Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Најглупитепрашања.

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Најглупитепрашања.   Пет Мар 23 2007, 16:35

Како си?
Добро сум, фала. Ова е најверојатно одговорот кој најчесто ќе го чуете, иако нема секогаш да биде искрен. Токму затоа, прашањето само по себе ја изгуби вредноста и се поставува автоматски за да се започне разговор, па затоа влегува во категоријата на најглупите прашања - освен ако не сте навистина подготвени да слушате монолог за туѓите проблеми.
Затоа, следниот пат кога некој ќе ве праша како сте, оддвоете време и изнараскажете му се за емоционалните фази низ кои сте поминале за цело време додека не сте се виделе, па така наредниот пат нема да ви го постави ова глупо прашање. А можете и едноставно да му одговорите "добро сум" и да продолжите по старо...
Дојде?
Ова е ултимативно и без конкуренција најглупото можно прашање. Јасно и логично е дека одговорот не може да биде "не". Знам дека понекогаш кога ќе ви го постават ова прашање, ви доаѓа да им одговорите "Не, седам на улица и се сончам" или слично.
Едноставно, не ни е јасно од каде доаѓа потребата да личноста која стои пред вас, ја прашате дали дошла. Зар некој очекува одговор спротивен од потврдниот?
Што си во хороскоп?
Седите пијани и ви приоѓа некоја девојка полна со ентузијазам и ве прашува: "А што си во хороскоп?" На неа ова и е многу важно, затоа што во своето мало и слатко главче во момент ќе пресмета дали има смисла да продолжи да комуницира со вас или ќе ве остави и понатаму да седите сам.
Те боли?
Постојат трагични ситуации во кои човек не може ништо да каже, на пример смрт на блиска личност или повреда. Сакате да кажете утешни зборови, но се што ќе излезе од уста звучи глупаво. Во такви моменти подобро е да се молчи и сочувството да се покаже со поглед или гест.
Ги обожаваме оние ситуации кога некој ќе се удри и се витка од болка правејќи болни гримаси на лицето, а ќе се најде некој "паметен" и ќе праша: "Те боли?" Во ред, знаеме дека тоа е со најдобра намера, во момент кога ништо паметно не ви текнува, но ве молиме, подобро молчете отколку да поставувате вакви глупи прашања.
Ти си од Скопје? Еј, го знаеш...
Неверојатно е како секогаш кога ќе запознаеме некого кој е од место во кое имаме некој познат, имаме потреба да го испрашаме дали можеби го познава, без обзир дали се работи за некое село или главниот град. Секогаш постои некоја чудна вселенска можност дека се комшии.
А таквите информации не' воодушевуваат. Освен тоа, ова е одличен начин за почеток на конверзација. Само сетете се на некој Петко или Стојко и нема да згрешите, еден од нив сигурно излегува во истиот кафич, работи во иста фирма или е брат на дечкото на најдобрата другарка чиј татко работи со вујкото на оној кој го познавате...
Што има?
А што да има? Зезнете ја личноста која ви го поставува глупавово прашање и раскажете и се што се случило во светот во последната недела - Бритни е на терапија, преговорите со ЕУ сеуште не се на завидно ниво, Роналдињо потпиша договор вреден 130 милиони евра... и повеќе никогаш нема да ве праша таква глупост.
A чиј си ти?
Неверојатно, ама на некои луѓе, посебно на старите и во малите места, вашето потекло им е многу важна работа. Нема да ве прашаат што работите, ама ќе ги интересира кој ви е татко и дедо. Да не звучиме прегрубо, откако ќе ја дознаат оваа информација, обично се љубезни и добри.
Меѓутоа, зошто овој податок им е важен не ни е јасно, а веројатно ни тие самите не знаат. Веќе е невозможно во некое село да дојде нечиј потомок, а веднаш да не се дознае чиј е. Бидејќи би можел да биде туѓинец. А да му е'бм мамк'та, така не може, ебаго...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Најглупитепрашања.   Пет Мар 23 2007, 16:36

Ова е точно. Осебено тоа Од скпје си? Ејј го знаеш.....
Или коа веќе си влегол недеи ко ќе те орашаат дојде? Ма уствари сите се многу точни.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 26
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Најглупитепрашања.   Пет Мар 23 2007, 16:44

а она прашање .... кого сакаш повеке ? мама или тато ? ..... ај сега ...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
vamp-girl
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 477
Age : 26
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

ПишувањеПредмет: Re: Најглупитепрашања.   Саб Мар 24 2007, 01:57

baba mi ja sakam najvise:D:D:D:D:D:D
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
BIG_M_UNDERGROUND
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 323
Age : 25
Registration date : 2007-04-08

ПишувањеПредмет: Re: Најглупитепрашања.   Саб Апр 28 2007, 20:08

ВИСТИНА ГЛУПИ ПРАШАЊА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Најглупитепрашања.   

Вратете се на почетокот Go down
 
Најглупитепрашања.
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: