Поради
зачестените убиства и крвавите нереди на стадионите, UEFA најави
спортска полиција за борба против хулиганите. Момците во сино сеуште
немаат име, а ќе стартуваат на есен.По зачестените
нереди на стадионите низ цела Европа, челниците на UEFA одлучија да
повлечат драстичен чекор. Редот и безбедноста на европските
натпревари од ранг на висок ризик, во новата сезона ќе ги чува
пан-европска спортска полиција.Ова би било еден вид на исклучиво
фудбалски Интерпол, кој долгорочно би се занимавал со проблемите со
насилството и безбедноста на натпреварите.Убиствата на
навивачите, масовните тепачки помеѓу навивачите на Манчестер и Тотенхем
со полицијата во Рим и Севиља и немилите настани во Грција беа премногу
за една недела. Само неколку дена потоа, во англискиот печат е објавена
идејата на челниците на UEFA за создавањето на здружена спортска
полиција.За разлика од претходните "војни" помеѓу навивачките
групи, на стадионите во Европа се почести се судирите помеѓу навивачите
и полицијата. Посебно загрижени се на островот, бидејќи нивните беа
вмешани во дури три големи навивачки инциденти со странска полиција во
оваа сезона. Освен италијанските и шпанските, англиските навивачи си ги
испробаа силите и со француските полицајци на натпреварот помеѓу
Манчестер и Лил.Иако сеуште нема официјално име за новата полиција, идејата ја поддржал и претседателот на Европската комисија Баросо.