Корчагин форум


 
HomeHome  CalendarCalendar  GalleryGallery  Прашања/ОдговориПрашања/Одговори  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ЧленовиЧленови  Членски групиЧленски групи  ВлезВлез  

Share | 
 

 Фудбал

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8 ... 14  Next
АвторПорака
Moscow_BoY
Администратор
avatar

Број на мислења : 1845
Age : 26
Registration date : 2006-10-13

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Ное 17 2006, 13:36

Не сум слушнал за него...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://korcagin.goodforum.net
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Ное 17 2006, 13:40

Како може да не си слушнал за Ференц Пушкаш
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пон Ное 27 2006, 22:48

Vecerva e proglasen dobitnikot na Ballon D’Or (nagrada ili piznanie od francuski vesnik za najdobriot igrac za izminatat sezona potocno toa se glasovi od vidni fydbalski licnosti i od glasovi od kupuvacite na spisanieto) znaci pobednikot za izminatat sezona e Fabio Cannavaro a eve ja celata lista so osvoeni glasovi a za drugi informacii od utre

1. Cannavaro (Italy/Real Madrid) 173 votes
2. Buffon (Italy/Juventus) 124
3. Henry (France/Arsenal) 121
4. Ronaldinho (Brazil/Barcelona) 73
5. Zidane (France) 71
6. Eto'o (Cameroon/Barcellona) 67
7. Klose (Germany/Werder) 29
8. Drogba (Ivory Coast/Chelsea) 25
9. Pirlo (Italy/Milan) 17
10. Lehmann (Germany/Arsenal) 13
11. Deco (Portugal/Barcelona) e Kakà (Brazil/Milan) 11
13. Ribery (France/Marseille) 9
14. Cristiano Ronaldo (Portugal/Manchester Utd), Gattuso (Italy/Milan) Vieira (France/Inter) 5
17. Lampard (England/Chelsea), Podolski (Germany/Bayern), Puyol (Spain/Barcelona) 3
20.
Juninho Pernambucano (Brazil/Lyon), Messi (Argentina/Barcelona), Terry
(England/Chelsea), Toni (Italy/Fiorentina) e Zambrotta
(Italy/Barcelona) 2
25. Lahm (Germany/Bayern Munich) e Villa (Spain/Valencia) 1
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пон Ное 27 2006, 22:49

епа честито на канаваро, иначе он е ок играч! Smile
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пон Ное 27 2006, 22:51

koga stigna da odgovoris be smajli:D a za toa deka e dobar igrac nema so ali sepa poise go postuvav koa igrase za klubot so go izvadi na prav pat ali sea toa e toa
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Вто Ное 28 2006, 01:08

Е како кога? Ја видов листата и пишав! Smile Ај поздрав! П.С. има боље играчи ама и канаваро е ок!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Вто Ное 28 2006, 21:17

И официјално, капитенот на светскиот првак, Италија, Фабио Канаваро е
годинешен носител на Златната Топка на Франс Фудбал, која му се
доделува на најдобриот фудбалер во Европа.

Централниот бек на Реал Мадрид доби 173 гласови, со кои се најде пред Џанлуиџи Буфон и Тиери Анри.

И
овогодишниот избор не мина без контроверзи. Проблемот со признанијата е
што не се освојуваат, туку се доделуваат, па организаторите се склони
на компромиси.

Меѓу оние што не се согласуваат со годинешниот
избор се и фудбалски авторитети од калибарот на Јохан Кројф, Мишел
Платини, Џани Ривера и Жерар Улие. Нивните ставови варираат, но во
принцип едните сметаат дека ’Топката’ требаше да му биде доделена на
Тиери Анри, кој со години постигнува по 30 и кусур голови по сезона, а
и учествуваше во двете најголеми фудбалски финалиња годинава. Другите
тврдат дека (буквално) позади успехот на Канаваро стојат фантастичните
одбрани на Џанлуиџи Буфон и дека тој ја заслужи наградата.
Се разбира, за многумина Роналдињо е далеку најдобар, а годинава ја
освои Ла Лига и Лигата на Шампионите. Според нив, тој е неправедно
исфрлен од конкуренција затоа што веќе ја освои ’Топката’ претходните
две сезони.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Дек 15 2006, 12:49

abe denes e izvlekuvanjeto od ligata na sampionite vo 12 00 mislam ke ima prenos na tv na eurosport
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 26
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Дек 15 2006, 22:01

Извлечени двојките од 1/8 финалето на ЛШ

Актуелниот европски првак, Барселона се среќава со претходниот шампион, Ливерпул. Најуспешниот клуб во Европа, Реал Мадрид, кој го има освоено европскиот врв 9 пати, ќе се соочи со четирикратните победници Баерн Минхен, кои последен пат го освоија трофејот во 2001 година. Мурињо со Челзи ќе се сретне со своите бивши, Порто, со кои ја освои Лигата на Шампионите во 2004 година.

Еве како изгледаат сите двојки за првиот од двата натпревари:

Порто – Челзи
Селтик – Милан
ПСВ – Арсенал
Лил – Манчестер Јунајтед
Рома – Лион
Барселона – Ливерпул
Реал Мадрид – Баерн Минхен
Интер – Валенсија

Првите натпревари се играат на 20/21 фебруари, а реваншите на 6/7 март.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Дек 15 2006, 22:43

Ту ма симонче од кога ти по фудбалот??? Suspect
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Вто Дек 19 2006, 13:33

Фабио Канаваро е избран за најдобар играч на годината според FIFA.
Одбранбениот ичрач на Реал Мадрид ја однесе титулата со 44 поени
предност пред пензионираната француска легенда Зинедин Зидан и
досегашниот најдобар светски фудбалер - Роналдињо.Инаку, за
тројцата најдобри гласаа сите селектори и капитени на националните
репрезентации. Канаваро доби 498, Зидан 454, а Роналдињо 380 поени. Неговиот
триумф се должи на одличните игри како капитен на светските шампиони
Италија на Светското првенство во Германија годинава.Канаваро
стана и првиот одбранбен играч кој е прогласен за најдобар фудбалер.
Тој неодамна беше избран и за најдобар европски фудбалер на годината во
изборот на францускиот магазин France Footbal.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Вто Дек 19 2006, 13:47

Море остај Канаваро виде ли ти Марта од бразил како игра мноу подобро од цела наша фудбалска репрезентација.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 26
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Дек 22 2006, 22:12

Топ 11 најлоши трансфери во Премиер лигата
Британскиот таблоид Сан објави топ листа со 11 имиња на најлошите засилувања кои некогаш заиграле на терените на Премиер лигата. Списокот содржи “бисери” во различни облици и големини. Од фудбалери со само еден одигран натпревар, до бегалец во камп, од несмасни голмани, до буцкасти примероци од Европското фудбалско првенство во 1992-та.

1. Андреј Шевченко (Челзи, јуни 2006)

Причината поради која Андреј Шевченко се најде на челното место на оваа листа не се неговите катастрофално лоши настапи, туку енормно високата цена која Челзи ја плати за неговиот трансфер. Иако, долги години го носеше епитетот најдобар напаѓач, оваа есен не му тргнаа работите од нога. Периодот на адаптација одамна помина а Шевченко и понатаму не застанува на здрави нозе.

2. Али Диа (Саутхемптон, ноември 1996)

Сопственикот на Саутхемптон, Греам Саунес многу бргу се покаја откако го купи анонимецот, Али Диа. Неговата кариера во овој тим траеше цели седум дена, во текот на кои одигра само еден натпревар, поточно 53 минути. Без сомнение, тој е најлошиот фудбалер кој некогаш заиграл во англиската лига.

3. Винстон Богард (Челзи, август 2000 – јули 2004)

Можеби е чудно тоа што Винстон се најде на високото трето место од оваа листа, имајќи предвид дека станува збор за несомнено квалитетен играч кој бил дел од Барселона, Милан и Ајакс и чија кариера брои 20 настапи за репрезентацијата на Холандија. Причината е една и единствена – само 11 настапи во рок од 4 години. Со овој личен рекорд, Богард важи за најскапа и најбесмислена резерва во историјата на Премиер лигата. Неговата неделна плата изнесувала 40.000 фунти.

4. Томас Бролин (Лидс, ноември 1995 – октомври, 1997; Кристал Палас, јануари - мај 1998)

Својата репутација Швеѓанецот Томас Бролин ја заработи со постигнувањето на победничкиот гол против Англија на Европското првенство во 1992-та година. Но, по кратките ангажмани во Лидс и Кристал Палас неговата слава драстично опадна. Бролин дојде во Лидс за 4,5 милиони фунти, но тимот не виде голема корист од него. Пред да замине за Палас, им беше позајмен на ФЦ Цирих и Парма. Благодарение на тромавоста предизвикана од вишокот килограми, Бролин за Палас одигра 13 натпревари.

5. Марко Бугерс (Вестхем, јули 1995 – мај 1998)

Потрошените милион фунти за Марко Бугерс се покажаа како лоша инвестиција за Вестхем. Настапи само четири пати и тоа како замена. Бугеровите маани на теренот и одговараа на неговата ексцентричност. Тој беше во бегство неколку месеци, криејќи се во еден Холандски камп. Потоа беше позајмен од Гронинген.

6. Бошко Балабан (Астон Вила, август 2001-2002)

Хрватскиот стрелец Бошко Балабан се најде на листата од неколку причини. Првата е тоа што замина од Астон Вила уште поанонимен отколку што беше претходно. Споственикот Џон Грегори за него плати 6 милиони фунти и ја направи најголемата грешка. Тоа му стана јасно откако Балабан одигра само седум натпревари, од кои шест како замена, и не постигна ниту еден гол.

7. Масино Таиби (Манчестер Јунајтед, август 1999 – јули 2000)

Овој италијански голман дојде во Манчестер Јунајтед како замена за Питер Шмајхел за 4,5 милиони фунти. Но, откако во текот на првите три
натпревари дозволи во мрежата да се најдат десет голови, стана јасно
дека Таиби сепак не е достојна замена за Шмајхел. Набргу потоа замина за Италија, бранејќи ги головите на Реџина, Аталанта и Торино.

8. Хуан Себастијан Верон (Манчестер Јунајтед, јули 2001 – август 2003; Челзи, август 2003 – јуни 2005)

Големата слава која со себе ја донесе Верон преминувајќи во Манчестер Јунајтед, не беше доволно силна причина тренерот Сер Алекс Фергусон да ја стекне неговата доверба. Тој буквално беше “изеден” од одличната двојка Рој Кин и Пол Сколс. Верон за “Црвените Ѓаволи” постигна 11 гола во текот на две сезони. Неговиот јад стана уште посилен по префрлањето во Челзи за 15 милиони, каде што повредите го ограничија на 11 почнати натпревари.

9. Хуго Виана (Њукасл, јуни 2002 – август 2005)

На Хуго Виана му прогнозираа голема кариера. Кога во 2002-ра година Њукасл го донесе од Спортинг Лисабон за 8,5 милиони фунти, сите очекуваа тој да доживее експлозија на теренот. За жал, тоа не се случи. Всушност, тој воопшто и не се разви во класичен играч. За три години во Англија настапи 39 пати, од кои 23 како замена. Сега тој е дел од Валенсија, но кариерата никако да му тргне во нагорна линија.

10. Бруно Шајро (Ливерпул, јули 2002 – јуни 2006)

Од Бруно Шајро се очекуваше да биде втор Зинедин Зидан. Но, мајсторствата на славниот Зизу тешко можат да се постигнат. Во Ливерпул дојде за 3,7 милиони фунти, но поради повредите честопати седеше на клупата. За овој тим одигра 17 натпревари.

11. Андреа Силенци (Нотингем Форест, август 1995 – ноември 1997)

Слично како и Али Диа, Силенци важи за еден од најлошите премиерлигаши. Нотингем за него плати 1,8 милиони фунти како за најдобриот стрелец од Серијата А. Од него се очекуваше многу, но излезе дека тој е фудбалер со “лигави движења и со ужасен прв допир со топката”. Неговата кариера во Премиер лигата заврши неславно, со седум настапи и ниту еден гол.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Slash
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 1130
Age : 27
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Саб Дек 23 2006, 18:18

Уште од почетокот тврдев дека Шевченко е најпромашената инвестиција на Абрамович, и на крајот моето тврдење излезе точно.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.korcagin.goodforum.net
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Саб Дек 23 2006, 23:11

Ооо. Не тврдеше само ти! Туку и сите останати па дури и тие што не се упатени толку во фудбалот! Ај лузер! Му помина времето на Шевченко! одаамнаа
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Дек 29 2006, 20:40

Шевченко беше лузер, е лузер и ќе биде лузер
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Саб Дек 30 2006, 01:03

Ајде малку историја на мак - фудбалот:

Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на 20-иот век. Всушност првиот меч беше одигран во Скопје на 20 април 1919 година. Селекцијата на англиската армија составена од најдобрите играчи меѓу регрутите, се натпреваруваше против екипата на Напредак од Скопје, меч кој му припадна на Напредак со 2:0.
На тоа место во знак на спомен на овој натпревар, беше подигнат споменик во форма на фудбалска топка со тежина од околу 250 килограми, бидејки тоа беше првиот фудбалски натпревар кој се одиграл на територијата на Македонија, а местото каде што истиот се одиграл всушност претставуваше првиот фудбалски терен во Македонија.Споменикот беше подигнат во 1979 година , во знак на јубилејот 70 години од почетокот на фудбалот во Македонија.
Во периодот од 1909 до 2002-та, се формираа многу фудбалски клубови. Прв кој се појави беше ФК Вардар од Скопје основан 1912 во Скопје. За време на втората светска војна , селекцијата на македонски клубови играше против селекцијата на германската армија, а се играа натпревари и против Бугарија. Воедно многу од македонските играчи настапуваа за Бугарскиот национален тим. Во периодот од 1900 до 1991 година Македонија немаше своја национална репрезентација, бидејки беше дел од СФРЈ, но по 1991 година младите тимови од сите југословенски републики играа на турнири меѓусебно, за жал целата документација од тие натпревари се наоѓа во
Фудбалската Асоцијација (Сојуз) на Југославија.
Во 1945, по втората светска војна, беше поставена фудбалска секција како дел од Сојузот на спортови во Скопје (со претседател Густав Влахов), од која беше оделена 16 август 1948, а конечно Македонскиот Фудбалски Сојуз беше формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот Сојуз на Југославија, се до 1991 кога е прогласена независност во исто време со независноста на Република Македонија. Прв претседател беше Љубисав Иванов - Ѕинго.
Најпознати играчи од Македонија кои играа и во националниот тим на Југославија се Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдовски и други.
Првиот шампионат во рамките на новиот сојуз беше организиран натпреварувачката сезона 1992/93, во кој учество зедоа 18 клубови.
ФК Вардар од Скопје беше првиот шампион без изгубен меч.Исто така беше организирано и куп натпреварување каде првиот пехар му повторно припадна на скопски ФК Вардар.
Во 1994 година, Македонија стана членка на Фифа, Уефа и Балканската Фудбалска Федерација . Балканската федерација организираше мини турнири Балкански првенства за млади играчи до 16 и до 18 години.
Во 1995-та клубовите од Македоннија за првпат по осамостувањето земаа учество во клубските натпреварувања на Уефа.
Како шампион ФК Вардар од Скопје во Уефа купот се сретна против ФК Бекешчаба од Унгарија. Во КПК, Македонија ја претставуваше
ФК Силекс од Кратово, кој во првото коло го елиминираше унгарскиот тим Вац Самсунг (1-1/1-0), а во вториот круг играше против Борусија Мехенгладбах од Германија. По двата резултат 3-0 и 3-2, германците се квалификуваа за следното коло.
Националната репрезентација со официјални активости стартуваше во 1994-та со квалификациите за Е.П. 1996 во група со Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија, меѓу кои се издвојуваат успесите како нерешениот резултат 1-1 против Данска, исто толку со Белгија и Кипар на гости, со Ерменија само 2-2 , а со Кипар се одигра 3-0 дома.
Во првиот официјален меч против Данска на 7.9.1994 , кој се играше на градскиот стадион во Скопје, а заврши 1-1 , првиот гол за македонската репрезентација го постигна Митко Стојковски.
Потоа Македонија играше во квалификациите за С.П. во група со Малта, Лихтенштајн, Романија, Исланд и Р.Ирска.
Најзначајна победа е извојувана против Р.Ирска (3-2), а најубедлив триумф е постигнат против Лихтенштајн на гости со победа од 1-11.
Од тогаш наваму Македонија учествува во сите натпревари на Уефа и Фифа, а во 2002-та година Фудбалскиот Сојуз на Македонија е преименуван во Фудбалска Федерација на Македонија.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Саб Дек 30 2006, 12:22

Znaete kako ocigledno ne sme sposobni da napravime t.e. da razvieme sport bidejki sekogas imame potencijal i luge sposobni so ogromen talent ali makedonceto nemoze da napravi nisto!!!
Primer kako koga bila Jugooslavija kaj nas a i vo cela Jugoslavija Vardar bil strava vo ligata i kako nasi igraci igrale vo timovi kade se borele za najrazlicni tituli od najrazlicni najjaki denes prvenstva i duri imalo i igraci koi bile resavacki za sampionski tituli pr Pancev a i ne samo vo fudbalot i vo site drugi sportovi , neznam dali znaete imalo nasi igraci makedonci koi igrale na svetski prvenstva so se razbira za Jugoslavija i tamu se sretnale so site fudbalski legendi kako Pele Maradona i site ama bas site, dali zanete deka makedonecot koj go cuval Maradona seuset e ziv i raboti vo Makedonija a da ne zaboravime i na komentarot na Maradona posle mecot "Od kaj e kopilevo ke mi ja rasipe karieerava"izjaveno vo toj stil ne bas taka. Znaci spored mene dzabe ni e da zborime za naiot sport bilo koj bidejki sekoj gleda da zemem pari pa taka za -sportistite begajte odovde inace propagate-!!!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
DJ_Stole
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 637
Age : 27
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Саб Дек 30 2006, 12:28

Iako ne e mestoto tuka koa pocnav da pravam sporedbi moram i ova da go pisam
Pred nekoja godina koga Slash bese izbran za najdobran gitarist na momentot na vracuvanjeto na nagradata i znaete dava izjava i citiram "Fala na site sto glasavtye i sto jas sum dobitnik na nagradava...., I novinarot go prasuva a dali vie se smetate za najdobar gitarist na sevtot? i Slash odgovara : Ima edno kopile na balkanot neznam kao se vika i e mnogu opasno".....
A na site ni e jasno koe e toa "kopile" VLATKO STEFANOVSKI
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.goal.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Саб Дек 30 2006, 19:14

Еден од некогаш најдобрите фудбалери на Англија Пол Гаскоњ е уапсен поради физички напад врз фоторепортер, северозападно од Ливерпул, соопшти денеска полицијата.
Гаскоњ во последните неколку години често пати го има на насловните страници на весниците и тоа поради инциденти што тој ги направи под дејство на алкохол.
Тој неодамна доби отказ на местото менаџер на клубот „Кетеринг“, само два месеци откако е назначен на таа функција.
Гаскоњ одигра 57 натпревари за англиската репрезентација и беше член на „Тотенхем“ кога клубот го освои националниот куп во 1991 година.
Тој играше за кинескиот клуб „Ганси“ и англискиот „Бостон Јунајтед“, пред да ја заврши фудбалската кариера.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
smiley :)
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2172
Age : 27
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Нед Дек 31 2006, 00:50

Proof напиша:
Ајде малку историја на мак - фудбалот:

Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на 20-иот век. Всушност првиот меч беше одигран во Скопје на 20 април 1919 година. Селекцијата на англиската армија составена од најдобрите играчи меѓу регрутите, се натпреваруваше против екипата на Напредак од Скопје, меч кој му припадна на Напредак со 2:0.
На тоа место во знак на спомен на овој натпревар, беше подигнат споменик во форма на фудбалска топка со тежина од околу 250 килограми, бидејки тоа беше првиот фудбалски натпревар кој се одиграл на територијата на Македонија, а местото каде што истиот се одиграл всушност претставуваше првиот фудбалски терен во Македонија.Споменикот беше подигнат во 1979 година , во знак на јубилејот 70 години од почетокот на фудбалот во Македонија.
Во периодот од 1909 до 2002-та, се формираа многу фудбалски клубови. Прв кој се појави беше ФК Вардар од Скопје основан 1912 во Скопје. За време на втората светска војна , селекцијата на македонски клубови играше против селекцијата на германската армија, а се играа натпревари и против Бугарија. Воедно многу од македонските играчи настапуваа за Бугарскиот национален тим. Во периодот од 1900 до 1991 година Македонија немаше своја национална репрезентација, бидејки беше дел од СФРЈ, но по 1991 година младите тимови од сите југословенски републики играа на турнири меѓусебно, за жал целата документација од тие натпревари се наоѓа во
Фудбалската Асоцијација (Сојуз) на Југославија.
Во 1945, по втората светска војна, беше поставена фудбалска секција како дел од Сојузот на спортови во Скопје (со претседател Густав Влахов), од која беше оделена 16 август 1948, а конечно Македонскиот Фудбалски Сојуз беше формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот Сојуз на Југославија, се до 1991 кога е прогласена независност во исто време со независноста на Република Македонија. Прв претседател беше Љубисав Иванов - Ѕинго.
Најпознати играчи од Македонија кои играа и во националниот тим на Југославија се Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдовски и други.
Првиот шампионат во рамките на новиот сојуз беше организиран натпреварувачката сезона 1992/93, во кој учество зедоа 18 клубови.
ФК Вардар од Скопје беше првиот шампион без изгубен меч.Исто така беше организирано и куп натпреварување каде првиот пехар му повторно припадна на скопски ФК Вардар.
Во 1994 година, Македонија стана членка на Фифа, Уефа и Балканската Фудбалска Федерација . Балканската федерација организираше мини турнири Балкански првенства за млади играчи до 16 и до 18 години.
Во 1995-та клубовите од Македоннија за првпат по осамостувањето земаа учество во клубските натпреварувања на Уефа.
Како шампион ФК Вардар од Скопје во Уефа купот се сретна против ФК Бекешчаба од Унгарија. Во КПК, Македонија ја претставуваше
ФК Силекс од Кратово, кој во првото коло го елиминираше унгарскиот тим Вац Самсунг (1-1/1-0), а во вториот круг играше против Борусија Мехенгладбах од Германија. По двата резултат 3-0 и 3-2, германците се квалификуваа за следното коло.
Националната репрезентација со официјални активости стартуваше во 1994-та со квалификациите за Е.П. 1996 во група со Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија, меѓу кои се издвојуваат успесите како нерешениот резултат 1-1 против Данска, исто толку со Белгија и Кипар на гости, со Ерменија само 2-2 , а со Кипар се одигра 3-0 дома.
Во првиот официјален меч против Данска на 7.9.1994 , кој се играше на градскиот стадион во Скопје, а заврши 1-1 , првиот гол за македонската репрезентација го постигна Митко Стојковски.
Потоа Македонија играше во квалификациите за С.П. во група со Малта, Лихтенштајн, Романија, Исланд и Р.Ирска.
Најзначајна победа е извојувана против Р.Ирска (3-2), а најубедлив триумф е постигнат против Лихтенштајн на гости со победа од 1-11.
Од тогаш наваму Македонија учествува во сите натпревари на Уефа и Фифа, а во 2002-та година Фудбалскиот Сојуз на Македонија е преименуван во Фудбалска Федерација на Македонија.
малку? lol! финоо
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Нед Дек 31 2006, 01:02

Комити Запад се најстарата и најбројната навивачка група во Македонија. Комитите се навивачи првенствено на ФК Вардар, потоа и на сите спортски клубови што го носат името Вардар и црвено - црната боја, спортските репрезентации на Република Македонија, а во последно време се навивачи и на РК Кометал Ѓорче Петров. Нивната трибина е западната на градскиот стадион во Скопје, по која ја носат и додавката Комити Запад.




Како најстара навивачка група во земјата, Комити официјално се формирани во 1987 година, со првото истакнување транспарент со натпис Комити, на западната трибина на натпреврот меѓу ФК Вардар и ФК Црвена Звезда од Белград. Вардар како клуб навивачи имал од своето основање, но навивачи организирани во навивачка група немал сè до тој натпревар. Бројноста на Комитите расте со победите на ФК Вардар по стадионите низ СФРЈ над големите југословенски тимови. Во тие години Комити како единствена навивачка група од Македонија на секој натпревар добиваат засилување и од другите македонски градови. На секој натпревар на западната трибина се забележувале знамиња со натписи “Комити“ - Велес, Кавадарци, Струмица, па дури и Битола сè до тепачката меѓу битолските Комити со тогашните скопски панкери од кога започнува ривалството меѓу Комити и Чкембари. Со распадот на СФРЈ и формирањето на Македонската лига, Комити добиваат конкуренција од навивачки групи од секој помал град. Комитите добиле забрана за гостувања од некогашниот претседател на ФСМ Љубисав Иванов - Ѕинго.

Химната на Комити


Комити знаме, на запад веат
и песна пеат, и песна пеат
знамето наше, во две бои
црвено-црно, на запад стои
црвената е во крвта врела,
за македонски градови и села,
а црната е за тој што жали
за Гоцевите идеали!

Да живее Вардар и Македонија!
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Сре Јан 10 2007, 19:19

Инспекцијата во 12 клуба од Првата лига утврди катастрофална состојба
Инспекциската контрола на Државниот инспекторат за труд во дванаесетте клуба што се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига, како и во Фудбалската федерација на Македонија, уште еднаш ја извади на виделина катастрофалната состојба во македонскиот фудбал. И во клубовите и во ФФМ се откриени низа неправилности. Најголемиот дел од играчите се водат како аматери, ретко кој клуб воопшто им исплаќа плати, а придонесите или доцнат по неколку месеци или воопшто не се плаќаат.

Во ФК „Напредок“ од Кичево, како што е наведено во соопштението од Министерството за труд и социјална политика, нема вработени лица, а вкупниот број фудбалери е 23, од кои со девет клубот има потпишано професионален договор. Плати и придонеси не се исплатени, освен хранарина за октомври. ФК „Влазрими“ од Кичево нема вработени лица, вкупниот број фудбалери е 23 и со ниту еден од нив клубот нема склучено договор, а не се исплатуваат плати и придонеси од плати. Во „Ренова“ од Џепчиште, регистриран како трговско друштво, вработени се девет лица, од кои седум фудбалери, претседателот на клубот и тренерот. Преостанатите 13 ангажирани фудбалери имаат статус на аматери, студенти или вработени кај други работодавци. ФК „Шкендија 79“ од Тетово има склучено професионални договори со тројца фудбалери, од кои двајца се со договори за стипендирање, а генералниот секретар има договор за вработување. Другите 19 ангажирани фудбалери се со статус на аматери.

ФК „Победа“ од Прилеп има шест вработени, ангажирани се 22 фудбалери, од кои 18 се професионалци, меѓу кои четворица странци, без склучени договори за работа и професионални договори. Плати и придонеси за вработените не се платени од септември 2002 година. Во фудбалскиот клуб „Пелистер“ од Битола нема вработени лица, а се ангажирани 20 фудбалери без договори, додека ФК „Силекс“ од Кратово има 20 вработени со договори за работа, од кои 17 фудбалери. Плати и придонеси за вработените се платени заклучно со септември 2006 година. ФК „Башкими“ од Куманово има осум вработени, од кои двајца фудбалери. Плати и придонеси се платени заклучно со март 2005 година.

Во ФК „Брегалница“ од Штип нема ниту еден вработен. Во моментот на надзорот во составот на првата екипа играле фудбалери од младинскиот состав. ФК „Работнички-Кометал“ од Скопје има 26 лица вработени со договори за работа, од кои 14 фудбалери, а преостанатите тренери и администрација. Придонесите се платени заклучно со октомври 2006 година, а плати не се платени за август, септември и октомври 2006 година. Во ФК „Македонија ЃП“ од Скопје, 13 фудбалери вработени со договори за професионално занимавање со фудбал и пет фудбалери со договори за стипендирање студенти и ученици. Во тек е постапка за регулирање на престојот и вработувањето на петмина фудбалери - странски државјани. Плати и придонеси се платени заклучно со октомври 2006 година. ФК „Вардар“ од Скопје има вработено 10 работници, тренери и помошен персонал. Плати и придонеси од плати не се платени од јануари 2006 година. Клубот со фудбалерите нема склучено договори за работа.

Трудовата инспекција извршила надзор и во Фудбалската федерација на Македонија и утврдила дека вработените примаат плата врз основа на акт донесен од неовластен орган. Исто така, од Министерството истакнуваат дека во Федерацијата се ангажирани лица спротивно на Законот за работни односи, за што инспекцијата со решенија ја задолжи Фудбалската федерација да престане со ангажирање на затечените лица. Од Инспекторатот за труд најавуваат мерки против сите клубови во кои ангажираните лица, вработените и фудбалерите не ги остваруваат правата согласно со законот.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Proof
Форум Манијак
avatar

Број на мислења : 2586
Age : 26
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Сре Јан 10 2007, 19:27

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, Швајцарецот Сеп Блатер, им се извини на Италијанците за тоа што не им го врачи пехарот на Светското првенство во Германија. „Историјата ќе покаже дека беше голема грешка што претседателот на ФИФА не им го врачи пехарот на светските прваци. Тоа го признавам. На претставниците на Италијанскиот фудбалски сојуз им се извинив по финалето, а сега им се извинувам на сите Италијанци“, рече Блатер вчера во Рим. Според него одлуката пехарот да го предаде претседателот на УЕФА, Ленард Јохансон, била донесена непосредно пред почетокот на финалето, во кое Италија ја совлада Франција на пенали. „Сакав да ги избегнам лошите сцени, бидејќи германските навивачи за време на првенството неколку пати свиркаа на споменот на ФИФА“, додаде првиот човек на највисоката фудбалска институција.

Инаку, вчера претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, на свечената церемонија во Рим го награди тимот на „азурите“, кој се искачи на врвот на светот. На Марчело Липи и неговата дружина им беше дадена титулата „Кавалиере Уфициале“. „Победата полна со светлина ја покри сенката, која беше надвисната над нашиот фудбал“, изјави Наполитано ставајќи го акцентот на скандалот со лажирање натпревари во италијанското Калчо. Да потсетиме Италија го крена пехарот откако во полуфиналето го отстрани домаќинот Германија, и како што кажавме по победата во финалето над Франција. Церемонијата во Рим му даде шанса на Липи повторно да се собере со тимот со кој доживеа среќни мигови. „Клучните моменти беа пеналот на Тоти против Австралија и победата над Германија“, изјави Липи. „Против Германија решив да ги пуштам Дел Пјеро и Јакинта, за да имаме четири напаѓачи во продолжението. Решението беше поткрепено од фактот што ние имавме многу посилна одбрана од нивната и ги сопревме германските напаѓачи. Сакав да видам дали ќе можат да се справат со таков стил на игра. Титулата е плод на двегодишна напорна работа“, потенцира Липи.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
S|m0n4e
верно членче
верно членче
avatar

Број на мислења : 263
Age : 26
Registration date : 2006-10-27

ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   Пет Јан 12 2007, 20:54

ФУДБАЛОТ Е ПРЕД ГОЛЕМ "ЗЕМЈОТРЕС" ПО НИЗАТА ДЕВИЈАНТНИ ПОЈАВИ ВО КЛУБОВИТЕ, НО И КАЈ ФЕДЕРАЦИЈАТА

Митровски во скандал за решетки!!!



*Според КЗ на Р Македонија за фалсификат и употреба на истиот, минималната казна е 5 години затвор.

*По
откривањето на фалсификуваната диплома виси функцијата и слободата на
генералниот секретар, но и судбината на комплетното раководство на ФФМ

Доказот е тука, дипломата е фалсификат. Во најлош случај Лазар
Митровски може да биде разрешен само од функцијата генерален секретар
на ФФМ, и тоа од членовите на УО на ФФМ. Митровски не задоволува и
други критериумите за да остане на фотелјата на која седи долги години.
Тој е фалсификат - секретар по доказите кои стигнаа од Сараево, од
користење на странски јазици го болат рацете, а од раководна функција
можеби си ги смета годините поминати како класен раководител во средно.
Разрешувањето од ФФМ е најблага казна за поранешниот фудбалски судија
кој долги години се бореше против сите фудбалските структури за конечно
да дојде до висока позиција, но најновиот скандал поврзан со неговото
име треба да донесе крај на неговиот престој во "куќата на фудбалот".

На
двапати Митровски се декларираше како голем фудбалски работник во
промените на раководствата на ФФМ тврдејќи дека сите претходни работеле
криминално, а излезе дека Митровски го немал ни основниот критериум да
се споредува со нив - високо образование.

Од чиста морална и
човечка доблест Лазар Митровски под итно треба да поднесе оставка. Тоа
ќе биде само ситница во однос на она што го направил. Може да ја
заборави работата во ФФМ, а во наредните денови и месеци ќе треба да
излезе на крај со државните органи кои се надлежни да ги гонат и да ги
казнуваат фалсификаторите и прекршувачите на законите.

"Во
случај да се појави фалсификат на која било диплома, надлежностите
преминуваат кај органите на МВР кои ги преземаат сите потребни мерки за
спроведување на Законот за прекршоци. Најчесто следат судски
разрешници", е коментарот на одговорните за оваа проблематика од
Министерството за образование.

Митровски може да заврши и зад решетки!!!

Тоа
е очекувана постапка доколку МВР почне да се занимава со овој случај.
Посочената личност не само што незаконски е генерален секретар на ФФМ
туку тој долги години со фалсификувана диплома бил и професор во
државниот електротехнички училиштен центар "Михајло Пупин".

Според
Кривичниот закон на република Македонија, за фалсификувана диплома и
употреба на истата минималната казна изнесува 5 години затвор. Овој
извадок од законот кажува с$.

Се тресе функцијата на
генералниот секретар и неговата слобода, но по низата скандали поврзани
со фудбалот неизвесна е и судбината на комплетното фудбалско
раководство. Лошото работење во фудбалот тргна со извештајот на
Трудовата инспекција за криминалното работење во клубовите и
федерацијата. Првата лига е пред стечај и место професионализам таму
владее голем аматеризам и "диво" работење на поединци кои со години го
прекршуваат законот. Фудбалот почнаа да го дрмаат силни "земјотреси" по
кои лесно може да тргне лавината против актуелниот состав на ФФМ. Од
поодамна некои ошптински фудбалски се спротивставија на ова
раководство, па по сето ова ќе следи бурна зима во која ќе треба заедно
со снегот да се исчистат многу нефудбалски работници.

Лазар
Митровски не е единствениот кој е причината за скандалите. Тој список е
долг, а почна со претседателот Хаџи-Ристески па сега Митровски се до....
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Фудбал   

Вратете се на почетокот Go down
 
Фудбал
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 14Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 8 ... 14  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Спорт :: Други спортови-
Отиди до: