наопачки праел.

lol! lol!

да да ми текнуе, ама пак не ти ја свакам поентата како ти имаш омилен апостол !Suspect Suspect

тоа е стварно мистерија и заслужува да биде во темава Razz
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Пон Апр 02 2007, 22:27

а шо толку со евангелиево по јуда јас не гледам шо е работата со него Very Happy Very Happy напраиил со напраил и крај едноставно и исус знаел дека ке биде така
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Сре Апр 18 2007, 14:26

F*ck сите апостоли со се ИСУС.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Сре Апр 18 2007, 15:38

ок, сепак не е убаво да пцуеш така! иако е делумно цензурирано! а иначе мене не многу ми е од големо значење тоа за јуда и тако даље пошто не сум нешто голем верник
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Сре Апр 18 2007, 15:51

ако збориме веке дали на некој му е гајле за јуда & со, ја ке кажам дека мене ни за ЕДЕН НЕ МЕ БОЛИ К** !! ич не го поштуем христијанството! да веруваш во нешто да, ама христијанството скрос ги има извртено работите - ФАКТ!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 00:22

Karate Kid напиша:
ич не го поштуем христијанството! да веруваш во нешто да, ама христијанството скрос ги има извртено работите - ФАКТ!

Како што знаеш Оги и ја сум атеист, ама сепак мислам дека нема смисла да не ПОШТУЕШ (барем) нешто во кое многу други луѓе веруваат. А тоа дека христијанството ги има извртено работите не си баш целосно во право, поадекватно е да се каже дека црквата (со помош, т.е. искористување на христијанството) ги има извртено работите.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 00:43

FallenAngel напиша:
Karate Kid напиша:
ич не го поштуем христијанството! да веруваш во нешто да, ама христијанството скрос ги има извртено работите - ФАКТ!

Како што знаеш Оги и ја сум атеист, ама сепак мислам дека нема смисла да не ПОШТУЕШ (барем) нешто во кое многу други луѓе веруваат. А тоа дека христијанството ги има извртено работите не си баш целосно во право, поадекватно е да се каже дека црквата (со помош, т.е. искористување на христијанството) ги има извртено работите.

500 сум кажал атеисти не постојат... АТЕИСТ - Е ЧОВЕК КОЈ НЕ ВЕРУВА ВО НИШТО, а такви не постојат...
А почитувањето нема никаква врска со бројот на верници... Не ме сваќајте погрешно, лично немам ништо против христијанството како идеа, и покрај тоа што не верувам во Бог.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 01:28

Moscow_BoY напиша:
500 сум кажал атеисти не постојат... АТЕИСТ - Е ЧОВЕК КОЈ НЕ ВЕРУВА ВО НИШТО, а такви не постојат...
500 пати си го кажал ова... Исто толку пати си направил и грешка. Имено, атеисти постојат, и атеист не е човек кој не верува во ништо, АТЕИСТ Е ЧОВЕК КОЈ ВЕРУВА ВО НЕПОСТОЕЊЕТО НА БОГА, или ако сакаш, човек кој го негира постоењето на Бога.
Moscow_BoY напиша:
А почитувањето нема никаква врска со бројот на верници...
Не ми беше ни на мене поентата во бројот на верниците, сметам дека треба да се почитува туѓата верба, без разлика дали во исто нешто веруваат 100 или 100 000 луѓе.
Него да не забегуваме многу од темава, ова може и во Верувате ли во Бога? да се продужи. А за Евангелиево, баш повеќе сакам да го видам чичо Јуда како позитивец, само кај него се наоѓаше нешто 'покварено'
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 13:48

Офф леле....

Атеизам доаѓа од грчкиот збор άθεος, согласно кој единствениот, матријалниот свет само настанува, т.е се обновува, а објаснувањето на феноменот се извршува без пристуство на духовниот свет и надчовечки сили...
Значи атеистите се луѓе кои веруваат во матријалното, а не во духовното. Поради што се јавува контрадикторност, бидејќи верувањето припаѓа на духовниот свет, а не матријалниот. Што значи атеистите не веруваат во ништо...

Затоа прво информирај се, а потоа пишувај вакви тези...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 14:07

Fallenangel напиша:
Како што знаеш Оги и ја сум атеист, ама сепак
мислам дека нема смисла да не ПОШТУЕШ (барем) нешто во кое многу други
луѓе веруваат. А тоа дека христијанството ги има извртено работите не
си баш целосно во право, поадекватно е да се каже дека црквата (со
помош, т.е. искористување на христијанството) ги има извртено работите.
нема да продолжам со ова, едно 1000 пати сум кажал! нема поента да се верува во тие работи! да се верува во нешто да, ама НЕ НА НЕКОЈА РЕЛИГИЈА ДА И БИДАМ РОБ !!!! јас сум си свој БОГ на она што ЈАС ГО САКАМ и нема кој мене да ми кажува како да го поштувам бог!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 16:37

Ај јас да почнам да лелекам... Значи вака, ај да не се мачам ја многу, повели:
"Atheism is an absence of belief in the existence of gods or deities. The word atheism is derived from the Greek word atheos, from the negative prefix a- (without) and the word theos (θεóς, god), meaning literally 'without god.' There are two distinct forms of atheism:weak and strong atheism."

Значи θεóς = Господ, а Господ не еднаков на верба. Атеистите не веруваат само во материјалното, тие (пак ќе повторам) веруваат дека Бог не постои и тАчка. Бог не е се духовно на овој свет.
Karate Kid напиша:

нема да продолжам со ова, едно 1000 пати сум кажал! нема поента да се верува во тие работи! да се верува во нешто да, ама НЕ НА НЕКОЈА РЕЛИГИЈА ДА И БИДАМ РОБ !!!! јас сум си свој БОГ на она што ЈАС ГО САКАМ и нема кој мене да ми кажува како да го поштувам бог!
Признавам дека малце погрешно сум се изјаснила, и сакам да се поправам (ако ми дозволуваш) значи зборот ми беше, не почитување на Бога, туку почитување на туѓата определба да се верува во него. И јас се согласувам со тебе дека нема поента да се верува и да се биде роб на некоја религија (со мали измени повторно, не треба да се верува во некоја забегана и испревртена религија), ама почитувањето на туѓите определби во однос на верувањата е нешто друго.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 16:54

Атеи́зм (от греч. άθεος, мировосприятие, согласно которому естественный, материальный мир является единственным и самодостаточным, а для объяснения явлений и описания законов природы не требуется привлечение сверхъестественных сил, например, Бога, богов, духов, других внематериальных существ. Атеисты считают все существующие религии и верования творением самого человека, а появление Вселенной рассматривают с научной точки зрения.

Разбираш ??? Или да преведувам ????
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:03

преведи Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:13

Хехе, ја до негде разбрав (мислам дека доволно)
"Some atheists believe in the nonexistence of all Gods; others limit their atheism to specific Gods, such as the Christian God, rather than making flat-out denials."
За тоа дека не постојат атеисти:
http://www.infidels.org/library/modern/michael_martin/no_atheists.html
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:15

Some Christians maintain that there are no atheists!!

така почнува мери твојата теза, а тоа е пак поврзано со верувањето така да не држи ова баш
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:20

Добро, ти ја прочита првата реченица и се откажа од понатамошно читање? Ти се виде многу долго а?Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:29

Moscow_BoY напиша:
Атеи́зм (от греч. άθεος, мировосприятие, согласно которому естественный, материальный мир является единственным и самодостаточным, а для объяснения явлений и описания законов природы не требуется привлечение сверхъестественных сил, например, Бога, богов, духов, других внематериальных существ. Атеисты считают все существующие религии и верования творением самого человека, а появление Вселенной рассматривают с научной точки зрения.

Разбираш ??? Или да преведувам ????
На извадок од една енциклопедија ти враќаш со друг извадок од друга. И после толку убедувања и расправии, на крај ти пак ќе си веруваш во тоа што ти си го прочитал, а јас во информациите што јас ги имам добиено


Последната промена е направена од на Чет Апр 19 2007, 17:31. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:31

Избегавме бајаги од темата....
Ќе го преведам само болдираното...

законов природы не требуется привлечение сверхъестественных сил, например, Бога, богов, духов, других внематериальных существ
- Законите на природата не треба се објаснуваат со надчовечките сили, на пример, Бога, Богови, Духови и други не матријални работи
Бидејќи во философијата, особено христијанството со развитокот на схоластиката се потенцира поделбата на духовен и матријален свет...
Така што поимот атеист ги опфаќа сиве овие поими...
За контрадикцијата ти кажав... Не викам дека под атеизмот не спаѓа и не верувањето во Бога...

А ова искрено ме мрзи да го читам, друг пат... Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Чет Апр 19 2007, 17:33

Јас погоре пробав да се навратам на Јуда ама очигледно е дека не ми успеа.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   Пон Апр 30 2007, 19:49

Абе каков Јуда ЈБГ!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Евангелието по Јуда   

Вратете се на почетокот Go down
 
Евангелието по Јуда
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Мистерии и религија-
Отиди до: