Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Споменици на Скопје

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Efi
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 338
Age : 26
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ПишувањеПредмет: Споменици на Скопје   Саб Aвг 11 2007, 17:22

Пред некој ден се шетав низ чаршија, што барав не ми текнува ама пројдов покрај Чифте Амам па си викам зашто да не!


Чифте-амамот е амам (јавна бања) во старата скопска чаршија, Скопје. Подигнат е во средината на XV век од страна на Иса бег и завештан за потребите на издржување на неговите задолжбини во Скопје, медресата и теќето.


Припаѓа на типот на двојни амами (турски:
çift - парен, двоен), но е изграден по должина, така што машкиот и
женскиот дел се составуваат со просториите за бањање, додека
гардеробите се наоѓаат на краевите.


Во двата дела ритуалот на капење бил идентичен. Од гардеробата се
влегувало во просторијата за аклиматизација. Од неа се влегувало во
помошните простории (во женскиот оддел депилација и тоалет, а во
машкиот – берберница и тоалет)
и во главната просторија за капење. На средината на оваа просторија
имало постамент од камен на кој се лежело за препотување или масажа. Ова место во женскиот дел се викало „роза на амамот“. Околу имало три простории со повискока температура, т.н. халвети.
Покрај ѕидовите на главната просторија и во халветите, имало поплочени
седишта и мермерни корита (курна), од кои се црпелаа водата за капење.
Еден од халветите во женскиот дел на амамот бил адаптиран за ритуално
капење на скопските евреи и во него наместо мермерно корито имало базен.



Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Споменици на Скопје   Чет Aвг 16 2007, 17:39

Па искрено најгоооООооОолема грешка е што у Скопје нема споменик за благодарност на земјите кои помогнале на Македонија после земјотресот! Тоа е најшит! МИслам хелоу! Ќе видам следечи пут дали некој ќе помогне! Јас само тоа да си кажам. Razz
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Efi
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 338
Age : 26
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ПишувањеПредмет: Re: Споменици на Скопје   Саб Aвг 18 2007, 14:08

Шо бе смајли пизд моменати те фаќаат? Добро е имаме полу демолиран споменик за паднатите борци!!?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Efi
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 338
Age : 26
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ПишувањеПредмет: Re: Споменици на Скопје   Саб Aвг 18 2007, 23:24

Мустафа пашина џамија






Во
непосредна близина на тврдината “Кале“ и црквата “Св. Спас“, на една
убава тераса, па горниот раб од Старата чаршија, од каде има поглед на
целата околина, се наоѓа една од најмаркантните џамии - Мустафа
пашината џамија.
Неа ја изградил заповедпикот на Скопје, Мустафа
паша, во 1492 година, што е видливо од натписот на арапски јазик на
мермерната плоча над главната влезна врата.
Со своето витко минаре
и импозантната купола, џамијата ги надвишува останатите џамии во
градот.Минаре то е изградено од делкан бигор,нешто побел од останатиот
бигор на џамијата.Проширениот дел од минарето е мермерен, украсен со
орнаменти.
Џамијата има упростен квадратен простор, покриен со
купола и трампи. Пред неа е поставен трем на четири мермерни столбови
со 11 куполи.
Првобитниот шадрван, подигнат од Мустафа паша, денес не постои, бидејќи постојниот е подоцна обновен.
Мустафа-паша починал во 1519 година и бил погребан во турбето, што се наоѓа покрај северо-источниот ѕид на џамијата.

Источно од Бит-пазар, на јужниот дел од платото се наоѓа Султан
Муратовата Хјункар џамија. Султан Мурат II, таткото на султан Мехмед
Освојувачот, во 1436 година ја подигнал џамијата како своја задужбина.

Таа е единствена џамија, задужбина на турските султани на овие
простори. Оттука и името „хјункар,,, што значи султанска или
господарска џамија.
Џамијата страдала во немилосрдните пожари од
1537 и 1689 година. Обновена е во 1712 година по наредба на султанот
Ахмет III, а во 1912 година биле извршени последни поправки.
На
предниот дел од џамијата, на плочките со турски натписи, впишани се
имињата на султаните и датуми кога џамијата е подигната, односно
обновена. Во подигањето на џамијата учествувал мајсторот Хусеин од
Дебар. Пред неа подигнат е широк трем кој се држи на столбови, со
пластично декорирани капители, поврзани со аркади.
Внатрешниот,
квадратен простор е разделен со два реда столбови, поврзани со
полукружни сводови на три нееднакви кораби. Покрај тоа има гробови со
турбиња. Во едно од нив, подигнато во1558 година, погребана е ќерката
на султан Мехмед Величенствениот.
Во катастрофалниот земјотрес од
1963 година џамијата е доста оштетена, но, благодарение на финансиската
помош од градот, врз неа се извршени потребните поправки.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Споменици на Скопје   Чет Aвг 23 2007, 01:12

Во Скопје треба да се изгради голем споменик на Јустиниан Први, затоа што тој е најголемиот Скопјанец. Да не читам после глупости по книги, како бил роден близу Ниш...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Efi
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 338
Age : 26
Локација : Ни јас не знам
Registration date : 2006-11-13

ПишувањеПредмет: Re: Споменици на Скопје   Чет Aвг 23 2007, 15:59

Па и да му се напраи на крај ке излезе албанец ... а ни а нема ама ај!Shocked
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Споменици на Скопје   

Вратете се на почетокот Go down
 
Споменици на Скопје
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Наука :: Образование и Наука-
Отиди до: