Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Факти за Ајнштајн

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Факти за Ајнштајн   Чет Мар 29 2007, 23:42

Интересни факти за Ајнштајн




Мислите дека го знаете Алберт Ајнштајн, генијот кој ни ја понуди теоријата на релативитет (всушност две теории, една специјална и една генерална теорија на релативитет), но дали знаете дека бил роден со толку голема глава што мајка му помислила дека има деформација? Или пак дека имал дете уште пред да се венча?

Еве неколку непознати факти за светски познатиот гениј:


Ајнштајн бил дебело бебе со голема глава

Кога неговата мајка Pauline Einstein го родила, мислела дека неговата глава е деформирана бидејќи таа била екстремно голема. Задниот дел од главата му бил многу голем, а неговото семејство тоа го сметало за монструозитет. Лекарот успеал да ги смири, и по неколку недели формата на главата се нормализирала.
Кога баба му првпат го видела, запишано е дека постојано мрморела "премногу е дебел, премногу е дебел!". Сепак, Алберт пораснал и се развил нормално.

Ајнштајн имал проблеми со говорот додека бил мал

Додека бил дете, Ајнштајн ретко зборувал. А кога зборувал - тоа го правел многу бавно. Осмислувал цели реченици во главата пред да ги каже. Според некои записи, тој го правел ова до деветгодишна возраст.
Неговите родители се плашеле дека е ретардиран, но нивниот став немал никаква поткрепа.

Ајнштајн бил инспириран од компас!
На петгодишна возраст, додека бил болен, татко му му покажал нешто што му побудило интерес за науката - компас.
Тоа што го заинтригирало Ајнштајн бил фактот што без разлика каде бил насочен компасот, иглата покажувала во иста насока. Помислил дека мора да има некоја сила во она што се претпоставувало дека е празен простор што делувал врз компасот. Овој инцидент, вообичаен во повеќе периоди на детство на познатите, бил често споменуван во различни статии откако станал славен.

Ајнштајн не го положил испитот за прием на факултет
Во 1895, на седумнаесетгодишна возраст, Алберт аплицирал на Eidgenössische Technische Hochschule. Го положил делот по математика и наука на приемниот испит, но паднал по се останато (историја, јазици, географија итн). Морал да оди во училиште за трговија, се додека не го положил испитот на ETH и не бил примен една година подоцна.

Ајнштајн имал вонбрачно дете
Во 1980-тите години, писмата на Ајнштајн открија нова интересна информација за генијот - тој имал вонбрачна ќерка со поранешна колешка студентка Милева Мариќ (со која подоцна се венчал).
Во 1902, Милева ја родила Lieserl, која никогаш не се запознала со татко и, и чија судбина и денес е непозната:
Милева родила ќерка во домот на нејзините родители во Нови Сад. Ова се случило при крајот на јануари 1902 година, додека Ајнштајн престојувал во Берн. Од писмата може да се заклучи дека породувањето било тешко. Девојчето веројатно било крстено. Нејзиното официјално име не е познато. Во неговите писма се среќава само името Lieserl.
Во едно писмо од Ајнштајн до Милева пратено на 19-ти септември 1903, името Lieserl е спомнато за последен пат.
Оттогаш никој не знае ништо за неа.

Ајнштајн имал чуден "договор" со сопругата

По венчавката со Милева, Ајнштајн добил два сина: Ханс Алберт и Едвард. Неговиот академски успех и зачестените патувања имале последици - тој се отуѓил од својата сопруга. Двојката се обидела да ги реши своите проблеми, а тој предложил еден чуден договор за заедничкиот живот со Милева:
А) Ќе се погрижиш:
1. алиштата и вешот да бидат уредни и во најдобар ред.
2. да добивам три оброци дневно во мојата соба.
3. мојата спална и работна соба да се секогаш уредни, а посебно работната маса да биде достапна само за моја употреба.

Б) Ќе се откажеш од лична врска со мене доколку истата не е потребна од општествени причини.
Има и уште, како на пример "Ќе престанеш да ми се обраќаш кога ќе го побарам тоа" и слично. И бидејќи Ајнштајн бил гениј, Милева се согласила со сите наведени услови Smile

Ајнштајн не се согласувал со неговиот постар син
По разводот, односот со неговиот син Ханс Алберт се заладил. Ханс го обвинувал татко му дека ја напуштил Милева, а откако Ајнштајн ја освоил Нобеловата награда и пари, му пререкувал дека не ја финансирал доволно.
Караницата помеѓу таткото и синот се зголемила кога Ајнштајн строго се противел Ханс да се ожени со Frieda Knecht.
Подоцна, Ханс Алберт имигрирал во САД каде што станал професор по хидрауличен инженеринг на универзитетот Беркли. Кога Ајнштајн починал, му оставил многу мало наследство на својот син.

Ајнштајн бил "женкар"
Откако се развел со Милева, Ајнштајн набргу се оженил со неговата братучетка, Elsa Lowenthal. Всуштност, тој исто така размислувал да се ожени со нејзината ќерка Ilse.
За разлика од Милева, главната преокупација на Elsa била да се грижи за нејзиниот познат маж. Таа несомнено знаела за неговите неверства и безбројните љубовни афери, кои подоцна беа откирени во дел од неговите писма. Во дел од писмата е опишано дека тој ја изневерувал Elsa со неговата секретарка Betty Neumann.
Некои од женските имиња спомнати во неговите писма се Estella, Ethel, Toni, и неговата "руска шпионска" љубов Margarita.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Пет Мар 30 2007, 09:31

а зашто вака се чешлал ? тоа никаде не го пишува Sad lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
High_Voltage
Администратор
avatar

Број на мислења : 458
Age : 26
Registration date : 2006-10-14

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Пет Мар 30 2007, 12:42

тебе ти изгледа тоа како да е чешлано?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Пет Мар 30 2007, 12:45

Тоа ти се вика фриз станав од спиење
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Пет Мар 30 2007, 12:52

абе тоа беше така кажано само ... брее ич не свакате ... пфф
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Paparapacipipas
Модератор
avatar

Број на мислења : 242
Age : 26
Локација : кај сум? под кајсија.
Registration date : 2007-02-02

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Пет Мар 30 2007, 21:49

Кажи Оги ништо не разбираат овие. Таков му е фризот пошо кубел за коса кога не му успевал некој експеримент.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 01:42

море кажи им ! ја и ти може да си се разбереме и без да постуваме Smile мн сме економични кажи им Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
vamp-girl
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 477
Age : 26
Локација : in the middle of nowhere
Registration date : 2007-02-15

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 01:56

a be toa ne e friz toa e remek delo-aj pojdete na frizer nikoj nema da moze takva frizura da vi napravi
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 10:55

а кој фризер би пробал да направи такво нешто ? тоа ке му го затвори дуканот lol! ,а незнам ни будала што сака да има таква глава
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 14:02

Ајнштајн имал многу првут и бидејќи многу (МНОГУ) често ја чешал својата глава фризурата така му искачала.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 16:46

ајдееееееееееее лоша теорија мери :S
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
FallenAngel
искусно членче
искусно членче
avatar

Број на мислења : 68
Age : 26
Registration date : 2007-02-16

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 19:09

Абе дете не е теорија ова, озбилно ти викам така било
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Karate Kid
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2208
Age : 25
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   Саб Мар 31 2007, 21:33

кај го имаш ова прочитано ? во развигорче? lol!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net/index.htm
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Факти за Ајнштајн   

Вратете се на почетокот Go down
 
Факти за Ајнштајн
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: