Рачниот часовник „омега“, што актерот Даниел Крег алијас агентот Џејмс Бонд го носел во филмот „Казино Ројал“ ќе биде понуден на аукциската продажба што ќе се одржи на 14 и 15 април во Женева.
- Тој часовник ќе биде понуден на акцијата што ја организира куќата „Антикворум“, на која ќе се продаваат часовници само од марката „омега“ - изјавил за медиумите претставник на таа компанија.
На аукцијата ќе се продава и часовникот што го носел актерот Пирс Броснан во филмот „Умри друг ден“.