Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Лошите социјалистички навики

Go down 
+5
zoko
DJ_Stole
Slash
NaTaLi
Moscow_BoY
9 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСре Апр 11 2007, 22:01

Солидарност за неспособните

Општеството во кое живееме се уште негува грда навика да ги турка слабите, немоќните и неспособните само затоа што имаат „храброст“ постојано да кукаат и да се жалат. „Греота е“, ќе речат луѓето. Ве молам, заборавете го тој збор. Предлагам Институтот за македонски јазик да го отфрли од речникот.

Пред извесно време бев сведок на факултет како една студентка, која беше дупка во знаење, доби шестка благодарение на нејзината „актерска“ умешност да одглуми едно театрално сценарио, во кој божем беше ужасната од смртта на нејзината блиска роднина. Професорот фатен на слабост се сожали и и чкртна шестка.

Толку многу е голема бројката на фолиранти што навистина е тешко да се одреди кој во ова општество навистина пати, а кој не. Ако видиме, на некој начин патиме сите. . . кои го дишеме кислород.

Не е важно како ќе се стигне до целта

Макијавелизам? Токму така. Не се избираат и не треба да се избираат средства. Погледнете ги најбогатите луѓе во државата. На сите им е јасно дека тие го акумулирале капиталот на криминален начин. Сите. Дали тие искрено некогаш биле засегнати дека илјадници семејства благодарение на нивните одлуки ќе гладуваат и ќе страдаат барајќи ја препатизираната (но, така често необезбедена) егзистенција? Со други зборови, дали се загрижиле за татковината или што би рекле популистите „народот леб да јаде?“

Апсолутно не. Ниту една политичка партија од повлијателните нема намера да се пресметува судски или не знам како. Го кажаа тоа. Мислат да ги амнестираат. Да заборават на се. Нема лоши, нема арамии, нема зло. А вие? Една мастика ќе дрпнете од самопослуга и притоа се притресувате и ви се јавува грижа на совест. Реков совест? Лош социјалистички збор.

Што ќе речат другите?

Тоа е најмалку важно. Ако сакате да сте успешен човек во денешно време, треба да сте имун на сите муабети во поглед на вашата чест, достоинство или кредибилитет. Никогаш не демантирајте. Ништо не ви можат оние кои ви зборуваат, зошто зборувајќи тие забораваат да направат нешто. Било што. Затоа пожелно е, дури забавно, да им давате повремено материјал, кои потоа систематски ќе го преџвакуваат со недели.

Не бидете никогаш сосема чисти. Измислете си мала афера, доколку е неопходно. Ако масата губитници не дознаат компромитирачки сознанија за вас и вашата дејност, може навистина да стане опасно. Може конечно да почнат да мислат на себеси и каде се тие во однос на времето и просторот.

Отфрлете го штедењето

Вратете се на старата буржоаска философија „животот е тежок и краток“, фрлете се на уживање и трошење на вашите пари. Зошто сте сигурни дека вашите пари ќе им се најдат на поколенијата, со оглед на тоа во какво болно образование сте ги пратиле да се школуваат и во каква се не социјалната средина си играат. Има голема веројатност вашиот наследник да го спичка капиталот во најкус можен рок. Затоа уживајте и расфрлајте се со пари. Штедењето е стара социјалистичка навика, која треба што побрзо да се искорени.

Бидете аполитични

Бош муабетите од типот: Дали си за Тито или Сталин, дали си за Русите или Американците е демоде одамна. Како и за ВМРО или СДСМ. Треба да соработувате со сите на секаков план. Тоа одамна го прават партиските капиталисти. Тие само пред ТВ глумат дека се сериозни противници. Нивните заеднички бизнис-релации цветаат. Учете од нив. Учете од победниците во нашето општеството и ќе имате некакви шанси за успех.

Извлечете поука од промашениот социјалистички работник

Имам еден комшија (го спомнувам бидејќи сигурно нема пари да си купи весник) кој во социјализмот беше директор во една фабрика. Кога се случија општествените промени, тој сиот социјалистички занесен се стави во одбрана на работниците, организира штрајкови, бунтови, и погодувате го истресоа ко партал. Остана на улица. Полежа малку и затвор „за да му дојде умот. „ Имено, украл еден кубик дрва. Арамија, срам да му е. Деновиве го видов како се моли во својот двор, и воопшто со никој не муабети. Ако некогаш разговара, избезумено блада некакви молитви. Кој е заклучокот на сето ова? Големите комунисти станаа големи капиталисти, малите комунисти станаа големи верници.

Нема корист од морализирање

Морализатор е оној кој се повикува на моралните норми, но не ги применува. Сите имаат навика да морализираат. И тие малку морални, морализираат исто, но што им вреди кога некои аморални ликови морализираат многу поубедливо од нив. НБА легендата Чарлс Баркли имаше обичај да вели: „Не зборувам со луѓе кои заработуваат помалку од мене.“

Колку помалку некој заработува толку повеќе има време и желба да морализира „како треба, што треба“. Кој може да ги поднесе, на кого уште можете да му објаснете нешто што остана необјаснето во целава ситуација?

И можеби не е до цената на весниците, или не знам што. Можеби на читателот му здодеа да чита морализатори какви што се колегиве од колумнистичкава фела, на кои филм им е да пукаат во празно и да напаѓаат „општо“. Еден по еден треба да ги палат светнатите чевличиња.

П.С. Завршив. Да ви признаам, дупка пијан сум. Го молам лекторот да си ја заработи платата. Ако деновиве на улица ме начека некој навреден социјалист имам да му кажам само:
„Извини бато, пијан бев...пијан од раниот капитализам.“

Алекс Букарски[b]

Значи вака, сакам да чујам што мислите на темата. Без препукувања, навреди итн...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСре Апр 11 2007, 22:42

Мислам дека треба да престанете да го читате Букаро.
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСре Апр 11 2007, 22:54

NaTaLi напиша:
Мислам дека треба да престанете да го читате Букаро.

Зошто Зошто Зошто... ??? Suspect До сега пушував во Дискусии...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedЧет Апр 12 2007, 15:34

Па можда пошто типот плука и што треба и што не треба.

Ај сеа сите за да бидеме добри (и богати, нали) капиталисти, да ги згазиме тие што се под нас, не дај Боже на некој да помогнеме, али да не заборавиме темелно да ги излижеме гзовите на луѓето што економски се над нас, а интелектуално веројатно далеку заостануваат... е нема бе... ќе праам муабет со тие што заработуваат помалку од мене, затоа што можам да се кладам дека ќе напраам бољи муабет со нив, него ли со капиталистичките свињи кои животот го гледаат низ призма од пари....
сте се запрашале ли некад, како би ви било на вас да бевте на дното, а никој да нејќе да ви помогне ? не викам дека нема фејкери што глумат дека се слаби и беспомошни, ама сеа ради нив ли треба да згазиме се што е под нас?
наречете ме заостанат комуњар, гајле ми е, ама страшно ме иритираат вакви глупи колумни.
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedЧет Апр 12 2007, 15:45

Види кога сме веќе кај букаро сметам дека типот не заслужува да се дискутира затоа што има неколку испади кои не наликуваат на мало дете. Како и да е се согласувам но не во целост со атали. Не можеш ти да бидеш секогаш добриот и да водиш грижа за оние кои финансиски се под тебе. Ако гледаш така тогаш брзо ќе бидеш згазена од времето и парите. Според мене треба да се одржува дпбра рамнотежа во односот со оние кои се под тебе и со оние кои се над тебе.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedЧет Апр 12 2007, 16:52

NaTaLi напиша:
Па можда пошто типот плука и што треба и што не треба.

Ај сеа сите за да бидеме добри (и богати, нали) капиталисти, да ги згазиме тие што се под нас, не дај Боже на некој да помогнеме, али да не заборавиме темелно да ги излижеме гзовите на луѓето што економски се над нас, а интелектуално веројатно далеку заостануваат... е нема бе... ќе праам муабет со тие што заработуваат помалку од мене, затоа што можам да се кладам дека ќе напраам бољи муабет со нив, него ли со капиталистичките свињи кои животот го гледаат низ призма од пари....
сте се запрашале ли некад, како би ви било на вас да бевте на дното, а никој да нејќе да ви помогне ? не викам дека нема фејкери што глумат дека се слаби и беспомошни, ама сеа ради нив ли треба да згазиме се што е под нас?
наречете ме заостанат комуњар, гајле ми е, ама страшно ме иритираат вакви глупи колумни.


Без навреда, ова ме потсеќа на баба ми, и тезата подобро да бидеш сиромав, зошто ако си богат нема да имаш здравје. На крај краева твое право е со кога ќе комуницираш, ама не држи етикетата која им ја залепи на многу луѓе. Вистина дека капитализмот е суров, и дека ако си слаб времето ќе те згази, но е поправичен од социјализмот. Би наброил неколку причини зошто е тоа така:
Првата и најбитната, не е можно сите да имаат еднакво, а да работат не еднакво. Како што гласи првиот закон на комунизмот, работи колку можеш, земај колку ти треба. Има луѓе кои се по способни од останатите, има луѓе кои сакаат повеќе да работат, и се разбира ќе бидат повеќе платени.
Втора работа, во Социјализмот, Комунизмот или како сакаш наречи го, е систем многу близок до Диктатурата. Значи, имаш еден Тито, Хитлер, Наполеон... И ако му застанеш на патот ќе те згази. Истиот тој Тито, нема ни да помисли да ти дозволи на километар да се приближиш до неговите пријатели. И покрај тоа што ти си да речеме, лекар, правник итн... А тој е само Бравар...
Во капитализмот основното право, е правото на збор. Секој може да отиде пред влада, и да каже што не му чини, без да биде пратен на Голи Оток.
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedЧет Апр 12 2007, 16:55

Taka е московец. наку според мене е многу важно да имам право јавно ад кажам што мислам без притоа да се секирам каде ќе завршам..
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedПет Апр 13 2007, 20:11

Moscow_BoY напиша:

Без навреда, ова ме потсеќа на баба ми, и тезата подобро да бидеш сиромав, зошто ако си богат нема да имаш здравје. На крај краева твое право е со кога ќе комуницираш, ама не држи етикетата која им ја залепи на многу луѓе. Вистина дека капитализмот е суров, и дека ако си слаб времето ќе те згази, но е поправичен од социјализмот. Би наброил неколку причини зошто е тоа така:
Првата и најбитната, не е можно сите да имаат еднакво, а да работат не еднакво. Како што гласи првиот закон на комунизмот, работи колку можеш, земај колку ти треба. Има луѓе кои се по способни од останатите, има луѓе кои сакаат повеќе да работат, и се разбира ќе бидат повеќе платени.
Втора работа, во Социјализмот, Комунизмот или како сакаш наречи го, е систем многу близок до Диктатурата. Значи, имаш еден Тито, Хитлер, Наполеон... И ако му застанеш на патот ќе те згази. Истиот тој Тито, нема ни да помисли да ти дозволи на километар да се приближиш до неговите пријатели. И покрај тоа што ти си да речеме, лекар, правник итн... А тој е само Бравар...
Во капитализмот основното право, е правото на збор. Секој може да отиде пред влада, и да каже што не му чини, без да биде пратен на Голи Оток.

lol! lol! мило ми е што моето мислење те потсеќа на баба ти, ама очигледно не си не сфатил и двете. Пошто тезата не е:подобро да бидеш сиромав, зошто ако си богат нема да имаш здравје. Богатсвото нема некои допирни точки со здравјето, ама нема ли малце да ви биде досаден и празен животот, кога целиот ќе го посветите у "правење пари" и качување за скала повисоко.. и само ќе го глеате како проаѓа поред вас, пошто ќе немате време да го живеете од зафатеноста со богатењето... ама нејсе, тоа е више друга тема Smile

иначе треба да се разграничат некои поими...
Како прво "Социјализмот" на Тито lol! lol! lol! lol! lol! причај ми мало о томе... поенатата ми е : у социјализмот на Тито немало ни с. Не сум баш компетентна да јадам гомна за тоа, затоа што не сум живеела у тој период, ама од слушања & stuff можам да сфатам дека во социјализмот на Тито сите биле еднакви, ама некои биле поеднакви од другите lol! . Знам за ова од личен пример на моето семејство, кај што еден роднина (чие цело семејство биле партизани, а пола погинале во војната) бил уапсен и мачен на Голи Оток, пошто бил накодошен од негов комшија (чие пак семејство цела војна ја поминале под "јорган планина")... и ако вие уште го нарекувате тоа социјализам, тогаш за ова единствено можам да искористам наслов на една убава книгичка: ха ха ха, и две - три ах...

како второ: Капитализам во Македонија? lol! lol! lol! lol! lol! Капитализмот (зборам за капитализам - вистинската дефиниција) е faaaaaar awayyyyyyyy од нас. Ние сме една мала државичка изедена од транзицијата, и нема што ние да се споредуваме со земјите каде што владее вистинскиот капитализам и да се праиме капиталисти. Стеф, овие колумни и ставови можеш слободно да си ги браниш у една Швајцарија на пример, ама никако во Македонија... ќе бевме (бевте) мноогу среќни ако имавме еден фин швајцарски капитализам... ама немаме.. јебига.. једино можете да се фурате дека у иднина ќе станете некои богати капиталисти што ќе газат све пред себе, али до тогаш единствено ви останува да си пеете: неправда, па тоа е неправда... cheers
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedПет Апр 13 2007, 20:23

Уффф ама ме нервираат овие тези...
Знаеш како викаат за ова, исто гомно различно паковање...
По која логика те молам да ми објасниш го свати тоа дека, богатите го поминуваат животот во работење... Па и да е така, а не е !!
У спут ќе проживеат нешто...
Бедните кој живот го живеат кажи ми ??? Ако се задоволуваш ти, со некоја просечна плата, и да бидеш просечна тогаш ок...
Јас не се задоволувам со тоа...
Капитализам во Македонија има !!!! Ние сме капиталисти, се разбира не како западните земји. Затоа што да ве потсетам во Македонија во период од 100 години се имаат сменето 3 системи. И не имаат окупирано уште еден куп окупатори... За разика од една америка, која единствената војна која ја имала на своја територија била граѓанска...

Ова ќе бидете богати капиталисти, и ќе газите пред себе, ама баш ич не ти требаше.... И да, и да е така... Подобро да газам, одколку да бидам газен...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedПет Апр 13 2007, 20:24

NaTaLi напиша:
Moscow_BoY напиша:

Без навреда, ова ме потсеќа на баба ми, и тезата подобро да бидеш сиромав, зошто ако си богат нема да имаш здравје. На крај краева твое право е со кога ќе комуницираш, ама не држи етикетата која им ја залепи на многу луѓе. Вистина дека капитализмот е суров, и дека ако си слаб времето ќе те згази, но е поправичен од социјализмот. Би наброил неколку причини зошто е тоа така:
Првата и најбитната, не е можно сите да имаат еднакво, а да работат не еднакво. Како што гласи првиот закон на комунизмот, работи колку можеш, земај колку ти треба. Има луѓе кои се по способни од останатите, има луѓе кои сакаат повеќе да работат, и се разбира ќе бидат повеќе платени.
Втора работа, во Социјализмот, Комунизмот или како сакаш наречи го, е систем многу близок до Диктатурата. Значи, имаш еден Тито, Хитлер, Наполеон... И ако му застанеш на патот ќе те згази. Истиот тој Тито, нема ни да помисли да ти дозволи на километар да се приближиш до неговите пријатели. И покрај тоа што ти си да речеме, лекар, правник итн... А тој е само Бравар...
Во капитализмот основното право, е правото на збор. Секој може да отиде пред влада, и да каже што не му чини, без да биде пратен на Голи Оток.

lol! lol! мило ми е што моето мислење те потсеќа на баба ти, ама очигледно не си не сфатил и двете. Пошто тезата не е:подобро да бидеш сиромав, зошто ако си богат нема да имаш здравје. Богатсвото нема некои допирни точки со здравјето, ама нема ли малце да ви биде досаден и празен животот, кога целиот ќе го посветите у "правење пари" и качување за скала повисоко.. и само ќе го глеате како проаѓа поред вас, пошто ќе немате време да го живеете од зафатеноста со богатењето... ама нејсе, тоа е више друга тема Smile

иначе треба да се разграничат некои поими...
Како прво "Социјализмот" на Тито lol! lol! lol! lol! lol! причај ми мало о томе... поенатата ми е : у социјализмот на Тито немало ни с. Не сум баш компетентна да јадам гомна за тоа, затоа што не сум живеела у тој период, ама од слушања & stuff можам да сфатам дека во социјализмот на Тито сите биле еднакви, ама некои биле поеднакви од другите lol! . Знам за ова од личен пример на моето семејство, кај што еден роднина (чие цело семејство биле партизани, а пола погинале во војната) бил уапсен и мачен на Голи Оток, пошто бил накодошен од негов комшија (чие пак семејство цела војна ја поминале под "јорган планина")... и ако вие уште го нарекувате тоа социјализам, тогаш за ова единствено можам да искористам наслов на една убава книгичка: ха ха ха, и две - три ах...

како второ: Капитализам во Македонија? lol! lol! lol! lol! lol! Капитализмот (зборам за капитализам - вистинската дефиниција) е faaaaaar awayyyyyyyy од нас. Ние сме една мала државичка изедена од транзицијата, и нема што ние да се споредуваме со земјите каде што владее вистинскиот капитализам и да се праиме капиталисти. Стеф, овие колумни и ставови можеш слободно да си ги браниш у една Швајцарија на пример, ама никако во Македонија... ќе бевме (бевте) мноогу среќни ако имавме еден фин швајцарски капитализам... ама немаме.. јебига.. једино можете да се фурате дека у иднина ќе станете некои богати капиталисти што ќе газат све пред себе, али до тогаш единствено ви останува да си пеете: неправда, па тоа е неправда... cheers
Да да и после ќе ми го правите другарот Тито херој. Па чекај бе да рамислам нели сите биле еднакви ама па некои од твоја фамилија биле на голи оток. Am I missing something in the story??? Значи Тито бил пример на капиталист од типот кој ти го опишуваш. Гледал да се збогати и газел се пред себе качувајки се на повисока скала. Газел се што ќе се спротиставело на него или макар што јавно ќе го кажело своето мислење, а тоа мислење не било по воља на Тито. Епа македончиња и понатаму вие плачете по времето на другарот Тито....
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedПет Апр 13 2007, 20:42

Slash напиша:
NaTaLi напиша:


ама од слушања & stuff можам да сфатам дека во социјализмот на Тито сите биле еднакви, ама некои биле поеднакви од другите lol! . Знам за ова од личен пример на моето семејство, кај што еден роднина (чие цело семејство биле партизани, а пола погинале во војната) бил уапсен и мачен на Голи Оток, пошто бил накодошен од негов комшија (чие пак семејство цела војна ја поминале под "јорган планина")
Да да и после ќе ми го правите другарот Тито херој. Па чекај бе да рамислам нели сите биле еднакви ама па некои од твоја фамилија биле на голи оток. Am I missing something in the story??? Значи Тито бил пример на капиталист од типот кој ти го опишуваш. Гледал да се збогати и газел се пред себе качувајки се на повисока скала. Газел се што ќе се спротиставело на него или макар што јавно ќе го кажело своето мислење, а тоа мислење не било по воља на Тито. Епа македончиња и понатаму вие плачете по времето на другарот Тито....

не сфаќаш, или нејќеш да сфатиш?
ај да преведам Smile ко што напишав у предходниот пост "сите биле еднакви, ама некои биле поеднакви од другите" = не биле сите еднакви. и кој го велича Тито?? да му се се*ам на неговиот социјализам. единствена добра ствар било што у негово време немало војни.. али тоа е ипак друга тема.

и не стеф, немаме прав капитализам, само така си се лажеме Smile
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedПет Апр 13 2007, 21:02

Хмммм прашуваш кој го велича Тито... Па веројатно пола Македонија. Дали си приметила како им се будат убави спомени кога ќесе спомене другарот Тито. Инаку сфатив што сакаш да кажеш само сакав да посочам дека во времето на Тито не било се толку розево како што другите кажуваат.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedПет Апр 13 2007, 21:05

Slash напиша:
Хмммм прашуваш кој го велича Тито... Па веројатно пола Македонија. Дали си приметила како им се будат убави спомени кога ќесе спомене другарот Тито. Инаку сфатив што сакаш да кажеш само сакав да посочам дека во времето на Тито не било се толку розево како што другите кажуваат.

еее тие највише ме нервираат. па ако толку им било убаво тогаш, што не дигнат сеа револуција, или бар да направат пак да ни биде толку убаво... едноставно, нели, таквите луѓе не ги бива Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 01:37

Па јас за нив имам само едно едноставно прашање. Ако социјализмот бил добар тогаш зошто умрел?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 01:55

Slash напиша:
Па јас за нив имам само едно едноставно прашање. Ако социјализмот бил добар тогаш зошто умрел?

За да умре нешто, треба да постои...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 13:10

Moscow_BoY напиша:
Slash напиша:
Па јас за нив имам само едно едноставно прашање. Ако социјализмот бил добар тогаш зошто умрел?

За да умре нешто, треба да постои...

тАчно
Вратете се на почетокот Go down
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 13:28

Значи заклучок, денес е подобро од некогаш... Smile
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 13:59

како за кого Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 17:03

СОЦИЈАЛИЗАМ
Имаш 2 крави и едната му ја даваш на комшијата.
КОМУНИЗАМ

Имаш 2 крави. Владата ти ги зема и двете и ти дава малку млеко.
ФАШИЗАМ
Имаш 2 крави. Владата ти ги зема и двете и ти продава млеко.
НАЦИЗАМ

Имаш 2 крави. Владата ти ги зема и двете и те стрела.
БИРОКРАТИЗАМ

Имаш 2 крави. Владата ти ги зема и двете, ја стрела едната, ја молзе другата и го фрла млекото.
ТРАДИЦИОНАЛЕН КАПИТАЛИЗАМ
Имаш
2 крави. Ја продаваш едната и купуваш бик. Твоето стадо се множи и
приходите растат. Продаваш се и се пензионираш со голем профит.
АМЕРИКАНСКА КОРПОРАЦИЈА

Имаш
2 крави. Ја продаваш едната и ја тераш втората да произведува млеко
колку четири крави. Подоцна, запослуваш и експерт да испиташ зошто
кравата цркнала.
ФРАНЦУСКА КОРПОРАЦИЈА

Имаш 2 крави. Стапуваш во штрајк затоа што сакаш 3 крави.
ЈАПОНСКА КОРПОРАЦИЈА

Имаш
2 крави. Ги редизајнираш да бидат со големина од една десеттина на
обична крава и да даваат дваесет пати повеќе млеко. Потоа, правиш цртан
филм кој ќе го наречеш Кравомон и го рекламираш на А1.
ГЕРМАНСКА КОРПОРАЦИЈА
Имаш 2 крави. Ги преправаш да живеат 100 години, да јадат еднаш месечно и да се молзат самите.БРИТАНСКА КОРПОРАЦИЈА
Имаш 2 крави. И двете се луди.ИТАЛИЈАНСКА КОРПОРАЦИЈА
Имаш 2 крави и незнаеш каде ти се.РУСКА КОРПОРАЦИЈА
Имаш
2 крави. Ги пребројуваш и сфаќаш дека имаш 5 крави. Ги пребројуваш
повторно и сфаќаш дека имаш 42 крави. Ги пребројуваш повторно и сфаќаш
дека имаш 2 крави. Престануваш да броиш и си отвараш ново шише вотка.
КИНЕСКА КОРПОРАЦИЈА

Имаш
2 крави. Имаш 300 луѓе да ги молзат. Тврдиш дека вработеноста е 100%,
дека имаш високи приноси на млеко и го апсиш новинарот кој ги објавил
бројките.
ИНДИСКА КОРПОРАЦИЈА

Имаш 2 крави и ги сметаш за божества додека не цркнат.


Последната промена е направена од на Саб Апр 14 2007, 18:03. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 17:09

ауууууу крај сеа го читав мн е добро
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
zoko
Модератор
zoko


Број на мислења : 196
Age : 33
Локација : далеку во облаците
Registration date : 2006-10-30

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 17:31

Епа ја не можам да ве разберам......
Во кои постапки согледувате лошото владеење на ТИТО??? и зошто дури сега го ругате и по секоја цена потценувате периодот во кој само да ве потсетам дека вашите родители ЗАВРШИЛЕ БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ, вашите баби и дедовци работеле и ЗИМАЛЕ  плата, секое лето се идело на море и ред други основни дејствиа восите сфери на  општественото живеење кои денеска за жал повекето од граганите на ова "современо демократско капиталисти4ко транзициско" општество   не можат да си го дозволат од проста причина, токму затоа што денешново општетво е вистинското и модерното и затоа што ние мораме да ги урамиме и чествуваме сите симболи од калибарот на вмровскиот лав, и со тоа на граганинот ние му прузаме леб, млеко, бесплатно образование, јака економска позиција..... и се е розево нели? па да тоа е балканскиот синдром на уништување ние сме способни да уништиме се само за да се пикнеме под кожа на некој ја покрал државата, на некој кој пишува еротска хаику поезија, на некој кој шљока .... и ве молам кажете ми што им недостасувало на вашите родители во периодот на СФРЈ? можеби портретите на Тодор Александров или Ванчо Михајлов или пак можеби им недостасувал патриотизмот?( од кој се живее нели?) Епа се додека некој од калибарот на оној ви го пере мозокот за недостатоците на социјализмот, некој комотно ке си го наполни џебот, ке си ги обезбеди потомците до десето поколение, ке летува во Дубаи, и вие ге ја сакате Македонија, некој ке умира од глад ама сите ке бидете патриоти, ке ја сакате Македонија, Вардар ке ви биде во душата, комитите најголеми идоли и ке живеете од воздух.  
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 18:10

zoko напиша:
Епа ја не можам да ве разберам......
Во кои постапки согледувате лошото владеење на ТИТО??? и зошто дури сега го ругате и по секоја цена потценувате периодот во кој само да ве потсетам дека вашите родители ЗАВРШИЛЕ БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ, вашите баби и дедовци работеле и ЗИМАЛЕ плата, секое лето се идело на море и ред други основни дејствиа восите сфери на општественото живеење кои денеска за жал повекето од граганите на ова "современо демократско капиталисти4ко транзициско" општество не можат да си го дозволат од проста причина, токму затоа што денешново општетво е вистинското и модерното и затоа што ние мораме да ги урамиме и чествуваме сите симболи од калибарот на вмровскиот лав, и со тоа на граганинот ние му прузаме леб, млеко, бесплатно образование, јака економска позиција..... и се е розево нели? па да тоа е балканскиот синдром на уништување ние сме способни да уништиме се само за да се пикнеме под кожа на некој ја покрал државата, на некој кој пишува еротска хаику поезија, на некој кој шљока .... и ве молам кажете ми што им недостасувало на вашите родители во периодот на СФРЈ? можеби портретите на Тодор Александров или Ванчо Михајлов или пак можеби им недостасувал патриотизмот?( од кој се живее нели?) Епа се додека некој од калибарот на оној ви го пере мозокот за недостатоците на социјализмот, некој комотно ке си го наполни џебот, ке си ги обезбеди потомците до десето поколение, ке летува во Дубаи, и вие ге ја сакате Македонија, некој ке умира од глад ама сите ке бидете патриоти, ке ја сакате Македонија, Вардар ке ви биде во душата, комитите најголеми идоли и ке живеете од воздух.
Да зоко се согласувам со тебе дека во времето на другарот Тито нашите абби и дедовци секој 1ви земалеплата а сега не. А дали некогаш си ги прашал баба ти и дедо ти дали имало на што да се трошат тие пари. Дали случајно имале избор од 20вида млеко или имало едно млеко кое не го бивало за ништо и ред др примери. Или тоа дека кога ќе се отидело во странство се ШВЕРЦУВАЛА една пита квалитетен кашкавал затоа што не било дозволено да се внесево Југославија. И уште една голема работа поради која се ругаме со времето на Тито е ГОЛИ ОТОК!!!! Пред некој месец таткото на Угро кој то е инаку претседател на партијата на Титовите леви сили кажа дека голи оток бил права работа и рекол дека сега и 3 голи отоци би биле малку. Браво апсолутно се согласувам со него Сега ќе треба да се направат околу 5-6голи отоци за да се спроведе ред. Ама вака имам предлог на првите 3 голи отоци да бидат пратени фамилиите на они кои тогаш праќале на голи оток па ад видат како е. Е тек после да бидат праќани сите оние кои навистина заслужиле.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
Moscow_BoY
Администратор
Moscow_BoY


Број на мислења : 1845
Age : 33
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedСаб Апр 14 2007, 23:42

zoko напиша:
Епа ја не можам да ве разберам......
Во кои постапки согледувате лошото владеење на ТИТО??? и зошто дури сега го ругате и по секоја цена потценувате периодот во кој само да ве потсетам дека вашите родители ЗАВРШИЛЕ БЕСПЛАТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ, вашите баби и дедовци работеле и ЗИМАЛЕ плата, секое лето се идело на море и ред други основни дејствиа восите сфери на општественото живеење кои денеска за жал повекето од граганите на ова "современо демократско капиталисти4ко транзициско" општество не можат да си го дозволат од проста причина, токму затоа што денешново општетво е вистинското и модерното и затоа што ние мораме да ги урамиме и чествуваме сите симболи од калибарот на вмровскиот лав, и со тоа на граганинот ние му прузаме леб, млеко, бесплатно образование, јака економска позиција..... и се е розево нели? па да тоа е балканскиот синдром на уништување ние сме способни да уништиме се само за да се пикнеме под кожа на некој ја покрал државата, на некој кој пишува еротска хаику поезија, на некој кој шљока .... и ве молам кажете ми што им недостасувало на вашите родители во периодот на СФРЈ? можеби портретите на Тодор Александров или Ванчо Михајлов или пак можеби им недостасувал патриотизмот?( од кој се живее нели?) Епа се додека некој од калибарот на оној ви го пере мозокот за недостатоците на социјализмот, некој комотно ке си го наполни џебот, ке си ги обезбеди потомците до десето поколение, ке летува во Дубаи, и вие ге ја сакате Македонија, некој ке умира од глад ама сите ке бидете патриоти, ке ја сакате Македонија, Вардар ке ви биде во душата, комитите најголеми идоли и ке живеете од воздух.

Зоки, финтите на Роска, земи еден текст, анализирај го, испреврти си ги речениците како тебе ти одговара, и украси го со неколку метафори не пијат при вакви разговори...
Македонскиот синдром, да се украде што повеќе и да се шитне државата владее и денес. Ама сум сигурен, дека "вмровското лавче" - кое инаку е македонскиот грб уште од пред илјадници години, е попатриотско и по македонско од комунистичкото афионче со планините и плавото небо... Се разбира вашиот драг ТИТО, за период од половина век успеал не само што успал да ве направи слaвјани, кои немаат никаква врска со античките Македонци, туку ве направил и Југословени. Луѓе кои си го заборавиле своето миното....
Каков е тој човек без минато ? Зарем постои таков човек ?
Да не бил тој вашиот ТИТО пра дедо ми немало да се бори за ТРСТ, туку ќе се борел за ослободување на ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА...Со која ТИТО тргувал, за да добие територии од Хрватска и Словенија... И на крајот за што се бореле моите потомци ??? За Триглав да биде највисок врв во Европа ? Затоа што некој бравар потекнувал од Словенија ? За да им викаат на Македонците говори српски да те цео свет разумје ???? Па кој кур се србите бе ??? Кога ние сме пишувале поезија, они уште биле мајмуни !!!!!! За некој неписмен педер, да ми кажува дека јас сум ТАТАР, СЛОВЕН и што ли уште не !!!!
Како тоа до пред 100 години ние не сме биле Македонци ? Како до пред 100 години постоеле луѓе како Крсте Петков Мисирков кои кажувале за нашето потекло ???
За што постоите, ооо бедни луѓе ????? За да јадете и пиете ? Или да одите на некое наше море по пусите острови на некоја си Дубрава... Заборавајќи си го своето Бело Море, своите предци - најголемите луѓе на сите времиња...
Затоа што само Сонцето е постаро од Македонија, и само ние сме владееле со целиот свет... И да... Не сакам да јадам кавијар, не сакам да одам на тоа наше море, и ред други работи.. Затоа што сето тоа си има своја цена... А цената е најголема... Таа неможе да се плати со пари... Тоа е вашата душа, и вашето срце... 6000 години историја .... 6000 години поминати во крвопролевање на моите, нашите баби ми дедовци за денес ние да бидеме Македонци, не Турци, Италјани, Грци, Бугари Срби...Да ако треба и јас да се жртвувам за неа, ќе ми биде чест да го направам тоа... А вие драги Југословени можете слобоно да се шетате по Хрватската обала, и да си пеете Хејј Словени...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net
NaTaLi
Модератор
NaTaLi


Број на мислења : 775
Age : 33
Локација : у соби где умире дан
Registration date : 2006-10-13

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedНед Апр 15 2007, 01:50

Moscow_BoY напиша:

.. И на крајот за што се бореле моите потомци ???

предци Very Happy а за потомците е дискутаблно lol!

иначе до кога бе, до кога бе да ве учам дека србите ич qr не ги боли за националната определба на македонците, и дека стварно, ама стварно не мислат дека сте срби. верувајте ми. и не ни сакаат да сте срби. едноставно не им е гајле. фала. и го сакаат тоше проевски. а тоше ги сака сите. без разлика дали се македонци/срби/бугари....

угледајте се малце на тоше у тоа lol!


Последната промена е направена од на Нед Апр 15 2007, 01:55. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_minipostedНед Апр 15 2007, 01:54

Ех што сте смешни! Се свиткав од смеа на овие постови! Хахаха! Како прво. т.е. ај ќе набројувам.
1. Другарот Тито не бил бравар и не бил роден у кумровец и како и да е! Тој Тито што ние го знаеме вака од зборење & stuff бил Унгарец. Бил син на грофица, ама вонбрачен. Цурата го воспитала, го едуцирала и после го дала на татко му да го чува. Тито всушност бил неверојатно многу образован (за еден бравар а?) и знаел мноогу јазици (вклучувајќи го и српскиот). И откако вистинскиот Тито загинал на некој фронт овој Унгарецов или whatever го инфинтрирале тукааа... И типот си имал пријателски односи со сите (ако немал ќе го збришеле, многу јасно). Всушност имал и пријателски односи со ватикан. Па еве ако мислите дека е погребан у Србија слободно проверете, нема никакво тело да најдете. А сеа у 10 за 1 ме мрзи да ви раскажувам неколку епизоди од онаа емисијана на канал 5 (што моментално е забранета).

И Марко, видов си напишал у првите постови дека би сакал да можеш да кажеш било што и никој ништо да не ти може! Хахахха! Ме изнасмеја! Браво! Чек! Тука збориш за демократија! Абе луѓе! Демократија не постои! Тоа е мит! Тоа е бајка! За пред спиење! Дека се ќе биде некој ден така! Дека ќе има утопија. Тоа ти е како Џек И Стеблото Грав! Успиванка бе! хахаххаа...

Значи, (ко што би рекла Ти Пол у нејзиниот дневник на Ентерпрајз) конклужн - Не постои идеално општество, анархија не функционира, и нема УТОПИЈА! Премногу е идиотски светов за да има! Премногу се идиоти нејзините колонисти!

О дојдете Ксинди! Збришете не! У ку*ац! Премногу долго ја мачевме оваа планета! Таа не го заслужува ова!!! (добар крај а?)

И тоа сакав да кажам! Реплика?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Sponsored content





Лошите социјалистички навики Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лошите социјалистички навики   Лошите социјалистички навики Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Лошите социјалистички навики
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Философија и психологија-
Отиди до: