Корчагин форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Корчагин форум


 
HomeHome  GalleryGallery  БарајБарај  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Вести од Македонија и светот

Go down 
+5
Karate Kid
smiley :)
..::MA4OR::..
Slash
Proof
9 posters
Отиди на страна : 1, 2  Next
АвторПорака
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 19:22

Грчкото подземје го нарачало, а македонската државјанка Станислава Полетан, кумашинка на Аркан, е организатор на транспортот на половина тон кокаин што во неделата беше откриен на Блаце. Белграѓанката Станислава Полетан (38) во отсуство доби притвор од 30 дена, исто како и возачот Алија Азировиќ од скопско Чојлија, кој за надомест од 1.100 евра требало да го изврши транспортот од Бар до Солун. Сепак, двојното државјанство на Полетан, веројатно, ќе ја отежне екстрадицијата во земјава. Српската полиција чека да стигне кај нив меѓународната потерница што ја распиша македонската полиција, но веќе се обидува да ја лоцира Полетан.
Името на вевчанката со моминско презиме Чочоровска, мажена за командант во паравоената формација на Аркан, со години се поврзуваше со многу криминални афери. Македонската полиција во соработка со Интерпол истражува кои се нејзините помагачи, а меѓу осомничените има и фирми-партнери од Скопје, со кои таа соработувала долги години при трговија со цигари и со алкохол.

Кокаинот, пред да стигне во Македонија, патувал два месеца, без проблеми минувајќи низ неколку земји. Дрогата, скриена во повеќе контејнери, со бродот „Лошињ“, сопственост на хрватската компанија „Лошињска пловидба“ тргнала од пристаништето Ла Гуара во Венецуела на 14 ноември, а потоа преку шпанското пристаниште „Алгесирас“ и италијанското Џоја Тауро два дена пред Новата година стигнала до Бар. На 4 јануари годинава била претоварена во шлепер со скопски таблички СК-842-ОБ управуван од македонскиот државјанин Алија Азировиќ. Околу 11 часот, камионот го напуштил Бар, а неколку часа подоцна преку граничниот премин Кула излегол од Црна Гора. Дрогата била спакувана уште во Венецуела. Македонската полиција информира дека ја планирале акцијата еден месец и дека имале инфилтрирани свои шпиони меѓу шверцерите. Нивните првични информации биле дека ќе дојде пратка со 76 килограми кокаин, но подоцна се изненадиле кога виделе дека станува збор за 76 кутии во кои имало околу 486 килограми дрога, вредна околу 100 милиони евра. Самиот транспорт чинел 10 милиони евра, а дрогата била произведена во 16 различни лаборатории во Венецуела, кои, најверојатно, сочинуваат два наркокартела.
Во МВР се изненадени како нивните колеги од Косово и од Црна Гора не се посомневале зошто поликолор боја од Венецуела се увезува во Грција, имајќи предвид дека е лесно достапен на пазарот.

„Во Косово дури дупнале пет канти со боја, но за нивна несреќа, таму немало дрога, па ја пропуштиле кај нас“, вели висок функционер на МВР.

Според информациите, сопственик на товарот била фирмата „Макфут“ од Белград, сопственост на Полетан, а крајно дестинација била Грција, односно фирмата „Сироус компани“ во индустриската зона „Синдос“ во Солун. На сајтот на Агенцијата за стопански регистар во Белград, како сопственик и директор на „Макфут“ е наведена Станислава Полетан, а фирмата на 26 април 2006 година е регистрирана за трговија и услуги. Како седиште на фирмата се наведува улицата „Поручник Спасиќ“ во Белград. Српската полиција го испитува работењето на „увозникот“ од Белград и утврдува дали фирмата навистина постои или пак некој, со помош на фалсификувана лична карта, ја отворил за да го камуфлира шверцот со кокаин. Дрогата требало да стигне во Грција, а потоа да се транспортира во друга европска земја, иако постојат верувања дека кокаинот можеби ќе завршел во САД или во Канада, имајќи предвид дека секој товар од Јужна и од Средна Америка е добро следен од будното око на Американската служба за спречување наркотици (ДЕА).
Истрагата сега е во рацете на Обвинителството. Во МВР велат дека имаат цврсти докази за Полетан и за Азировиќ, а дека се прибираат докази за десетина осомничени. Возачот Азировиќ веќе две децении работел кај својата шефица и не прашувал што треба да превезе, иако знаел со што се занимава таа. Владата подготвува специјален извештај, кој ќе биде проследен до венецуелската влада.

Запленувањето на рекордното количество дрога на Балканот предизвика големо внимание во земјите од регионот. Белградски „Блиц“ пишува дека зад шверцот со кокаин стои српското подземје, бидејќи одделни српски криминалци со години имаат повеќе од добра соработка со јужно-американските наркокартели. Од нив набавуваат кокаин, а потоа го дистрибуираат на европскиот наркопазар.

„Повеќе од 400 килограми кокаин со толку голем квалитет не може да набави некој што сега влегол во бизнисот, туку само оној што има изградено име во шверцерскиот свет“, пишува „Блиц“, повикувајќи се на полициски извори. Медиумите во Подгорица се во чудо како на нивните цариници им се провлекол кокаинот, а црногорската полиција истражува дали некој од вработените во пристаништето во Бар бил вмешан во шверцот. Хрватските медиуми ги пренесуваат тврдењата на фирмата „Лошињска пловидба“, според кои, тие биле изненадени од целиот случај, бидејќи поседувале уредни документи. Медиумите во Косово ги пренесуваат изјавите на своите функционери, кои тврдат дека им шепнале на македонските служби за транспортот на дрога. Тоа што не реагирале го правдаат со немањето соодветна техника. Грците,пак, се прашуваат дали нивните служби ќе реагирале навреме доколку македонската Царина и полиција не го направеа тоа.
Вратете се на почетокот Go down
Slash
Форум Манијак
Slash


Број на мислења : 1130
Age : 33
Локација : Skopje
Registration date : 2006-10-16

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedСре Јан 10 2007, 21:32

Шверцериве наши станале ко Колумбијски шверцери шверцаат по пола тон дрога. ЦЦЦЦц ц ц ц цц
Вратете се на почетокот Go down
http://www.korcagin.macedonianforum.net
..::MA4OR::..
искусно членче
искусно членче
..::MA4OR::..


Број на мислења : 126
Age : 30
Registration date : 2007-01-13

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedСре Јан 17 2007, 17:57

Не е дрога тоа ПОЛИКОЛОР хехехехехе, се смеам.Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedЧет Јан 25 2007, 23:32

Зборувајќи во Советот на Европа, грчкиот премиер Костас Караманлис изјави дека тој е Македонец, како уште два и пол милиони други Грци, заради тоа прашањето со името на Република Македонија не може да се гледа поинаку. Неговиот одговор дојде по дискусијата во која ја потенцираше стабилизирачката улога на Грција на Балканот и нејзиното залагање за приближување на сите земји од регионот кон ЕУ. Во тој контекст Караманлис се осврна и на евроатлантските аспирации на Македонија, велејќи дека двете земји имаат блиски и силни односи на многу полиња, но за проблемот со името одговорот го очекува од македонската страна.

Вести од Македонија и светот 2BFE61739B27614187EE206129103757Прашан од македонската парламентарка и поранешна министерка за надворешни работи, Илинка Митрева, дали тој се согласува дека е потребно да се најде рационално решение за нерационалниот и наметнат проблем со името, Караманлис одговори дека двете страни се обврзани со две специфични обврски - Привремената спогодба и вредностите на ЕУ.

Според Караманлис, во пpоцесот за влез на Македонија во ЕУ претпоставува добрососедски односи и посветеност на двете страни да изнајдат заедничко решение. Грчкиот премиер смета дека Македонија е таа која не прави напори и треба да одговори на грчката политика. Според него, Грција и неговата влада направија големи чекори за изнаоѓање заедничко решение. „Но, за жал, македонската страна не направи ништо, туку, напротив, видовме акти кои не се од помош за создавање позитивна клима за решавање на проблемот“, изјави Караманлис.

На прашањето на „Утрински весник“ дали Грција ќе ја ревидира Привремената спогодба со Македонија за името, како што најави неговата министерка за надворешни работи, Караманлис не одговори.

Во контекст на посетата на високата грчка делегација во Стразбур беше, најверојатно, и предизвиканиот инцидент во работната сала резервирана за новинарите, кога Одделението за комуникации на СЕ одлучи на местата каде што седат македонските новинари, меѓу кои и вашиот известувач, да ги извадат ознаките на нивната припадност: знамето, името на земјата (Македонија) и името на медиумот. Македонските новинари на ова реагираа веднаш, со формално писмо, а потоа и директно пред генералниот секретар на СЕ, Тери Дејвис, протестираа поради нарушувањето на нивното право слободно да се идентификуваат според припадноста на државата.

Одговорот на Тери Дејвис, беше остар: „Земјата (не именувајќи ја Македонија) е примена во СЕ под референцата ФИРОМ и мислам дека треба да се почитуваат редот на нештата и редот на куќата“. Според Дејвис, се' додека ООН не го признае уставното име на Република Македонија, СЕ нема да го смени ставот кон тоа прашање.

Висок претставник за печатот на СЕ, кој сакаше да остане анонимен, им се извини на македонските новинари за начинот на кој беше изведено вадењето на ознаките од нивните работни места. Според него, тоа било погрешен начин и за тоа се извинуваат.

Овој инцидент во СЕ само сведочи дека Грција нема да попушти по прашањето на името во организациите каде што има моќ, но, од друга страна, и Македонија ќе треба да заземе појасна стратегија по однесувањето на своите официјални претставници во меѓународните институции.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedЧет Јан 25 2007, 23:36

По дождот, се очекува постуден бран
Вчера по подолг сушен период, конечно, во Македонија заврна дожд. На повисоките планини паѓаше снег. Најмногу дожд, дури 40 литри на квадратен метар, наврна во Лазарополе, потоа 31 литар во Маврово и 28 литри во Крушево. На Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 8 сантиметри. И денеска во земјава ќе се задржи променливо и облачно време со врнежи од дожд и снег на планините, а утре спуштање на студена воздушна маса ќе услови да има снег и во некои од пониските места. Утринската температура и натаму ќе остане позитивна, а дневната ќе се движи во интервалот од 2 до 10 Целзиусови степени. „В сабота постепено од север ќе се спушти уште постудена воздушна маса. И натаму ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од снег, а само во крајниот југоисточен дел ќе има врнежи од дожд, кои потоа ќе поминат во снег, а во вечерните часови ќе дува и ветер“, вели Душанка Танушевска,

дежурен синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи
Вратете се на почетокот Go down
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedСре Јан 31 2007, 23:10

Момче на 14 години сака да стане девојче
Сепак, поради законски ограничувања, Ким ќе мора да наполни 18 години за да се направи операцијата за отстранување на машките гениталии
Вести од Македонија и светот 5D07B6E4D0422B49B4DF8BEC69201205
Едно момче уште на 12 години успеало да ги убеди лекарите дека остатокот од животот сака да го помине како жена, па веќе две години прима хормонска терапија и се подготвува за операција за промена на полот. Всушност, германските психијатри заклучиле дека момчето, кое денес има 14 години, има многу изразено чувство дека се наоѓа во погрешно тело, па поради тоа мора да се лекува, пренесуваат светските медиуми.

Терапијата вклучува третмани со силни хормонски инјекции што го забавуваат пубертетот, а зема и женски хормони, кои предизвикале развој на женски атрибути. Некогашното момче, чие вистинско име е Тим, денес се вика Ким и официјално е регистрирано како девојче. Има типичен изглед на девојче на негова возраст, а меѓу другото, сака да стане дизајнер и да живее во Париз.

Неговите родители на почетокот сметале дека нивниот син минува низ привремена фаза, но со текот на времето се навикнале да го гледаат синот како девојче.

Доктор Берн Мејенбург, шеф на германската клиника за проблеми со идентитетот кај децата и младинците при Универзитетот во Франкфурт, во дијагнозата напишал дека „Ким ментално е добро развиено, среќно и нормално дете кое од раното детство упорно и решително истрајува да ја исполни својата желба да стане женско, затоа е многу погрешно да се дозволи Ким да порасне како маж“.

Тој нагласил и дека ретко се случува да има толку „чист случај“.
Вести од Македонија и светот 9288078C7DFC9A47B7EA6C3B6689796F
Инаку, детето во клиниката во Хамбург е под надзор на ендокринологот д-р Аким Вустхоф, специјалист за деца и млади и вели дека засега процесот на промена на полот се одвива успешно.

Иако промената на полот никаде во светот не се дозволува на лица помали од 16 години, сепак, германските закони овозможуваат тоа да се направи ако има одобрение од двајца независни психијатри.

- Кога ќе се постави таква дијагноза, тогаш е најдобро таа операција да се направи што е можно поскоро - вели д-р Вустхоф.

Сепак, поради законски ограничувања, Ким ќе мора да наполни 18 години за да се направи операцијата за отстранување на машките гениталии.

Според официјалните податоци, најмладото момче што станало девојче е Оливер, кој денес се вика Анџела Парис Џордан, кој лани на 17 години направил операција за промена на полот. Анџела денес е одличен студент на катедрата по англиски јазик и психологија на колеџот „Карлси“ и има момче.

Доктор Мејенбург вели дека се' повеќе млади луѓе бараат совети за промена на полот во последните години.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedЧет Фед 01 2007, 09:38

добро до кај дотурка светов ...
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedЧет Фед 01 2007, 22:24

како до кај? па читај горе!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПет Фед 02 2007, 00:21

па прочитав, затоа и коментирам така ....
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
smiley :)
Форум Манијак
smiley :)


Број на мислења : 2172
Age : 33
Локација : pa pred monitor be mozok!!!
Registration date : 2006-10-26

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedНед Фед 18 2007, 22:38

Научникот кој заслужи седечка овација

Во 93-та година од животот почина еден од најголемите научници во историјата и човекот на кого секојдневно без да знаете му се заблагодарувате, Роберт Адлер, изумителот кој на човештвото му го донесе - далечинскиот управувач.
Вести од Македонија и светот EFD7CAB2CEF6794EAAA835F72F71BD17
Во неговата 6-децениска кариера Адлер имаше над 180 патентирани изуми, меѓутоа најпознатиот и најраспространетиот беше патентот од 1956-та за далечинскиот управувач Zenith Space Command, кој од корен го промени животниот стил на целото човештво.

Адлер заедно со неговиот соработник Јуџин Поли, со кого ја дели заслугата за создавањето на далечинскиот управувач, во 1997-ма добија Еми награда за нивниот изум.

Според жената на Адлер, тој не би го одбрал далечинскиот како омилен изум, бидејќи на прво место тој и не бил некој голем фан на телевизијата туку повеќе сакал да чита.

"Тој повеќе сакаше книги. Тој беше човек, кој ќе се разбудеше навечер и ќе извикаше 'само што решив проблем'. Тој секогаш размислуваше за наука. Роберт повеќе сакаше да биде признаен за неговиот придонес во воената и вселенската технологија. Меѓутоа, далечинскиот го промени животот на секој човек," порачала вдовицата на Адлер.

Адлер во 1937-ма добива докторат по физика на универзитетот во Виена, од каде во 1941-ва емигрира за САД. Истата година тој се вработува во компанијата Зенит електроникс, во одделениот за истражување и развој. Адлер се пензионира како шеф на одделението во 1979-та, но останува во Зенит се до 1999-та, кога компанијата се спојува со LG Electronics.

Единствена забелешка на неговата инвенторска кариера е што никогаш не откри начин како да го најдеме "проклетото даљинско".
Вратете се на почетокот Go down
http://www.trekunited.com
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedНед Мар 04 2007, 23:59

САЈТОТ КОЈ ГИ ПРЕТРКА ГУГЛ И ЈАХУ
Со посебна гордост и задоволство објавуваме дека најголемиот он-лајн син на македонските народи и народности, oн.нет.мк, по цела година копање и истражување на интернет пространствата, успеа да ја одбрани титула шампион во супер-тешка категорија меѓу македонските веб портали и да се закити со уште една Златна Бубамара за најдобра македонска интернет страница. Признанието ни отвора прилика со повод да ви презентираме едно истражување на македонскиот пазар, кое веќе неколку месеци скржаво го чуваме само за себе.
Вести од Македонија и светот 721CB128FB93BB45992CB6AFDB2C8AA3
Според опсежното истражување на македонскиот интернет пазар изведено од агенцијата Аналитика, порталот он.нет.мк е најпозната интернет страница за македонските сурфери. Во категоријата brand awareness (како што милуваат да кажат од маркетинг, кога сакаат да објаснат кој колку е познат) таа ги надминува дури и глобалните интернет конгломерати Google и Yahoo.

