VHS 1976 - 2006
По
долго боледување, во САД, од природни причини почина некогаш
револуционерниот формат за домашна забава - VHS. Форматот имаше 30
години. Закопот не е најавен.
Се очекуваше дека формат
ќе успее да преживее до јануари, меѓутоа новите хај-дефинишн стандарди
и играчки конзоли го забрзаа неговиот конечен крај.
ВХС го
наследија: DVD, Tivo, VOD и DirectTV. Меѓутоа тој ги надживеа форматите
како: Бетамакс, Дивикс, мини-дискови и ласерски дискови.
Иако
веќе подолго време се мачеше, официјалната смрт на ВХС настапи во
последниот квартал од годината, откако големите препродавачи одлучија
целосно да ги испразнат полиците резервирани за видео касети.
Роден
како Vertical Helical Scan, (подоцна променето во Video Home
System)"чедото" на JVC имаше тешко детство кое беше посебно
трауматизирано во неговата борба со Бетамакс на Сони. Победата над
Бетамакс беше извојувана пред се благодарејќи на поголемата минутажа на
ВХС. Својот врв касетата го доживеа со Кралот Лав, кога само низ САД
беа продадени 30 милиони копии.
Форматот својот подем го
бележи се до лансирањето на ДВД-та во 1997-та а првите загрижувачки
симптоми беа преметени во 2003-та, кога за првпат дисковите станаа
попопуларни од касетите.
По 2003-та, касетите главно се
појавуваат во детската забава и како колекционерски формат за оние што
бараат наслови кои се уште не се издадени на ДВД. Во нивната последна
фискална година (2005-та) касетите имаа заработувачка од 300 милиони
долари.