Статистичко/аналитички, Он.нет господари со интернет тројството: 1. најпознат; 2.најпосетуван; и 3. најомилен сајт во Македонија. Подетално тоа изгледа вака:

Најпознат
На прашањето „Кои веб сајтови ги познавате?“ Он.нет.мк е првиот одговор во 31% од случаите, додека на истото прашање Јаху добива 28% а Гугл 15%.

Најпосетуван
За 40% од испитаниците, он.нет.мк е првата македонска веб адреса која ја посетуваат кога ќе се конектираат на интернет. Имињата и бројките на останатите испитувани мк портали ќе ги изоставиме од џентлменски причини Smile Само како напомена, второпласираниот, "ни дише во врат" со освоени 15%.

Најомилен
Освен фактите (посетеноста и познатоста), испитуван е и вредносниот став на домашните сурфери кон македонските интернет содржини кои ги посетуваат. 41% изјавиле дека www.on.net.mk е сајт кој најмногу им се допаѓа.

------------------------
* Истражувањето e спроведено на репрезентативен статистички примерок во тек на два месеца со користење на квантитативна методологија по пат на интервјуа лице в лице со испитаниците. Опфатени се мажи и жени на возраст од 15 до 50 години од урбани (17 градови) и субурбани средини на цела територија на Р.Македонија.
--------------------------

Наградата за најпопуларна интернет страница во 2006-та и резултатите од истражувањето ги прифаќаме како едно здружено "Благодарам" од сите вас кои секојдневно фаќате кривини на работа, дома или на факултет за да ѕирнете штои има ново на вашиот најоваков - најонаков хоумпејџ.

Инаку, при подигнувањето на втората Златна Бубамара за Он.нет, уредникот на сајтот се обрати со кратка пригодна реч а најголем впечаток му оставиле Каролина, Елена и Дани, по што си заминал со старата дилема: кога би се нашол на пуст остров...
Вести од Македонија и светот 3C86747D82D96544847EA24085B5916E
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Мар 05 2007, 00:04

"Blame Britannia"
Британија е виновна за се што се денес се случува, од војните во Африка, судирот помеѓу Палестина и Израел па до војната во Ирак, тврди во својата книга The Evil Empire: 101 Ways That England Ruined The World, американскиот историчар Стивен Грас.
Вести од Македонија и светот D2DDE9693EAA044A9A431603ED3F3FD0
Според авторот Британија е виновна за глобалното затоплување бидејќи таа ја започнала индустриската револуција, со што издувните гасови почнале да ја загадуваат атмосферата. Британците исто така се виновни и што ја запалиле Јована Ореланка, направиле кокаинот да изгледа "кул" и му дозволиле на Хитлер да го втурне светот во глобална војна.

Книгата е само дел од еден поширок проект на Грас во кој се вклучени веб сајтови, документарци, јавни настапи и филмови кои конечно треба да го убедат светот дека Британија е главниот виновник за најголемиот дел од глобалните проблеми и дека конечно треба да плати за нив.

Така тој тврди дека Британија освен за светските војни, многу логично, е виновна и за Виетнамската војна.

"Немаше да има војна во Виетнам ако таму не постоеја француски колонии а француските колонии немаше да постојат ако Англија не започнеше со создавање на свои колонии. Ова значеше дека секој мора да има своја колонија," објаснува Грас.

Тој ја обвинува Британија за војната во Ирак, бидејќи таа ширела лажни информации за наводно постоење на оружја за масовно уништување, што довело до недоволно подготвен напад на Садам.

Ваквото размислување го инспирирало Грас да започне Меѓународна коалиција за репарација во која се бара Британија да исплати штета од 45.747.587.454.764 евра која ќе биде подеднакво распределена на секој жител на планетата (или поделено со 6,5 милијарди луѓе, по околу 7.000 евра по човек).

Грас сака да им "помогне" на младите Американци да ја зголемат својата самодоверба која по неуспехот на Буш во Ирак е падната на нивото од крајот на виетнамската војна, кога самосожалувањето буквално ја парализира американската индустрија. Грас се надева дека ќе успее да ја обнови американската гордост со тоа што ќе покаже дека Британија има далеку посрамно минато од САД со кое никогаш не се справила.

"Англичаните никогаш не беа присилени да се соочат со своето минато. Германците го сторија тоа. Јапонците го сторија тоа. Америка го стори и се уште го чини тоа. Ние постојано се извинуваме за она што им го сторивме на Индијанците и Црнците. И за она што им го чиниме на Ирачаните," објаснува Грас.

Сепак, според британските историчари иако книгата на Грас е во најмала рака смешен поглед на историјата, сепак неговиот став дека САД не се виновни за се има основа.

"Целиот свет, предводен од Британија, мора да престане да ја обвинува Америка дека е извор на злото. Зошто светот го обвини Буш за Катрина? Тој не го започна ураганот а насипите кои попуштија се изградени пред тој воопшто да се роди," објаснуваат историчарите.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Мар 05 2007, 00:10

Професионален ризик
Експерт за руска политика и КГБ, на една политичка дебата на НБЦ: Пуштена е јасна порака дека секој што ќе зборува против Кремљ, ќе ја плати цената за тоа. Неколку дена подоцна, новинарката на вестите на НБЦ: Најден ранет експертот што зборуваше за Кремљ.
Вести од Македонија и светот 8A03DA5AB316C64CB8F3B5C669C130FF
"Испратена е јасна порака до секој што сака да зборува против Кремљ: Ако го сториш тоа, без разлика кој си и каде си, ние ќе те најдеме и ќе те замолчиме - на најстрашниот можен начин," изјавил Џојал во емисијата Dateline.

ФБИ и помага на полицијата во Вашингтон во расветлување на ранувањето на експертот за руски прашања, Пол Џојал, кој во минатонеделното издание на Dateline NBC тврдеше дека остатоци на КГБ се виновни за труењето на Александер Литвиненко.

Иако тамошната полиција е запознаена со ставот на Џојал во врска со Литивененко, сепак тие порачаа дека не постојат никакви други докази освен дека пукањето е потврда за дека стапката на криминал во таа област е во пораст.

Инаку, во Џојал било пукано пред неговата куќа во предградието на Вашингтон додека излегувал од автомобилот, соопштува полицијата, според која тој бил ранет во долниот дел од стомакот.

Џојал е долгогодишен експерт за безбедност и руска политика. Од 1980-та до 1989-та тој беше шеф на безбедноста на комитетот за разузнавање на Сенатот.

Во еден неверојатен развој на настаните, минатиот месец како последица на срцев удар умре уште еден гостин на истата емисија на НБЦ. Репортерот на Тајмс оф Лондон Даниел МекГрори, кој претходно пишуваше околу случајот на Литвиненко, ненадејно починал во својот дом во Лондон.
Вратете се на почетокот Go down
Night Crawler
искусно членче
искусно членче
Night Crawler


Број на мислења : 247
Age : 32
Локација : nekade
Registration date : 2007-01-26

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedСаб Мар 10 2007, 02:14

abe si igraat igracki so lugeto
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 12:54

Претседател кој лекува од сида


Вести од Македонија и светот LentaВести од Македонија и светот Gambia-President
Претседателот на Гамбија, Јахија Џамех, одговорно тврди дека со помош на само нему познати медицински препарати, може да ги излечи заболените од ХИВ. И тоа - само за 3 дена!
"Можам да лекувам од астма и ХИВ односно сида. По три дена пациентот може повторно да се тестира и ви гарантирам дека наодот ќе биде негативен", соопшти Џамех.
Гамбискиот министер за здравство Тамшир Мбоу изјави дека хербалните препарати кои Џамех ги користи се земаат по орален пат, одбивајќи да каже какви точно билки користи Џамех.
BBC ја пренесува изјавата на еден од пациентите кој бил лекуван од Џамех:
"Забележав дека телесната тежина ми е значително зголемена во последните десет дена. Исто така повеќе не страдам од запушување на цревата. Резултатите од тестовите се уште не пристигнале, но имам целосна доверба во претседателот и затоа ги земам неговите лекови", изјавил пациентот.
Од таквите тврдења зачуден е и водечкиот јужноафрикански специјалист за ХИВ, Џери Ковади. Според него, не е можно состојбата на пациентот кој боледува од ХИВ да се подобри по десетдневен третман.
"Целиот негов експеримент е извршен во тајност. Науката не функционира на тој начин" - заклучува Ковади, укажувајќи на тоа дека ширењето на такви непроверени информации би можело да доведе до ризично сексуално однесување што би резултирало со поголем број заразени.
Вратете се на почетокот Go down
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 22:20

ај да му ебам главатаVery Happy Very Happy море ако е сварно тоа нека ни го поживее господ
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 23:41

Лајт првенство
Австриската полиција бара од организаторите за време на Евро 2008-ма на фановите да им биде достапно само “разводнето” пиво кое ќе биде точено во пластични чаши, со цел да се намали можното насилство.
Вести од Македонија и светот 00D73D15569D6243B3853B8E3D34F3B5
Властите вршат притисок над претставниците на Австрија и Швајцарија да размислат за воведување на специјално "Евро 2008 пиво" и "Евро 2008 кригли," што би значело пијалак со помалку алкохол, служен во чаши кои нема да можат да се користат како "проектили".

"Близу сме со пивската индустрија да се договориме за создавање на лајт пиво, кое ќе биде застапено на натпреварите од Еуро 2008-ма," изјавил портпаролот на виенската полиција.

Според него пластичните чаши ќе го имаат логото на првенството и ќе можат да служат како сувенири а освен тоа нема да можат никому да му нанесат болка.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 23:41

Крвно обединување
Она што веќе долги години е можно со компјутерските видео и аудио формати, наскоро ќе биде возможно и со човековата крв - конвертирање на крвта од една во друга група.
Вести од Македонија и светот 412543F690A0C04286CB2CA60F71BD28
Откритието би можело да стави крај на постојаниот недостаток на крв, со зголемување на резервите од групата О негатив која е универзална и може да му биде дадена на секој пациент. Инаку давањето на погрешна група крв може да резултира со смрт.

Тимот меѓународни научници предводени од професорот Хенрик Клаусен од Универзитетот од Копенхаген, објасниле за журналот Nature Biotechnology како успеале да претворат крв од групите А, Б или АБ во О. Процесот користи ензими како биолошки "ножици" кои ги кратат молекулите на шеќер од површината на црвените крвни зрнца.

Крвта на лицата од групата А и Б содржат една или две различни молекули на шеќер, кои можат да предизвикаат имунолошка реакција. Додека оние од групата О немаат ниеден од овие молекули а лицата со АБ ги имаат и двата.

Во потрагата по корисни протеини биле анализирани над 2.500 видови габи и бактерии, за конечно да се изолираат две бактерии (Elizabethkingia meningosepticum и Bacteroides fragilis) кои можат да ги "помират" крвните групи.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 23:48

Говорете тоскански
Иако звучи како ексклузивна вест од 19 век, сепак дури оваа недела (во март 2007-ма) италијанскиот парламент го изгласа италијанскиот како официјален јазик во земјата. Она што звучи како вест од Македонија во 2002-ра е дека не сите парламентарци се согласуваат со оваа одлука.
Вести од Македонија и светот 5F743A837B89734E8175148AA9A6A95B
На прв поглед логичното решение, беше оспорено од 75 членови на парламентот, вклучувајќи ја и левицата, која тврдеше дека станува за културен империјализам и северните сепаратисти кои и понатаму остануваат сомничави кон секоја одлука на Рим.

Еден од пратениците од Северната Лига, порачал дека неговата националност а со тоа и неговиот јазик не се италијански туку венецијански и дека дијалектот зборуван во Венеција го говорат милиони луѓе низ целиот свет.

"Овој јазик се зборува во моето семејство, во училиштата, на работа. Господнине Претседател јас сум Венецијанец и мојот јазик е оној што се зборува во Венеција," изјавил на својот дијалект Федерико Бриколо, пред да му биде исклучен микрофонот бидејќи во парламентот може да се зборува само на италијански.

Промената на уставот, изгласана со 361 глас за и 75 против, беше чисто симболична и на никој начин не го менува статусот на останатите јазици на малцинствата во Италија.

Според предлагачите на промената, ова е крајно време јазикот да се признае како еден од основните делови кои ја сочинуваат модерна Италија. Инаку, историски гледано модерниот италијански, кој е признаен со уставот, всушност е тосканскиот дијалект.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 23:50

Од макроата за народот
Неодамна, вработените во познатата црвена област во Амстердам организираа т.н. “отворен ден”, на кој љубопитните туристи можеа бесплатно да ги посетат локалните секс клубови и воајерски шоуа и со тоа да дадат придонес кон поддршката на најстарата професија на светот.
Вести од Македонија и светот 6CCD79529C32E042B68532DD5B506365
“Мислам дека отворениот ден е одлична идеја. Посебно за жените, бидејќи откако ќе видат што всушност ние правиме тука, ќе сфатат дека не е ништо страшно ако нивните момчиња или сопрузи сакаат да не посетуваат”, вели Лав, еротска танчарка во клубот Банана.

Организаторите се одлучија за отворениот ден, бидејќи на тој начин сакаат да го урнат лошиот публицитет на 800 години старата област, обвинета за присилна проституција, трговија со луѓе и организиран криминал. Повеќе од 30 бордели во Амстердам се пред затворање, откако минатата година службените лица им ја одземаа дозволата, под сомнение дека таму се перат пари и се растура дрога.

Но, службите за туризам сметаат дека областа со тесни улички, полни со секси шопови, бордели и неонски знаци, е онолку голема атракција колку и уметничките музеи и кафулиња, во кои може слободно да се купи и пуши марихуана. Секоја вечер, посетителите се туркаат низ улиците, нетрпеливо очекувајќи ги оскудно облечените жени, кои седат зад големите излози со црвено светло и ги продаваат своите услуги за 50 евра.

На отворениот ден, еден од организаторите Јако Вандерс, изложил типична спална соба на проститутка, која во нормални услови е сокриена зад црвени завеси од кадифе, и е опремена со аларм, во случај некој од клиентите да стане насилен.

”Овој ден ќе помогне да се урнат табуата поврзани со проституцијата и да се постигне повеќе разбирање и почит кон оваа професија”, изјавил Вандерс, задоволно гледајќи ги посетителите кои позирале во уличните излози или скокале на душекот од креветот.

На “отворениот ден”, била откриена и статуа на непозната секс работничка, поставена во чест на сите вработени во оваа индустрија ширум светот, вклучувајќи ги и оние кои немаат заштита како проститутките во Холандија, во која овој занает е легален.
Вратете се на почетокот Go down
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedПон Апр 02 2007, 23:51

Кучешка борба против пиратеријата
Малезиските пирати ќе мораат да го репрограмираат својот годишен буџет, откако по интервенцијата на специјалната единица полициски кучиња за откривање пиратски ДВД-а, останаа пократки за дискови во вредност од 320.000 евра. Вести од Македонија и светот 26D4A4DAD622874CA4110855DA52A4A1
Двата црни лабрадори Лаки и Фло, биле повикани да учествуваат во една акција, откако органите за борба против пиратеријата не откриле ништо во рацијата на еден дуќан во главниот град на земјата. Кратко по пристигнувањето, кучињата успеале да намирисаат тајна преграда во продавницата, во која имало најмалку 150.000 пиратски дискови.

"Одлучија да ги повикаат кучињата. За неколку минути, двата Лабрадора ги намирисаа скриените дискови, во соба чија врата се отвораше само преку притискање на скриено копче," пренесуваат локалните медиуми.

Според тамошните весници, пиратите веќе имаат понудено награда за елиминирање на кучињата, откако минатиот месец во нивната прва успешна акција тие успеаа да намирисаат филмски и компјутерски дискови во вредност од 2,2 милиони евра.
Вратете се на почетокот Go down
DJ_Stole
верно членче
верно членче
DJ_Stole


Број на мислења : 637
Age : 33
Локација : Скопје
Registration date : 2006-10-16

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 12:39

па овие ако дојдат кај мене дома ке треба се да ми собераатVery Happy Very Happy Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://www.goal.com
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 20:06

утре незнам дали знаете ама ЈСП штрајкува од 12:00 - 16:00, стварно незнам како ке биде за идење у школо
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Proof
Форум Манијак
Proof


Број на мислења : 2586
Age : 33
Локација : Еве ме нигде ме нема
Registration date : 2006-11-06

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 21:57

Со такси или пешки
Вратете се на почетокот Go down
Karate Kid
Форум Манијак
Karate Kid


Број на мислења : 2208
Age : 32
Локација : ovde
Registration date : 2007-01-13

Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_minipostedВто Апр 03 2007, 22:00

абе јас деф ке одам пешки мене не ми е толку далеку, за повеке од пола школо викам
Вратете се на почетокот Go down
https://korcagin.macedonianforum.net/index.htm
Sponsored content





Вести од Македонија и светот Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вести од Македонија и светот   Вести од Македонија и светот Icon_miniposted

Вратете се на почетокот Go down
 
Вести од Македонија и светот
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 2Отиди на страна : 1, 2  Next
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Корчагин форум :: Култура :: Општо-
Отиди до: